Герајнт Томас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Герајнт Томас
Томас на Трката околу Германија 2018
Лични податоци
Цело имеГерајнт Хауел Томас
ПрекарГ („Џи“)[1]
Роден25 мај 1986 (1986-05-25) (33 г.)
Кардиф, Велс,  Обединето Кралство
Висина1,83 м[1]
Маса71 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубТим Инеос
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Аматерски клубови
0
0
2006
Менди Флајерс/СС Кардиф
Кардиф ЈИФ
Соние Дувал-Продир (стажант)
Професионални клубови
2006
2007–2009
2010–
Recycling.co.uk
Барловорлд
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Генерален пласман (2018)
3 индивидуални етапи (2017, 2018)

Етапни трки

Критериум ди Дофине (2018)
Париз-Ница (2016)
Трка околу Баварија (2011, 2014)
Волта ао Алгарве (2015, 2016)
Трка на Алпите (2017)

Еднодневни трки и класици

Е3 Харелбеке (2015)
MaillotReinoUnido.PNG Национален друмски првак (2010)
MaillotReinoUnido.PNG Национален хронометарски првак (2018)
Последна промена
10 јули 2019

Герајнт Хауел Томас MBE (англиски: Geraint Howell Thomas; р. 25 мај 1986) — велшки професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Инеос.[2] Настапувајќи во велодромскиот и друмскиот велосипедизам, освоил три светски првенства, две олимписки златни медали и го освоил Тур де Франс.

Раните успеси на Томас биле во велодромскиот велосипедизам, каде бил насочен кон екипната потера. Освоил три светски првенства и бил двократен олимписки златен медалист, во 2008 и во 2012 година. Меѓу првите победи во друмски велосипедизам била победата на Париз-Рубе за јуниори во 2004 година и подоцна сениорската победа на националното првенство во 2010 година. Оставајќи го велодромскиот велосипедизам за да се насочи само на друмскиот, подоцна имал успеси на еднодневните и класичните трки, како што биле друмската трка на Комонвелтските игри во 2014 година и Е3 Харелбеке 2015, како и на еднонеделните етапни трки, како што биле победите на Париз-Рубе 2016, Трка на Алпите 2017 и Критериум ди Дофине 2018.

На големите трки, Томас првично бил водечки помошник за Крис Фрум и за Бредли Вигинс во нивните победи. Ја освоил првата етапа на Тур де Франс 2017, поединечен хронометар, со што станал првиот Велшанец кој ја облекол жолтата маичка на Тур де Франс. Подоцна паднал на трката, како и на Џиро д’Италија 2017, пред да победи на Тур де Франс 2018. Ја освоил жолтата маичка со победа на единаесеттата етапа, зголемувајќи го водството на дванаесеттата етапа и задржувајќи го водството до крајот на трката. Станал прв Велшанец и трет британски велосипедист по Вигинс и Фрум, кој победил на Тур.

Во 2018 година бил прогласен за спортист на годината од страна на ББС.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Томас потекнува од градот Кардиф во Велс. Започнал со велосипедизам со велосипедскиот клуб Менди Флајерс на стадиумот Менди на возраст од десет години,[3] пред да продолжи да вози за други локални клубови, велосипедскиот клуб Кардиф и Кардиф ЈИФ. По некои успеси во трките под 14 и 16 години, вклучувајќи ги и националните првенства, но не пред добивањето на сребрениот медал за бодовната трка на европските првенства, започнал да размислува за неговиот талент.[4]

Томас ја запознал својата девојка Сара Елен Томас преку заеднички познаник.[5] Двојката престојува во Монако и се венчале во октомври 2015 година во Велс.[6]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Томас станал член на олимписката академија на British Cycling. Ја освоил јуниорската награда Карвин Џејмс на церемонијата за спортска личност на годината од ББС. Томас се натпреварувал на трките од Светскиот куп низ целиот свет и бил на транинг во Сиднеј, Австралија во февруари 2005, кога доживеал пад откако возачот пред него погодил парче метал на патот, кое завршило во гумата на Томас. Доживеал внатрешно крварење откако парчето метал влегло во неговото тело во текот на падот, имал пукнатина на неговата слезина, која подоцна му била отстранета.[7][8]

Повеќето од неговите трки во 2006 ги возел за Recycling.co.uk, но кон крајот на 2006 се приклучил на Соние Дувал-Продир како стажант. Исто така, возел на неколку трки, како што е Трката околу Британија, за екипата на Велика Британија.

Барловорлд (2007–2009)[уреди | уреди извор]

2007[уреди | уреди извор]

Томас во текот на првата етапа на Тур де Франс 2007.

Томас бил најмладиот возач на Тур де Франс 2007 откако Тим Барловорлд бил одбран како една од трите специјално поканети екипи на трката. Тој станал првиот велшки возач, кој се натпреварувал на трката од Колин Луис во 1967,[9] Томас добил голема поддршка од велшките обожаватели на отворањето на трката, додека неколку од нив го следел на целата трка.[10] Го завршил неговиот прв Тур де Франс, завршувајќи на претпоследното место од сите што завршиле.[11]

Тој бил предложен за спортска личност на годината од ББС Велс во 2007; победниците биле објавени на 2 декември, Томас бил трет во бројот од гласови од публиката.[12]

2008[уреди | уреди извор]

Томас не настапил на Тур де Франс 2008 и наместо тоа возел на Џиро д’Италија, која е порано во сезоната, со цел да се врати во Британија и да се насочи кон подготовките за Летните олимписки игри 2008.[13] На објавувањето дека знамињата на земјите што не учествуваат нема да бидат дозволени на Игрите, Томас изјавил:

„Би било прекрасно да свртам почесен круг со велшкото знаме, доколку освојам златен медал и сум многу разочаран, доколку според ова правило тоа не би било можно“.[14][15]

На 17 август, Томас бил член на олимписката екипа за екипна потера, која го соборила светскиот рекорд уште во квалификациите со време од 3:55:202, победувајќи ги Русите и удовно се пласирале во финалето, каде се бореле за златниот или сребрениот медал.[16] Следниот ден, на нивниот пат кон освојувањето на златниот медал, британската екипа го соборила нивниот светски рекорд со време од 3:53:314, надминувајќи ги нивните дански колеги за 6,7 секунди.[17] Томас бил можен натпреварувач за индивидуална потера, но одбрал да не настапи на двете дисциплини со цел искористување на своите напори кон неговата екипа. Исто така, бил сметан за настап во медисон со Бредли Вигинс, но Марк Кевендиш бил избран за настап со него; Крис Бордман изјавил дека „Герајнт ги надминува очекувањата на луѓето“.[18]

По дисквалификувањето на членот на екипата Барловорлд, Мојсес Динас, од Тур де Франс, Томас го изразил своето антидопинг мислење на неговиот блог: „..ако некој е измамник во бизнис, тогаш тој се соочува со затвор? Јас не гледам како возачите кои земаат лекови за освојување на трки и ги лажат нивните екипи е нешто поразлично. Треснете ги и фрлете го клучот!“[19]

Во декември бил назначен како член на Редот на Британската империја (MBE) како дел од новогодишните одликувања.

2009[уреди | уреди извор]

Томас на Трката околу Британија 2009

Томас доживеал лош почеток во сезоната 2009, кога ја скршил карлицата и се здобил со фрактура на неговиот нос во пад; паднал во заштитните огради откако погрешно свртел во кривина за време на хронометарска етапа на Тирено-Адријатико во Мачерата, Италија. Несреќата се случила по мерната станица на осум километри, каде се покажало дека бил најбрз на патеката. Иако бил во можност да се врати во хотелот на екипата од болница истиот ден, биле потребни 20 дена одмор пред да се врати со тренирање.[20][21]

На 30 октомври 2009, Томас го поставил најбрзото време во индивидуална потера според тогашните правила, кога извозил 4 километри за 4 минути и 15,105 секунди во првото коло од Светскиот велодромски куп во велодромот во Манчестер. Времето на Томас било единствено надминато од Крис Бордман, 4 минути и 11,114 секунди, поставено во 1996 на велосипедска поставеност, која сега е забранета.[22] На 1 ноември, на последниот ден од ова коло на Светскиот куп, Томас бил член на екипата за екипна потера, која го поставила второто најбрзо време некогаш на нивниот пат кон златниот медал, поставувајќи рекорд на патеката од 3 минути и 54,395 секунди.[23]

Томас бил второпласиран зад Рајан Гигс во изборот на спортска личност на годината од ББС Велс во 2009; победниците биле објавени на 8 декември.[24] Томас го напуштил Барловорлд на крајот на 2009 за да ѝ се приклучи на новата професионална екипа, Тим Скај.[22]

Тим Скај (2010-денес)[уреди | уреди извор]

2010[уреди | уреди извор]

Томас на Тур де Франс 2010, носејќи ја белата маичка како најдобро пласиран млад возач, која ја носел четири етапи.

Томас ја започнал 2010 како дел од победничката екипа на Скај на екипниот хронометар на Трката околу Катар. По завршувањето на класиците имал одличен настап на Критериум ду Дофине, каде завршувал во првите десет на секоја од првите четири етапи. Како последица на тоа, ја носел зелената маичка на етапата 2 и подоцна на етапите 4 и 6. Завршил како петти во бодовниот пласман и 21. во генералниот пласман.

Томас го победил колегата Питер Кенох на националното друмско првенство 2010. Неговата добра форма продолжила на Тур де Франс 2010, каде завршил петти на прологот и втор на етапата 3. Ова довело да биде водач во пласманот за млад возач по етапата 3. Томас завршил 67. на трката и 9. во пласманот за млад возач.

Томас требало да патува во Делхи, Индија во септември, каде требало да настапи на Комонвелтските игри 2010, но се повлекол, како и некои други велосипедисти, поради грижи за нивното здравје. Како посебна причина била наведена треската денга. Болеста била посебен ризик за Томас по отстранувањето на неговата слезина во 2005. По одлуката, Томас изјавил „Ова е огромно разочарување, јас добивам шанса да возам за Велс еднаш на четири години, но таа е одлуката и јас ќе ја почитувам“.[25]

2011[уреди | уреди извор]

Томас во националниот друмски дрес во 2011 година

Томас ја започнал годината со некои ветувачки резултати, завршувајќи шести на Класика Сарди и втор во генералниот пласман на Дварс дор Вландерен.[26] Томас ја освоил својата прва професионална победа во мај 2011 со освојувањето на Трката околу Баварија,[27] по завршувањето втор на третата етапа и петти на четвртата етапа. На 26 јуни 2011, Томас завршил втор зад Бредли Вигинс на националните друмски првенства.[28]

На Тур де Франс 2011, Томас завршил 6. на воведната етапа и ја освоил белата маичка.[29] Ја задржал маичката и следниот ден, откако Скај завршил трет на екипниот хронометар.[30] Томас ја загубил белата маичка од Роберт Гесинк на етапата 7, откако водачот на екипата Бредли Вигинс паднал на трката и останатите возачи на Скај изгубиле време чекајќи го него.[31] Томас ја освоил наградата за борбеност на етапата 12 по агресивното бегство на првата етапа на Пиринеите, каде на двапати загубил контрола на спустот на Уркет д’Ансизан.[32] Завршил како 36. на етапата откако бил достигнат од кандидатите за генерален пласман на 7 километри пред последното искачување на етапата и се искачил до 25. место во генералниот пласман.[32][33] Томас потпишал нов тригодишен договор со Скај по етапата 16.[34] Завршил 31. во генералниот пласман на Тур.[35]

Томас бил успешен на Трката околу Британија, освојувајќи го бодовниот пласман и бил високо пласиран во генералниот пласман пред падот. Тој бил дел од екипата на Велика Британија на Светските друмски првенства 2011 и му помогнал на Марк Кевендиш да дојде до победа.

2012[уреди | уреди извор]

Томас на Тур де Романди 2012, носејќи ја водечката маичка по освојувањето на прологот.

Томас потврдил дека ќе се насочи на велодромскиот велосипедизам за сезоната 2012, со цел подобар настап на Олимпијадата во Лондон.[36] Со тоа, не се очекувало да настапи на големите друмски трки во текот на 2012. Томас возел на Џиро д’Италија пред да се насочи кон велодромскиот велосипедизам.[37] Во март, Томас возел на Париз-Ница, каде му помогнал на Бредли Вигинс да ја освои трката. На 4 април, Томас бил член од британската екипа за екипна потера која го освоил златниот медал на Светските велодромски првенства 2012 со нов рекод од 3:53,295 секунди. Исто така, заедно со Бен Свифт го освоиле сребрениот медал во медисон. Потоа, Томас се вратил на патиштата, победувајќи на прологот на Тур де Романди во сложени услови.

Томас завршил втор зад Тејлор Фини на воведниот хронометар на Џиро д’Италија. Томас бил водечки човек за Марк Кевендиш на трката, помагајќи му за трите етапни победи. Исто така, Томас завршил втор зад Марко Пиноти на последната хронометарска етапа во Милано.

Томас бил избран за екипата за екипна потера на Олимпијадата во Лондон, заедно со Стивен Бурк, Ед Кленси и Питер Кенох. На 2 август, квартетот поставил нов светски рекорд од 3 минути и 52,499 секунди во квалификациите за трката.[38] Екипата го постави најбрзото време во првата фаза и дошла во финале со Австралија, каде одлучувале за златниот медал. Во финалето, британската екипа постави нов светски рекорд (3:51,659), завршувајќи скоро три секунди пред Австралијците, каде Томас го освоил својот златен медал.[39]

2013[уреди | уреди извор]

Томас (десно) со колегата Едвалд Боасон Хаген на Тур Даун Класик 2013

Томас ја започнал сезоната 2013 на Тур Даун Андер 2013. Ја освоил етапата 2 откако нападнал на искачувањето Коркскру и ги поминал тројцата возачи кои му се приклучиле на спустот. Томас го одржал водството на трката до претпоследната етапа, кога имал проблеми на искачувањето Олд Вилунга и завршил на петтото место во генералниот пласман. Меѓутоа, се борел на последната етапа во Аделаида, освојувајќи доволно бонус секунди за да стигне до третото место во генералниот пласман, 25 секунди зад холандскио возач Том-Јелте Слагтер и го освоил спринтерскиот пласман.[40]

Томас добил водечка улога на класиците за Скај. Негови најдобри резултати биле четвртото место на Омлоп Хет Ниувсблад и Е3 Харелбеке, додека отпаднал од борба на Милано-Сан Ремо, Трка околу Фландрија и Париз-Рубе. По паузата, Томас се вратил на Трката околу Баварија, каде завршил на второто место. Покажал одлична искачувачка форма на Критериум ду Дофине, каде им помогнал на Крис Фрум и Ричи Порт за 1-2 победата, додека тој самиот завршил на 15. место.

Бил избран да вози на Тур де Франс 2013, но доживеал силен пад на воведната етапа. Започнал на следната етапа, но бил слаб и завршил последен, по што откако бил одведен во болница, му било пронајдена, дека ја има скршено карлицата. И покрај неговата повреда, Томас продолжил и успеал да ја заврши трката на 140. место, помагајќи му на Фрим во победата.[41]

2014[уреди | уреди извор]

Томас го следи нападот на Том Бонен на Париз-Рубе 2014

Томас уште еднаш ја започнал сезоната на Тур Даун Андер, овој пат возејќи како поддршка на Ричи Порт, завршувајќи на осмото место во генералниот пласман. Томас повторно требало да биде поддршка на Порт на Париз-Ница, но поради повреда на Фрум, Порт бил префрлен на Тирено-Адријатико, поради што Томас станал предводник на екипата во Франција. Томас имал солиден настап, завршувајќи втор зад возачот на Гармин-Шарп Том-Јелте Слагтер на четвртата етапа, преземајќи ја водечката жолта маичка, пред да отпадне на второто место зад Карлос Бетанкур на шестата етапа. Меѓутоа, следниот ден, Томас паднал на спустот на 5 километри пред целта; иако ја завршил етапата со седум минути задоцнување, Томас не настапил на последната етапа. Томас се опоравил од повредите и имал добра форма за класиците, завршувајќи трет на Е3 Харелбеке. Го предводел Тим Скај на Трката околу Фландрија и успеал да заврши на осмото место, 37 секунди зад победникот, Фабијан Канчелара, откако останал зад него по искачувањето Тајенберг. Томас исто така го обезбедил седмото место на тешката трка Париз-Рубе, завршувајќи како дел од групата дваесет секунди зад соло-победникот Ники Терпстра.

На Тур де Франс, Томас служел како помошник на колегата од Тим Скај, Ричи Порт, по повлекување на неговиот сонародник Крис Фрум на петтата етапа. Подоцна, Порт паднал во генералниот пласман откако не се чувствувал добро на тринаесеттата етапа. Потоа, на Томас му била дадена слобода да оди на етапни победи и да се појавува во бегства. Томас бил единствениот Британец кој ја завршил трката, завршувајќи 22. во генералниот пласман, негов најдобар пласман на Тур де Франс.

Томас на хронометар на Комонвелтските игри 2014, каде го освоил бронзениот медал

Томас го претставувал Велс на Комонвелтските игри 2014 во Глазгов. Го освоил бронзениот медал на индивидуалниот хронометар зад Алекс Даусет од Англија и Роан Денис од Австралија. Томас го освоил златото на друмската трка откако ги нападнал Скот Твејтс и Џек Бауер на последниот круг во Глазгов и обезбедил доволно голема разлика кога морал да се соочи со менување на тркалото во последните метри.[42] Томас ја завршил неговата сезона со шестото место на Енеко Тур во август.

Во декември, Томас бил прогласен за спортист на годината од страна на ББС Велс.[43]

2015[уреди | уреди извор]

Томас на прологот на Париз-Ница

Во февруари 2015 година, Томас ја освоил втората етапа на Волта ао Алгарве откако го следел нападот на Реин Тарамае (Астана) на последното искачување на етапата и тогаш се одвоил и се одржал пред групата на спустот до целта, освојувајќи соло-победа 19 секунди пред Естонецот и 23 секунди пред групата, со што го преземал водството во трката.[44] Го одбранил водството со третото место на хронометарот на третата етапа,[45] и четвртото место на четвртата етапа, која завршувала на врвот на Алто до Малао, која била освоена од колегата Ричи Порт.[46] Сигурно завршил на последната етапа и ја освоил трката.[47]

Наредна трка на Томас била Париз-Ница 2015. Го освоил второто место на кралската етапа, веднаш зад Порт. Изгубил време на претпоследната етапа на трката, откако паднал на влажен спуст, но продолжил и завршил петти во генералниот пласман. Наредната недела, учествувал на Милано-Сан Ремо. Нападнал на неколку наврати во текот на трката, најзначајниот напад бил на спустот од Чипреса. Иако предводел на трката преку Поџо, сепак наскоро бил достигнат и завршил зад главната група.[48] Пет дена подоцна, Томас станал првиот британски возач кој победил на Е3 Харелбеке, напаѓајќи од бегството на три возачи, со Здењек Штибар и Петер Саган во последниот дел на трката и доаѓајќи до триумф.[49] Два дена подоцна, Томас завршил трет на Гент-Вевелгем зад Лука Паолини (Катјуша) и Ники Терпстра (Етикс-Квик Степ), и покрај тоа што бил одвеан од неговиот велосипед и паднал поради налет на ветер во екстремните временски услови.[50]

Томас на завршната етапа на Тур де Франс 2015

Во јуни, Томас ги имал едни од најдобрите резултати во искачување во неговата кариера на Тур де Свис завршувајќи петти на петтата етапа, која завршувала кај ледникот Ретенбах на височина од 2.669 метри, а последните 12,1 км имале просечен наклон од 10,7%. Томас завршил петти на завршниот хронометар на деветтата етапа, пропуштајќи ја победата со разлика од пет секунди зад Симон Шпилак (Катјуша).[51]

На Тур де Франс, Томас имал улога на поддршка за Крис Фрум, помагајќи му во првата недела на накрсни ветрови, ридски завршници, калдрмата и екипниот хронометар.[52] На првата планинска етапа на Пиринеите, Томас му помогнал на Фрум во победничкиот напад за намалување на групата на последното искачување и завршил шести на етапата зад Алехандро Валверде.[53] Овој резултат го довело Томас до петтото место во генералниот пласман. Паднал на шестото место завршувајќи пола минута зад Алберто Контадор на четиринаесеттата етапа.[54] На шеснаесеттата етапа, Варан Баргиј (Џајант-Алпецин) изгубил контрола во кривина при спуст и се судрил со Томас, предизвикувајќи првин да се удри во бандера, а потоа да падне во ендек.[55] Меѓутоа, Томас избегнал посериозни повреди и можел да ја заврши етапата, губејќи само 38 секунди зад водечката група.[56] Подоцна, се поместил на четвртото место во генералниот пласман по седумнаесеттата етапа, кога Тиџеј ван Гардерен се откажал од трката поради болест, а Контадор изгубил време поради пад.[57] Меѓутоа имал проблеми на искачувањето на деветнаесеттата етапа, завршувајќи 22 минути зад етапниот победник Винченцо Нибали, паѓајќи на 15. место во генералниот пласман, 27 минути и 24 секунди зад Фрум.[58]

Во август бил вклучен во составот на екипата за Вуелта а Еспања.[59]

2016[уреди | уреди извор]

Во февруари 2016, Томас ја задржал титулата на Волта ао Алгарве, завршувајќи петти на одлучувачката петта етапа зад Алберто Контадор.[60]

Томас на Париз-Ница 2016, трка која ја освоил.

Во март 2016 година, Томас го предводел Тим Скај на Париз-Ница. На шестата етапа, Томас завршил втор зад Илнур Закарин (Катјуша) на планинската завршница и го преземал водството на трката за 15 секунди пред Контадор.[61] Томас успеал да го одбрани своето водство до завршната етапа, со помош на колегата Серхио Енао, откако Контадор постојано напаѓал и се одвоил од Томас на завршното искачување на Кол д’Ез. Томас ја поминал целта во Ница 11 секунди зад Контадор за победа на трката за 4 секунди.[62]

Во мај 2016 година било објавено дека Томас потпишал двегодишен договор за продолжување со Скај до крајот на сезоната 2018.[63] Меѓутоа, следниот месец појаснил дека договорот бил за една година со можност за уште една година.[64]

Во јуни 2016 година, Томас бил дел од составот на Скај на Тур де Франс, кој му помогнал на Крис Фрум за обезбедување на својата трета победа на трката.

2017[уреди | уреди извор]

На Тур де Франс 2017, Томас ја зел жолтата маичка по победата на воведната етапа.

Во јануари 2017 година, Тим Скај објавиле дека Томас ќе го дели водството со Микел Ланда на Џиро д’Италија 2017.[65]

Во март 2017 година, Томас го предводел Скај на Тирено-Адријатико. Меѓутоа, нивниот воведен екипен хронометар бил обележан со несреќата на Џани Москон, кога неговото предно тркало се одвоило при голема брзина. Москон паднал на асфалтот, заработувајќи гребаници, но можел да продолжи.[66] По етапата,[67] Томас изјавил на медиумите дека и на двајца други колеги им биле скршени тркалата на етапата; Тим Скај на крајот завршиле 1 минута, 41 секунда зад времето на БМЦ Рејсинг Тим. На втората етапа, на 5,5 километри пред целта, Томас и возачот од Квик-Степ Флорс, Боб Јунгелс, нападнале на стрмното искачување од 16%, повлекувајќи ги Тим Веленс (Лото-Судал), и двоецот на БМЦ Рејсинг Тим, Тиџеј ван Гардерен и Дамијано Карузо – во водечката сина маичка – со нив. Кога Томас се одвоил од Јунгелс, Наиро Кинтана (Мовистар Тим) нападнал во групата назад; Томас останал сам до крајот, освојувајќи ја етапата за девет секунди од Том Димулен од Тим Санвеб.[68] Томас завршил втор на четвртата етапа, 18 секунди зад Наиро Кинтана од (Мовистар Тим).[69] Завршил петти на крајот, 58 секунди зад Кинтана.

Во април 2017 година, Томас станал првиот британски возач кој ја освоил Трката на Алпите (порано позната како Џиро дел Трентино).[70] Томас ја освоил третата етапа на трката, освојувајќи ја водечката маичка и на крајот победи со седум секунди пред Тибо Пино (ФДЖ). Подиумот бил заокружен од возачот на Аг2р-Ла Мондијал, Доменико Поцовиво, уште тринаесет секунди зад Пино.

Томас започнал на Џиро д’Италија 2017 силно, завршувајќи трет на четвртата етапа и бил втор во текот на првата недела во генералниот пласман. Меѓутоа, на деветтата етапа, кога групата се приближила до последното искачување, Вилко Келдерман од Тим Санвеб се судрил со полициски мотор кој бил паркиран на страна од патот. Ова предизвикало да отиде десно во возачите на Скај, кои биле наредени еден позади друг, што предизвикало и самите да паднат. Рамото на Томас било изместено, но успеал да ја заврши етапата, паѓајќи на 17. место во генералниот пласман, пет минути и 14 секунди зад Наиро Кинтана.[71] По денот за одмор, Томас се опоравил да заврши втор зад Том Димулен на десеттата етапа, поединечен хронометар од 39,8 километри, враќајќи се на 11. место.[72] Меѓутоа, откако изгубил уште време на следните две етапи, Томас се повлекол од трката.[73]

На Тур де Франс, Томас ја освоил воведната етапа, поединечен хронометар од 13,7 километри, со што станал прв Велшанец кој ја облекол жолтата маичка. Ја имал жолтата маичка до петтата етапа, кога завршил втор во генералниот пласман зад колегата Крис Фрум откако завршил десетти на Ла Планш де Бел Фил. Томас паднал на трката при спуст на деветтата етапа и ја скршил клучната коска.[74]

2018[уреди | уреди извор]

Томас (лево) ја носи жолтата маичка на деветнаесеттата етапа на Тур де Франс 2018

Томас ја започнал сезоната 2018 во февруари на Волта ао Алгарве, каде го освоил поединечниот хронометар во должина од 20,3 километри на третата етапа и го зголемил водството на трката.[75] Меѓутоа, победата му побегнала кога на последната етапа се одвоило бегство од 31 возач во воведните километри, вклучувајќи го второпласираниот возач и негов колега Михал Квјатковски. Квјатковски ја освоил етапата и победил на трката со 1 минута и 31 секунда пред Томас.[76] Во март, Томас повторно имал пех додека предводел на Тирено-Адријатико, кога на четвртата етапа имал механички проблем 1,5 километри пред врвот на последното искачување и изгубил 34 секунди и сината водечка маичка.[77] На крајот, завршил трет зад колегата Квјатковски и Дамијано Карузо од БМЦ Рејсинг Тим.[78]

Во април, Томас се вратил на Париз-Рубе, но ја напуштил трката по падот на воведните делници со калдрма на трката.[79]

Во јуни, Томас го предводел Тим Скај на Критериум ди Дофине 2018 во отсуство на Крис Фрум, кој победил на Џиро д’Италија една недела претходно.[80] Томас паднал на воведниот пролог и завршил 20 секунди зад Квјатковски, кој ја освоил етапата.[81] Тим Скај го освоиле екипниот хронометар на третата етапа и Томас се искачил на четвртото место.[82] Томас го презел водството на трката откако завршил втор на петтата етапа[83] и го зголемил водството пред Адам Јејтс на 1 минута и 29 секунди на следната етапа.[84] И покрај тоа што морал да ја брка главната група два пати по две дупнати гуми на последната етапа, Томас ја освоил трката пред Јејтс и Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал).[85]

Во јули, Томас настапил на Тур де Франс 2018 како „заеднички предводник“ на Тим Скај со Крис Фрум. Падот на Фрум на деветтата етапа до Рубе го ставило на осмото место. Меѓутоа, Томас бил подобро позициониран, на второто место со само 43 секунди зад предводникот Грег ван Авермет.[86] и шпекулацијата за предводник на екипата започнале, иако самиот Томас дипломатски ги одбегнувал прашањата за тоа: „Мислам дека е рано да се зборува за тоа.“ „Можеби ако сум уште добар по Алп д’Иез (на етапата 12), ќе биде различно. Но, немавме вистинско качување досега.“[87] Томас ја освоил планинската етапа 11 и го презел водството на трката. Потоа, ја освоил дванаесеттата етапа; прв британски победник на Алп д’Иез. Го одржал водството до крајот со што станал трет британски и прв велшки велосипедист кој го освоил Тур де Франс.[88][89][90]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2004
1. Jersey rainbow.svg Светско јуниорско првенство - скреч
2. Silver medal europe.svg Европско јуниорско првенство - бодовна трка
2005
Национални првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Скреч
1. MaillotReinoUnido.PNG Екипна потера
UIV Талент Куп
1. Медисон (со Марк Кевендиш) – Бремен
1. Медисон (со Бен Свифт) – Дортмунд
2006
Европски првенства
1. UEC Champion Jersey.svg Екипна потера
2. Silver medal europe.svg Скреч
2. Silver medal blank.svg Светско првенство - екипна потера
2. Silver medal blank.svg Национално првенства - екипна потера
3. Bronze medal blank.svg Комонвелтски игри - бодовна трка
2007
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство - екипна потера
2008
1. Gold medal.svg Олимписки игри - екипна потера
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство - екипна потера
2009
Национални првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Индивидуална потера
2. Silver medal blank.svg Медисон (со Лук Роу)
2010
3. Bronze medal blank.svg Национални првенства - скреч
2011
1. UEC Champion Jersey.svg Европски првенства - екипна потера
2012
1. Gold medal.svg Олимписки игри - екипна потера
Светски првенства
1. Jersey rainbow.svg Екипна потера
2. Silver medal blank.svg Медисон (со Бен Свифт)

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2003
1. Курне-Брисел-Курне за јуниори
3. Национално јуниорско друмско првенство
2004
1. Париз-Рубе за јуниори
2006
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Флеш ду Суд
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 2
3. Национално друмско првенство
1. Смитфилд Ноктурн
2009
5. Копа Берноки
6. Краен пласман Трка околу Британија
2010
Национални првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Друмска трка
3. Хронометар
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
2011
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баварија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман Трка околу Британија
2. Национално друмско првенство
2. Дварс дор Вландерен
6. Класика Сарда
10. Трка околу Фландрија
Тур де Франс
Награда за борбеност Jersey red number.svg на етапата 12
2012
1. Пролог Тур де Романди
2013
2. Краен пласман Трка околу Баварија
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Jersey blue.svg Спринтерски пласман
Награда за најборбен возач на етапата 6
3. Bronze medal blank.svg Екипен хронометар Светско друмско првенство
4. Омлоп Хет Ниувсблад
4. Е3 Харелбеке
10. Краен пласман Трка околу Катар
2014
1. Gold medal blank.svg Комонвелтски игри - Друмска трка
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баварија
1. Етапа 4 (ITT)
2. Национално хронометарско првенство
3. Е3 Харелбеке
3. Bronze medal blank.svg Комонвелтски игри - Хронометар
6. Краен пласман Енеко Тур
7. Париз-Рубе
8. Краен пласман Тур Даун Андер
8. Трка околу Фландрија
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Е3 Харелбеке
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Романди
2. Краен пласман Тур де Свис
3. Гент-Вевелгем
5. Краен пласман Париз-Ница
2016
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
9. Олимписки хронометар
2017
1. Jersey violet.svg Краен пласман Трка на Алпите
1. Етапа 3
1. Етапа 1 (ITT) Тур де Франс
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 2
7. Краен пласман Трка околу Британија
2018
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 11
1. Етапа 12
1. Jersey yellow-bluebar.svg Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 3 (ТТТ)
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3 (ITT)
3. Краен пласман Тирено-Адријатико

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 118 80 СО
Jersey yellow.svg Тур 140 67 31 140 22 15 15 СО 1
Jersey red.svg Вуелта 69
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey yellow.svg Париз-Ница 86 83 СО СО 5 1
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 121 5 3
MaillotVolta.png Волта а Каталуња СО 34
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија
Jersey yellow.svg Тур де Романди 88 СО 87 51 33
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 21 СО 15 46 1
Jersey yellow.svg Тур де Свис 2 17

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Сан Ремо 60 СО СО 31 169
Трка околу Фландрија 33 10 41 8 14 12
Париз-Рубе 64 СО 79 7 СО СО
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 56
Џиро ди Ломбардија
Класична трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Омлоп Хет Ниусблад 4
Дварс дор Вландерен 32 2 19
Е3 Харелбеке 50 4 3 1
Гент-Вевелгем СО 124 112 3

СО = се откажал; — = не учествувал

Светски рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Рекорд Датум Настан Велодром Заб.
Екипна потера 3:56,322 27 март 2008 Светско првенство Манчестер [91]
3:55,202 17 август 2008 Олимписки игри Лаошан (Пекинг) [92]
3:53,314 18 август 2008 [92]
3:53,295 4 април 2012 Светско првенство Мелбурн [93]
3:52,499 2 август 2012 Олимписки игри Лондон [94]
3:51,659 3 август 2012 [95]

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Профил на Герајнт Томас“. Тим Скај. BSkyB. конс. 3 април 2013. 
  2. „Team Sky“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 5 јануари 2019. конс. 5 јануари 2019. 
  3. „Интервју со Герајнт Томас“. cyclingnews.com. 5 јули 2007. 
  4. „In the zone: Geraint Thomas“. BBC Sport. 
  5. http://www.walesonline.co.uk/news/wales-news/geraint-thomas-girlfriend-why-ive-1820543
  6. http://www.southwales-eveningpost.co.uk/Cyclist-Geraint-Thomas-s-wedding-day-extra/story-27925120-detail/story.html
  7. Лери Хикмот (27 март 2005). „Герајнт Томас се опоравува од несреќата во Австралија“. British Cycling. 
  8. Томас во болница по несреќата“, BBC Sport, 18 февруари 2005.
  9. Thomas backed for Beijing glory“, BBC Sport, 5 декември 2007.
  10. Ијан Џенкинс (17 јули 2007). „Maindy Flyers 'On Tour'!“. Welsh Cycling. 
  11. „Тур де Франс 2007, Краен пласман“. Le Tour de France. 29 јули 2007. 
  12. Calzaghe claims BBC Wales award“, BBC Sport, 2 декември 2007.
  13. „Големо интервју: Герајнт Томас“. Cycling Weekly. 11 јуни 2008. 
  14. Гордон Рајнер. „Flags showing Cross of St George, Saltire or Welsh dragon banned“, Telegraph.co.uk, 6 август 2008.
  15. Мартин Шиптон (5 август 2008). „Олимпијадата забрани велшките спортисти да настапат со националното знаме“. South Wales Echo. 
  16. Екипата на Велика Британија постави светски рекорд“, BBC Sport, 17 август 2008.
  17. Велика Британија силно до злато во екипна потера“, BBC Sport, 18 август 2008.
  18. Борба на Томас и Кевендиш за место“, BBC Sport, 25 јули 2008.
  19. „Мотивацијата е силна и покрај допинг случаите на Тур“. BBC Sport. 22 јули 2008. 
  20. „Скршени коски за Томас“. CyclingNews. 16 март 2009. 
  21. „44. Тирено-Адријатико - Етапа 4 & 5 Кометари & Слики“. Daily Peloton. 15 март 2009. 
  22. 22,0 22,1 Вилијам Фотерингем. „Герајнт Томас постави второ најбрзо време во историјата во индивидуална потера“, The Guardian, 31 октомври 2009.
  23. BBC Live Cycling coverage, 1 ноември 2009
  24. Рајан Гигс победи во спортска личност на годината од ББС Велс 2009“, BBC Sport, 8 декември 2009.
  25. Герајнт Томас повлечен од Комонвелтските игри во Делхи“, BBC, 24 септември 2010 (посет. 15 јули 2011 г).
  26. „Про Сајлинг; Герајнт Томас“. Team Sky. 25 мај 1986. конс. 9 август 2012. 
  27. Томас ја запечати победата во Баварија“, „Sky Sports“.
  28. „Вигинс победи на националните друмски првенства“. Britishcycling.org.uk. 26 јуни 2011. конс. 9 август 2012. 
  29. Џејн Обри (3 јули 2011). „Томас во бела маичка“. Cyclingnews.com. конс. 9 август 2012. 
  30. „Тур де Франс започна со контраст за Скај, вели Вигинс“. Cyclingnews.com. конс. 9 август 2012. 
  31. „15-07-2011 10:05 UTC“. BBC News. 8 јули 2011. конс. 9 август 2012. 
  32. 32,0 32,1 „Geraint Thomas in the thick of the Tour de France action“. South Wales Echo. 15 јули 2011. конс. 15 јули 2011. 
  33. „Резултати на Тур де Франс 2011, Етапа 12“. Velo News. 14 јули 2011. конс. 15 јули 2011. 
  34. Фанинг, Еван. „Герајнт Томас потпиша нов тригодишен договор со Тим Скај“, „The Guardian“, 19 јули 2011.
  35. Вил Ирвин. „Бордман: Ова е одлучувачко време за Герајнт Томас“. Cycling Weekly. конс. 9 август 2012. 
  36. Герајнт Томас размислува за напуштање на велодромскиот велосипедизам по Олимпијадата во Лондон BBC Sport. 7 октомври 2011.
  37. Калоу, Џејмс. „Герајнт Томас ќе го прескокне Тур де Франс со цел настап на Олимпијадата“, „The Guardian“, 24 октомври 2011.
  38. „Велодромски велосипедизам: Велика Британија постави светски рекорд во екипна потера“. BBC Sport. 2 август 2012. конс. 7 август 2012. 
  39. Беван, Крис (3 август 2012). „Олимписки велосипедизам: Екипата на Велика Британија го одбрани медали во екипна потера“. BBC Sport. конс. 7 август 2012. 
  40. „Тур Даун Андер: Герајнт Томас заврши трет“. BBC Sport. BBC. 27 јануари 2013. конс. 31 јануари 2013. 
  41. „Тур де Франс 2013: Резултати на етапа 21“. guardian.co.uk. 21 јули 2013. конс. 22 јули 2013. 
  42. http://www.theguardian.com/sport/2014/aug/03/geraint-thomas-commonwealth-games-cycling-gold-wales
  43. http://www.bbc.co.uk/sport/0/wales/30331032
  44. „Герајнт Томас го презема водството на Волта ао Алгарве со победа на втората етапа“. Skysports.com. 19 февруари 2015. конс. 19 февруари 2015. 
  45. „Герајнт Томас го зголеми водството на Волта ао Алгарве“. Cycling Weekly. 20 февруари 2015. 
  46. „Волта ао Алгарве 2015: Етапа 4 резултати“. Cyclingnews.com. 
  47. „Герајнт Томас победи на Волта ао Алгарве 2015; Андре Грајпел до завршната етапна победа“. Cycling Weekly. 22 февруари 2015. 
  48. Герајнт Томас се надева да продолжи со формата по херојското возење на Милано-Сан Ремо“, „Cycling Weekly“, 22 март 2015 (посет. 24 март 2015 г).
  49. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/32093178
  50. „Герајнт Томас отфрлен од велосипед од налет на ветер на Гент-Вевелгем“. Yahoo Eurosport UK. 29 март 2015. 
  51. „Герајнт Томас заврши втор на Тур де Свис“. BBC Sport. 
  52. „Geraint Thomas hails Team Sky's 'perfect week' at the Tour de France“. Cycling Weekly. 13 јули 2015. 
  53. „Тур де Франс 2015: Етапа 10 резултати“. Cyclingnews.com. 
  54. Вестбај, Мат (19 јули 2015). „Тур де Франс: Стив Камингс победи додека Крис Фрум го зголеми водството“. skysports.com. конс. 26 јули 2015. 
  55. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/chris-froome/11752281/Geraint-Thomass-horror-fall-in-stage-16-fails-to-dampen-spirits-as-Chris-Froome-retains-Tour-de-France-lead.html
  56. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/tour-de-france/geraint-thomas-keeps-sense-of-humour-after-scary-tour-de-france-crash-183555
  57. „Tour de France 2015: Geraint Thomas rises to fourth overall as Team Sky mate Chris Froome retains yellow jersey“. WalesOnline. 22 јули 2015. конс. 26 јули 2015. 
  58. Бул, Ник (24 јули 2015). „Geraint Thomas describes his Tour de France bad day as being like an Ikea nail“. Cycling Weekly. конс. 26 јули 2015. 
  59. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. конс. 21 август 2015. 
  60. „Geraint Thomas wins the Volta ao Algarve“. Cycling Weekly. 21 февруари 2016. 
  61. „Geraint Thomas takes yellow jersey before final stage of Paris-Nice“. The Guardian. 12 март 2016. 
  62. „Geraint Thomas stages remarkable comeback to hold off Alberto Contador and win Paris-Nice“. Cycling Weekly. 13 март 2016. 
  63. „Geraint G extends contract with Team Sky“. Cyclingnews.com. 
  64. Флечер, Патрик (7 јуни 2016). „Thomas keeping his options open with one-year Team Sky deal“. cyclingnews.com. конс. 7 јуни 2016. 
  65. http://www.cyclingnews.com/news/thomas-and-landa-to-have-joint-leadership-of-team-sky-at-giro-ditalia/
  66. Виндзор, Ричард. „Gianni Moscon's front wheel collapses in bizarre crash during Tirreno TTT (video)“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 8 март 2017 (посет. 14 март 2017 г).
  67. Фаранд, Стивен. „Wheel failures decimate Team Sky's Tirreno-Adriatico ambitions“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 8 март 2017 (посет. 14 март 2017 г).
  68. Чарлс, Енди. „Team Sky's Geraint Thomas wins second stage of Tirreno-Adriatico“, „Sky Sports“, Sky UK, 9 март 2017 (посет. 15 март 2017 г).
  69. „Montalto di Castro - Terminillo (Campoforogna) km 187: Ordine d'arrivo / Ordre d'arrivée / Order of arrival“ (Portable Document Format). Тирено-Адријатико. RCS MediaGroup. 11 март 2017. конс. 11 март 2017. 
  70. Geraint Thomas wins Tour of Alps: Welshman the first Briton to win event“, „BBC Sport“, BBC, 21 април 2017 (посет. 21 април 2017 г).
  71. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/39915940
  72. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/39939571
  73. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/39972898
  74. Tour de France: Uran wins stage 9 in photo finish“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 9 јули 2017 (посет. 9 јули 2017 г).
  75. „Geraint Thomas wins Volta ao Algarve time trial to increase overall lead“. 16 февруари 2018. конс. 29 јули 2018. 
  76. „Geraint Thomas downed by friendly fire at Volta ao Algarve“. конс. 29 јули 2018. 
  77. 'It's frustrating': Geraint Thomas on losing Tirreno-Adriatico lead due to jammed chain“. 10 март 2018. конс. 29 јули 2018. 
  78. „Geraint Thomas reflects on 'bittersweet' Tirreno-Adriatico podium spot“. 13 март 2018. конс. 29 јули 2018. 
  79. „Geraint Thomas abandons Paris-Roubaix after crash on opening cobble sector“. 8 април 2018. конс. 29 јули 2018. 
  80. „Team Sky reveal Critérium du Dauphiné line-up with one big name missing“. 31 мај 2018. конс. 29 јули 2018. 
  81. „Geraint Thomas crashes during Criterium du Dauphine prologue“. конс. 29 јули 2018. 
  82. „Criterium du Dauphine: Team Sky win team time trial, Michal Kwiatkowski leads“. 6 јуни 2018. конс. 29 јули 2018 – преку www.bbc.co.uk. 
  83. „Criterium du Dauphine: Geraint Thomas leads as Dan Martin wins stage“. 8 јуни 2018. конс. 29 јули 2018 – преку www.bbc.co.uk. 
  84. „Criterium du Dauphine: Geraint Thomas extends overall lead“. 9 јуни 2018. конс. 29 јули 2018 – преку www.bbc.co.uk. 
  85. „Criterium du Dauphine: Geraint Thomas wins from fellow Briton Adam Yates“. 10 јуни 2018. конс. 29 јули 2018 – преку www.bbc.co.uk. 
  86. Артурс-Бренан, Мишел (15 јули 2018). „Tour De France Stage Nine“. Cycling Weekly. 
  87. Браун, Грегор (16 јули 2018). „Chris Froome or Geraint Thomas? Team Sky to decide Tour de France leader on Alpe d’Huez“. Cycling Weekly. 
  88. „Tour de France 2018: Stage 21 Results“. 
  89. Хауел, Енди. „Geraint Thomas takes Tour de France glory as history is made“, WalesOnline, 28 јули 2018 (посет. 30 јули 2018 г).
  90. „Geraint Thomas seals maiden Tour de France title with Paris procession“. Guardian. 29 јули 2018. конс. 31 јули 2018. 
  91. „2008 World Championships Final Results“ (PDF). TissotTiming.com. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 12 август 2016. 
  92. 92,0 92,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wr-2.
  93. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wr-3.
  94. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wr-4.
  95. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wr-5.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Герајнт Томас е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.