Јос ван Емден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јос ван Емден
Ван Емден на Курне-Брисел-Курне 2015
Лични податоци
Цело имеЈос ван Емден
Роден18 февруари 1985 (1985-02-18) (34 г.)
Схидам,  Холандија
Висина1,86 м
Маса74 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за хронометри
Професионални клубови
2006–2008
2008-
Рабобанк Континентал Тим
Рабобанк
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2017)

Еднодневни трки и класици

MaillotHolanda.PNG Национален хронометарски првак (2010)
Дварс дор Вест-Вландерен (2017)
Последна промена
25 февруари 2019

Јос ван Емден (холандски: Jos van Emden; р. 18 февруари 1985) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1] Познат е како специјалист за хронометри.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ван Емден започнал со возење во 2005 година. Во текот на втората година, освоил четири етапи на три различни трки, станувајќи победник на две други етапни трки и завршил седми на Светското друмско првенство под 23 години. Следната година ја остварил својата прва професионална победа, со победата на Минстерланд Џиро.[2]

Неговиот прв настап на некоја голема трка дошол во 2009 година, кога учествувал на Џиро д’Италија. Една година подоцна завршил деветти на две различни етапи на истата трка и остварил две хронометарски победи во една недела, победувајќи на пролозите на Делта Тур Зеланд и Стер ЗЛМ Тур. Подоцна истата година станал национален хронометарски првак.[3]

Ван Емден покренал медиумско внимание кога ја запросил својата девојка во текот на хронометарот на Џиро д’Италија 2014. Откако прифатила, ја завршил етапата како 120. од 156 велосипедисти.[4][5]

Во 2015 година, Ван Емден завршил втор на индивидуалниот хронометар на Трката околу Калифорнија, седејќи на жешкото столче цел ден пред да биде поразен од Петер Саган.[6] Два месеци подоцна, Ван Емден прв пат учествувал на Тур де Франс. Бил петти на воведниот хронометар кој се случил во неговата родна земја.[7] Неговата најголема победа дошла на индивидуалниот хронометар на Енеко Тур, со што го презел и водството на трката.[8]

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[9]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. Етапа 4 Тур де Норманди
1. Етапа 1 Тур ди Лоар ет Шер
Гран при Вилем Тел
1. Пролог
1. Етапа 1
1. Краен пласман Росеритет ДНВ ГП
1. Етапа 1
1. Краен пласман Триптик де Бараж (под 23 години)
1. Етапа 2
2007
1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас
1. Минстерланд Џиро
2008
1. Етапа 7 Тур де Норманди
1. Етапа 1 Рона-Алпи Изер Тур
1. Етапа 5 Вуелта Сиклиста а Леон
2010
2. Краен пласман Делта Тур Зеланд
1. Пласман за млад возач
1. Пролог
1. Пролог Стер ЗЛМ Тур
1. MaillotHolanda.PNG Национално хронометарско првенство
2011
1. Стадспрејс Герардсберген
3. Краен пласман Делта Тур Зеланд
1. Пролог
5. Краен пласман Енеко Тур
2013
1. Минстерланд Џиро
4. Краен пласман Трка околу Хајнан
2014
3. Национално хронометарско првенство
10. Париз-Тур
2015
1. Етапа 4 (ITT) Енеко Тур
3. Национално хронометарско првенство
6. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
2016
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 1 (ITT)
5. Краен палсман Енеко Тур
8. Светско хронометарско првенство
2017
1. Дварс дор Вест Вландерен
1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија
4. Национално хронометарско првенство
5. Европско хронометарско првенство
6. Краен пласман Трка околу Британија
8. Ле Самин
2018
1. Етапа 5 (ТТТ) Трка околу Британија
5. Национално хронометарско првенство
10. Париз-Тур
2019
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка ОАЕ

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 166 116 159 107 120 117 99
Jersey yellow.svg Тур 121 СО
Jersey red.svg Вуелта СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cheery Christmas for ambitious Team Jumbo-Visma“, „Џамбо-Висма“, Team Oranje Road BV, 21 декември 2018 (посет. 4 јануари 2019 г).
  2. "Јос ван Емден". De Wielersite (холандски). конс. 13 август 2015. 
  3. Jos van Emden Nederlands Kampioen tijdrijden“, De Persgroep Nederland, 24 јуни 2010 (посет. 13 август 2015 г). (на холандски)
  4. "Јос ван Емден застана на хронометарот на Џиро д’Италија за да ја запроси својата девојка". The Guardian. Guardian Media Group. 30 мај 2014. конс. 5 јуни 2014. 
  5. "Van Emden haalt internationale pers". NOS (холандски). Nederlandse Omroep Stichting. 30 мај 2014. конс. 5 јуни 2014. 
  6. Van Emden enorm teleurgesteld na mislopen zege in Californië“, Sanoma Media Netherlands Group, 16 мај 2015 (посет. 13 август 2015 г). (на холандски)
  7. Jos van Emden: 'Ben echt ontzettend blij'“, 4 јули 2015 (посет. 13 август 2015 г). (на холандски)
  8. Tijdritzege en leiderstrui Van Emden in Eneco Tour“, Nederlandse Omroep Stichting, 13 август 2015 (посет. 13 август 2015 г). (на холандски)
  9. "71st Vuelta a España". ProCyclingStats. конс. 20 август 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Стеф Клемент
Национален хронометарски првак
2010
Наследник
Стеф Клемент