Алексеј Цатевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алексеј Цатевич
Лични податоци
Цело име Алексеј Владимирович Цатевич
Роден 5 јули 1989 (1989-07-05) (воз. 28 г.)
Верхњаја Пишма, СССР СССР
Висина 1,69 м
Маса 64 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гаспром-РусВело
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2007
2011
Педале Кастелано Понтенуре
Итера-Катјуша
Професионални клубови
2012–2016
2017-
Катјуша
Гаспром-РусВело
Последна промена
9 април 2016

Алексеј Цатевич (руски: Алексей Владимирович Цатевич; р. 5 јули 1989) — руски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа Гаспром-РусВело.

Кариера[уреди | уреди извор]

Цатевич се натпреварува како професионалец од почетокот на сезоната 2012, кога му се приклучил на Катјуша,[1] претходно настапувајќи за развојната екипа на Катјуша, Итера-Катјуша, во 2011. По неколку пласмани во првите десет во текот на сезоната 2012, Цатевич ја постигнал својата прва победа во неговата професионална кариера во февруари 2013, кога ја освоил трката Ле Самин во Белгија.[2][3] Цатевич нападнал на околу 500 метри пред целта и успеал да ја победи групата на целта во Дур.[4]

Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[5] На деветтата етапа, индивидуалниот хронометар, Цатевич бил казнет заради пресекување зад Тобојас Лудвигсон. Покрај тоа, Катјуша го повлекла од трката.[6][7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Трофео Сан Роко
1. Етапа 1 Трофе Сентр Морбијан
2008
1. Џорни Маркиџани
2009
4. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
9. Гран Премио дела Либерационе
10. ГП Инда
2010
1. Краен пласман Гагра-Сухуми
1. Етапа 1
2. Копа дел Мобилио
10. Гран Премио дела Либерационе
2011
1. MaillotRusia.PNG Национално критериум првенство
1. ГП де ла Вил де Ножен сир Езе
1. Етапа 2 Тур Јероскипис
1. Етапа 2 ГП Коста Азул
1. Етапа 4 Тур Алзас
1. Етапа 6 Трка околу Бугарија
2. Ла Кот Пикард
2. ГП Москва
2. ГП Будимпешта
7. ЗЛМ Тур
7. ГП Крањ
10. Мајор Куп
2012
8. Трофео Палма де Мајорка
8. Ле Самин
8. Хел ван хет Мергеланд
10. Трофео Мигјорн
2013
1. Ле Самин
1. Етапа 3 Сетимана Сиклистика Ломбарда
9. Трка околу Франкфурт
10. Краен пласман Трка околу Белгија
2014
2. Ле Самин
7. Гент-Вевелгем
10. Брабант Пејл
2015
10. Дварс дор Вландерен
10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2016
1. Етапа 7 Волта а Каталуња
2. Класика де Алмерија
7. Друмска трка „Кедел Еванс“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вестемајер, Сузан. „Цабел се приклучува на Катјуша како спринтерски тренер“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 октомври 2011 (конс. 27 февруари 2013 г).
  2. Цатевич од Катјуша спринташе за победа во Ле Самин“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 27 февруари 2013 (конс. 27 февруари 2013 г).
  3. Geraint Thomas narrowly misses out on solo victory as Alexey Tsatevich wins Le Samyn“, „Sky Sports“, BSkyB, 27 февруари 2013 (конс. 27 февруари 2013 г).
  4. Цатевич победи на Ле Самин“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 февруари 2013 (конс. 27 февруари 2013 г).
  5. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. http://www.procyclingstats.com/race/Giro_Italia_2016_Startlist. конс. 6 мај 2016 г. 
  6. „Alexey Tsatevich ‘very upset’ after Katusha withdraw him from Giro d’Italia“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/racing/giro-ditalia/alexey-tsatevich-upset-katushas-decision-withdraw-giro-ditalia-225584. конс. 18 мај 2016 г. 
  7. „Team KATUSHA takes Alexey Tsatevich out of Giro d’Italia“. Катјуша. http://www.teamkatusha.com/news/team-katusha-takes-alexey-tsatevich-out-giro-ditalia. конс. 18 мај 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]