Џиро д’Италија 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џиро д’Италија 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 15 од 28
Детали за трката
Датум(и) 9 мај – 1 јуни
Етапи 21
Растојание 3.465,4 км
Време 88ч 14' 32" ( км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Наиро Кинтана (Колумбија) (Мовистар Тим)
Втор  Ригоберто Уран (Колумбија) (Омега Парма-Квик Степ)
Трет  Фабио Ару (Италија) (Астана)

Бодовен  Насер Буани (Франција) (FDJ.fr)
Планински  Хулијан Аредондо (Колумбија) (Трек Фактори Рејсинг)
Младински  Наиро Кинтана (Колумбија) (Мовистар Тим)
Екипен Аг2р-Ла Мондијал
Екипни бодови Омега Парма-Квик Степ
2013
2015

Џиро д’Италија 2014 — 97. издание на Џиро д’Италија, една од трите големи трки во велосипедизмот. Започнала во Белфаст на 9 мај и поминала низ Северна Ирска и Ирска.[1][2] Оваа година трката имала три денови за одмор, наместо вообичаените два и трката започнала во петок.[3]

Трката била освоена од страна на Колумбиецот Наиро Кинтана од екипата Мовистар Тим. Второто и третото место им припаднале на неговиот сонародник Ригоберто Уран и Италијанецот Фабио Ару, соодветно.

Кинтана станал првиот Колумбиец кој го освоил Џиро. Исто така го освоил пласманот за млад возач. Во другите пласмани, возачот на FDJ.fr, Насер Буани бил победник на бодовниот пласман, а возачот на Трек Фактори Рејсинг Хулијан Аредондо го освоил планинскиот пласман. Аг2р-Ла Мондијал завршиле како победници на екипниот пласман, додека Омега Парма-Квик Степ го освоиле екипниот бодовен пласман.

Екипи и возачи[уреди | уреди извор]

Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат своја екипа. Како победници на италијанскиот куп во 2013 меѓу италијанските екипи, Андрони Џокатоли-Венецуела биле повикани на трката во октомври 2013.[4] Во јануари 2014, трите преостанати специјални покани биле доделени преку гласање на социјалните мрежи, со избор на осум професионални континентални екипи.[5] Поканите им биле доделени на екипите Бардијани-ЦСФ, Колумбија и Нери Сотоли.[6]

Екипи кои настапиле на трката биле:

*: Поканети професионални континентални екипи со специјални покани за трката.

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Наиро Кинтана, Хоаким Родригез, Кедел Еванс, Ригоберто Уран се помеѓу главните кандидати за победа на трката. Други можни кандидати за победата се Доменико Поцовиво, Микеле Скарпони, Даниел Мартин, Иван Басо, Рафал Мајка и Пшемислав Њемјец.[7][8][9]

Етапи[уреди | уреди извор]

На Џиро д’Италија 2014, етапите ќе бидат категоризирани во пет различни категории, именувани од А до Е.[10] Категоријата на етапата одредува колку бодови ќе бидат доделени за бодовниот пласман и максималното дозволено време во кое треба да завршат велосипедистите. Категорија А е наменета за најрамните етапи, додека категорија D е за етапи со највисоки планини. Категорија Е за хронометарските етапи.

Список на етапи
Етапа Датум Движење Растојание[11] Вид Победник
1 9 мај Белфаст – Белфаст 21,7 км History.gif Е (екипен хронометар) Орика-ГринЕЏ
2 10 мај Белфаст – Белфаст 219 км Plainstage.svg А (многу рамна етапа)  Марсел Кител (ГЕР)
3 11 мај Арма – Даблин 187 км Plainstage.svg А (многу рамна етапа)  Марсел Кител (ГЕР)
12 мај ден за одмор
4 13 мај Џовинацо – Бари 112 км Plainstage.svg А (многу рамна етапа)  Насер Буани (ФРА)
5 14 мај Таранто – Виџано 203 км Mediummountainstage.svg C (среднопланинска етапа)  Диего Улиси (ИТА)
6 15 мај Сасано – Монтекасино 247 км Mediummountainstage.svg C (среднопланинска етапа)  Мајкл Метјус (АВС)
7 16 мај Фрозиноне – Фолињо 211 км Hillystage.svg B (рамна етапа)  Насер Буани (ФРА)
8 17 мај Фолињо – Монтекопиоло 179 км Mountainstage.svg D (планинска етапа)  Диего Улиси (ИТА)
9 18 мај Луго – Сестола 172 км Mediummountainstage.svg C (среднопланинска етапа)  Питер Венинг (ХОЛ)
19 мај ден за одмор
10 20 мај Модена – Салсомаџоре Терме 173 км Plainstage.svg А (многу рамна етапа)  Насер Буани (ФРА)
11 21 мај Колекио – Савона 249 км Mediummountainstage.svg C (среднопланинска етапа)  Мајкл Роџерс (АВС)
12 22 мај Барбареско – Бароло 41,9 км History.gif Е (индивидуален хронометар)  Ригоберто Уран (КОЛ)
13 23 мај Фосано – Ривароло Канавезе 157 км Plainstage.svg А (многу рамна етапа)  Марко Канола (ИТА)
14 24 мај Алје – Оропа 164 км Mountainstage.svg D (планинска етапа)  Енрико Баталјин (ИТА)
15 25 мај Валденго – Монтекампионе 225 км Mountainstage.svg D (планинска етапа)  Фабио Ару (ИТА)
26 мај ден за одмор
16 27 мај Понте ди Лењо – Вал Мартело (Мартел) 139 км Mountainstage.svg D (планинска етапа)  Наиро Кинтана (КОЛ)
17 28 мај Сарнонико – Виторио Венето 208 км Hillystage.svg B (рамна етапа)  Стефано Пираци (ИТА)
18 29 мај Белуно – Рифуџо Панарота (Валсугана) 171 км Mountainstage.svg D (планинска етапа)  Хулијан Аредондо (КОЛ)
19 30 мај Басано дел Грапа – Чима Грапа (Креспано дел Грапа) 26,8 км History.gif Е (индивидуален хронометар)  Наиро Кинтана (КОЛ)
20 31 мај Манијаго – Монте Цонколан 167 км Mountainstage.svg D (планинска етапа)  Мајкл Роџерс (АВС)
21 1 јуни Џемона дел Фриули – Трст 172 км Plainstage.svg A (многу рамна етапа)  Лука Мезгец (СЛО)

Поредок[уреди | уреди извор]

Челото на главната група во Даблин (трета етапа)

На Џиро д’Италија се доделуваат четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розевата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[12]

Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. До минатата година, видот на етапата немала никаков удел во расположливите бодови — на секоја етапа можеле да се освојат исти бодови во ист сооднос. Од оваа година, етапите се поделени во пет категориии и за секоја категорија постои одреден број на бодови кои можат да се освојат за бодовниот пласман.[12]

Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[12] Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1989.[12]

Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[12]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey pink.svg
Бодовен пласман
Jersey red.svg
Планински пласман
Jersey blue.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Трофеј Брза екипа Трофеј Супер екипа
1 Орика-ГринЕЏ Свен Тафт недоделена недоделена Лук Дарбриџ Орика-ГринЕЏ Орика-ГринЕЏ
2 Марсел Кител Мајкл Метјус Марсел Кител Мартен Тјалинги Мајкл Метјус
3 Марсел Кител Тим Скај
4 Насер Буани Насер Буани Џајант-Шимано
5 Диего Улиси Елија Вивијани Астана
6 Мајкл Метјус Мајкл Метјус БМЦ Рејсинг Тим
7 Насер Буани Насер Буани
8 Диего Улиси Кедел Еванс Хулијан Аредондо Рафал Мајка Трек Фактори Рејсинг
9 Питер Венинг Омега Парма-Квик Степ Лампре-Мерида
10 Насер Буани
11 Мајкл Роџерс
12 Ригоберто Уран Ригоберто Уран
13 Марко Канола
14 Енрико Баталјин
15 Фабио Ару
16 Наиро Кинтана Наиро Кинтана Наиро Кинтана Аг2р-Ла Мондијал
17 Стефано Пираци Омега Парма-Квик Степ
18 Хулијан Аредондо
19 Наиро Кинтана
20 Мајкл Роџерс
21 Лука Мезгец
На крај Наиро Кинтана Насер Буани Хулијан Аредондо Наиро Кинтана Аг2р-Ла Мондијал Омега Парма-Квик Степ
Забелешки
  • На етапите 3, 4 и 5, Лук Дарбриџ, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел розевата маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапата 4, ниеден возач не ја носел црвената маичка, откако Марсел Кител, кој бил прв во бодовниот пласман, се повлекол од трката.
  • На етапите 6, 7 и 8, Рафал Мајка, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел розевата маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапите 7 и 8, Мартен Тјалинги, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел розевата маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапите 17 и 18, Рафал Мајка, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Наиро Кинтана (на првото место) ја носел розевата маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапите 19, 20 и 21, Фабио Ару, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Наиро Кинтана (на првото место) ја носел розевата маичка како предводник во генералниот пласман.

Пласмани[уреди | уреди извор]

Легенда
  Jersey pink.svg   Го означува предводникот во генералниот пласман   Jersey blue.svg   Го означива предводникот во планинскиот пласман
  Jersey red.svg   Го означува предводникот во бодовниот пласман   Jersey white.svg   Го означува предводникот во пласманот за млад возач

Помали пласмани[уреди | уреди извор]

Постојат и други помалку познати пласмани, чии предводници не добиваат специјална маичка на Џиро. Овие награди се пресметуваат на бодови собрани во текот на трите недели на трката. На секоја етапа има еден среден спринт. Средните спринтови носат бонус секунди за генералниот пласман, бодови за бодовниот пласман и бодови за пласманот на средни спринтови. Овој пласман бил познат со разни имиња во претходните години и претходно бил и временски пресметуван. Премио дела Фуга (Premio della Fuga) ги наградува возачите кои учествуваат во бегствата пред главната група. Секој возач во бегство со десет или помалку возачи добива еден бод за секој изминат километар во кој групата не била достигната.

Други награди се комбинираниот пласман, кој претставува збир на бодови добиен со собирање на местата на возачот во средните спринтови, планинските премини и етапните завршници. Пласманот Аѕури д’Италија е заснован на завршниот поредок, но бодови добиваат само најдобрите тројца на секоја етапа. Екипите исто така учествувата во пласманот фер-плеј.

Награда Енерџи[уреди | уреди извор]

Возач Екипа Бодови
1  Енрико Баталјин (ИТА) Бардијани-ЦСФ 16
2  Насер Буани (ФРА) Црвена маичка FDJ.fr 14
3  Фабио Ару (ИТА) Астана 13

Фер-плеј[уреди | уреди извор]

Екипа Казнени бодови
1 Канондејл 0
2 Гармин-Шарп 5
3 Лампре-Мерида 5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Џиро д’Италија 2014: Потврден почетокот во Белфаст“. Cycling Weekly. 21 февруари 2013. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/537019/giro-d-italia-2014-belfast-start-confirmed.html. конс. 16 мај 2013 г. 
  2. Ленон, Најл. „Повеќе од Џиро д’Италија во Даблин“. Today.ie. http://southdublin.today.ie/2014/05/11/sports-giro-ditalia-dublin-city-centre/. 
  3. „UCI's Professional Cycling Council Proposes Reforms“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/ucis-professional-cycling-council-proposes-reforms. конс. 24 септември 2013 г. 
  4. Фаранд, Стивен. „Андрони Џокатоли обезбедија специјална покана за Џиро д’Италија 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 октомври 2013 (конс. 18 април 2014 г).
  5. Браун, Грегор. „Џиро д’Италија бара од обожавателите да гласаат за специјалните покани“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 10 јануари 2014 (конс. 18 април 2014 г).
  6. Рајан, Бери. „Бардијани-ЦСФ, Колумбија и ЈелоуФлуо добија специјални покани за Џиро д’Италија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 16 јануари 2014 (конс. 18 април 2014 г).
  7. -10 al Giro: tanti pretendenti per il trono di Nibali
  8. El Giro de Italia anuncia la lista completa de inscritos
  9. Giro d'Italia - Outright - All Markets
  10. „Il Regolamento“ (на италијански). RCS Sport. 2014. http://www.gazzetta.it/Giroditalia/2014/download/Regolamento_ita.pdf. конс. 11 мај 2014 г. 
  11. „Џиро д’Италија – Борба за розевото“ (PDF). Џиро д’Италија. RCS MediaGroup. стр. 17. http://www.gazzetta.it/Giroditalia/2014/download/Garibaldi%202014%20LOW.pdf. конс. 18 април 2014 г. 
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Лора, Вајсло. „Разјаснети пласманите на Џиро д’Италија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 13 мај 2008 (конс. 27 август 2009 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]