Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2018
Детали за трката
Издание4. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2018 1.UWT
Датум28 јануари 2018
Растојание164 км
ДржаваAUS Австралија
ПоаѓалиштеМелбурн
ОдредиштеУниверзитет Гилонг
Екипи16
Возачи на почеток106
Возачи на крај69
Просечна брзина40,33 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникAUS Џеј Мекарти (Бора-Хансгрое)
ВторопласиранITA Елија Вивијани (Квик-Степ Флорс)
ТретопласиранRSA Дарил Импи (Мичелтон-Скот)
ПланинскиDEN Ласе Норман Хансен (Аква Блу Спорт)
СпринтерскиRUS Павел Кочетков (Катјуша-Алпесин)
МладинскиBEL Бјорг Ламбрехт (Лото-Судал)
ЕкипенBEL Квик-Степ Флорс
◀20172019▶
Документација

Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2018 — 4. издание на велосипедската еднодневна трка Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, која се одржала на 28 јануари како втор настан во сезоната на Светската турнеја. Вторпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]

Австралискиот возач Џеј Мекарти (Бора-Хансгрое) бил на чело на 24-члена група на целта и ја освоил трката,[3] пред Италијанецот Елија Вивијани од екипата Квик-Степ Флорс на второто место, додека Јужноафриканецот Дарил Импи го заокружил подиумот за Мичелтон-Скот.

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Поради тоа, дванаесет од осумнаесетте екипи настапиле на трката.[4] Дополнително, три професионални континентални екипи се натпреварувале, додека австралиската национална екипа ја заокружила главната група од 16 екипи.

Екипи од Светската турнеја на UCI (12)Професионални континентални екипи (3)Национална екипа
  • AUS Австралија

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[5]

Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. AUS Џеј Мекарти Бора-Хансгрое4ч 04' 00
2. ITA Елија Вивијани Квик-Степ Флорс+ 0
3. RSA Дарил Импи Мичелтон-Скот+ 0
4. BEL Дрис Девенинс Квик-Степ Флорс+ 0
5. AUS Сајмон Геранс БМЦ Рејсинг Тим+ 0
6. GER Никијас Арнт Тим ДСМ+ 0
7. AUS Стил фон Хоф Австралија+ 0
8. NED Мауриц Ламертинк Катјуша-Алпесин+ 0
9. ITA Енрико Батаљин Лото НЛ-Џамбо+ 0
10. DEN Ларс Бак Лото-Судал+ 0
11. NED Роберт Гесинк Лото НЛ-Џамбо+ 0
12. GBR Овен Дул Тим Скај+ 0
13. FRA Пјер Латур АГ2Р Ла Мондијал+ 0
14. NED Кун де Корт Трек-Сегафредо+ 0
15. BEL Мартен Винантс Лото НЛ-Џамбо+ 0
16. AUS Камерон Мајер Мичелтон-Скот+ 0
17. POR Жозе Гонсалвеш Катјуша-Алпесин+ 0
18. FRA Микаел Шерел АГ2Р Ла Мондијал+ 0
19. BEL Бјорг Ламбрехт Лото-Судал+ 0
20. POR Рубен Гереиро Трек-Сегафредо+ 0
Извор: ProCyclingStats


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
  2. „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
  3. Маршал-Бел, Крис (28 јануари 2018). „Jay McCarthy becomes first Australian to win Cadel Evans Great Ocean Road Race“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 28 јануари 2018.
  4. „12 WorldTour teams for 2018 Cadel Evans Road Race“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 15 декември 2017. Посетено на 27 јануари 2018.
  5. „Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс" 2018“. ProCycling.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]