Бој ван Попел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бој ван Попел
Ван Попел на Трката околу Британија 2016
Лични податоци
Цело имеБој ван Попел
Роден18 јануари 1988 (1988-01-18) (31 г.)
Утрехт,  Холандија
Висина1,85 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТрек-Сегафредо
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Професионални клубови
2006–2010
2011–2012
2013
2014–
Рабобанк Континентал Тим
ЈунајтедХелткер
Вакансолел-ДКМ
Трек Фактори Рејсинг
Последна промена
22 март 2018

Бој ван Попел (холандски: Boy van Poppel; р. 18 јануари 1988 во Утрехт) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Трек-Сегафредо.[1] Тој е син на поранешните велосипедисти Жан Пол ван Попел[2] и Леонтин ван дер Линден.[3]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

На 12 септември 2008, Ван Попел ја освоил петтата етапа на Трката околу Мисури. Со таа победа му го нанел првиот пораз во масовен спринт на Марк Кевендиш од Џиро д’Италија 2008 одржана во мај1.[4] На Трката околу Британија 2012, Ван Попел постојано завршувал во првите десет на бројни етапи, што му помогнало да го обезбеди бодовниот пласман пред второпласираниот Марк Кевендиш.[5]

Кон крајот на 2012, Ван Попел потпишал договор за сезоната 2013 со екипата Вакансолел-ДКМ[6], станувајќи трет член на неговото семејство кој е дел од екипата; неговиот брат Дани исто така ѝ се приклучил на екипата за сезоната 2013, како прва година професионална сезона, додека неговиот татко Жан Пол работел како спортски директор во екипата.[6]

Ван Попел му се приклучил на Трек Фактори Рејсинг за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[1] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Етапа 5 Трка околу Мисури
9. Омлоп ван хет Васланд
2009
1. Етапа 3 Тур де Норманди
1. Пролог (ТТТ) Трка Олимпија
2. Шал Селс-Мерксем
2010
1. Етапа 4 Крајц Брајц
5. Класик Шатору
6. Зелик-Галмарден
9. Дварс дор Дренте
2011
5. Краен пласман Ронде ван Дренте
2012
3. Нокере Курсе
8. Краен пласман Трка околу Британија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
8. Класик Хандзаме
2013
4. Кансер Кансил Хелплајн Класик
6. Ватенфал Класик
6. Амстел Курасао Рејс
2014
8. Хале-Ингоигем
2017
9. Краен пласман Три дена Де Пане

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 131 146 СО
Jersey yellow.svg Тур 144
Jersey red.svg Вуелта 158

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трек потпиша со браќата Ван Попел и Фелине за 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 октомври 2013 (посет. 1 декември 2013 г).
  2. Роб Лампард. „Де Мар победи сам во Стоук“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 13 септември 2012 (посет. 14 септември 2012 г).
  3. u23 Mock Last: Place 15 – Boy van Poppel“, „Place 15 – Boy van Poppel“, cycling4fans.de (посет. 29 јуни 2013 г).
  4. Марк Залевски. „Млад член на Рабобанк им покажа на спринтерите во Мисури“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 септември 2008 (посет. 14 септември 2012 г).
  5. Роб Лампард. „Тирнан-Локе ја освои Трката околу Британија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 16 септември 2012 (посет. 16 септември 2012 г).
  6. 6,0 6,1 Бој ван Попел им се приклучува на Вакансолел-ДКМ“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 декември 2012 (посет. 28 декември 2012 г).
  7. „Vuelta a España 2015“. Cycling Fever. конс. 21 август 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]