Амстел Голд Рејс 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амстел Голд Рејс 2018 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание53. Амстел Голд Рејс
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2018 1.UWT
Датум15 април 2018
Растојание263 км
ДржаваNED Холандија
ПоаѓалиштеМастрихт
ОдредиштеБерг ен Терблејт
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај97
Просечна брзина39,44 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникDEN Михаел Валгрен (Астана) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранCZE Роман Кројцигер (Мичелтон-Скот) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранITA Енрико Гаспарото (Бахреин-Мерида) Wikidata-logo S.svg
Amstel Gold Race 2018.png
◀ 20172019
Документација Wikidata-logo S.svg

Амстел Голд Рејс 2018 — 53. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс, која се одржала на 15 април како шеснаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Трката започнала во Мастрихт, а завршила во Берг ен Терблејт, содржела 35 категоризирани искачувања, распоредени на растојание од 263 километри.[3]

Трката била освоена од Михаел Валгрен (Астана) во спринт со членот на екипата Мичелтон-Скот, Роман Кројцигер.[4] Возачот на Бахреин-Мерида, Енрико Гаспарото, завршил трет, две секунди зад водечкиот двоец.

Рута[уреди | уреди извор]

Трката започнала од главниот плоштад во Мастрихт, Маркт (Markt), а завршила на Берг ен Терблејт, поминувајќи 263 километри.[3][5] Рутата, слична на изданието 2017, била составена од четири кривулести круга околу Валкенбург во јужниот дел на покраината Лимбург. Единствено завршниот круг, долг 16 километри, бил променет со цел потесни патишта. Организаторите сакале да ја направат завршницата на трката потешка за контрола од главната група.[5][6] Мастрихт и Валкенбург биле почеток и крај на Амстел Голд Рејс од 1998 до 2003 година, соодветно, и се вклучени како домаќини на трката до 2022 година.[7]

Рутата содржела 35 категоризирани искачувања, обично кратки, но со различни наклони и доаѓале многу брзо.[3] Од 2017 година, завршницата на Кауберг била откажана, откако бил последно искачување последните 14 години. Сепак, Кауберг, најтешкото и најсликовито искачување, била поминато три пати на трката. Третото поминување на Каубер било на 18 километри пред крајот и следело единствено од Гелхемерберг на 13 километри и Бемелерберг на 7 километри од крајот.[5]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Амстел Голд Рејс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[9]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. BEL Квик-Степ Флорс
  2. BEL Лото-Судал
  3. NED Лото НЛ-Џамбо
  4. GER Санвеб
  5. GBR Тим Скај
  6. FRA Групама-ФДЖ
  7. FRA АГ2Р-Ла Мондијал
  8. ESP Мовистар
  9. SUI Катјуша-Алпесин
  10. USA БМЦ Рејсинг Тим
  11. USA ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак
  12. USA Трек-Сегафредо
  13. UAE ОАЕ Емирати
  14. BRN Бахреин-Мерида
  15. GER Бора-хансгрое
  16. KAZ Астана
  17. RSA Дименжн Дата
  18. AUS Мичелтон-Скот
Професионални континентални екипи (7)
  1. FRA Витал Консепт
  2. NED Ромпот-Недерландсе Лотереј
  3. ITA Нипо-Вини Фантини-Европа Овини
  4. ISR Израелска велосипедска академија
  5. BEL Спорт Вландерен-Балоас
  6. BEL Ванти-Груп Гобер
  7. IRL Аква Блу Спорт
Wikidata-logo S.svg

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[10]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. DEN Михаел Валгрен Астана6ч 40' 07
2. CZE Роман Кројцигер Мичелтон-Скот+ 0
3. ITA Енрико Гаспарото Бахреин-Мерида+ 2
4. SVK Петер Саган Бора-хансгрое+ 19
5. ESP Алехандро Валверде Мовистар+ 19
6. BEL Тим Веленс Лото-Судал+ 19
7. FRA Жилијан Алафилип Квик-Степ Флорс+ 19
8. DEN Јакоб Фуглсанг Астана+ 23
9. USA Лосон Кредок ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак+ 30
10. BEL Јеле Ванендерт Лото-Судал+ 36
11. RSA Дарил Импи Мичелтон-Скот+ 53
12. BEL Пребен ван Хеке Спорт Вландерен-Балоас+ 53
13. BEL Филип Жилбер Квик-Степ Флорс+ 53
14. BEL Грег ван Авермет БМЦ Рејсинг Тим+ 53
15. FRA Руди Молар Групама-ФДЖ+ 53
Извор: ProCyclingStats


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "UCI announces 2018 road calendar". Cycling News. конс. 20 октомври 2017. 
  2. "2018 UCI WorldTour calendar unveiled". Velon. конс. 20 октомври 2016. 
  3. 3,0 3,1 3,2 "Information Men's Race". amstel.nl. Stichting Amstel Gold Race. конс. 14 април 2018. 
  4. Виндзор, Ричард. „Michael Valgren takes impressive victory at Amstel Gold Race 2018“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 15 април 2018 (посет. 23 април 2018 г).
  5. 5,0 5,1 5,2 Де Неф, Мат. "Preview: Your guide to the 2018 men's Amstel Gold Race". cyclingtips.com. конс. 14 април 2018. 
  6. "Amstel Gold Race wil met smallere wegen finale spannender maken" [Amstel Gold Race wants to make final more exciting with narrow roads]. wielerflits.nl ((холандски)). конс. 14 април 2018. 
  7. Дуп, Ник. "Amstel Gold Race verlengt samenwerking met Maastricht en Valkenburg" [Amstel Gold Race extends cooperation with Maastricht and Valkenburg]. wielerflits.nl ((холандски)). конс. 14 април 2018. 
  8. "UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127" (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  9. "Amstel Gold Race 2018 - Start List". Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 15 април 2018. 
  10. "Амстел Голд Рејс 2018". ProCycling. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]