Амстел Голд Рејс 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 11 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 19 април 2015 | ||
Растојание | 258 км | ||
Време | 6ч 31' 49" (39,5 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() |
(Етикс-Квик Степ) | |
Втор | ![]() |
(Мовистар Тим) | |
Трет | ![]() |
(Орика-ГринЕЏ) | |
Амстел Голд Рејс 2015 — 50. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс. Се одржала на 19 април и прва единаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Амстел Голд Рејс е дел од арденските класици, иако се одржува во областа Лимбург во Холандија наместо во белгиските Ардени. Се одржала една недела пред Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж, другите главни арденски класици. Бранителот на титулата бил Филип Жилбер, кој победил на трката трипати, како и друмската трка на сличен терен во 2012 година.[3]
Трката се одржала на рута долга 258 километри околу градот Валкенбург; рутата вклучувала 34 кратки искачувања, некои од нив се повторувале. Одлучувачкото искачување било Кауберг, четвртото искачување на само 2 километри пред целта.
Откако неколку групи биле достигнати, одлучувачката борба се случула на последното искачување на Кауберг. Се создала мала група по искачувањето и спринтала за победа. Спринтот бил освоен од Михал Квјатковски, моменталниот светски првак; прва друмска победа по освојувањето на Светското првенство. Алехандро Валверде (Мовистар Тим) бил втор, додека Мајкл Метјус (Орика-ГринЕЏ) го заокружил подиумот.
Екипи[уреди | уреди извор]
Бидејќи Амстел Голд Рејс е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На осум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани и така била заокружена групата од 25 екипи.[4] Со осум возачи во секоја екипа, вкупно настапиле 200 возачи.
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
Резултати[уреди | уреди извор]
Велосипедист | Екипа | Време | Бодови за Светската турнеја | |
---|---|---|---|---|
1 | ![]() |
Етикс-Квик Степ | 6ч 31' 49" | 80 |
2 | ![]() |
Мовистар Тим | и.в. | 60 |
3 | ![]() |
Орика-ГринЕЏ | и.в. | 50 |
4 | ![]() |
Лампре-Мерида | и.в. | 40 |
5 | ![]() |
БМЦ Рејсинг Тим | и.в. | 30 |
6 | ![]() |
Лото-Судал | и.в. | 22 |
7 | ![]() |
Етикс-Квик Степ | и.в. | 14 |
8 | ![]() |
Ванти-Груп Гобер | и.в. | 10 |
9 | ![]() |
ЦЦЦ-Спранди-Полковице | и.в. | 6 |
10 | ![]() |
БМЦ Рејсинг Тим | и.в. | 2 |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „UCI го потврди календарот за Светската турнеја 2015“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 јануари 2015.
- ↑ „Календар на UCI за 2015“. UCI. Посетено на 4 јануари 2015.
- ↑ Косинс, Питер (17 април 2015). „Почетнички водиш за Ардените“. Cyclingnews.com. Посетено на 18 април 2015.
- ↑ „Конечно објавени специјалните покани за Амстел Голд“. VeloNews. 23 февруари 2015. Посетено на 18 април 2015.