Тур де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тур де Франс
За трката
Датумјули
РегионФранција и соседните земји
Месно имеLe Tour de France (француски)
ПрекарLa Grande Boucle
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторAmaury Sport Organisation
Директор на тркатаКристијан Прадом
Историја
Прво одржување1903
Одржувања105 (2018)
Прв победник Морис Гарин (ФРА)
Најмногу победи
[n 1]
Неодамнешен победник Герајнт Томас (ВБР)

Тур де Франс или Трка околу Франција (француски: Tour de France) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Франција,[1] но може да се случи да поминува и низ соседните земји. Трката била првпат организирани во 1903 за зголемување на продажбата на списанието L'Auto;[2] моментално е водена од Amaury Sport Organisation.[3] Трката била одржувана секоја година по нејзиното прво издание во 1903, освен кога била попречена поради двете Светски војни.[4] Како трката добивала на значајност, станувала сè попопуларна и нејзината слава започнала да се шири низ целиот свет. Првично учествувале само француски возачи, но со зголемувањето на популарност тоа се променило и сега учествуваат возачи од целиот свет секоја година. Тур де Франс е дел од Светска турнеја, што значи дека екипите кои се натпреваруваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[5][6]

Заедно со Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, Тур ги сочинува трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[7] Традиционално, трката обично се одржува во јули. Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на два хронометра,[1] премин низ планинските масиви на Пиринеите и Алпите и завршницата на Шанзелизе.[8][9] Поновите изданија на Тур де Франс се состоијат од 21 ден возење (етапи) во период од 23 дена.[1]

Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите.[1] Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната жолта маичка.[1][10] Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување со надежи за генералниот пласман, пласманот за млад возач за возачи под возраст од 26 години и екипниот пласман за најбрзите екипи.[1] Трката во 2018 била освоена од Британецот Герајнт Томас, прв велшки и трет британски победник во историјата на Тур де Франс.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Порано, Ленс Армстронг со 7 победи, додека не му биле одземени сите негови награди и доживотна забрана на сите настани на UCI по официјалната истрага за обвинувањата за допинг против него [1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Жоел Гинтер (16 јули 2012). „Тур де Франс: Водич низ основите“. The Telegraph. Посетено на 30 јули 2012.
  2. „Тур де Франс 1903“. Bikeraceinfo.com. 19 јануари 1903. Посетено на 30 јули 2012.
  3. „Tour de France snubs velodrome Holocaust memorial“. The Jewish Chronicle. 12 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 30 јули 2012.
  4. Barry Boys. „The Return of a Grand Affair – "New Tour Legend: the Maillot Jaune". Cycling Revealed. Посетено на 3 јуни 2009.
  5. „[[Меѓународен велосипедистички сојуз]]“. Uci.ch. Посетено на 6 август 2012. URL–wikilink conflict (help)
  6. When is the Criterium route announced. „Календар на Светската турнеја за 2012“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2012.
  7. „Million dollar, baby!“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јануари 2007. Посетено на 21 мај 2011.
  8. „Тур де Франс 2011 - етапа по етапа“. Letour.fr. Посетено на 30 јули 2012.
  9. „Moment 17: 1975 – TDF's First Champs Elysees Finish“. Bicycling Magazine. Посетено на 30 јули 2012.
  10. „Одредби за трката“ (PDF). ASO/letour.fr. Посетено на 30 декември 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]