Џиро д’Италија 2013
| Светска турнеја на UCI 2013, трка 15 од 28 | |||
| Рутата на Џиро д’Италија 2013 | |||
| Детали за трката | |||
|---|---|---|---|
| Датум(и) | 4 – 26 мај | ||
| Етапи | 21 | ||
| Растојание | 3.405 км | ||
| Добитници на наградите | |||
| Победник | (Астана) | ||
| Втор | (Тим Скај) | ||
| Трет | (Аксент Џобс-Ванти) | ||
| Бодовен | (Омега Парма-Квик Степ) | ||
| Планински | (Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс) | ||
| Младински | (Аг2р-Ла Мондијал) | ||
| Екипен | Тим Скај | ||
| Екипни бодови | Мовистар Тим | ||
Џиро д’Италија 2013 било 96. издание на Гранд Тур трката Џиро д’Италија. Започнала во Неапол и завршила во Бреша.
Екипи и возачи
[уреди | уреди извор]Бидејќи е трка во Светската турнеја, Џиро е обврзан да ги покани сите UCI World Tour екипи и овие екипи се обврзани да испратат свој состав. На почетокот на сезоната постоеле 18 вакви екипи и организаторите на трката издале дополнителни 4 покани со што вкупниот број на екипи би изнесувал 22.[1] Меѓутоа, Катјуша го добиле спорот против губењето на нивниот статус и UCI одлучил против отстранување на некој од другите екипи,[2] што значело дека 23 екипи ќе настапат на Џиро, нешто слично што се случило во 2011. Екипи кои ќе настапат се:
*Професионални континентални екипи поканети на трката со специјални покани.
Фаворити пред трката
[уреди | уреди извор]Бредли Вигинс, победник на Тур де Франс 2012, потврдил дека ќе цели на Џиро во 2013. Победникот на минатогодишното издание Рајдер Хесједал се очекува да вози во одбрана на неговата титула. Винченцо Нибали најавил дека планира да вози на трката. Други можни кандидати се Самуел Санчес, Доменико Поцовиво, Микеле Скарпони, Кедел Еванс и Роберт Гесинк.[3]
Рута и етапи
[уреди | уреди извор]Целосната рута била објавена на 30 септември 2012 во Милано во присуство на некои возачи. По првпат од 2008, првите етапи на трката (вкупно осум) ќе се одржат на југот од Италија. Островот Искја исто така ќе биде домаќин на етапа по првпат во 54 години.
Во 2013, трката ќе оддаде почит на жртвите во катастрофата на браната Вајонт од 1963, но исто така и на композиторот Џузепе Верди на етапата 13 и на познатиот велосипедист и трикратен победник на Џиро Џино Бартали на етапата 9. Некои делови од рутата исто така ќе бидат идентични за возачите кои ќе настапат на Светските друмски првенства 2013 во Фиренца.[4][5]
Како дел од промената на правилото од минатогодишната трка, сега на сите етапи ќе постојат временски бонуси за првите тројца возачи (20, 12 и 8 секунди соодветно). Во 2012, на етапите одредени како планински не постоеја временски бонуси. Исто така, Џиро е првата трка која вклучи два средни спринта по друмска етапа, наместо како досега по еден. Овие спринтови се бодуваат за бодовниот пласман и се добиваат бонус секунди во генералниот пласман.[6]
Поредок
[уреди | уреди извор]На Џиро д’Италија 2013 постојат четири различни маички. Во генералниот пласман сметан преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и вклучувајќи ги временските бонуси за првите тројца на друмските етапи, предводникот ќе ја добие розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија и победникот се смета за победник на трката.[7]

Во бодовниот пласман се доделува црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат во првите 15 на некоја етапа. За разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, видот на етапата нема никаква улога во бројот на бодови - секоја етапа се бодува со ист број на бодови. Победата носи 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 14, петтото 12, шестото 10, а понатаму за секое место се намалува по еден бод, сè до еден бод за 15. место. Дополнително бодови можат да се освојат на двата средни спринта на секоја друмска етапа.[7]
Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Маичката била зелена на нејзиниот почеток, но со промената на спонзорството, бојата на маичката била промената во сина. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. Чима Копи, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[7] Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1988.[7]
Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[7]
Пласмани
[уреди | уреди извор]| Легенда | |||
|---|---|---|---|
| |
Го означува предводникот во генералниот пласман | |
Го означува предводникот во планинскиот пласман |
| |
Го означува предводникот во бодовниот пласман | |
Го означува предводникот пласманот за млад возач |