Примож Роглич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Примож Роглич
Роглич на Тур де Франс 2018
Лични податоци
Цело имеПримож Роглич
Роден29 октомври 1989 (1989-10-29) (30 г.)
Трбовље, Југославија Југославија
Висина1,77 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 индивидуални етапи (2017, 2018)
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2016)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2019)
Трка околу Баскија (2018)
Тур де Романди (2018)
Трка ОАЕ (2019)
Трка околу Словенија (2015, 2018)
Волта ао Алгарве (2017)

Еднодневни трки и класици

MaillotEslovenia.PNG Национален хронометарски првак (2016)
Последна промена
18 април 2019

Примож Роглич (словенечки: Primož Roglič; р. 29 октомври 1989) — словенечки професионален друмски велосипедист и поранешен скијачки скокач, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1] Роглич ја започнал кариерата како скијачки скокач, но подоцна се префрлил во велосипедизмот.

Кариера[уреди | уреди извор]

Скијачки скокови[уреди | уреди извор]

Роглич е поранешен скијачки скокач, каде настапувал од 2003 до 2011 година и бил светски јуниорски првак во 2007 година.[2] Негов најдобар личен резултат бил на 183 метри на скокалницата Хајни-Клопфер во Оберстдорф, Германија во 2011 година. Имал тежок пад пред домашната публика во 2007 година на скокалницата Горишек во Планица, Словенија.[3][4]

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

Адрија-Мобил (2013-2015)[уреди | уреди извор]

Роглич започнал со велосипедизам во 2012 година, откако се повлекол од скијачките скокови, бидејќи не се чувствувал дека може да биде на највисокото ниво на спортот. Роглич брзо стигнал до платените нивоа со континенталната екипа Адрија Мобил во сезоната 2013. По три сезони со екипата и успешната сезона 2015, вклучувајќи ја и победата на Трката околу Словенија 2015, добил договор со Лото НЛ-Џамбо за следната сезона.[5]

ЛотоНЛ-Џамбо (2016-денес)[уреди | уреди извор]

2016[уреди | уреди извор]

Во својата прва година во Светската турнеја, Роглич го покажал својот талент веднаш со петтото место на португалската трка Волта ао Алгарве. Само еден месец подоцна завршил втор на седмата етапа на Волта а Каталуња, каде бил поразен во спринтот од Алексеј Цатевич. Настапил на Џиро д’Италија 2016,[6] каде изненадил со второто место на воведниот хронометар во Апелдорн, при што доцнел само една стотинка зад победникот Том Димулен.[7] Ја освоил деветатта етапа, индивидуалниот хронометар во Кјанти во должина од 40,5 километри. Ова било изненадување за многумина бидејќи Роглич морал да го користи резервниот велосипед бидејќи неговиот велосипед не ги исполнувал условите на UCI. Само две недели по завршување на Џиро д’Италија, Роглич го освоил националното хронометарско првенство. Во 2016 година завршил десетти на хронометар на Летните олимписки игри 2016.

2017[уреди | уреди извор]
Роглич на пат кон победа на седумнаесеттата етапа на Тур де Франс 2017.

Во сезоната 2017, Роглич започнал со победа на трката Волта ао Алгарве. Еден месец подоцна завршил на четвртото место на Тирено-Адријатико. На Трката околу Баскија, Роглич освоил две етапи, четвртата и шестата етапа, која била поединечен хронометар. Не само што освоил две етапи, туку и завршил петти на трката. Не му требало долго да дојде до друга победа. На крајот на април, Роглич учествувал на Тур де Романди, каде го освоил поединечниот хронометар на петтата етапа. Поради тоа, завршил на третото место на трката. Негова последна подготвителна трка за Тур де Франс била Стер ЗЛМ Тур, каде го освоил прологот и завршил втор.

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[8] Ја освоил седумнаесеттата етапа на трката[9] со што станал првиот Словенец кој освоил етапа на Тур де Франс. Исто така, освоил доволно бодови да заврши втор во планинскиот пласман. Го освоил сребрениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство.[10]

2018[уреди | уреди извор]
Роглич (лево) на деветнаесеттата етапа на Тур де Франс 2018

Сезоната 2018 го покажала потенцијалот на Роглич на етапните и големите трки. Успеал да ги освои следниве трки: Трката околу Баскија, Тур де Романди и Трката околу Словенија. Во текот на првите етапи на Тур де Франс 2018, Роглич успеал да ги избегне падовите и механичките проблеми како многумина други фаворити, со што го ставило во можност да се трка со фаворитите како Герајнт Томас, Том Димулен, Крис Фрум, Наиро Кинтана и Ричи Порт. Успеал да се задржува со нив на планинските етапи, одговарајќи скоро на секој напад. По нападот на спуст ја освоил деветнаесеттата етапа на Тур де Франс и се нашол на место за подиум,. На крајот завршил на импресивното четврто место.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2014
1. Етапа 2 Трка околу Азербејџан
1. Хрватска-Словенија
3. Краен пласман Велосипедска трка Сибиу
1. Планински пласман
2015
1. Генерален пласман Краен пласман Трка околу Азербејџан
1. Етапа 2
1. Генерален пласман Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
1. Етапа 5 Трка околу езерото Ќингхаи
1. Jersey white dots on green.svg Планински пласман Сетимана Копи & Бартали
2. Краен пласман Трка околу Хрватска
4. Краен пласман Трка околу езерото Ќингхај
1. Етапа 5
2016
1. MaillotEslovenia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 9 (ITT) Џиро д’Италија
4. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
5. Краен пласман Волта ао Алгарве
7. Европско хронометарско првенство
10. Олимписки друмски хронометар
2017
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 17 Тур де Франс
2. Silver medal blank.svg Светско хронометарско првенство
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Пролог
3. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 5 (ITT)
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
5. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
1. Етапа 6 (ITT)
5. Национално друмско првенство
2018
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баскија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4 (ITT)
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди
1. Jersey green 2.svg Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 4
1. Етапа 5 (ITT)
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
3. Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 5 (TTT)
4. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 19
6. Волта а ла Комунитат Валенсијана
7. Џиро дел’Емилија
2019
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка ОАЕ
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6
1. Jersey blue.svg Краен пласман Тирено-Адријатико

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 58
Jersey yellow.svg Тур 38 4
Jersey red.svg Вуелта
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2016 2017 2018 2019
Jersey yellow.svg Париз-Ница
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 52 4 29 1
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 44
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 5 1
Jersey yellow.svg Тур де Романди 3 1
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине
Jersey yellow.svg Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Primož Roglič“. ProCyclingStats. конс. 7 мај 2015. 
  2. Вудпауер, Зеб (20 јануари 2016). „Former ski jumper Primož Roglič on domestique duty at Tour Down Under“. cyclingnews.com ((англиски)). конс. 7 мај 2016. 
  3. „horrible crash at Letalnica bratov Gorišek ski flying hill in Planica, Slovenia in 2007 shorter version“. YouTube. 22 март 2007. 
  4. „horrible crash at Letalnica bratov Gorišek ski flying hill in Planica, Slovenia in 2007 longer version“. YouTube. 22 март 2007. 
  5. http://www.cyclingnews.com/news/former-ski-jumper-primo-rogli-on-domestique-duty-at-tour-down-under/Шаблон:Full
  6. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats ((англиски)). конс. 6 мај 2016. 
  7. „Giro d'Italia: Tom Dumoulin wins Apeldoorn time trial“. BBC News ((англиски)). конс. 10 мај 2016. 
  8. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 28 јуни 2017. 
  9. „2017: 104th Tour de France: Stage 17“. Pro Cycling Stats. конс. 19 јули 2017. 
  10. http://www.cyclingnews.com/news/first-worlds-medal-for-roglic/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]