Сајмон Јејтс (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сајмон Јејтс
Јејтс во маичката за планинскиот пласман на Трката околу Алберта 2014
Лични податоци
Цело имеСајмон Филип Јејтс
ПрекарЛетечкиот црн пудинг
Роден7 август 1992 (1992-08-07) (26 г.)[1]
Бери, Англија,  Обединето Кралство
Висина1,72 м[1]
Маса58 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубМичелтон-Скот
ДисциплинаВелодромски и друмски велосипедист
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2013 100% Me
Професионални клубови
2014– Орика-ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 индивидуални етапи (2018)
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2017)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2018)
Комбиниран пласман (2018)
2 индивидуални етапи (2016, 2018)

Еднодневни трки и класици

ГП Мигел Индураин (2017)

Други

Светска турнеја UCI (2018)
Последна промена
7 април 2019

Сајмон Јејтс (англиски: Simon Yates; р. 7 август 1992) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист и брат близнак на Адам Јејтс. Моментално вози за UCI World Tour екипата Мичелтон-Скот.[2]

Го освоил златниот медал во бодовната трка на Светското велодромско првенство 2013. По забраната поради допинг во 2016 година го освоил пласманот за млад возач на Тур де Франс 2017 и генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2018.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Јејтс во 2012 година

Сајмон и Адам започнале со велосипедизам откако нивниот татко Џон бил повреден при судир со автомобил додека возел — во текот на неговото опоравување ги носел близнаците до Манчестерскиот велодром да следат трки возени од неговиот велосипедски клуб, Бери Кларион, за да одржува контакт со другите членови. И обајцата наскоро започнале да возат за Бери Кларион (друмски) и за Истлендс Вело (велодромски). На 18 години, Сајмон бил избран од Британската федерација за нивната програма „Олимписка академија“. Бил исто така избран за англиската репрезентација за Игрите на Комонвелтот 2010 во Делхи, каде негов цимер бил Крис Фрум.[3]

Го освоил златниот медал на бодовната трка на Светското велодромско првенство 2013.[4]

Сајмон го направил својот пробив во 2013 година, додека возел за британската репрезентација. Заедно со неговиот брат, Адам, настапил на Тур де л’Авенир 2013 за британската екипа, каде Сајмон ја освоил петтата етапа во трката, пред Адам.[5] Сајмон додал уште една етапна победа следниот ден,[6] и завршил десетти на трката.

Потоа бил избран како дел од британската екипа на Трката околу Британија. Настапил добро на трката и на шестата етапа ја остварил својата најголема победа дотогаш, спринтајќи и одвојувајќи се од групата на девет возачи до целта, во која биле Бредли Вигинс и Наиро Кинтана.[7][8] Јејтс завршил трет во генералниот пласман на Трката околу Британија и го освоил пласманот за млад возач.[9]

Браќата не се поврзани со поранешниот велосипедист Шон Јејтс.

Орика ГринЕЏ (2014-)[уреди | уреди извор]

2014[уреди | уреди извор]

Јејтс заедно со неговиот брат се приклучиле на австралиската екипа Орика-ГринЕЏ во 2014 година.[2] Завршил на 12. место на една од првите негови трки во Светската турнеја, Трката околу Баскија. Јејтс ја скршил клучната коска на третата етапа на Трката околу Турција.[10] Се вратил и го освоил седмото место и пласманот за млад возач на Трката околу Словенија во јуни. Бил изненадувачки избор на екипата за дел од составот на екипата за Тур де Франс 2014, на само пет дена пред почетокот и бил еден од единствените четворица британски возачи кои започнале од Лидс.[11] Јејтс имал две бегства во текот на неговиот прв настап на некоја голема трка, пред да биде повлечен од екипата на вториот ден за одмор.[12]

2015[уреди | уреди извор]

Во април 2015 година, Јејтс го остварил својот најимпресивен резултат дотогаш со освоеното петто место на Трката околу Баскија.[13] Подоцна истиот месец возел на Тур де Романди и завршил на шестото место во генералниот пласман. Во јуни 2015 година, Јејтс завршил петти во генералниот пласман на Критериум ди Дофине откако завршил втор зад Крис Фрум на последната етапа. Со тоа, Јејтс ја освоил и белата маичка за најдобар млад возач.[14]

Повторно бил избран за Тур де Франс 2015, овој пат заедно со неговиот брат Адам.[15] Сајмон завршил осми на третата етапа и единаесетти на дваесеттата етапа, кралската етапа.[16]

2016[уреди | уреди извор]

Јејтс ја носел белата маичка на Тур де Франс 2017

По истекувањето на неговата суспензијата поради допинг, бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[17] На шестата етапа, гледајќи можност, избегал од групата за соло победа - прв од браќата Јејтс кој освоил етапа на некоја голема трка.

2017[уреди | уреди извор]

Во 2017 година Јејтс освоил етапни победи на две престижни етапни трки, Париз-Ница и Тур де Романди. Завршил втор на втората трка, негов најдобар пласман дотогаш на некоја етапна трка во Светската турнеја.[18] Завршил седми во генералниот пласман на Тур де Франс и го освоил пласманот за млад возач, изедначувајќи го подвигот на неговиот брат-близнак претходната година.

2018[уреди | уреди извор]

Сајмон Јејтс ги потврдил неговите и плановите на екипата за учество на Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[19]

Јејтс ја освоил седмата етапа на Париз-Ница, планинска завршница, на која го преземал водството на трката за завршната етапа. Меѓутоа, на осмата етапа Марк Солер од Мовистар Тим, кој ја започнал етапата со 37 секунди зад Јејтс на шестото место, нападнал на половина од етапата заедно со сонародникот Давид де ла Круз (Тим Скај); на двоецот им се приклучил Омар Фраиле (Астана) на чело на трката и тројката успеала да остане пред главната група до Ница. Бидејќи Де ла Круз и Фраиле се натпреварувале за етапата, Солер завршил трет - добивајќи уште четири бонус секунди на целта како и трите секунди претходно добиени на средниот спринт - и со 35 секунди пред Јејтс и другите фаворити, било доволно да ја прослави победата пред Јејтс за четири секунди.

Подоцна во месецот, Јејтс ја освоил седмата етапа на Волта а Каталуња откако нападнал неколку пати кога се возеле круговите од 6,6 километри на ридот Монжуик. Со тоа завршил на четвртото место на крајот на трката.[20]

Јејтс ја нозел розевата маичка на Џиро д’Италија 2018

Јејтс настапил на Џиро д’Италија како заеднички предводник на екипата со Естебан Чавес, поддржани од специјалистите за искачување како Роман Кројцигер, Микел Ниеве и Џек Хејг.[21] Јејтс завршил седми на воведниот поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, 20 секунди зад бранителот на титулата и светскиот хронометарски првак Том Димулен.[22] На шестата етапа до Етна, Јејтс го презел водството на трката откако завршил втор зад колегата Чавес. Јејтс нападнал од групата на фаворити на 1,5 километри од врвот и го достигнал Чавес, кој бил дел од бегството на денот, пред самата цел, но му покажал на Чавес да оди напред за да ја освои етапата. Резултатот значел дека Јејтс ја презел розевата маичка пред Димулен за една секунда и пред Чавес на третото место. Јејтс ја освоил деветтата етапа откако забрзал во последните сто метри, зголемувајќи го своето водство пред Чавес и Димулен.[23] Јејтс го зголемил своето водство повторно на десеттата етапа, но колегата Чавес излегол од конкуренција откако завршил 25 минути зад сите.[24] Јејтс ја освоил втората етапа на трката на етапата 11, напаѓајќи на 1,5 километри до целта и одржувајќи се пред Димулен за победа. Јејтс го зголемил водството пред Димулен.[25] На етапата 14, Јејтс завршил втор зад Крис Фрум на Монте Ѕонколан. Со шест бонус секунди што завршил втор, Јејтс ја зголемил својата предност пред Димулен, додека разликата со Фрум била 3 минути и 10 секунди.[26] Јејтс ја освоил етапата 15, напаѓајќи на 18 километри до целта. Оваа победа донела зголемување на неговото водство пред Димулен.[27] На етапата 17, поединечен хронометар во должина од 34,2 километри, Јејтс ја одржал својата предност пред Димулен.[28] На осумнаесеттата етапа, Јејтс покажал првични знаци на слабост, особено на последните метри на врвот и изгубил 28 секунди во однос на останатите фаворити.[29] Етапата 19 на трката била означена како кралска етапа со три искачување во втората половина на етапата. Меѓу нив било и полуасфалтираното искачување на Коле деле Финестре, по што следело искачување до Сестриере и завршницата на Бардонекија. Јејтс изостанал на почетокот на Финестре, пред Фрум да го започне својот соло напад на 80 километри до целта. Предноста на Фрум растела во текот на втората половина на етапата и на крајот ја освоил етапата со повеќе од три минути и со тоа го презел водството на трката, 40 секунди пред Том Димулен.[30] Јејтс изгубил 38 минути во однос на Фрум и завршил на 17. место на крајот.[31] На крајот, трката ја завршил како 21. со 1 час и 15 минути зад победникот Фрум.[32]

По Џиро, Јејтс се вратил на трките на Пруеба Вилјафранка де Ордисија, каде завршил втор зад колегата Роберт Пауер. Подоцна се вратил на трките од Светската турнеја на Трката околу Полска во август, каде ја освоил завршната етапа на трката со соло-напад и завршил втор зад победникот Михал Квјатковски.[33]

Јејтс бил предводник на екипата за Вуелта а Еспања, со поддршка од неговиот брат.[33] Јејтс се поместил на третото место во генералниот пласман по четвртата етапа, првата планинска етапа, десет секунди зад предводникот Квјатковски. На деветтата етапа, Јејтс ја преземал водечката црвена маичка од Руди Молар.[34] Меѓутоа го загубил водството на етапата 12, кога неговата екипа одбрала да не го следи големото бегство, поради што црвената маичка била преземена од Хесус Ерада, а Јејтс се нашол втор зад него и Валверде како трет.[35] Меѓутоа, следниот ден, Јејтс скратил скоро две минути од водството на Ерада,[36] и со победата на четиринаесеттата етапа, повторно го презел водството на трката. Го зголемил своето водство при етапата 16 (поединечен хронометар) и на етапата 19.[34] На последната планинска етапа следниот ден, Јејтс ги нападнал другите на претпоследното искачување, приклучувајќи им се на Мигел Анхел Лопес и Наиро Кинтана заедно со Енрик Мас на чело на етапата и на крајот завршил трет на етапата зад Мас и Лопес, кои се нашле на второто и третото место во генералниот пласман откако Валверде и Стевен Краусвејк изгубиле значително време.[37] Безбедно ја поминал целта на последната етапа во Мадрид, обезбедувајќи си ја победата на трката.[38]

Допинг[уреди | уреди извор]

Во април 2016 година било објавено дека Јејтс бил позитивен на забранетата супстанца тербуталин во тест на трката Париз-Ница претходниот месец,[39] каде завршил седми.[40] Во изјава, Орика-ГринЕЏ ја презела целата одговорност за резултатот на тестот, велејќи дека докторот на екипата пропуштил да побара изземање на употребениот инхалатор за астма за Јејтс, што довел до позитивниот тест.[39] Подоцна, UCI издал изјава во која навел дека Јејтс нема да биде привремено суспендиран поради тестот.[41] На 17 јуни, UCI одлучил да издаде четиримесечна забрана за „ненамерен допинг“, почнувајќи од 12 март (датумот на позитивниот тест), што го спречило Јејтс да учествува на Тур де Франс 2016.[42]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски[уреди | уреди извор]

2010
Светско јуниорско првенство
1. Jersey rainbow.svg Медисон (со Даниел Меклеј)
2. Екипна потера
Национално првенство
2. Бодовна трка
2. Скреч
2011
1. Шест дена Гент (со Овен Дул)
2. Silver medal blank.svg Национално првенство во омниум
2012
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално првенство во медисон (со Марк Кристијан)
2013
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство во бодовна трка

Друмски[уреди | уреди извор]

2011
1. Краен пласман Твинингс Про-Ам Тур
1. Етапа 6 Тур де л’Авенир
9. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
2013
1. Jersey rainbow.svg Светско велодромско првенство - Бодовна трка
3. Краен пласман Трка околу Британија
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 6
3. Ла Кот Пикард
9. Краен пласман Ан Пост Рас
1. Пласман за млад возач
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 5
1. Етапа 6
10. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
10. Краен пласман Трка околу Чешка
2014
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Трка околу Алберта
3. Национално друмско првенство
7. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2015
5. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
6. Краен пласман Тур де Романди
2016
1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2. Сиркуито де Гечо
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 6
7. Класика де Сан Себастијан
7. Краен пласман Париз-Ница
2017
1. ГП Мигел Индураин
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
7. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
9. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 6
2018
1. Светска турнеја UCI
1. Jersey red.svg Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Jersey white.svg Комбиниран пласман
1. Етапа 14
Џиро д’Италија
1. Етапа 9
1. Етапа 11
1. Етапа 15
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 7
2. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 7
2. Пруеба Вилјафранка де Ордисија
4. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 7
2019
Вуелта а Андалусија
1. Jersey orange.svg Планински пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 5 (ITT) Париз-Ница

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 21
Jersey yellow.svg Тур СО 89 7
Jersey red.svg Вуелта 6 44 1
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey yellow.svg Париз-Ница 44 29 ДСК 9 2 25
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 4 13
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 11 5 СО 22
Jersey yellow.svg Тур де Романди 6 2
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 5 13
Jersey yellow.svg Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Сајмон Јејтс". Eurosport Australia. конс. 22 февруари 2013. 
  2. 2,0 2,1 Браќата Јејтс ја потврдија преселбата во Орика-ГринЕЏ“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 октомври 2013 (посет. 3 октомври 2013 г).
  3. Слејтер, Мат (27 септември 2014). "Сајмон и Адам Јејтс: Моци од Бери на пат до врвот". bbc.co.uk. конс. 28 септември 2014. 
  4. Беван, Крис (22 февруари 2013). "Џејсон Кени и Сајмон Јејтс ги освоија златните медали на Светското првенство за Британија". BBC Sport. Минск, Белорусија: BBC. конс. 22 февруари 2013. 
  5. Сајмон Јејтс и брат му Адам завршија прв и втор на етапата пет на Тур де л’Авенир“, „Sky Sports“, BSkyB, 29 август 2013 (посет. 29 август 2013 г).
  6. Сајмон Јејтс дојде до втора последователна победа на етапата шест на Тур де л’Авенир“, „Sky Sports“, BSkyB, 30 август 2013 (посет. 31 август 2013 г).
  7. "Трка околу Британија - Јејтс победи на шестата етапа, Вигинс го одржа водството". Yahoo Eurosport. конс. 20 септември 2013. 
  8. "Трка околу Британија: Сајмон Јејтс победи на шестата етапа, Бредли Вигинс предводи". BBC Sport. конс. 1 октомври 2013. 
  9. "Трка околу Британија 2013, етапа осум: Сер Бредли Вигинс триумфираше по спринтот на Марк Кевендиш за победа во Лондон". Telegraph Online. конс. 1 октомври 2013. 
  10. http://www.cyclingnews.com/news/simon-yates-crashes-out-of-the-tour-of-turkey
  11. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/28111981
  12. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/tour-de-france/simon-yates-withdraws-tour-de-france-130712
  13. "Yates clinches fifth-placed finish". BT.com. 
  14. "Критериум ди Дофине: Крис Фрум ја освои втората титула". BBC. 
  15. http://www.theguardian.com/sport/2015/jun/27/tour-de-france-2015-yates-twins-orica
  16. http://www.velon.cc/teamnews/yates-brothers-show-strength-on-alpe-dhuez/
  17. "71st Vuelta a España". ProCyclingStats. конс. 20 август 2016. 
  18. "Tour de Romandie: Britain's Simon Yates second as Richie Porte wins on final stage". BBC Sport. конс. 17 јули 2017. 
  19. Adam Yates will lead Mitchelton-Scott team at 2018 Tour de France; Simon Yates to Giro and Vuelta“, „Cycling Weekly“, 15 декември 2017 (посет. 2 март 2018 г). (на (англиски))
  20. http://www.cyclingnews.com/races/volta-ciclista-a-catalunya-2018/stage-7/results/
  21. https://www.eurosport.com/cycling/giro-d-italia/2018/yates-ready-to-lead-team-at-debut-giro-d-italia_sto6730182/story.shtml
  22. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/tom-dumoulin-stamps-authority-giro-ditalia-stage-one-time-trial-victory-378738
  23. https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44101703
  24. http://www.cyclingnews.com/news/simon-yates-im-very-disappointed-for-esteban/
  25. https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44145175
  26. http://www.skysports.com/cycling/news/15264/11378651/chris-froome-wins-giro-ditalia-stage-14-as-simon-yates-extends-overall-lead
  27. https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44190618
  28. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/simon-yates-holds-onto-pink-rohan-dennis-wins-giro-ditalia-stage-16-time-trial-380857#4wKbq8I7I1Ph4pTm.99
  29. "Giro d'Italia 2018 - Stage 18". www.procyclingstats.com. 
  30. "Giro d'Italia 2018 - Stage 19". www.procyclingstats.com. 
  31. http://www.cyclingnews.com/news/simon-yates-i-was-just-really-tired-and-exhausted/
  32. https://www.procyclingstats.com/race/giro-d-italia/2018/gc
  33. 33,0 33,1 Фотерингем, Аласдер (23 август 2018). "Simon Yates on track for Vuelta a Espana in final countdown". cyclingnews.com. конс. 16 септември 2018. 
  34. 34,0 34,1 "How Simon Yates set his winning course at La Vuelta". eveningexpress.co.uk. 16 септември 2018. конс. 16 септември 2018. 
  35. "Vuelta a Espana: Jesus Herrada takes leader's jersey from Simon Yates". bbc.co.uk. 6 септември 2018. конс. 16 септември 2018. 
  36. "Oscar Rodriguez snatches Vuelta win while Simon Yates mounts attack". theguardian.com. 7 септември 2018. конс. 16 септември 2018. 
  37. Виндзор, Ричард (15 септември 2018). "Simon Yates sets up Vuelta a España 2018 overall victory as Enric Mas wins gruelling stage 20". Cycling Weekly. конс. 16 септември 2018. 
  38. "Simon Yates: British cyclist wins first Grand Tour at Vuelta a Espana". bbc.co.uk. 16 септември 2018. конс. 16 септември 2018. 
  39. 39,0 39,1 "Simon Yates: British cyclist fails drug test 'due to asthma inhaler'". bbc.co.uk. 29 април 2016. конс. 29 април 2016. 
  40. Кери, Том (13 март 2016). "Geraint Thomas wins Paris-Nice to claim biggest title of career". telegraph.co.uk. конс. 29 април 2016. 
  41. "Simon Yates: UCI not suspending cyclist despite failed drugs test". bbc.co.uk. конс. 29 април 2016. 
  42. "Simon Yates handed four-month 'non-intentional' doping ban". Cycling News. 17 јуни 2016. конс. 17 јуни 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]