Овен Дул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Овен Дул
Дул на Триптик де Мон е Шату 2014
Лични податоци
Роден2 мај 1993 (1993-05-02) (26 г.)
Кардиф,  Обединето Кралство
Податоци за клубот
Мом. клубТим Инеос
ДисциплинаВелодромски и друмски велосипедизам
УлогаВозач
Аматерски клубови
2013 100% Me
Професионални клубови
2014
2015–2016
2016
2017-
Ан Пост-Чејн Реакшн
ВИГИНС
Тим Скај (стажант)
Тим Скај
Последна промена
29 јануари 2019

Овен Дул MBE (англиски: Owain Doull; р. 2 мај 1993 во Кардиф[1]) — велшки професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Инеос.[2]

Дул е насочен кон екипната потера во велодромскиот велосипедизам и го освоил златниот медал во дисциплината на Летните олимписки игри 2016; со тоа станал првиот Велшанец кој освоил олимписко злато.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Дул на Трката околу Британија 2015, каде завршил трет и го освоил бодовниот пласман

Дул се родил и пораснал во Кардиф, Велс[4][5] Како дете бил одличен спортист и играл рагби како ученик, но и возел велосипед за Мејнди Флајерс.[6] Во 2010 година бил избран од британската федерација за олимписката развојна програма, заедно со велшките велосипедисти Ејми Робертс и Елинор Баркер.[7] Роберт и Баркер, исто така, биле дел од репрезентацијата на Велс на Комонвелтските младински игри 2011 на Островот Ман. Дул освоил два медала на игрите, сребрен во друмската трка и бронзен со Ден Пирсон во екипната друмска трка. Во 2012 година, Дул ја завршил олимписката развојна програма и бил прифатен во академијата на британската федерација.[1]

Првиот настап на Дул за Велика Британија бил на Светското велодромско првенство 2013 во Минск, каде завршил петти во скреч.[1] Негов прв подиум бил на Европското велодромско првенство во Апелдорн, каде бил дел од екипната потера, освојувајќи злато заедно со Стивен Барк, Ед Кленси и Енди Тенант.[8]

Дул по европското злато бил дел од екипата за екипна потера и на Светсккиот куп во Манчестер, каде екипата, исто така, го освоила златото.[9] Потоа, во декември 2013 година, освоил уште два медала во вториот настап во Светскиот куп, овој пат во Агваскалиентес, Мексико. Повторно бил дел од екипната потера, која го освоила бронзениот медал и потоа го освоил првиот поединечен медал во дисциплината скреч.[10]

Дул (десно) со неговиот олимписки златен медал во 2016 година

Дул станал професионалец во друмската сезона 2014 со екипата Ан Пост-Чејн Реакшн.[11] Дул го претставувал Велс на Комонвелтските игри 2014 во Глазгов.[12]

Во 2015 година, Дул се преселил во новата екипа ВИГИНС создадена од Бредли Вигинс со цел да ги подготви британските возачи за екипната потера на Летните олимписки игри,[13] одбивајќи ја понудата целосно да се префрли во друмски велосипедизам од екипата Тим Јуропкар.[14] Во септември 2015 година, Дул завршил трет на Трката околу Британија и го освоил бодовниот пласман. Во ноември 2015 година, ДУл потврдил дека ќе остане со ВИГИНС за сезоната 2016, додека во мај 2016 година било објавено дека ќе се приклучи на Тим Скај на двегодишен договор од 2017 година.[15] Во август 2016 година, Дул потпишал со Тим Скај како стажант за остатокот од сезоната.[16]

Дул бил назначен како член на Редот на Британската Империја (MBE) во новогодишните прогласувања 2017 за заслуги во велосипедизмот.[17] Дул ја започнал сезоната 2018 со настап на Тур Даун Андер.[18]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски[уреди | уреди извор]

2010
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално јуниорско првенство - бодовна трка
2011
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално првенство - екипна потера
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално јуниорско првенство - бодовна трка
1. Шест дена Гент Идни ѕвезди (со Сајмон Јејтс)
2012
Национални првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Индивидуална потера
3. Bronze medal blank.svg Медисон (со Џорџ Аткинс)
2013
1. UEC Champion Jersey.svg Европско првенство - екипна потера
Светски куп
1. Gold medal blank.svg Екипна потера (Манчестер)
1. Gold medal blank.svg Скреч (Агваскалиентес)
3. Bronze medal blank.svg Екипна потера (Агваскалиентес)
2014
1. UEC Champion Jersey.svg Европско првенство - екипна потера
Светски куп
1. Gold medal blank.svg Медисон (со Марк Кристијан) (Лондон)
1. Gold medal blank.svg Екипна потера (Лондон)
2015
1. UEC Champion Jersey.svg Европско првенство - екипна потера
2. Silver medal blank.svg Светско првенство - екипна потера
2016
1. Gold medal olympic.svg Олимписка екипна потера
2. Silver medal blank.svg Светско првенство - екипна потера

Друмски[уреди | уреди извор]

2013
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Ан Пост Рас
4. ЗЛМ Тур
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Ле Триптик де Мон е Шату
1. Етапа 3
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
4. Трка околу Фландрија за млади
2015
Национални првенства под 23 години
1. MaillotReinoUnido.PNG Друмска трка
2. Хронометар
Флеш ди Сид
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 4
2. Краен пласман Ле Триптик де Мон е Шату
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Ла Кот Пикард
3. Краен пласман Трка околу Британија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
5. Светско хронометарско првенство под 23 години
7. Краен пласман ЗЛМ Тур
10. Краен пласман Тур де Норманди
10. Трка околу Фландрија за млади
2017
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
9. Краен пласман Трка околу Британија
2018
3. Национално друмско првенство
2019
9. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Owain Doull Biography“. British Cycling. britishcycling.org.uk. конс. 8 декември 2013. 
  2. „Team Sky“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 5 јануари 2019. конс. 5 јануари 2019. 
  3. „Owain Doull – y Cymro Cymraeg cyntaf i ennill medal aur Olympaidd“. golwg360.cymru. 13 август 2016. конс. 13 август 2016. 
  4. „Owain Doull: Gold medal 'just feels surreal'. itv.com. 13 август 2016. конс. 23 август 2016. 
  5. „Cymro Cymraeg Euraidd y Gemau Olympaidd“ [Golden Welsh Speaker at Olympic Games]. bbc.co.uk (велшки). 13 август 2016. конс. 3 септември 2016. 
  6. „Famous Last Words: Owain Doull“. cyclingweekly.co.uk. 5 декември 2013. конс. 8 декември 2013. 
  7. „Welsh riders confirmed as part of the Olympic Development Programme 2011“. britishcycling.org.uk. 25 ноември 2010. конс. 8 декември 2013. 
  8. „Welsh cycling star Owain Doull snapped up by Irish team“. walesonline.co.uk. 23 октомври 2010. конс. 8 декември 2013. 
  9. „UCI Track Cycling World Cup“. tissottiming.com. конс. 8 декември 2013. 
  10. „Track Cycling World Cup: Owain Doull wins gold in Mexico“. bbc.co.uk. 7 декември 2013. конс. 8 декември 2013. 
  11. Стоукс, Шејн. „Ryan Mullen and Owain Doull sign for An Post Chainreaction Sean Kelly team“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 21 октомври 2013 (посет. 18 декември 2013 г).
  12. „Commonwealth Games 2014: Olympic champion Geraint Thomas and world sprint star Becky James head up Welsh cycling team for Glasgow“. Wales Online. 9 јули 2014. 
  13. Фотерингем, Вилијам (8 јануари 2014). „Bradley Wiggins unveils new team to be sponsored by Sky“. theguardian.com. конс. 8 јануари 2015. 
  14. Кери, Том (2 декември 2014). „Owain Doull snubs Europcar and is expected to join Sir Bradley Wiggins' new outfit“. telegraph.co.uk. конс. 8 јануари 2014. 
  15. „Doull signs with Team Sky for 2017-18“. CyclingNews.com. 18 мај 2016. конс. 18 мај 2016. 
  16. Owain Doull signs for Team Sky“, „Cyclingnews.com“ (посет. 10 јануари 2018 г). (на (англиски))
  17. No. 61803. 31 December 2016. p. N17. https://www.thegazette.co.uk/London/issue/61803/supplement/N17 
  18. Team sky team for Tour down under“, Cyclingnews.com, 8 јануари 2018 (посет. 8 јануари 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]