Том Димулен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Том Димулен
Димулен на Трката околу Германија 2018
Лични податоци
Цело имеТом Димулен
ПрекарПеперутката од Мастрихт[1]
Роден11 ноември 1990 (1990-11-11) (28 г.)
Мастрихт,  Холандија
Висина1,86 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Санвеб
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачЕтапни трки
Аматерски клубови
2010 ПаркХотел Родинг
Професионални клубови
2011
2012–
Рабобанк Континентал Тим
Проект 1т4и
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2017)
4 индивидуални етапи (2016, 2017, 2018)
Тур де Франс
3 индивидуални етапи (2016, 2018)
Вуелта а Еспања
2 индивидуални етапи (2015)

Етапни трки

БинкБенк Тур (2017)

Еднодневни трки и класици

Jersey rainbow chrono.svg Светски хронометарски првак (2017)
MaillotHolanda.svg Национален хронометарски првак (2014, 2016, 2017)
Последна промена
18 април 2019

Том Димулен (холандски: Tom Dumoulin; р. 11 ноември 1990 во Мастрихт) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Санвеб.[2][3]

Познат по неговите хронометарски вештини, Димулен напреднал во искачувањето брда и сега се смета како специјалист за брда. Со освојувањето на Џиро д’Италија 2017 станал прв Холанѓанец кој успеал во тоа, а подоцна во годината го освоил и Светското хронометарско првенство. Засновано на неодамнешните резултати на големите трки, Димулен се смета за фаворит на трките за генералниот пласман. На Тур де Франс 2016 освоил две етапи, завршувајќи втор зад Крис Фрум на завршниот поединечен хронометар. Потоа на Џиро д’Италија, го освоил изданието во 2017 година и завршил втор во 2018 година, единствен возач со разлика од една минута зад Фрум. Имал одличен настап на Тур де Франс 2018, уште еднаш завршувајќи втор и освојувајќи уште една етапна победа на поединечниот хронометар на Тур.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Димулен е роден во Мастрихт и израснал во самиот град, кој е домаќин за завршницата на Амстел Голд Рејс. Првично, негова цел било да студира медицина и да стане доктор, меѓутоа откако не влегол на медицинскиот факултет, се насочил на велосипедизмот.[4]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

2010-2013[уреди | уреди извор]

Димулен на Тур де Франс 2013

Првите резултати се појавиле во 2010 година, кога настапил на Гран при Португалија, дел од Светскиот куп за возачи под 23 години — Димулен го освоил воведниот хронометар и покрај тоа што никогаш не возел претходно хронометарски велосипед и ја освоил целата трка. Подоцна, истата година, ја освоил хронометарската етапа на Џиробио. Требало да вози за екипата Сервело ТестТим во 2011 година, меѓутоа екипата се распуштила на крајот на сезоната 2010.[4]

Откако возел за Рабобанк развојната екипа во 2011 година, Димулен станал професионалец со холандската екипа Џајант-Шимано во 2012 година. Иако не возел на ниту една трка во првите две години како професионален оставил свој белег на поголемите трки, особено на хронометрите. Го имал својот прв настап на некоја голема трка во 2012 година, возејќи на Вуелта а Еспања.

2014[уреди | уреди извор]

Во јуни 2014 година, Димулен го освоил националното хронометарско првенство. Во септември 2014 година стигнал до второто место на Гран при Квебек откако бил напред на последното искачување, но бил претекнат од Сајмон Геранс.[5] Подоцна истиот месец го освоил бронзениот медал на Светското хронометарско првенство, завршувајќи зад Бредли Вигинс и Тони Мартин во Понферада.

2015[уреди | уреди извор]

Ја започнал сезоната 2015 со освојување на четвртото место на Тур Даун Андер. Го остварил својот прв успех во сезоната со победа на завршниот индивидуален хронометар на Трката околу Баскија.[6] Негова втора победа во годината дошла на Тур де Свис, каде го освоил прологот со две секунди предност пред Фабијан Канчелара.[7] Исто така, ја освоил завршната етапа на трката, хронометар долг 38,4 километри со просечна брзина од 47,407 км/ч.[8]

На Тур де Франс, Димулен бил еден од фаворитите за победа на воведниот хронометар на домашен терен во Утрехт, Холандија, но на крајот завршил четврти.[9] На третата етапа бил вклучен во масовен брз пад и морал да ја напушти трката.[10]

Димулен го носи националниот дрес на Париз-Ница 2015

Димулен се опоравил од неговите повреди и возел на Вуелта а Еспања 2015. На втората етапа нападнал на последното искачување и создал група со Николас Роуш (Тим Скај) и Наиро Кинтана (Мовистар), но бил достигнат и претекнат од Естебан Чавес (Орика-ГринЕџ), кој ја освоил етапата пред Димулен за секунда.[11] На петтата етапа имало поделба во групата и Чавес изгубил шест секунди пред Димулен, кој го преземал водството на трката за една секунда.[12] Меѓутоа, Чавес ја освоил шестата етапа пред Димулен и повторно ја презел црвената маичка.[13] Деветтата етапа била завршница со искачување од прва категорија. Имало низа на напади во првиот дел на искачувањето и многумина возачи отпаднале од главната група. Димулен на крајот сам ја освоил етапата, две секунди пред Крис Фрум (Тим Скај) и ја зел назад црвената маичка откако Чавес изгубил значајно време. Фрум првично отпаднал, но со силно темпо стигнал близу победа на етапата пред Димулен да го претекне во последните стотина метри.[14] Откако Фрум паднал на единаесеттата етапа, Димулен ги ограничил неговите загуби на следните планински етапи, додека Фабио Ару (Астана) и Хоаким Родригез (Катјуша) го замениле на водството во трката. На седумнаесеттата етапа, Димулен го освоил индивидуалниот хронометар од 38,1 километар. Добил една минута и 53 секунди во однос на Ару за да ја земе црвената маичка за три секунди пред Италијанецот, додека Родригез сега имал една минута и 15 секунди на третото место во генералниот пласман по губењето над три минути во однос на Димулен на етапата.[15] Димулен го удвоил своето водство пред Ару со освојување три секунди на напад на последното искачување со калдрма на деветнаесеттата етапа,[16] меѓутоа ја загубил трката во однос на Ару на претпоследната етапа, последната планинска на Вуелта, каде Ару се оддалечил од Димулен на третото од четирите искачувања од прва категорија. Димулен загубил скоро четири минути во однос на Ару и паднал на шестото место во генералниот пласман.[17] Во декември 2015 година, го освоил Трофејот Герит Шулте, награда за најдобар холандски велосипедист на годината.[18]

2016[уреди | уреди извор]

Димулен ја носи розевата маичка како предводник на Џиро д’Италија 2016

Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[19] каде ја освоил воведната етапа.[20] На осмата етапа, Димулен го изгубил водството на рката откако завршил на 38. место и изгубил 1 минута и 10 секунди од Алехандро Валверде (Мовистар Тим) на ридестата етапа. Ја напуштил трката на единаесеттата етапа.[21]

Димулен возел и на Тур де Франс 2016. Ја освоил деветтата етапа откако нападнал од бегство во подножјето на завршното искачување, на кое се нашол сам во страшен порој.[22] Димулен ја освоил исто така и етапата 13, хронометар од 37,5 километри на ридест терен во ветровити услови со разлика од над една минута во однос на Крис Фрум на второто место.[23]

2017[уреди | уреди извор]

Димулен ја носел розевата маичка на Џиро д’Италија 2017

Екипата на Димулен објавила зимата дека ќе цели на Џиро д’Италија.[24] На деветтата етапа, Димулен завршил трет на завршницата на врвот на Блокхаус, завршувајќи заедно со Тибо Пино (ФДЖ), 24 секунди зад етапниот победник и новиот предводник на трката Наиро Кинтана (Мовистар Тим). Потоа, Димулен ја освоил десеттата етапа, поединечен хронометар во должина од 39,8 километри со време од 50 минути и 37 секунди со што го презел водството на трката за 2 минути и 23 секунди од Кинтана.[25] Димулен ја освоил четиринаесеттата етапа, која завршувала на нагорнина и го зголемил водството пред Кинтана за дополнителни 14 секунди.[26] На шеснаесеттата етапа, Димулен имал стомачни проблеми и морал да направи пауза; ниеден од другите фаворити не го чекал и завршил со повеќе од две минути зад етапниот победник Винченцо Нибали, но го задржал водството на трката за 31 секунди пред КИнтана. Димулен го одбранил водството до 19. етапа со планинската завршница, кога ја поминал целта со минута зад Кинтана, кој станал нов предводник на трката.[27] Кинтана ставил уште петнаесет секунди пред Димулен следниот ден на претпоследната етапа.[28] Меѓутоа, резултатот на Димулен на етапата 21, поединечен хронометар во должина од 29 километри на кој завршил втор, му го донело првото место во генералниот пласман, станувајќи прв холандски возач кој го освоил Џиро и прв кој освоил некоја голема трка од Јоп Зутемелк, кој победил на Тур де Франс 1980.[29][30]

Како последица на победата бил назначен за витез во Редот Оранје-Насау од кралот Вилем-Александар на Холандија и Лимбуржанец по заслуга.[31][32] Исто така добил почесен златен медал на Градот Мастрихт.[33]

За завршница на успешната сезона, во септември Димулен учествувал на Светското хронометарско првенство во Берген, Норвешка, негова прва поединечна титула во хронометар. Исто така учествувал во победата на екипата во дисциплината екипен хронометар.[34]

2018[уреди | уреди извор]

Димулен ја носи виножито-маичката како светски хронометарски првак на дваесеттата етапа на Тур де Франс 2018

Димулен настапил на Џиро д’Италија 2018 како бранител на титулата и бил сметан за еден од фаворитите за победа, заедно со Крис Фрум (Тим Скај), кој ги освоил Тур де Франс 2017 и Вуелта а Еспања 2017 и целел кон победа за да дојде до сите три титули на големите трки истовремено. Димулен го освоил воведниот поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, поразувајќи го Роан Денис (BMC) за победа со разлика од 2 секунди и ја освоил водечката розева маичка трета година по ред.[35] Денис го презел водството на трката од Димулен на втората етапа, откако собрал бонус секунди на средниот спринт.[36] Димулен останал втор зад Денис до шестата етапа, кога Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) нападнал од групата на фаворити на 1,5 километри до врвот на Етна, преземајќи го водството на трката од Димулен за секунда. Јејтс ја освоил деветтата етапа забрзувајќи на 100 метри до целта, со што го зголемил водството пред Димулен.[37] Јејтс ја освоил етапата 11, напаѓајќи на 1,5 километри до целта и одолевајќи на потерата од Димулен, со што дополнително го зголемил водството.[38] На етапата 14, Јејтс го поминал Димулен и завршил втор зад победникот Крис Фрум (Скај) на Монте Ѕонколан. Со шест бонус секунди за второто место, Јејтс го зголемил водството пред Димулен на 1 минута и 24 секунди, додека неговата разлика со Фрум била 3 минути и 10 секунди.[39]

На следната етапа, Јејтс се одвоил од Димулен и другите фаворити за соло победа на петнаесеттата етапа, откако нападнал на 18 километри до целта. Оваа победа му донела зголемување на водството на 2 минути и 11 секунди пред Димулен.[40] На етапата 17, поединечен хронометар во должина од 34,2 километри, Димулен завршил трет зад Роан Денис и го намалил водството на Јејтс на 56 секунди, додека Фрум завршил четврт, 2 минути и 56 секунди зад Димулен.[41] На етапата 18, Јејтс имал проблеми на последното искачување и изгубил 28 секунди во однос на Димулен и Фрум.[42] Етапата 19 била прогласена за кралска етапа на трката со три искачувања во втората половина на етапата. Тука биле вклучени полуасфалтираното искачување на Коле деле Финестре, по што следело искачувањето до Сестриере и завршното искачување до Бардонекија. Јејтс имал проблеми на Финестре, ставајќи го Димулен во виртуелно водство, пред Фрум да отпочне напад на 80 километри до целта. Предноста на Фрум растела во текот на втората половина на етапата, откако Димулен бил зад него со група од Тибо Пино и Себастјен Рајхенбах од ФДЖ, Мигел Анхел Лопес од Астана и Ричард Карапас од Мовистар. На крајот, Фрум ја освоил етапата со повеќе од три минути со што го презел водството на трката, 40 секунди пред Димулен, кој бил нападнат од другите возачи на последното искачување откако држел темпо во поголемиот дел од потерата.[43] Во интервју по етапата, Димулен изјавил дека не можел ништо да направи за да го запре Фрум.[44] Димулен го нападнал неколку пати Фрум на дваесеттата етапа, но не можел да направи разлика и на крајот завршил втор зад Фрум.

По Џиро, Димулен го потврдил учеството на Тур де Франс 2018, целејќи кон висок пласман.[45] На шестата етапа, Димулен имал механички проблем кон крајот на етапата, со што изгубил време во однос на другите фаворити и бил казнет со 20 секунди поради возење зад автомобилот на екипата во обид да ги намали разликите во времето.[46][47] На единаесеттата етапа на Алпите, Димулен направил напад на спустот со колегата Серен Краг Андерсен пред да се притисне сам на завршното стрмно искачување. Зад него, Герајнт Томас (Скај) нападнал од групата на фаворити, вклучувајќи го колегата Крис Фрум, 6 километри пред целта и го стигнал Димулен пред да нападне повторно во последниот километар за да се оддалечи од Димулен, кој набрзо бил достигнат од Фрум. Томас, Димулен и Фрум го претекнале возачот од бегството Микел Ниеве (Мичелтон-Скот) пред самата линија на целта, при што Томас ја освоил етапата, Димулен завршил втор, 20 секунди зад него. Томас ја презел водечката жолта маичка со 1 минута и 24 секунди пред Фрум, а Димулен бил трет со 1 минута и 44 секунди зад Томас.[48]

Следниот ден, етапа 12, Димулен повторно завршил втор зад Томас, во спринт до врвот на Алп д’Иез. Томас, Димулен и Фрум биле гледани како фаворити за победа на Тур во Париз.[49] На седумнаесеттата етапа, прва од етапите во Пиринеите, Томас го зголемил своето водство откако завршил трет зад етапниот победник Наиро Кинтана. Фрум имал проблеми на искачувањето и паднал на трето место во генералниот пласман, 2:31 зад Томас. Димулен се искачил на второто место.[50] На планинската етапа 19, Примож Роглич нападнал на завршното искачување и стигнал сам до целта со деветнаесет секунди пред групата на фаворити. Томас ја зацврстил својата позиција во жолтата маичка со шест бонус секунди.[51] Претпоследната етапа била хронометар во должина од 31 километар, која Димулен ја освоил, со една секунда пред Фрум.[52] Димулен завршил втор на последната етапа зад Томас, негово второ место втора година по ред на големите трки.[53]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
1. Етапа 7 Џиробио
1. Краен пласман ГП ду Португал
1. Етапа 3
7. Светско хронометарско првенство под 23 години
2011
1. Краен пласман Триптик де Мон ет Шато
8. Светско хронометарско првенство под 23 години
2012
6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
10. Краен пласман Вуелта а Бургос
2013
1. Jersey green.svg Планински пласман Вуелта а Андалусија
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Енеко Тур
3. Национално хронометарско првенство
5. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
6. Краен пласман Три дена Де Пане
6. ГП де Валони
2014
1. MaillotHolanda.svg Национално хронометарско првенство
1. Етапа 2 (ITT) Критериум Интернационал
2. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Пролог
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2. Гран при Квебек
3. Краен пласман Енеко Тур
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3 (ITT)
3. Bronze medal blank.svg Светско хронометарско првенство
5. Краен пласман Тур де Свис
6. Гран при Монтреал
2015
1. Етапа 6 (ITT) Трка околу Баскија
3. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 8 (ITT)
4. Краен пласман Тур Даун Андер
5. Светско хронометарско првенство
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 9
1. Етапа 17 (ITT)
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапите 17, 21 и цела трка
2016
1. MaillotHolanda.svg Национално хронометарско првенство
Тур де Франс
1. Етапа 9
1. Етапа 13 (ITT)
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 9
1. Етапа 1 (ITT) Џиро д’Италија
2. Silver medal olympic.svg Олимписки хронометар
3. Краен пласман Трка околу Британија
4. Краен пласман Трка околу Оман
5. Краен пласман Тур де Романди
9. Краен пласман Енеко Тур
2017
Светско друмско првенство
1. Jersey rainbow chrono.svg Хронометар
1. Gold medal blank.svg Екипен хронометар
1. MaillotHolanda.svg Национално хронометарско првенство
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 10 (ITT)
1. Етапа 14
1. Jersey green.svg Краен пласман БинкБенк Тур
3. Светска турнеја
3. Краен пласман Трка Абу Даби
4. Класика де Сан Себастијан
5. Страде Бјанке
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
2018
Светско друмско првенство
2. Silver medal blank.svg Хронометар
2. Silver medal blank.svg Екипен хронометар
4. Друмска трка
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ITT)
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 20 (ITT)
4. Краен пласман Трка околу Германија
10. Светска турнеја
2019
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
6. Краен пласман Трка ОАЕ

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро СО 1 2
Jersey yellow.svg Тур 41 33 СО СО 2
Jersey red.svg Вуелта СО 6
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey yellow.svg Париз-Ница СО 12
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 34 102 6 СО 4
MaillotVolta.png Волта а Каталуња
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 40 29
Jersey yellow.svg Тур де Романди 68 5
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине
Jersey yellow.svg Тур де Свис 58 5 3 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кејли, Фрец. „Can Tom Dumoulin hang on?“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 1 септември 2015 (посет. 9 септември 2015 г).
  2. Аргос-Шимано заокружен со Паризјен“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 октомври 2012 (посет. 2 јануари 2013 г).
  3. Тим Џајант-Алпесин“, „Cycling News“, Future Publishing Limited (посет. 23 јануари 2015 г).
  4. 4,0 4,1 Браун, Грегор (13 септември 2015). "Dumoulin’s Vuelta performance has the Dutch dreaming of Tour de France glory". Cycling Weekly. конс. 14 септември 2015. 
  5. Геранс победи на Гран при Квебек“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 12 септември 2014 (посет. 12 септември 2014 г).
  6. Паис Васко: Родригез ја обезбеди победата“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 11 април 2015 (посет. 11 април 2015 г).
  7. Стивен Падикомб. „Том Димулен ја освои воведната на Тур де Свис, Герант Томас 10.“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 13 јуни 2015 (посет. 13 јуни 2015 г).
  8. Симон Шпилак победи на Тур де Свис“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 21 јуни 2015 (посет. 21 јуни 2015 г).
  9. Zeb, Woodpower. „Tour de France: Dennis sets record speed to claim first maillot jaune in Utrecht“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 4 јули 2015 (посет. 4 јули 2015 г).
  10. Стопирана третата етапа на Тур де Франс откако Канчелара зафатен во масовен пад“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 6 јули 2015 (посет. 6 јули 2015 г).
  11. Вуелтѕа а Еспања: Чавес победи на Каминито дел Реј“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 24 август 2015 (посет. 27 август 2015 г).
  12. Вуелта а Еспања: Еван ја освои етапата 5“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 26 август 2015 (посет. 26 август 2015 г).
  13. Чавес ја освои етапата 6“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 27 август 2015 (посет. 27 август 2015 г).
  14. Фаранд, Стивен. „Vuelta a España: Dumoulin wins on Alto de Puig Llorença“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 30 август 2015 (посет. 1 септември 2015 г).
  15. Флечер, Патрик. „Vuelta a Espana: Dumoulin smashes Burgos time trial“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company.
  16. Виндзор, Ричард (11 септември 2015). "Том Димулен го зголеми своето водство додека Алексис Жужар стигна сам до победа на Вуелта а Еспања". Cycling Weekly. конс. 11 септември 2015. 
  17. Лоу, Феликс (12 септември 2015). "Fabio Aru in red after Astana break Tom Dumoulin, Ruben Plaza wins stage 20". Eurosport. конс. 13 септември 2015. 
  18. Кларк, Стјуарт. „Tom Dumoulin named Dutch Cyclist of the Year“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 1 декември 2015 (посет. 1 декември 2015 г).
  19. "99th Giro d'Italia Startlist". Pro Cycling Stats. конс. 6 мај 2016. 
  20. "99th Giro d'Italia > Stage 1 (ITT)". Pro Cycling Stats. конс. 6 мај 2016. 
  21. "Tom Dumoulin abandons Giro d'Italia on stage 11". Cycling Weekly. конс. 18 мај 2016. 
  22. http://www.eurosport.com/cycling/tour-de-france/2016/tour-de-france-stage-9-vielha-ordino-arcalis-live_sto5681787/story.shtml
  23. http://www.cyclingnews.com/news/tom-dumoulin-appoints-himself-rio-favourite-after-tour-de-france-time-trial-victory/
  24. Dumoulin to target the Giro d'Italia, Giant-Alpecin confirm“, „Cyclingnews.com“ (посет. 2 јуни 2017 г).
  25. Фаранд, Стивен. „Giro d'Italia: Dumoulin surges to pink in stage 10 time trial“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 16 мај 2017 (посет. 16 мај 2017 г).
  26. Робертшо, Хенри. „Tom Dumoulin distances Nairo Quintana on summit finish to extend Giro d'Italia lead“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 20 мај 2017 (посет. 20 мај 2017 г).
  27. "Giro d'Italia - Stage 19". www.procyclingstats.com. конс. 2 јуни 2017. 
  28. "Giro d'Italia - Stage 20". www.procyclingstats.com. конс. 2 јуни 2017. 
  29. Tom Dumoulin overhauls Nairo Quintana to win Giro d'Italia in nail-biting final time trial“, „Cycling Weekly“, 28 мај 2017 (посет. 28 мај 2017 г). (на англиски)
  30. "Tom Dumoulin wins Giro d’Italia following time-trial masterclass". Eurosport. 28 мај 2017. конс. 28 мај 2017. 
  31. Giro-winnaar Dumoulin geridderd in Maastricht“, „Nederlandse Omroep Stichting“, Nederlandse Publieke Omroep, 31 мај 2017 (посет. 5 јули 2017 г). (на холандски)
  32. Giro-winnaar Tom Dumoulin geridderd tijdens huldiging“, „1Limburg“, L1, 31 мај 2017 (посет. 5 јули 2017 г). (на холандски)
  33. Eremedaille in goud voor Tom Dumoulin“, „Gemeente Maastricht“, GemeenteLoket, 31 мај 2017 (посет. 5 јули 2017 г). (на холандски)
  34. Dumoulin makes history as first Dutch men's time trial world champion“, „Cyclingnews.com“ (посет. 24 септември 2017 г). (на (англиски))
  35. https://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/tom-dumoulin-stamps-authority-giro-ditalia-stage-one-time-trial-victory-378738#tZCTk4SDPEi7TG6Q.99
  36. https://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/rohan-dennis-takes-pink-elia-viviani-sprints-giro-ditalia-2018-stage-two-victory-378862
  37. https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44101703
  38. https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44145175
  39. http://www.skysports.com/cycling/news/15264/11378651/chris-froome-wins-giro-ditalia-stage-14-as-simon-yates-extends-overall-lead
  40. https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44190618
  41. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/simon-yates-holds-onto-pink-rohan-dennis-wins-giro-ditalia-stage-16-time-trial-380857#4wKbq8I7I1Ph4pTm.99
  42. "Giro d'Italia 2018 - Stage 18". www.procyclingstats.com. 
  43. "Giro d'Italia 2018 - Stage 19". www.procyclingstats.com. 
  44. https://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/theres-nothing-couldve-done-tom-dumoulin-applauds-chris-froomes-special-giro-ditalia-ride-381305
  45. http://www.cyclingnews.com/news/tom-dumoulin-ill-be-full-on-for-the-overall-at-the-tour-de-france/
  46. Бенсон, Даниел. „Tour de France: Dan Martin wins on the Mur de Bretagne“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 12 јули 2018 (посет. 12 јули 2018 г).
  47. Робертшо, Хенри. „Dan Martin takes uphill victory on Tour de France stage six as Bardet and Dumoulin lose time“, „Cycling Weekly“, 12 јули 2018 (посет. 13 јули 2018 г).
  48. Флечер, Патрик. „Tour de France: Geraint Thomas wins stage 11 at La Rosiere, takes yellow“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 јули 2018.
  49. Tour de France 2018, stage 12: Geraint Thomas makes history on Alpe d'Huez as Welshman extends overall lead“, Daily Telegraph, 20 јули 2018 (посет. 29 јули 2018 г).
  50. "Tour de France 2018, stage 17: Geraint Thomas tightens grip on yellow as Chris Froome cracks as Nairo Quintana ends five-year wait for victory". Telegraph. конс. 29 јули 2018. 
  51. "Tour de France: Geraint Thomas edges closer to victory after second place on stage 19". BBC. конс. 29 јули 2018. 
  52. Tour de France: Geraint Thomas set to win after maintaining lead on stage 20“, „BBC Online“ (посет. 29 јули 2018 г).
  53. "Tour de France 2018: Stage 21 Results". 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]