Џиро започнала во Ерусалим на 4 мај со поединечен хронометар во должина од 9,7 километри, по што следеле уште две етапи во Израел. По денот за одмор, имало уште 18 етапи во Италија пред да стигнат во Рим на 27 мај.[3] На почетокот на Џиро д’Италија 2018 била оддадена и почит кон италијанскиот велосипедст Џино Бартали, трикратен победник на Џиро д’Италија. Бартали помогнал во спасување на стотици италијански Евреи во текот на Холокаустот и бил прогласен во 2013 година од Јад Вашем како Праведен помеѓу народите.[4]
Трката била освоена од возачот на Тим Скај, Крис Фрум, кој со тоа ги држел во посед сите три титули на големите трки истовремено и станал првиот британски возач кој го освоил генералниот пласман на Џиро. Фрум паднал пред прологот и губел време во првите две недели. Во завршната недела, меѓутоа, ја освоил етапата која завршувала на Ѕонколан, а подоцна освоил неколку минути пред сите останати на етапата 19 со возење опишано како „за историските читанки“.[5] На крајот го поразил бранителот на титулата, Том Димулен, со 46 секунди.[6]
Големиот почеток на Џиро во периодот од 4 од 6 мај, еден од најскапите спортски настани во историјата на Израел, бил главно финансиран од канадско-израелскиот моќник Силван Адамс со помош на министерствата за туризам и сообраќа на Израел. Трката започнал со поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, а подоцна следеле етапите во должина од 167 километри од Хаифа до Тел Авив и 229-километарската етапа од Бершева до Ејлат.[7] Тоа биле први етапи на било која голема трка одржани надвор од Европа.
Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
На Џиро д’Италија 2018 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2018 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[10][11]
Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На искачувањата од прва категорија, осум возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, шест возачи добивале бодови; на искачувањата од трета категорија, само четворица возачи добивале бодови, додека само тројца возачи освојувале бодови на искачувањата од четврта категорија. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[10] Со 2.757 метри, „Чима Копи“ за 2018 година ќе биде превојот Коле деле Финестре.
Бодови за бодовниот пласман
Место
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
етапи 1–3, 5–7, 12–13
50
35
25
18
14
12
10
8
7
6
5
4
3
2
1
етапи 8, 14–15, 17
25
18
12
8
6
5
4
3
2
1
0
други етапи (освен ITT)
15
12
9
7
Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[10][11]
Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1994 година.[10]
Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[10]
↑На втората етапа, Роан Денис, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел маичката циклама, бидејќи Том Димулен (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.
↑На етапите 10-15, Естебан Чавес, кој бил втор во планинскиот пласмна, ја носел сината маичка, бидејќи Сајмон Јејтс (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина Џулио Чиконе ја носел сината маичка на етапите 16-18.
↑На етапата 20, Сајмон Јејтс, кој бил втор во планинскиот пласмна, ја носел сината маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина Џулио Чиконе ја носел сината маичка на етапата 21.
Биле наградувани и неколку други помали пласмани. Првиот бил пласманот за средни спринтови. На секоја друмска етапа имало два спринта. Првите возачи кои ќе поминеле низ целта на средните спринтови добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојува пласманот. Друг пласман — наградата за борбеност (италијански: Premio Combattività) — вклучувала бодови доделени на возачот на завршницата на етапата, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Постоела и награда за бегство (италијански: Premio della Fuga). За ова, бодови биле доделувани на секој возач вклучен во било кое бегство помало од 10 возачи, кое се одвоило најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од групата. Возачот со најмногу бодови на крајот на Џиро ја добивал наградата. Завршниот пласман е „фер плеј“ за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Се движеле од половина бод, за нарушувања на предупредувања од организаторите на трката, до 2.000 бода казна за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку бодови на крајот на Џиро го освојувала пласманот.