Тур Даун Андер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тур Даун Андер
Tour Down Under logo.png
Лого на трката
За трката
Датум јануари
Регион Јужна Австралија
Месно име Tour Down Under
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Етапна трка
Директор на трката Мајкл Тартар
Историја
Прво издание 1999 (1999)
Изданија 20 (до 2018)
Прв победник  Стјуарт О’Грејди (АВС)
Најмногу победи  Сајмон Геранс (АВС) (4 победи)
Неодамнешен победник  Дарил Импи (ЈАР)

Тур Даун Андер (англиски: Tour Down Under) — велосипедска трка во и околу Аделаида, Јужна Австралија и околината. Трката привлекува возачи од целиот свет. Во 2005, Тур Даун Андер била категоризирана со највисок рејтинг надвор од Европа од Меѓународниот велосипедистички сојуз. Во 2007, премиерот Мајк Ран и министерот за туризам Џејн Ломакс Смит започнале кампања за Тур Даун Андер да стане првата трка надвор од Европа со статус ProTour. Овој статус би обезбедил гаранција дека сите елитни екипи ќе учествуваат секој јануари во Аделаида.[1] Во 2008, Тур Даун Андер станала првата UCI ProTour трка надвор од Европа и следната година станала прва трка во календарот на Светскиот ранкинг.

Во септември 2008 година, премиерот Ран најавил дека седумкратниот победник на Тур де Франс, Ленс Армстронг, ќе го направи своето враќање во професионалниот друмски велосипедизам на изданието на трката во 2009 година.[2] Учеството на Армстронг во 2009 ги срушило сите претходни рекорди на спортските настани одржани во Јужна Австрија. Бројот на посетители двојно се зголемил, економското влијание било повеќе од двојно (од 17,3 милиони долари во 2008, на 39 милиони во 2009), а медиумската покриеност петкратно се зголемила.[3] Трката во 2011 поставила нов рекорд со економско влијание од 43 милиони долари и привлекла повеќе од 782.000 луѓе.[4]

Покрај Тур де Франс, трката привлекува најмногу публика покрај патиштата во светот. Во 2013 година, привлекла повеќе од 760.400 луѓе во текот на осумте етапи, вклучувајќи 40.000 странски посетители кои специјално патувале за трката.

Историја[уреди | уреди извор]

Список на крајни победници[уреди | уреди извор]

ГодинаПобедникВторопласиранТретопласиран
1999 Wikidata-logo S.svgAUS Стјуарт О’Грејди Wikidata-logo S.svgDEN Јеспер Скиби Wikidata-logo S.svgSWE Магнус Бекштет Wikidata-logo S.svg
2000 Wikidata-logo S.svgFRA Жил Мењан Wikidata-logo S.svgAUS Стјуарт О’Грејди Wikidata-logo S.svgGER Штефен Веземан Wikidata-logo S.svg
2001 Wikidata-logo S.svgAUS Стјуарт О’Грејди Wikidata-logo S.svgGER Кај Хундертмарк Wikidata-logo S.svgITA Фабио Саки Wikidata-logo S.svg
2002 Wikidata-logo S.svgAUS Мајкл Роџерс Wikidata-logo S.svgRUS Александар Бочаров Wikidata-logo S.svgAUS Патрик Јонкер Wikidata-logo S.svg
2003 Wikidata-logo S.svgESP Микел Астарлоза Wikidata-logo S.svgDEN Лени Кристенсен Wikidata-logo S.svgAUS Стјуарт О’Грејди Wikidata-logo S.svg
2004 Wikidata-logo S.svgAUS Патрик Јонкер Wikidata-logo S.svgAUS Роби Мекјуан Wikidata-logo S.svgAUS Баден Кук Wikidata-logo S.svg
2005 Wikidata-logo S.svgESP Луис Леон Санчес Wikidata-logo S.svgAUS Алан Дејвис Wikidata-logo S.svgAUS Стјуарт О’Грејди Wikidata-logo S.svg
2006 Wikidata-logo S.svgAUS Сајмон Геранс Wikidata-logo S.svgESP Луис Леон Санчес Wikidata-logo S.svgAUS Роби Мекјуан Wikidata-logo S.svg
2007 Wikidata-logo S.svgSUI Мартин Елмигер Wikidata-logo S.svgAUS Карл Мензис Wikidata-logo S.svgDEN Ларс Бак Wikidata-logo S.svg
2008 Wikidata-logo S.svgGER Андре Грајпел Wikidata-logo S.svgAUS Алан Дејвис Wikidata-logo S.svgESP Хосе Хоакин Рохас Wikidata-logo S.svg
2009 Wikidata-logo S.svgAUS Алан Дејвис Wikidata-logo S.svgAUS Стјуарт О’Грејди Wikidata-logo S.svgESP Хосе Хоакин Рохас Wikidata-logo S.svg
2010 Wikidata-logo S.svgGER Андре Грајпел Wikidata-logo S.svgESP Луис Леон Санчес Wikidata-logo S.svgNZL Грег Хендерсон Wikidata-logo S.svg
2011 Wikidata-logo S.svgAUS Камерон Мајер Wikidata-logo S.svgAUS Метју Гос Wikidata-logo S.svgGBR Бен Свифт Wikidata-logo S.svg
2012 Wikidata-logo S.svgAUS Сајмон Геранс Wikidata-logo S.svgESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svgPOR Тијаго Машадо Wikidata-logo S.svg
2013 Wikidata-logo S.svgNED Том-Јелте Слагтер Wikidata-logo S.svgESP Хавиер Морено Wikidata-logo S.svgGBR Герајнт Томас Wikidata-logo S.svg
2014 Wikidata-logo S.svgAUS Сајмон Геранс Wikidata-logo S.svgAUS Кедел Еванс Wikidata-logo S.svgITA Диего Улиси Wikidata-logo S.svg
2015 Wikidata-logo S.svgAUS Роан Денис Wikidata-logo S.svgAUS Ричи Порт Wikidata-logo S.svgAUS Кедел Еванс Wikidata-logo S.svg
2016 Wikidata-logo S.svgAUS Сајмон Геранс Wikidata-logo S.svgAUS Ричи Порт Wikidata-logo S.svgCOL Серхио Енао Wikidata-logo S.svg
2017 Wikidata-logo S.svgAUS Ричи Порт Wikidata-logo S.svgCOL Естебан Чавес Wikidata-logo S.svgAUS Џеј Мекарти Wikidata-logo S.svg
2018 Wikidata-logo S.svgRSA Дарил Импи Wikidata-logo S.svgAUS Ричи Порт Wikidata-logo S.svgNED Том-Јелте Слагтер Wikidata-logo S.svg

Сајмон Геранс ја освоил трката четири пати (2006, 2012, 2014 и 2016). Стјуарт О’Грејди (1999 и 2001) и Андре Грајпел (2008 и 2010) ја имаат освоено трката по два пати. Ниеден победник ја нема успешно одбрането својата титула.

Победници по земја[уреди | уреди извор]

# Земја Победи
1. Австралија Австралија 12
2.  Германија 2
 Шпанија 2
4. Јужна Африка ЈАР 1
 Франција 1
 Холандија 1
 Швајцарија 1

Список на женски победници[уреди | уреди извор]

Возач Тим
2007 Австралија Мекферсон, ЏениЏени Мекферсон (АВС)
2012 Германија Арнт, ЏудитЏудит Арнт (ГЕР)
2013 Австралија Велс, КимберлиКимберли Велс (АВС)
2014 Холандија Гуневејк, ЛусЛус Гуневејк (ХОЛ)
2015 Италија Скандолара, ВалентинаВалентина Скандолара (ИТА)
2016 Австралија Гарфут, КатринКатрин Гарфут (АВС)
2017 Австралија Спрат, АмандаАманда Спрат (АВС)
2018 Австралија Спрат, АмандаАманда Спрат (АВС)

Директори на трката[уреди | уреди извор]

Движење[уреди | уреди извор]

Генерално, трката се одржува со етапи во близината на Аделаида, кои се разликуваат од рамни до умерено високи. Тука нема големи планини, давајќи им малку можностѕи на специјалистите за планини да ги покажат нивните особени вештини. Едно од поинтересните искачувања вклучува два круга на Вилинга Хил, 3 километри искажување со просечен наклон од 7,6%.[5] Сепак, скоро на секоја од овие етапни трки се завршува како бурен спринт. На трката нема хронометри, како што е типично во трките во раната сезона и за да се избегнат дополнителните трошоци за испорака на меѓународните тимови.

Временските условите во Јужна Австралија во доцен јануари често се многу лоши за велосипедистите, бидејќи е многу топло, често достигнувајќи и над 40 степени.

Маички[уреди | уреди извор]

Предводниците во пласманите во текот на трката носат карактеристични маички.[6]

Моментални маички[уреди | уреди извор]

  • Маичка Охра се доделува на возачот на најбрзото кумулативно време на крајот на секоја етапа и на победникот на крајот. Охра се поврзува со Австралија и Тур Даун Андер е единствениот кој ја има оваа боја за лидерот.
  • Спринтерската маичка се доделува на возачот со најмногу бодови и временски бонуси на првите три возачи низ линијата во текот на трката и на крајот.
  • Маичката Крал на планините се доделува на возачот со освоени најмногу бодови на првите пет возачи преку искачувањето.
  • Маичката за Млад возач се доделува на водечкиот возач под 23 години на крајот на секоја етапа.
  • Маичката за Најагресивен возач ја носи возачот, кој направил најмногу напади, бегства или им помагал на тимските колеги за време на етапата.
  • Маичката за Водечкиот тим ја носат членовите на тимот со најниско кумулативно време од неговите четворица најдобри возачи на секоја од шестте етапи.

Трка Биди Активен[уреди | уреди извор]

Учесници на Трката Биди Активен во 2005, кај Ангастон

Тур Даун Андер има придружен настан, Трка Биди Активен (Be Active Tour). Ова е еден од најбрзо растечките рекреациски настани во Австралија, се одржува по истата патека на професионалците подоцна во денот. Почетниот настан, кој бил во 2003 бил познат како Breakaway Tour и привлекол повеќе од 600 возачи. Во 2004, бројот на возачи се зголемил на 1.400 и настанот станал познат како Be Active Tour. Трката во 2005 ја следеле повеќе од 1.900 возачи, возејќи низ Салисбери, Вилијамстаун и Ангастон на 30 степени и справувајќи со ридовите на етапата број 2. Во 2006, возачите возеле 154 километри од Страталбин до Јанкалила на неверојатно 40 степени. Тоа се одрази на возачите и затоа сега постои политика за топлина.

Во 2007, името повторно било променети во Mutual Community Challenge Tour и се придружил на Mutual Community Fun Tour и Powerade mini-tour за деца. Новите настани ја зголемиле популарноста на настанот и привлекле луѓе, кои не возат постојано.[7] Во 2010 имало над 8.000 учесници.

Серија за жени[уреди | уреди извор]

Постоеле и серии за жени на три улични патеки. Ова било спонзорирано од Универзитетот на Јужна Австралија (УниСА-Австралија) и било генерално одржувано на истите места од машката трка, или на крајот на машката трка.[8]

За изданието во 2011, имало две трки во серијата наречени Rendition Homes Santos Women’s Cup.[9]

Рекорди[уреди | уреди извор]

Австралискиот велосипедист Сајмон Геранс (2006, 2012 и 2014) е единствениот возач кој го освоил Тур Даун Андер рекордни три пати.

Всушност, никогаш немало последователен победник, што значи никој не ја освоил трката две години по ред.

Традиции[уреди | уреди извор]

Една традиција на Тур Даун Андер е дека фановите избираат непознат возач и го третираат на начин како да е ѕвезда, од следење во хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде од неанглиско говорно подрачје, немал досега учествувано на голема трка и едноставно сега ја започнал кариерата.[10] За 2010 тој возач бил Артур Вишо од Франсе де Жу. За 2011, бил избран Анхел Мадразо од Тим Мувистар.[11] За 2012, возачот е Ваутер Мол од Вакансолел-ДКМ.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "ProTour Heads Down Under", Cycling News, 28 септември 2007
  2. Associated Press, 24 September 2008
  3. Cycling News 20 февруари 2009).
  4. http://www.bikeexchange.com.au март 2011
  5. „Олд Вилунга Хил; Јужна Австралија, Австралија“. Cycle2max.com. http://cycle2max.com/bike-hill-climb/Old-Willunga-Hill.aspx?id=656. посет. 7 јануари 2011 г. 
  6. „Маички“. 2006 Jabob's Creek Tour Down Under. архивирано од изворникот на 17 септември 2006 г.. http://web.archive.org/web/20060917085930/http://www.tourdownunder.com.au/2006/index.php?id=jerseys. посет. 16 јануари 2007 г. 
  7. „Mutual Community Challenge Tour“. Tour Down Under. архивирано од изворникот на 6 јануари 2007 г.. http://web.archive.org/web/20070106154048/http://www.tourdownunder.com.au/node/9. посет. 16 јануари 2007 г. 
  8. Етапи и резултати | Тур Даун Андер. Retrieved 2007-01-16.
  9. Cyclingnews.com.au. Retrieved 2010-10-10.
  10. Port Adelaide CC Forum "Operation: Support Obscure TDU Pro". Retrieved 2010-03-02.
  11. Port Adelaide CC Forum "Operation: Support Obscure TDU Pro"
  12. Port Adelaide CC Forum "Operation: Support Obscure TDU Pro"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]