Марк Кристијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марк Кристијан
Кристијан на ГП Пино Черами 2015
Лични податоци
Цело имеМарк Кристијан
Роден20 ноември 1990 (1990-11-20) (28 г.)
Даглас, Ман,  Обединето Кралство
Податоци за клубот
Мом. клубАква Блу Спорт
ДисциплинаВелодромски и друмски велосипедизам
УлогаВозач
Професионални клубови
2012
2013–2014
2015–2016
2017-
Ан Пост-Шон Кели
Тим Рали
ВИГИНС
Аква Блу Спорт

Марк Кристијан (англиски: Mark Christian; р. 20 ноември 1990) — мански професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Аква Блу Спорт.[1]

Бил дел од олимписката развојна програма на Велика Британија. Во 2010 година го освоил брозениот медал во дисциплината 40 километри скреч на Комонвелтските игри 2010.[2] Тој е брат на велосипедистката Ана Кристијан.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Кристијан потпишал со олимписката развојна програма на Велика Британија.[2] Во 2008 година ја освоил јуниорската Трка околу Германија[4] и освоил бројни медали на Европското велодромско првенство.[5]

Во февруари 2009 година, Кристијан бил избран во составот на Велика Британија за Светскиот куп во Копенхаген. Подоцна во месецот го освоил националното првенствот во медисон во Манчестер, заедно со сонародникот Питер Кеноџ.[6] Во јули го освоил среброто во дисциплината екипна потера под 23 години и бронзата во дисциплината бодовна трка под 23 години на Европското велодромско првенство во Белорусија.[7]

Во 2010 година, Кристијан бил потврден како дел од составот на Островот Ман за Комонвелтските игри 2010.[8] На 6 октомври завршил трет во финалето на бодовната трка од 40 километри во Делхи и го освоил бронзениот медал.[9] Исто така стигнал до финалето во скреч на Игрите, каде завршил како шести.

Кристијан ја започнал 2011 година на Светскиот велодромски куп во Пекинг. Го освоил бронзениот медал како дел од екипата во екипна потера.[10]

Во ноември 2011 година, Кристијан потпишал за професионалната екипа Ан Пост-Шон Кели.[11]

Кристијан го освоил националното првенство во медисон по трет пат во јануари 2012 година, овој пат со Сајмон Јејтс.[12]

Се приклучил на Тим Рали за сезоната 2013.[13] Во 2015 година, Кристијан се префрлил во новата екипа ВИГИНС составена од Бредли Вигинс со цел да ги подготви британските возачи за екипната потера на Летните олимписки игри 2016.[14] Кристијан се приклучил на екипата Аква Блу Спорт во својата прва сезона во 2017 година.[15]

Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[16]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
Национални јуниорски велодромски првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Индивидуална потера
1. MaillotReinoUnido.PNG Бодовна трка
2009
Национални велодромски првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Медисон (со Питер Кенох)
3. Bronze medal blank.svg Скреч
2010
Национални велодромски првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Медисон (со Лук Роу)
3. Bronze medal blank.svg Бодовна трка
7. Краен пласман ЗЛМ Тур
8. Краен пласман Тур де Берлин
2011
3. Bronze medal blank.svg Национално велодромско првенство - бодовна трка
2014
1. Gold medal blank.svg Светски велодромски куп - медисон со Овен Дул)
2. Silver medal blank.svg Национално велодромско првенство - бодовна трка
2. Трофеј Бомон
2016
5. Краен пласман Тур Алзас
6. Краен пласман Околу Словачка
2017
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
2018
1. Jersey light blue.svg Планински пласман Тур де Свис

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2018 rider roster and first races confirmed“. Аква Блу Спорт. Aqua Blue Sport Limited. 1 јануари 2018. конс. 5 јануари 2018. 
  2. 2,0 2,1 „Manx Road Club“. Архивирано од изворникот на 11 мај 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  3. „World-class field to contest inaugural Prudential RideLondon Grand Prix“. Prudential RideLondon. 2 август 2013. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2014. конс. 7 октомври 2014. 
  4. Manx Radio (28 јули 2008). „Christian wins in Germany“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  5. Manx Radio (8 септември 2008). „Manx golds at Euros“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  6. Manx Radio (22 февруари 2009). „Manx duo take Madison title“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  7. Manx Radio (21 јули 2009). „Manx trio medal at Euro Tack Champs“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  8. Manx Radio (3 јули 2010). „Cav will ride for Manx in Delhi“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  9. Manx Radio (6 октомври 2010). „Christian 'over the moon' with Commonwealth cycling bronze“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  10. Manx Radio (22 јануари 2011). „Christian helps team GB to pursuit bronze“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  11. Manx Radio. „Christian signs for pro cycling team“. Архивирано од изворникот на 25 април 2012. конс. 22 февруари 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош);
  12. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 30 јануари 2012. конс. 14 август 2012. 
  13. „Team Raleigh announce 2013 team line-up“. Тим Рали. 8 ноември 2012. конс. 21 мај 2013. 
  14. Фотерингем, Вилијам (8 јануари 2014). „Bradley Wiggins unveils new team to be sponsored by Sky“. theguardian.com. конс. 8 јануари 2015. 
  15. Маршал-Бел, Крис. „National champion Adam Blythe signs for Aqua Blue Sport alongside Andy Fenn“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 24 октомври 2016 (посет. 27 ноември 2016 г).
  16. „2017 > 72nd Vuelta a España > Startlist“. ProCyclingStats. конс. 17 август 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]