Мајкл Метјус (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајкл Метјус
Метјус на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело име Мајкл Метјус
Прекар Блинг
Роден 26 септември 1990 (1990-09-26) (воз. 27 г.)
Канбера, Австралија Австралија
Висина 1,80 м
Маса 72 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Санвеб
Дисциплина Велодромски и друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2010
2011–2012
2013–2016
2017-
Тим Џајко-Скинс
Рабобанк
Орика-ГринЕЏ
Тим Санвеб
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2014, 2015)
2 ТТТ етапи (2014, 2015)
Тур де Франс
Бодовен пласман (2017)
3 индивидуални етапи (2016, 2017)
Вуелта а Еспања
3 индивидуални етапи (2013, 2014)

Еднодневни трки и класици

Светски друмски првак под 23 години (2010)
Трка околу Келн (2011)
Класика де Алмерија (2012)
Вуелта а Ла Риоха (2014, 2016)

Друго

Океанска турнеја UCI (2010)
Последна промена
7 октомври 2017

Мајкл Метјус (англиски: Michael Matthews; р. 26 септември 1990 во Канбера) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Санвеб.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Бил носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт[1]. Во 2010 станал светски друмски првак за под 23 години.[2]

Метјус го напуштил Рабобанк на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на Орика-ГринЕЏ на двегодишен договор од сезоната 2013.[3]

Орика ГринЕЏ (2013-2016)[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, Метјус го освоил бодовниот пласман на Париз-Ница, како и една етапа. Солидното трето место го обезбедил на италијанскиот монумент Милано-Сан Ремо.[4] Исто така имал успех на воведната етапа на Трката околу Баскија спринтајќи во група од околу педесет возачи на ридестата етапа.[5] Потоа го освоил второто место на Брабантсе Пејл, победувајќи во спринт на групата зад победникот Бен Херманс.[6] На Амстел Голд Рејс, Метјус направил уште еден добар резултати, стигнувајќи трет на целта додека бил дел од мала водечка група.[7] На Тур де Свис, Метјус ја освоил четвртата етапа следејќи го Петер Саган во спринтот и поминувајќи го во последните метри.[8]

Метјус ја носи зелената маичка на Тур де Франс 2017

Бил вметнат во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[9] На Тур де Франс 2016, Метјус бил најбрз помеѓу бегалците на десеттата етапа, со што ја освоил првата етапна победа на Тур де Франс.

Во август 2016 година било потврдено дека Метјус ќе се приклучи на Тим Санвеб за сезоната 2017.[10]

Тим Санвеб (2017–)[уреди | уреди извор]

Метјус се очекувало да води борба за зелената маичка на Тур де Франс 2017 и неговите шанси биле зголемени на четвртата етапа по падот во завршниот спринт, при што Марк Кевендиш бил приморан да ја напушти трката поради повреда, а Петер Саган, победникот на пласманот изминатите шест години, бил дисквалификуван.[11][12] Метјус ја освоил четиринаесеттата етапа во намалената главна група во спринтерска завршница на нагорнина.[13] На шеснаесеттата етапа, високото темпо поставено од колегите на Метјус, го принудиле носителот на зелената маичка, Кител, да отпадне; Метјус, кој бил втор зад Кител во бодовниот пласман, ја освоил етапата.[14] На седумнаесеттата етапа, Кител паднал и се повлекол од Тур, оставајќи го Метјус во зелената маичка.[15] Метјус ја задржал маичката до Париз.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Интернационале Брешана
1. Пролог
1. Етапа 3b
1. Етапа 2 ГП Генерал Патон
1. Етапа 7 Трка околу реката Мареј
1. & најбрзо време Меморијал Џон Вудман
2009
1. Океански друмски првенства
1. Океански хронометарски првенства
2. ГП дела Либерационе
9. Краен пласман Трка околу Јапонија
2010
1. MaillotMundial.PNG Светски друмски првак под 23 години
Тур де Лангкави
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тирингија
2. Трофео Пива Банка Пополаре ди Виченца
2. Трка околу Фландрија
2. ГП дела Либерационе
4. Краен пласман Трка околу Јапонија
1. Етапа 1 (ITT)
5. Краен пласман Трка околу Велингтон
1. Етапа 4
7. Рингерике ГП
1. Етапа 2
1. Етапа 3
8. Краен пласман Тур де л’Авенир
2011
1. Трка околу Келн
1. Етапа 2 Класик Џајко Беј
1. Етапа 1 Вуелта а Мурсија
3. Трка околу Франкфурт
3. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 3
5. Краен пласман Делта Тур Зеланд
6. ГП Јеф Шеренс
2012
1. Класика де Алмерија
Трка околу Јута
1. Етапа 3
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман
9. Краен пласман Тур Даун Андер
10. Брабант Пејл
2013
Вуелта а Еспања
1. Етапа 5
1. Етапа 21
Трка околу Јута
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Jersey violet.svg Спринтерски пласман
2. Национално друмско првенство
2. Вуелта а Ла Риоха
3. Национално хронометарско првенство
2014
1. Вуелта а Ла Риоха
1. Етапа 3 Трка околу Баскија
1. Етапа 3 Вуелта а Еспања
Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6
Трка околу Словенија
1. Етапа 1
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
2. Брабантсе Пејл
6. Трофео Сес Салинес
7. Трофео Палма
2015
Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 1 Трка околу Баскија
Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 3
1. Етапа 4 Тур де Свис
Трка околу Алберта
1. Етапа 2
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство
2. ГП Квебек
2. Брабантсе Пејл
3. Милано-Сан Ремо
3. Амстел Голд Рејс
Jersey red number.svg Награда за борбеност Етапа 5 Тур де Франс
2016
1. Етапа 10 Тур де Франс
Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Пролог (ITT)
1. Етапа 2
1. Вуелта а Ла Риоха
Светски друмски првенства
3. Bronze medal blank.svg Екипен хронометар
4. Друмска трка
3. Класик Лондон-Сари
4. ГП Западна Франција
4. Гран при Монтреал
5. Брабантсе Пејл
5. Амстел Голд Рејс
5. Гран при Квебек
2017
Светско друмско првенство
1. Gold medal blank.svg Екипен хронометар
3. Bronze medal blank.svg Друмска трка
Тур де Франс
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 14
1. Етапа 16
1. Етапа 1 Трка околу Баскија
1. Етапа 3 Тур де Свис
3. ГП Квебек
3. Класик Лондон-Сари
4. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
5. Класик Бретања
8. Гент-Вевелгем
8. ГП Монтреал
10. Амстел Голд Рејс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

2013 2014 2015 2016 2017
Џиро ДНЕ ДНС-11 ДНФ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи  — 2 2
Бодовен пласман  — НР ДНФ
Тур ДНЕ ДНЕ 152 110 69
Освоени етапи  —  —  —  1  2
Бодовен пласман  —  — 73 3 1
Вуелта 110 75  — ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 2 1  —  —  —
Бодовен пласман 9 6  —  —  —
Легенда
1 Победник
2–3 Топ три
4–10 Топ десет
11– Друго место
ДНЕ Не учествувал
ДНФ-x Не завршил (се повлекол на етапа x)
ДСК Диквалификуван
Н/А Трката/пласманот не беше одржана
НР Нерангиран во овој пласман

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. AIS Athletes at 2010 Commonwealth Games
  2. Австралиецот Метјус ја освои титулата на домашен терен
  3. Бенсон, Даниел. „Мајкл Метјус потпиша за Орика-ГринЕЏ“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 август 2012 (конс. 15 август 2012 г).
  4. Резултати: Милано-Сан Ремо 2015“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 март 2015 (конс. 19 април 2015 г).
  5. Метјус ја освои воведната етапа на Паис Васко“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 6 април 2015 (конс. 6 април 2015 г).
  6. Херманс се одржа за победа на Брабантсе Пејл“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 април 2015 (конс. 15 април 2015 г).
  7. Квјатковски спринташе за прва победа во виножито маичката на Амстел Голд Рејс“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 април 2015 (конс. 19 април 2015 г).
  8. Стјуарт Кларк. „Мајкл Метјус ја освои четвртата етапа на Тур де Свис откако падот го забави Томас“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 16 јуни 2015 (конс. 16 јуни 2015 г).
  9. „Стартна листа на Тур де Франс 2015“. Velo News. http://velonews.competitor.com/2015/06/news/preliminary-start-list-2015-tour-de-france_375043. конс. 2 јули 2015 г. 
  10. http://www.sbs.com.au/cyclingcentral/article/2016/08/05/michael-matthews-move-giant-alpecin-confirmed
  11. Фотерингем, Вилијам. „Mark Cavendish out of Tour and Peter Sagan disqualified after horror crash“, „The Guardian“, 4 јули 2017 (конс. 4 јули 2017 г).
  12. Робертшо, Хенри. „Peter Sagan disqualified from Tour de France“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 4 јули 2017 (конс. 6 јули 2017 г).
  13. Вестемајер, Сузан. „Tour de France: Matthews wins in Rodez as Froome moves into yellow“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 15 јули 2017 (конс. 15 јули 2017 г).
  14. Tour de France 2017: Chris Froome retains lead as Michael Matthews takes second win“, „BBC Sport“, BBC, 19 јули 2017 (конс. 21 јули 2017 г).
  15. Бенсон, Даниел. „Tour de France: Matthews wins stage 16“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 јули 2017 (конс. 18 јули 2017 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]