Луис Мејнчес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луис Мејнчес
Мејнчес на Тур де Франс 2016
Лични податоци
Цело имеЛуис Мејнчес
Роден21 февруари 1992(1992-02-21)(32 г.)
Преторија, Јужна Африка ЈАР
Висина1,73 м
Маса59 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Кубека Асос
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2011
2012
УК Серен Крабе Перформанс
Лото Белисол У23
Професионални клубови
2013-2015
2016-2017
2018-
МТН Кубека
Лампре-Мерида
Тим Дименжн Дата
Значајни победи
Етапни трки
Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали (2015)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2014)
Последна промена
31 мај 2019

Луис Мејнчес (африканс: Louis Meintjes; р. 21 февруари 1992 во Преторија) — јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

МТН-Кубека (2013–2015)[уреди | уреди извор]

Луис влегол во велосипедскиот свет во септември 2013 година, кога го освоил сребрениот медал на Светското друмско првенство под 23 години. Луис имал импресивна сезона 2014, кога ја извозел и својата голема трка, Вуелта а Еспања 2014. Негов најдобар резултат на шпанската трка било петтото место на четиринаесеттата етапа.[2] Во март 2015 година, Мејнчес ја освоил завршната етапа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, обезбедувајќи ја и крајната победа.[3] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[4] Завршил петти на планинската етапа до Плато де Бел пред да го напушти Тур поради болест. Завршил на 10. место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања.

Лампре-Мерида (2016–2017)[уреди | уреди извор]

2016[уреди | уреди извор]

Во септември 2015 година, при учеството на Вуелта а Еспања 2015, Мејнчес објавил дека ќе се приклучи на Лампре-Мерида на две години почнувајќи од 2016 година.[5]

Ја започнал сезоната 2016 на Тур Даун Андер и завршил на 16. место и петти во пласманот за белата маичка. Меѓутоа, Мејнчес ја покажал својата одлична форма на Критериум ди Дофине завршувајќи деветти на крај и петти на етапата до Мерибел. Потоа возел на Тур де Франс, каде покажал неверојатна форма, освојувајќи го осмото место на крај и второто место во пласманот за белата маичка. Бил деветти по десеттата етапа, но на следната етапа изгубил време поради накрсни ветрови. Се опоравил и имал одличен планински хронометар на етапата 18, враќајќи го своето 9. место. На следната етапа, Мејнчес завршил четврти спринтајќи со Родригес и Валверде. Завршил со фаворитите на следната етапа, со што го добил осмото место во Париз. Следна трка на Мејнчес била олимписката друмска трка, каде завршил седми пред да отпадне на завршното искачување, меѓутоа се вратил со спринт на целта.

2017[уреди | уреди извор]

Мејнчес завршил на шестото место на Трката околу Баскија и два месеци подоцна завршил осми на Критериум ди Дофине. На Тур де Франс, Мејнчес уште еднаш бил предводник на екипата за ОАЕ Абу Даби, и бавно се искачувал меѓу првите десет во втората седмица, откако завршил петти на етапата 12.[6] Се искачил уште две места во завршната недела и завршил осми во генералниот пласман по вторпат во неговата кариера на Тур. Негова последна трка во сезоната била Вуелта а Еспања, каде Мејнчес завршил на 12. место.

Тим Дименжн Дата (2018–денес)[уреди | уреди извор]

Мејнчес се вратил во неговата поранешна екипа, Тим Дименжн Дата, за сезоната 2018. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија.[7] Меѓутоа, имал проблеми со неговата форма низ пролетта и не бил постојан. На крајот ја напуштил трката во завршната седмица. Негов најдобар резултат во сезоната била завршната трка за подготовка за Вуелта а Еспања, Вуелта а Бургос, каде завршил на деветтото место. Мејнчес повторно се мачел на Вуелта а Еспања и завршил само на 58. место на крајот.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
1. Национално јуниорско друмско првенство
2011
1. Етапа 3 Триптик Арденес
2. Национално друмско првенство под 23 години
Африканско континентално првенство
2. Екипен хронометар
2. Поединечен хронометар
3. Синт-Ламбрехтс-Херк
4. Краен пласман Анатомик Јок Рејс
5. Друмска трка Вален
2012
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Фаст Уан
2. Национално друмско првенство под 23 години
3. Обел (Лиеж)
5. Краен пласман Класик Си Отер
6. Краен пласман Тур де По де Савоја
7. Национално хронометарско првенство
10. Национално друмско првенство
2013
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Национално друмско првенство
2. Светско друмско првенство под 23 години
2. Краен пласман Трка околу Руанда
4. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Тајван
9. Краен пласман Трка околу Кореја
1. Етапа 5 (ТТТ)
10. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
2014
1. Национално друмско првенство
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Краен пласман Трка Мзанси
1. Етапа 2
1. Пласман за млад возач
1. Планински пласман
5. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Пласман за млад возач
2015
1. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 4
1. Африканско друмско првенство
1. Планински пласман Сиркут Сиклист Сарт
Африканско континентално првенство
2. Екипен хронометар
4. Поединечен хронометар
3. Национално хронометарско првенство
6. Краен пласман Трка околу Оман
1. Пласман за млад возач
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Пласман за млад возач
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
2016
7. Олимписка друмска трка
8. Краен пласман Тур де Франс
9. Краен пласман Критериум ди Дофине
2017
6. Краен пласман Трка околу Баскија
8. Краен пласман Критериум ди Дофине
8. Краен пласман Тур де Франс
2018
9. Краен пласман Вуелта а Бургос
2019
3. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Џиро СО
Тур СО 8 8
Вуелта 55 10 40 12 58
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Париз-Ница 22 СО
Тирено-Адријатико 39 17
Волта а Каталуња СО 35 52
Трка околу Баскија СО 6
Тур де Романди СО 20
Критериум ди Дофине 52 9 8
Тур де Свис 26

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Louis Meintjes signs for Dimension Data“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 14 август 2017. Посетено на 2 јануари 2018.
  2. „Excellent team performance allows Meintjes to climb to 5th“. 6 септември 2014. Посетено на 6 септември 2014.
  3. „Meintjes wins finale stage 4 and overall title at Coppi e Bartali“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 март 2015. Посетено на 29 март 2015.
  4. „2015 Tour de France start list“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  5. Бенсон, Даниел (3 септември 2015). „Louis Meintjes signs for Lampre-Merida“. cyclingnews.com. Посетено на 3 септември 2015.
  6. „Chris Froome loses yellow jersey to Fabio Aru as Romain Bardet wins Tour de France summit finish“. Cycling Weekly (англиски). 13 јули 2017. Посетено на 31 октомври 2018.
  7. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]