5 јули
Изглед

5 јули — 186-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (187-и во престапна година). Остануваат 179 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1687 | Исак Њутн ја објавува книгата „Математички начела на природната филозофија“. |
| 1811 | Венецуела објавува независност од Шпанија. |
| 1830 | Франција го окупира Алжир. |
| 1884 | Германија го освојува Камерун. |
| 1946 | Во Париз, Франција, за првпат е промовиран новиот женски костум за капење - бикинито. |
| 1954 | Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That's All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот. |
| 1962 | Алжир добива независност од Франција. |
| 1975 | Зелено'ртските Острови добија независност од Португалија. |
| 1977 | Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер. |
| 1989 | Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide. |
| 2000 | Излегува првиот број на дневниот весник „Вест“ |
| 2006 | Парламентарни избори во Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија. |
| 2024 | Кир Стармер станува премиер на Обединетото Кралство. |
Родени:
Починале:
| 1833 | Жозеф Ниепс — француски иноватор, човекот кој ја направил првата успешна трајна фотографија. |
| 1932 | Саша Черни — руски поет. |
| 1939 | Ефтим Спространов — македонски револуционер. |
| 1965 | Порфирио Рубироса — доминикански дипломат, возач на Формула 1 и меѓународен плејбој. |
| 1969 | Валтер Гропиус — германски архитект. |
| 1987 | Карел Стекли — чехословачки режисер. |
| 1988 | Драга Чаловска - Секуловска — македонска новинарка. |
| 2021 | Ричард Донер — американски режисер. |
Празници:
| * | Венецуела — Ден на независноста. |
| * | Алжир — Ден на независноста. |
| * | Зелено’ртски Острови — Ден на независноста. |