Ваут ван Ерт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ваут ван Ерт
Ван Ерт на Омлоп Хет Ниусблад под 23 години 2015
Лични податоци
Цело имеВаут ван Ерт
Роден15 септември 1994 (1994-09-15) (26 г.)
Херенталс,  Белгија
Висина1,87 кг[1]
Маса78 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
Дисциплинавелокрос
друмски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2013
2014–2016
2017-2018
2019-
Теленет-Фидеа
Вастгудсервис-Голден Палас
Верандас Вилемс-Крелан
Џамбо-Висма
Значајни победи
;Велокрос

Серии

Светски велокрос куп UCI (2015–16, 2016–17)
БПост Банк Трофеј / ДВВ Трофеј (2014–15, 2015–16, 2016–17)
Велокрос Суперпрестиж (2015–16)

Еднодневни трки

Светски првенства (2016, 2017, 2018)
Национални првенства (2016, 2017, 2018)
Друмски

Големи трки

Тур де Франс
1 поединечна етапа (2019)
1 ТТТ етапа (2019)

Етапни трки

Трка околу Данска (2018)

Еднодневни трки и класици

MaillotBélgica.PNG Национално хронометарско првенство (2019)
Милано-Санремо (2020)
Страде Бјанке (2020)
Последна промена
10 август 2020

Ваут ван Ерт (холандски: Wout van Aert; р. 15 септември 1994 во Херенталс) — белгиски професионален велокрос и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[3]

Најмногу е познат по трите победи на елитната трка на Светските првенства во велокрос во 2016,[4] 2017 и 2018.

Се приклучил на екипата Џамбо-Висма,[5] во март 2019 година, на тригодишен договор,[6] откако го раскинал договорот со Верандас Вилемс-Крелан во 2018 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

Ван Ерт возел на Страде Бјанке 2018 одржана на патишта од чакал при пороен дожд. Се одвоил со Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал) и двоецот ја предводел трката во поголемиот дел од завршните 40 километри пред Тиш Бенот (Лото-Судал) да нападне од групата за да ги достине и да се одвои од нив во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот сам стигнал на целта со 39 секунди пред Барде,[7] кој се одвоил од Ван Ерт во завршниот километар; Ван Ерт на крајот го заокружил подиумот со уште 19 секунди зад Барде, и покрај тоа што морал повторно да седне на неговиот велосипед по падот на последното искачување во Сиена.[7]

Контроверза со трансферот[уреди | уреди извор]

Ван Ерт возел со екипата Верандас Вилемс-Крелан на друмските трки во 2018 година. Во текот на годината го изразил своето незадоволство што екипата ќе се спои со Ромпот-Недерландсе Лотереј за сезоната 2019. Откако потпишал договор да вози за Џамбо-Висма од 2020 година, го раскинал својот договор со Верандас Вилемс-Крелан во септември 2018 година. Ако се приклучел на друга екипа за 2019 година, Снајпер Сајклинг – сопственици на екипата Верандас Вилемс-Крелан – изјавиле дека ќе бараат пола милиони евра надомест. Лото НЛ-Џамбо објавиле дека се заинтересирани да потпишат со Ван Ерт една година порано од планираното,[8] и го потврдиле трансферот во декември 2018 година, а Ван Ерт се приклучил на екипата од 1 март 2019 година.[6]

2019-денес[уреди | уреди извор]

Во јуни 2019 година, Ван Ерт освоил две етапи и зелената маичка на Критериум ди Дофине, станувајќи национален хронометарски првак и го освоил бронзениот медал во друмската трка на националното првенство. Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[9] На 15 јули, Ван Ерт ја освоил десеттата етапа по исклучителниот спринт, завршувајќи пред Елија Вивијани и Кејлеб Јуан.[10] На 19 јули имал пад при поединечниот хронометар во По и бил принуден да ја напушти трката поради здобиените повреди. Потоа следел период на опоравување и му било укажано дека не е сигурно дека ќе биде подготвен за новата велокрос сезона или пак за сезоната на класици во друмскиот велосипедизам.[11] Ван Ерт подоцна изјавил за весникот Het Laatste Nieuws дека падот бил толку тежок што можело да ја заврши неговата кариера, влошен поради грешка при неговата операција, кога докторите направиле грешка на една од неговите тетиви.[12][13] Во ноември 2019 година, Ван Ерт ја освоил наградата „Фландриец на годината“.[14]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2012
4. Краен пласман Синт-Мартинуспрејс Контих
2014
8. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2015
4. Омлоп Хет Ниусблад под 23 години
4. ГП Џеф Схеренс
2016
1. Схал Селс
2. Дварс дор хет Хагеланд
4. ГП Пино Черами
8. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Пролог
2017
1. Ронде ван Лимбург
1. Велосипедски класик Брухе
1. Гп Пино Черами
2. Схалс Селс
2. Рад ам Ринг
3. Дварс дор хет Хагеланд
10. Краен пласман Трка околу Белгија
2018
1. MaillotCyan.PNG Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 2
3. Bronze medal europe.svg Европско друмско првенство
3. Страде Бјанке
8. Антверп Порт Епик
9. Трка околу Фландрија
10. Гент-Вевелгем
2019
Национални првенства
1. MaillotBélgica.PNG Хронометар
3. Друмска трка
Критериум ди Дофине
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 5
Тур де Франс
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 10
2. Е3 Бинкбенк Класик
3. Страде Бјанке
6. Милано-Санремо
2020
1. Милано-Санремо
1. Страде Бјанке
3. Милано-Торино

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2018 2019 2020
Милано-Санремо 6 1
Трка околу Фландрија 9 14
Париз-Рубе 13 22
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Џиро ди Ломбардија
Класик 2018 2019 2020
Омлоп Хет Ниусблад 32 13 11
Страде Бјанке 3 3 1
Е3 БинкБенк Класик 2 НСО
Гент-Вевелгем 10 29
Дварс дор Вландерен 83 НСО
Амстел Голд Рејс 58

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван; НСО = не се одржала

Велокрос[уреди | уреди извор]

2011–2012
2. Светско јуниорско првенство
2. Национално јуниорско првенство
2. Краен пласман Јуниорски Суперпрестиж
1. Велокрос Рудерворде
6. Краен пласман Јуниорски Супер Куп
2012–2013
1. Краен пласман Суперпрестиж под 23 години
1. Велокрос Зонховен
1. Велокрос Гавере
1. Суперпрестиж Гитен
2. Краен пласман Светски куп под 23 години
3. Светско првенство под 23 години
3. Национално првенство под 23 години
8. Краен пласман БПост Банк трофеј под 23 години
1. Слејтингспрејс Остмале
2013–2014
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство под 23 години
1. Краен пласман БПост Банк трофеј под 23 години
1. Гран при ван Хаселт
1. Гран при Раумур
1. Азенкрос
1. Гран при Свен Нис
1. Краватенкрос
1. Национале велокрос Отегем
2. Краен пласман Светски куп под 23 години
1. Велокрос Намур
1. Гран при Номај
2. Краен пласман Суперпрестиж под 23 години
1. Велокрос Гавере
1. Вламсе Ардбејенкрос
1. Нордзекрос
2014–2015
1. UEC Champion Jersey.svg Европско првенство под 23 години
1. Краен пласман БПост Банк трофеј
1. Велокрос Копенберг
1. Болекескрос
1. Гран при Раумур
1. Азенкрос
1. Гран при Свен Нис
2. Гран при ван Хаселт
2. Краватенкрос
1. Зилвермеркрос
1. Верслујс Велокрос Бредене
1. Кастелкрос
1. ГП Стад Екло
1. Малхер Клејкрос
1. Слејтингспрејс Остмале
2. Светско првенство
2. Јармаркткрос Нил
2. Судал Велокрос Мастерс Варегем
3. Национално првенство
Светски куп
1. Дејненкрос Коксејде
1. Велокрос Намур (под 23 години)
2. Гран При Адри ван дер Пул
2. Кауберг Велокрос (под 23 години)
2. Гран при Ерик де Влеминк (под 23 години)
Суперпрестиж
1. Суперпрестиж Гитен (под 23 години)
1. Велокрос Зонховен (под 23 години)
1. Велокрос Гавере (под 23 години)
1. Гран при де ла Регион Валон (под 23 години)
3. Вламсе Ардбејенкрос
3. Нордзекрос
2015–2016
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство
1. MaillotBélgica.PNG Национално првенство
1. Краен пласман Супер куп
1. КросВегас
2. Кауберг Велокрос
2. Дејненкрос Коксејде
2. Велокрос Намур
2. Лињиер ан Бери
2. Гран при Адри ван дер Пул
1. Краен пласман Суперпрестиж
1. Суперпрестиж Гитен
1. Велокрос Зонховен
1. Велокрос Гавере
1. Гран при де ла Регион Валон
2. Велокрос Рудерворде
2. Вламсе Ардбејенкрос
3. Нордзекрос
1. Краен пласман БПост Банк Трофеј
1. ГП Марио де Клерк
1. Велокрос Копенберг
1. Болекескрос
1. Гран при Раумур
1. Схелдекрос Антверпен
1. Гран при Свен Нис
2. Васландкрос
3. Азенкрос
1. Судал ГП Нерпелт
1. Стенбергкрос
1. Полдеркрос
1. Зилвермеркрос
1. ГП Стад Екло
2. Европско првенство
2. Велокрос Нилс Алберт
2. Слејтингспрејс Остмале
2. Судал Велокрос Мастерс
2016–2017
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство
1. MaillotBélgica.PNG Национално првенство
1. Краен пласман Светски куп
1. КросВегас
1. Џингл Крос
1. Гран при Ерик де Влеминк
1. Меморијал Романо Скоти
2. Кауберг Велокрос
2. Велокрос Зевен
2. Велокрос Намур
1. Краен пласман ДВВ Трофеј
1. ГП Марио де Клерк
1. Велокрос Копенберг
1. Гран при Раумур
1. Азенкрос
2. Болекескрос
2. Схелдекрос Антверпен
2. Гран при Свен Нис
2. Краватенкрос
Брико Крос Трофеј
1. Герардсберген
1. Силвестеркрос
2. Полдерскрос
3. Вестингкрос
1. Трек Куп 2
1. Кермискрос
1. Нилс Алберт
1. Слејтингспрејс Остмале
2. Краен пласман Суперпрестиж
1. Гран при де ла Регион Валон
2. Суперпрестиж Гитен
2. Велокрос Зонховен
2. Велокрос Рудерворде
2. Велокрос Гавере
2. Суперпрестиж Дигем
2. Вламсе Ардбејенкрос
2. Нордзекрос
2. Зилвермеркрос
2. Вламсе Дрејвенвелддрит Оверејсе
3. Европско првенство
2017-2018
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство
1. MaillotBélgica.PNG Национално првенство
2. Краен пласман Светски куп
1. Полдеркрос Зевен
1. Велокрос Намур
2. КросДенмарк
2. ГП Номај
2. ГП Адри ван дер Пул
3. Дејненкрос Коксејде
3. ГП Ерик де Влеминк
2. Краен пласман Суперпрестиж
1. Велокрос Бом
1. Велокрос Гавере
2. Суперпрестиж Гитен
2. Велокрос Зонховен
2. Велокрос Рудерворде
2. Суперпрестиж Дигем
3. Краен пласман Трофеј ДВВ
2. Фландриенкрос
2. Схелдекрос Антверпен
2. Азенкрос
2. ГП Свен Нис
3. Хотондкрос
Брико Крос
1. Верслујс Велокрос
2. Крос Екло
2. Полдерскрос
3. Беренкрос
1. Кермискрос
1. Васландкрос
1. Бингоалвелокрос
2. Велокрос Отегем
2018–2019
2. Краен пласман Светски куп
1. Велокрос Поншато
2. Светски куп Ватерло
2. Џингл Крос
2. Велокрос Берн
2. Дејненкрос Коксејде
2. Велокрос Намур
2. ГП Ерик де Влеминк
3. ГП Адри ван дер Пул
Суперпрестиж
2. Суперпрестиж Гитен
2. Велокрос Рудерворде
2. Велокрос Зонховен
3. Велокрос Гавере
Трофеј ДВВ
2. Схелдекрос Антверпен
2. Азенкрос
3. Копенбергкрос
Брико Крос
1. Бреденекрос
2. Мур ван Герардсберген
2. Беренкрос
2. Хотондкрос
1. Велокрос Ла Мезје
1. Кермискрос
2. Светско првенство
2. Европско првенство
2. Национално првенство
3. Амбианскрос
2019–2020
ДВВ Трофеј
1. Краватенкрос
2. Кастелкрос Зонебеке

Награди[уреди | уреди извор]

  • Фландриец на годината: 2019[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Team Jumbo-Visma - Wout van Aert“. Посетено на 15 јули 2019.
  2. „Wout van Aert“. ProCyclingStats. Посетено на 15 јули 2019.
  3. „Team Jumbo-Visma 2020 roster presented in Amsterdam“. Бјанки. F.I.V. Edoardo Bianchi S.p.A. 20 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  4. „Van Aert takes emotional World Championship victory“. cyclingnews.com. 31 јануари 2016. Посетено на 31 јануари 2016.
  5. „Cheery Christmas for ambitious Team Jumbo-Visma“. Џамбо-Висма. Team Oranje Road BV. 21 декември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
  6. 6,0 6,1 „Van Aert joins Team Jumbo-Visma from March 2019“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 декември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
  7. 7,0 7,1 Виндзор, Ричард (3 март 2018). „Tiesj Benoot puts in super show of strength to win 2018 Strade Bianche“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 3 март 2018.
  8. „Wout van Aert's lawyer expects UCI to allow rider to race in 2019“. cyclingnews.com. 13 ноември 2018. Посетено на 13 ноември 2018.
  9. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  10. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-van-aert-raises-his-own-bar-with-exceptional-sprint-win/
  11. „Tour de France: Van Aert crashes out of time trial“. cyclingnews.com. 19 јули 2019. Посетено на 5 септември 2019.
  12. Аудоре, Барт (4 септември 2019). „Wout van Aert mist zijn fiets: "Een klein toertje zou al deugd doen". Het Laatste Nieuws (холандски). Посетено на 5 септември 2019.
  13. Лонг, Џони (5 септември 2019). „Wout van Aert says Tour de France crash 'could have been the end of my career'. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2019.
  14. „Van Aert wins Flandrien of the Year award“. cyclingnews.com. 5 November 2019. Посетено на 8 November 2019.
  15. „Van Aert wins Flandrien of the Year award“. cyclingnews.com. 5 ноември 2019. Посетено на 8 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]