Дани ван Попел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дани ван Попел
Ван Попел на Трката околу Британија 2016
Лични податоци
Цело имеДани ван Попел
Роден26 јули 1993 (1993-07-26) (25 г.)
Утрехт,  Холандија
Висина1,84 м
Маса78 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Професионални клубови
2012
2013
2014–2015
2016-2017
2018-
Рабобанк Континентал Тим
Вакансолел-ДКМ
Трек Фактори Рејсинг
Тим Скај
Лото НЛ-Џамбо
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2015)
Последна промена
16 јуни 2019

Дани ван Попел (холандски: Danny van Poppel; р. 26 јули 1993 во Утрехт) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1]

Почетоци и личен живот[уреди | уреди извор]

Тој е син на поранешните професионални велосипедисти Жан Пол ван Попел и Леонтин ван дер Линден; неговиот постар брат Бој ван Попел, исто така, е професионален велосипедист.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Дани ван Попел возел на Тур де Франс 2013 со наполнети 19 години и со тоа станал најмладиот велосипедист кој возел на Тур де Франс од Втората светска војна.[3] На воведната етапа, завршил на третото место и ја носел белата маичка — доделувана во пласманот за млад возач — следниот ден, бидејќи предводникот во пласманот Марсел Кител ја носел жолтата маичка како предводник на трката.[4] Останал во трката до последната недела, повлекувајќи се на вториот ден за одмор.[5]

Ван Попел се приклучил на Трек Фактори Рејсинг за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа – Вакансолел-ДКМ – се распаднала на крајот на сезоната 2013.[6] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015,[7] каде ја остварил најголемата победа во својата кариера дотогаш на дванаесеттата етапа. Подоцна било објавено дека Ван Попел ќе се приклучи на Тим Скај за сезоната 2016.[8]

Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[9]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Три дена Ван Аксел
1. Етапа 4
2. ГП Бати-Метало
4. Краен пласман Лиеж-Ла Глез
1. Етапа 2
10. Краен пласман Кур де ла Пе за јуниори
1. Етапа 1
2011
2. Краен пласман Три дена Ван Аксел
1. Етапа 5
8. Краен пласман Кур де ла Пе за јуниори
1. Етапа 6
2012
Трка околу Тирингија под 23 години
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Вуелта а Кастилја и Леон
2. Истарски пролетен трофеј
5. Гран при де ла вил де Ножан сир Ез
6. Меморијал Арно Валард
10. Краен пласман Трка Олимпија
2013
3. Класик Хандзаме
5. Ронде ван Дренте
5. Класик РајдЛондон-Сари
7. Бриселски велосипедски класик
8. Краен пласман Тур де Пикарди
2014
1. Пролог Трка околу Луксембург
3. Шелдепрејс
3. ГП Џеф Схеренс
4. ГП Кантон Аргау
5. Фландриско првенство
7. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
1. Етапа 1
2015
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман Тур де Валони
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 12 Вуелта а Еспања
2. ГП Пино Черами
3. Национално друмско првенство
4. ГП Импанис-Ван Петегем
5. Трофео Сантањи-Сес Салинес-Кампос
5. Шелдепрејс
6. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
1. Етапа 2
6. Нокере Курсе
8. Фландриско првенство
2016
Вуелта а Бургос
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 2 Тур де Јоркшир
1. Етапа 2 Арктичка трка на Норвешка
4. Јуроајс Класик
6. Схелдепрејс
1. Jersey blue.svg Спринтерски пласман Три дена Де Пане
2017
1. Пролог Хералд Сан Тур
1. Етапа 5 Трка околу Полска
2018
1. Хале-Ингоигем
1. Бинше-Шиме-Бинше
1. Етапа 1 Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Национално друмско првенство
2. Класика де Алмерија
3. Класик Фамен Арден
2019
5. Гент-Вевелгем
7. Дварс дор Вландерен

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 121
Jersey yellow.svg Тур СО СО
Jersey red.svg Вуелта 141 132

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Team LottoNL-Jumbo and Danny van Poppel seal two-year deal“, „Лото НЛ-Џамбо“, Rabo Wielerploegen BV, 20 септември 2017 (посет. 4 јануари 2018 г).
  2. u23 Mock Last: Place 15 – Boy van Poppel“, cycling4fans.de (посет. 29 јуни 2013 г).
  3. Вестемајер, Сузан. „Вакансолел цели на етапни победи на Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 јуни 2013 (посет. 29 јуни 2013 г).
  4. Вестбај, Мет. „Марсел Кител ја презема жолтата маичка по хаосот на првата етапа, во кој настрада Марк Кевендиш“, „Sky Sports“, BSkyB, 29 јуни 2013 (посет. 30 ноември 2013 г).
  5. Вакансолел го повлече 19-годишниот Дани ван Попел од Тур де Франс“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 15 јули 2013 (посет. 30 ноември 2013 г).
  6. Трек потпиша со браќата Ван Попел и Фелине за 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 октомври 2013 (посет. 30 ноември 2013 г).
  7. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. конс. 21 август 2015. 
  8. Вин, Најџел (25 септември 2015). „Тим Скај потпиша со Дани ван Попел од Трек Фактори Рејсинг“. Cycling Weekly. конс. 26 септември 2015. 
  9. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. конс. 3 мај 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]