Ники Терпстра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ники Терпстра
Терпстра на Е3 Харелбеке 2015
Лични податоци
Цело име Ники Терпстра
Роден 18 мај 1984 (1984-05-18) (34 г.)
Бевервејк,  Холандија
Висина 1,86 м
Маса 74 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Квик-Степ Флорс
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Професионални клубови
2003–2004
2005
2006
2007–2010
2011–
Берт Стори-Пилс
АХА
Убинк-Синтек
Тим Милрам
Квик Степ
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Катар (2014, 2015)
Тур де Валони (2015)
Енеко Тур (2016)

Еднодневни трки и класици

Париз-Рубе (2014)
Трка околу Фландрија (2018)
Е3 Харелбеке (2018)
Светско првенство во екипен хронометар (2012, 2013, 2016)
MaillotHolanda.PNG Национален друмски првак (2010, 2012, 2015)
Дварс дор Вландерен (2012, 2014)
Амстел Курасао Рејс (2012, 2014)
Последна промена
1 октомври 2018

Ники Терпстра (холандски: Niki Terpstra; р. 18 мај 1984 во Бевервeјк) — холандски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Квик-Степ Флорс.[1] Негов брат е велосипедистот Мике Терпстра.[2]

Тој е трет холандски велосипедист кој ги освои обата калдрмисани пролетни класици, Париз-Рубе и Трката околу Фландрија, по Јан Рас и Хени Кујпер. Во 2019 година ќе вози за француската екипа Директ Енержи.[3].

Кариера[уреди | уреди извор]

Терпстра минувајќи низ целта на Париз-Рубе 2014

Тој е освојувач на сребрен медал во тимската трка на Светското првенство 2005, заедно со Леви Хајманс, Јенс Морис и Петер Шеп. Со четвртото место на Три дена на Де Пане, по 14. место на Трката околу Фландрија 2008, младиот Терпстра покажал знаци на значителен талент. Во 2009, Терпстра ја освоил третата етапа од Критериум ду Дофине Либере 2009, стекнувајќи ја истовремено и жолтата маичка, која ја носел еден ден.[4] Во 2012, Терпстра ја однел престижната победа на Дварс дор Вландерен, победувајќи сам откако бил напред цел ден. Се одвоил од бегството на Уде Кваремон со Јеле Валес од Топспорт Вландерен-Меркатор. Го отфрлил Валес на Патерберг и ја завршил сам трката со предност од 47 секунди пред Французинот Силвен Шаванел.[5] Во 2014 по прв пат освоил етапна трка со победа на Трката околу Катар. На 13 април 2014 ја освоил класичната трка Париз-Рубе, завршувајќи сам.[6]

Во 2015 година, Терпстра ја одбранил неговата титула на Трката околу Катар, одржувајќи го водството во трката по победата на индивидуалниот хронометар на третата етапа.[7] На Омлоп Хет Ниувсблад, Терпстра го направил одлучувачкото бегство на четворица возачи, заедно со колегите Том Бонен и Стејн Ванденберг и со Ијан Станард (Тим Скај). Откако Станард го затворил нападот на Бонен во последните метри, Терпстра се обидел на контранапад, но Ванденберг ја достигнал разликата, дозволувајќи му на Станард да нападне и само Терпстра успеал да го следи. Станард го победил Терпстра во спринтерската завршница.[8] Во март, Терпстра имал одреден успех, најпрвин со второто место на Трката околу Зеланд. Потоа, со второто место на подиумот на многу ветровитото издание на Гент-Вевелгем, каде го добил спринтот за второто место откако Лука Паолини сам ја поминал целта.[9] На неговата следна трка, Трката околу Фландрија, се одвоил од групата со Александер Кристоф на 30 километри пред целта, но не можел да го победи Кристоф во завршниот спринт, завршувајќи ја трката на второто место.[10] Во јуни го освоил националното друмско првенство во масовен спринт, изненадувајќи ги спринтерите.[11]

Во 2016 година, Терпстра победил на Енеко Тур 2016 во драматична завршница на дожд на последната етапа откако претходниот предводник на трката Роан Денис (БМЦ Рејсинг Тим) паднал. Етапата имала калдрма и искачувања користени на класиците, каде Денис најпрвин отпаднал од групата, а подоцна целосно се откажал поради неговите повреди. Терпстра, кој ја започнал завршната етапа на петтото место, бил дел од првата група и завршил една секунди зад етапниот победник Едвалд Боасон Хаген (Дименжн Дата).[12]

Во 2018 година, Терпстра ја освоил Е3 Харелбеке, доаѓајќи сам на целта откако нападнал на искачувањето Тајенберг со колегата Ив Ламперт на повеќе од 70 километри до целта. Терпстра завршил 20 секунди пред групата, предводена од неговиот колега Филип Жилбер и станал прв Холанѓанец кој победил на Е3 Харелбеке по Стевен де Јонг во 2003 година.[13] Терпстра ја освоил Трката околу Фландрија 2018 со напад кон крајот. Откако го следел нападот од Винченцо Нибали на искачувањето Крејсберг, Терпстра го поминал Италијанецот набрзо потоа, подоцна ги достигнал тројцата возачи од раното бегство на завршното искачување на Ауде Кваремонт. Терпстра останал сам во завршните 25 километри, завршувајќи 12 секунди пред возачот на Трек-Сегафредо, Мадс Педерсен од раното бегство и од колегата и бранителот на титулата Филип Жилбер, кој ја предводел групата како трет.[14] Тоа било негова втора победа на „монумент“[15] и станал прв холандски возач по Адри ван дер Пул во 1986 година кој ја освоил Трката околу Фландрија,[16] Следната недела, Терпстра завршил трет на Париз-Рубе 2018, доведувајќи ја групата со 57 секунди зад победникот Петер Саган и Силван Дилје.[17]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Друмски[уреди | уреди извор]

2004
1. Етапа 2 Трка околу Среден Брабант
1. ГП Вилерревуе
2005
1. Омлоп дер Кемпен
2006
1. Етапа 4 Трка околу Белгија
1. Етапа 6 Трка околу Нормандија
1. Етапа 2 ОЗ Вилервикенд
1. Трка околу Средна Холандија
2. Ронде ван Оверејсел
2007
1. Планински пласман Трка околу Германија
3. Хел ван хет Мергеланд
2008
3. Краен пласман Трка околу Баварија
4. Краен пласман Три дена Де Пане
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 13 Тур де Франс
5. Дач Фуд Вали Класик
2009
1. Етапа 3 Критериум ду Дофине Либере
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Пролог
9. Омлоп Хет Ниувсблад
2010
1. MaillotHolanda.PNG Национален друмски првак
1. Шпаркасен Џиро Бохум
3. Дварс дор Вландерен
6. Краен пласман Трка околу Оман
2011
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
6. Омлоп Хет Ниувсблад
6. Краен пласман Трка околу Белгија
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 15 Тур де Франс
10. Краен пласман Трка околу Пекинг
2012
1. Jersey rainbow chrono.svg Светско првенство во екипен хронометар
1. MaillotHolanda.PNG Национално друмско првенство
1. Дварс дор Вландерен
1. Амстел Курасао Рејс
3. Краен пласман Енеко Тур
3. Париз-Тур
5. Париз-Рубе
5. Краен пласман Три дена Де Пане
6. Трка околу Фландрија
2013
1. Jersey rainbow chrono.svg Светско првенство во екипен хронометар
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
3. Краен пласман Три дена Де Пане
3. Париз-Рубе
5. Национално друмско првенство
6. Гран при Квебек
9. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Париз-Тур
2014
1. Jersey gold.svg Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 1
1. Дварс дор Вландерен
1. Париз-Рубе
1. Амстел Курасао Рејс
2. Е3 Харелбеке
2. Национално друмско првенство
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
4. Краен пласман Три дена Де Пане
5. Омлоп Хет Ниувсблад
6. Трка околу Фландрија
9. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Национално хронометарско првенство
2015
1. MaillotHolanda.PNG Национално друмско првенство
1. Jersey gold.svg Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 3 (ITT)
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 1
2. Silver medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
2. Трка околу Фландрија
2. Омлоп Хет Ниувсблад
2. Трка околу Зеланд
2. Гент-Вевелгем
8. Европски игри - друмска трка
2016
1. MaillotMundialCrono.PNG Светско првенство во екипен хронометар
1. Jersey white.svg Краен пласман Енеко Тур
1. Дварс дор хет Хагеланд
1. Ле Самин
9. Светско друмско првенство
10. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Трка околу Фландрија
2017
3. Трка околу Фландрија
4. Гент-Вевелгем
2018
1. 15p Светско првенство во екипен хронометар
1. Трка околу Фландрија
1. Е3 Харелбеке
1. Ле Самин
1. Етапа 1 (ТТТТ) Јадранско-јонска трка
2. Национално хронометарско првенство
3. Париз-Рубе
9. Дварс дор Вландерен
9. Краен пласман БинкБенк Тур

Велодромски[уреди | уреди извор]

2004
1. MaillotHolanda.PNG Национален скреч првак
2005
Национални првенства
1. MaillotHolanda.PNG Скреч
1. MaillotHolanda.PNG Бодовна трка
2006
Национални првенства
1. MaillotHolanda.PNG Индивидуална потера
1. MaillotHolanda.PNG Медисон (со Вим Струтинга)
2007
Национални првенства
1. MaillotHolanda.PNG Скреч
1. MaillotHolanda.PNG Медисон (со Вим Струтинга)
2011
2. Национални медисон првенства (со Јури Хавик)
2013
1. Шест дена Ротердам (со Илјо Кесе)
2014
1. Шест дена Ротердам (со Илјо Кесе)
1. Шест дена Амстердам (со Јури Хавик)
2015
1. Шест дена Ротердам (со Илјо Кесе)
2016
3. Шест дена Ротердам (со Јури Хавик)

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 136 152 СО 134 149 94 119
Jersey red.svg Вуелта 142 95 127 СО 139 130

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Сан Ремо 38 45 СО
Трка околу Фландрија 6 113 6 2 10 3 1
Париз-Рубе 5 3 1 15 СО СО 3
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Џиро ди Ломбардија
Класици 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Омлоп Хет Ниусблад 87 6 99 5 2 30 51 52
Курне-Брисел-Курне СО СО 56 54
Ле Самин 18 13 1 1
Страде Бјанке 55
Е3 Харелбеке 14 25 СО 2 14 13 19 1
Гент-Вевелгем СО 2 21 4 39
Дварс дор Вландерен 3 30 1 11 1 18 35 25 9
Схелдепрејс 125
Амстел Голд Рејс DNF 28 DNF
Бинше-Шиме-Бинше 42 38 54
Париз-Тур 91 3 10 30 3

СО = се откажа; — = не настапил

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Омега Парма-Квик Степ Сајклинг Тим (OPQ) – BEL“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=Mg&RefDate=09.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. посет. 9 јануари 2013 г. 
  2. „Niki Terpstra dertiende in GP Samyn“ (на холандски). 4 март 2015. http://www.rtvnh.nl/sport/160645/niki-terpstra-13e-in-gp-samyn-. 
  3. Mercato - Niki Terpstra intègre Direct Energie“, „Team Direct Energie Pro Cycling“, 16 август 2018 (посет. 17 август 2018 г). (на (француски))
  4. „Етапа 3: Турнус -> Сен Етјен 182 км“. cycling news.com. 9 јуи 2009. архивирано од изворникот на 21 јуни 2009 г.. http://www.webcitation.org/5hgor83an. посет. 17 јуни 2009 г. 
  5. Брехт Декалуве. „Терпстра победи на Дварс дор Вландерен“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 март 2012 (посет. 18 декември 2012 г).
  6. Ники Терпстра сам до триумф на велодромот во Рубе“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 13 април 2014 (посет. 11 септември 2014 г).
  7. Терпстра ја одбрани титулата на Трката околу Катар“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 13 февруари 2015 (посет. 30 март 2015 г).
  8. Stannard sees off Quickstep to win incredible Omloop Het Nieuwsblad“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 февруари 2015 (посет. 30 март 2015 г).
  9. Најџел Вин. „Лука Паолини го освои изданието за паметење на Гент-Вевелгем“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 29 март 2015 (посет. 29 март 2015 г).
  10. Најџел Вин. „Александер Кристоф победи на Трката околу Фландрија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 5 април 2015 (посет. 5 април 2015 г).
  11. Акселгард, Емил. „Terpstra takes Dutch road race title in a bunch sprint“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 28 јуни 2015 (посет. 28 јуни 2015 г).
  12. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/niki-terpstra-wins-eneco-tour-dramatic-final-stage-286449
  13. О’Ши, Садб. „Terpstra wins E3 Harelbeke“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 23 март 2018 (посет. 23 март 2018 г).
  14. Niki Terpstra wins 2018 Tour of Flanders“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 1 април 2018 (посет. 1 април 2018 г).
  15. https://www.cyclingweekly/news/latest-news/niki-terpstra-leaves-rivals-behind-tour-of-flanders-win-375011%3Fsource%3Ddam
  16. Terpstra eerste Nederlandse winnaar sinds 1986“, „De Telegraaf“, Telegraaf Media Groep, 1 април 2018 (посет. 1 април 2018 г). (на холандски)
  17. Робертшо, Хенри. „Peter Sagan takes spectacular Paris-Roubaix victory after huge 54km attack“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 8 април 2018 (посет. 8 април 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Кос Меренхут
Национален друмски првак
2010
Наследник
Пим Лигтхарт
Претходник
Пим Лигтхарт
Национален друмски првак
2012
Наследник
Џони Хогерланд
Претходник
Фабијан Канчелара
Победник на Париз-Рубе
2014
Наследник
Џон Дегенколб