Феликс Гросшартнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Феликс Гросшартнер
Гросшартнер во 2019 година
Лични податоци
Цело имеФеликс Гросшартнер
Роден23 декември 1993 (1993-12-23) (28 г.)
Велс,  Австрија
Висина1,84 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2011 Горна Австрија
Професионални клубови
2012–2015
2015
2016–2017
2018-
РК Арбе-Велс-Гурметфајн
Тинкоф-Саксо (стажант)
ЦЦЦ-Спранди-Полковице
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Турција (2019)

Еднодневни трки и класици

Национално друмско првенство (2022)
Национално хронометарско првенство (2022)
Последна промена
1 ноември 2022

Феликс Гросшартнер (германски: Felix Großschartner; р. 23 декември 1993) — австриски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Гросшартнер станал професионалец во 2012 година со екипата РК Арбе-Велс-Гурметфајн. Во 2016 година станал дел од професионалната континентална екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице. Со оваа екипа настапил на неговата прва голема трка: Џиро д’Италија 2017.[2]

Бора-Хансгрое (2018-денес)[уреди | уреди извор]

Во септември 2017 година, Гросшартнер потпишал договор да вози за екипата Бора-Хансгрое во сезоната 2018.[3] Во април 2019 година, Гросшартнер ја освоил својата прва етапна трка на Трката околу Турција, освојувајќи ја етапата која завршила на скијачки центар јужно од Картепе.[4][5] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[6] Во август 2020 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс.[7] Го постигнал својот најдобар резултат на некоја голема трка подоцна во сезоната, завршувајќи на деветтото место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања.[8] Повторно бил избран од Бора-Хансгрое како нивен главен фаворит за генералниот пласман за Вуелта а Еспања 2021 и завршил на десеттото место во генералниот пласман.[9]

Во 2022 година, Гросшартнер ги освоил своите први национални првенства, освојувајќи ги обете дисциплини друмската трка и хронометарот.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2012
1. Етапа 1 (TTT) Трка Секлерланд
2013
10. Краен пласман Сиркуит де Арден
10. Краен пласман Мировна трка под 23 години
2014
3. Истарски пролетен трофеј
5. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
2015
1. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Трка околу Австрија
3. Национално друмско првенство под 23 години
4. Рајфајзен гран при
5. Краен пласман Трка околу Горна Австрија
7. Џиро дел Белведере
8. Краен пласман Алп Изер Тур
8. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија
1. Етапа 2
9. Краен пласман Истарски пролетен трофеј
10. ГП Изола
2016
4. Краен пласман Трка околу Хрватска
7. Краен пласман Трка околу Чешка
2017
3. Краен пласман Трка околу Австрија
4. Краен пласман Трка околу Хрватска
10. Краен пласман Трка околу Чешка
2018
Национални првенства
2. Друмска трка
3. Хронометар
2. Краен пласман Трка околу Гуангси
7. Кантон Аргау
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Краен пласман Париз-Ница
10. Трофео Сера де Трамунтана
2019
1. MaillotCyan.PNG Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 5
4. Краен пласман Тур де Романди
4. Краен пласман Трка околу Чешка
5. Краен пласман Трка околу Гуангси
5. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2020
1. Етапа 1 Вуелта а Бургос
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Париз-Ница
2021
1. Етапа 5 Трка на Алпите
4. Краен пласман Сетимана Чиклистика Италијана
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
2022
Национални друмски првенства
1. MaillotAustria.PNG Друмска трка
1. MaillotAustria.PNG Хронометар
7. Краен пласман Тур де Свис

Распоред на резултати[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Jersey pink.svg Џиро 78 27 42
Jersey yellow.svg Тур 63 53
Jersey red.svg Вуелта 36 9 10
Распоред на резултати на поголемите етапни трки
Етапна трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Jersey yellow.svg Париз-Ница 10 12 9 73 СО
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико не настапил во текот на својата кариера
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 92 18 НСО
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 46 СО
Jersey yellow.svg Тур де Романди 4 28
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 53 61
Jersey yellow.svg Тур де Свис 28 СО НСО 7

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bora - Hansgrohe“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  2. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 May 2017.
  3. „BORA - hansgrohe closes 2018 roster with the signing of Felix Großschartner“. Бора-Хансгрое. Denk Pro Cycling GmbH & Co. KG. 27 September 2017. Посетено на 23 January 2022.
  4. Long, Jonny (20 April 2019). „Felix Grossschartner claims stage five victory and overall lead in Tour of Turkey 2019“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 23 January 2022.
  5. Long, Jonny (21 April 2019). „Caleb Ewan wins Tour of Turkey stage six as Grossschartner claims overall victory“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 23 January 2022.
  6. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 август 2019.
  7. „107th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 27 August 2020.
  8. Bonville-Ginn, Tim (9 November 2020). „Vuelta a España standings: Final results from the 2020 race“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 23 January 2022.
  9. Fletcher, Patrick (5 September 2021). „Primoz Roglic wins the Vuelta a España“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 23 January 2022.
  10. „Felix Großschartner und Christina Schweinberger fixieren Double mit Straßenerfolgen“ [Felix Großschartner and Christina Schweinberger fix double with road successes]. RadsportVerband.at (German). Австриска велосипедска федерација. 26 June 2022. Посетено на 26 June 2022.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]