Тур де Франс 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Франс 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 18 од 28
Route of the 2013 Tour de France.png
Рута на Тур де Франс 2013
Детали за трката
Датум(и) 29 јуни 2013 (2013-06-29)
Етапи 21
Растојание 3.403,5 км
Време 83ч 56' 40" (25,2 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Крис Фрум (ВБР) (Тим Скај)
Втор  Наиро Кинтана (КОЛ) (Мовистар Тим)
Трет  Хоаким Родригез (ШПА) (Катјуша)

Бодовен  Петер Саган (СВК) (Канондејл)
Планински  Наиро Кинтана (КОЛ) (Мовистар Тим)
Младински  Наиро Кинтана (КОЛ) (Мовистар Тим)
Екипен Тим Саксо-Тинкоф
2012
2014

Тур де Франс 2013 било 100. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката започнала на 29 јуни со рамна етапа од Порто-Векио до Бастија. Трката завршила со церемонијална етапа на Шанзелизе во Париз на 21 јули. Дваесет и две екипи настапиле на трката, која ја освоил Британецот Крис Фрум од Тим Скај. Второто и третото место соодветно им припаднало на Колумбиецот Наиро Кинтана и Шпанецот Хоаким Родригез.

Германскиот спринтер Марсел Кител бил првиот возач кој ја носел водечката жолта маичка. Кител го загубил водството следниот ден од Јан Бакелантс кој успеал да постигне една секунда предност по нападот кон крајот на етапата. Австралијанецот Сајмон Геранс го преземал водството откако неговата екипа, Орика-ГринЕЏ, го освоила екипниот хронометар на четвртата етапа. Геранс бил поминат во водството од колегата Дарил Импи по завршувањето на петтата етапа. Крис Фрум го преземал водството од Импи по завршувањето на осмата етапа. Фрум го одржал водството до крајот на трката во Париз преку постојаните добри резултати на индивидуалните хронометри и планинските етапи.

Крис Фрум станал вториот последователен британски велосипедист, кој го освоил Тур де Франс, откако Бредли Вигинс успеал во тоа една година пред тоа. Во другите пласмани на трката, возачот на Мовистар Тим Наиро Кинтана го освоил планинскиот пласман и исто така завршил како најдобар млад возач во генералниот пласман, завршувајќи на второто место; Петер Саган од екипата Канондејл бил освојувач на бодовниот пласман, додека Тим Саксо-Тинкоф завршиле како победници на екипниот пласман.

Екипи[уреди | уреди извор]

Сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Три професионални континентални екипи, сите од Франција, биле исто така поканети.[1]

Аг2р-Ла Мондијал
БМЦ Рејсинг Тим
FDJ.fr
Мовистар Тим
Сожасен
Тим Скај
Аргос-Шимано
Канондејл
Гармин-Шарп
Омега Парма-Квик Степ
Тим Јуропкар
Вакансолел-ДКМ
Астана
Кофидис
Лампре-Мерида
Орика-ГринЕЏ
Катјуша
Белкин Про Сајклинг
Еускалтел-Еускади
Лото-Белисол
РадиоШек-Леопард
Тим Саксо-Тинкоф

†: Поканети професионални континентални екипи

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Возачот на Тим Скај Крис Фрум, крајниот победник, бил сметан за фаворит пред трката

Бредли Вигинс, бранителот на титулата, бил насочен кон Џиро д’Италија, но се повлекол на почетокот поради болест.[2] Подоцна се повлекол и од Тур де Франс поради болест и повреда поради која не бил во можност доволно да тренира.[3] Поради ова Крис Фрум, второпласираниот на трката во 2012, станал предводник на Тим Скај и главен фаворит на трката, освојувајќи ги Трката околу Оман, Критериум Интернасионал, Тур де Романди и Критериум ду Дофине во 2013.[4] Уште еден возач на Тим Скај Ричи Порт имал одлична форма во 2013, победувајќи на Париз-Ница и завршувајќи втор зад Фрум на Критериум Интернасионал и Дофине, но се очекувало да биде негов помошник и да вози за него. Еден од главниот фаворити, Алберто Контадор (Тим Саксо-Тинкоф), се вратил на трката откако бил суспендиран на минатото издание. Енди Шлек од РадиоШек-Леопард, победникот во 2010, исто така повратник, откако ја пропуштил трката во 2012 поради повреда. Други кандидати биле Хоаким Родригез од Катјуша, кој бил на подиум на Џиро и Вуелта во 2012, Алехандро Валверде од Мовистар Тим, кој бил втор на Вуелта 2012, неговиот колега Наиро Кинтана и победникот на Тур 2011, Кедел Еванс, иако најверојатно ќе го делел лидерството во БМЦ Рејсинг Тим со Тиџеј ван Гардерен. Возачот на Астана Винченцо Нибали бил можен кандидат откако се искачил на подиумот на Тур де Франс 2012, но се насочил на Џиро д’Италија 2013.[5]

Изјавувајќи по неговата победа на Критериум ду Дофине на 9 јуни, Фрум рекол дека тој е еден од седумте можни победници, додека останатите биле Контадор, Валверде, Родригез, Еванс, Ван Гардерен и Кинтана.[4][6]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Тур де Франс 2013 - етапа 1 до етапа 11 и Тур де Франс 2013 - етапа 12 до етапа 21

Имало 21 етапа на трката 2013 на вкупно растојание од 3.403,5 километри, сместени целосно на територијата на Франција, за разлика од многуте изданија на трката.[7] Тур започнал на Корзика, посетувајќи ги единствените два департмани во континентална Франција, кои никогаш не биле посетени од трката, Јужна Корзика и Горна Корзика.[7] Бидејќи било 100. издание на трката, изданието во 2013 вклучувало некои од најпознатите искачувања во историјата на трката, вклучувајќи ја завршницата на Мон Венту на етапата 15, а на етапата 18 Алп д’Ез бил искачуван двапати од возачите, вториот пат како цел на етапата.

Трката започнала во Корзика, во градот Порто-Векио. На островот се одржале првите три етапи.[8] Корзика бил единствен континентален регион, а Јужна Корзика и Горна Корзика биле единствените континентални департмани низ кои никогаш претходно не поминал Тур и организаторите сакале да го спојат 100. издание на Тур со првата посета на Корзика.[9][10][11] За да ја смести придружбата на трката во текот на нивниот престој на Корзика, организаторите го најмиле крстосувачот Мега Смералда, во кои се сместиле членовите на организацијата, медиумот и другите кои работеле на Тур и во него се одржувале конференциите за печат, иако возачите останале во хотели во и околу Порто-Векио.[12]

Трката била првата која целосно се одржала на француска почва од онаа во 2003. Вклучувала етапи кои биле опишани како „брутални“, три алпски етапи во последната недела заедно со „екстремно тешкиот“ хронометар.[11] Ова вклучувало двојно искачување на Алп д’Ез, прв пат во историјата на трката се извело двојно искачување на некое искачување од ваков размер.[11][13] Имало осум рамни етапи, три ридски етапи, седум планински етапи (од кои четири со завршница на нагорнина), два индивидуални хронометри и еден екипен хронометар. Трката се одржала на растојание од 3.403 километри,[7] и традиционално завршила во Париз.[11]

Трката имала екипен хронометар околу Ница на четвртата етапа и два индивидуални хронометри. Сите други етапи биле со заеднички старт на возачите и биле поделени во три категории: од видот на етапата зависел бројот на бодови кои се добивал за бодовниот пласман и временската граница. Победникот на рамна етапа добивал 45 бода, победникот на среднопланинска етапа добивал 30 бода и победникот на планинска етапа добивал 20 бода.[14]

Трката завршила на етапата 21, со ноќна завршница на Шанзелизе во Париз за прв пат во историјата на трката.

Список на етапи[8][7]
Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 29 јуни Порто-Векио – Бастија 213 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)
2 30 јуни Бастија – Ајачо 156 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Јан Бакелантс (БЕЛ)
3 1 јули Ајачо – Калви 145,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Сајмон Геранс (АВС)
4 2 јули Ница – Ница 25 км History.gif екипен хронометар Орика-ГринЕЏ
5 3 јули Кан – Марсеј 228,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
6 4 јули Екс ан Прованс – Монпелје 176,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
7 5 јули Монпелје – Албу 205,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Петер Саган (СВК)
8 6 јули Кастр – Акс 3 Домен 195 км Mountainstage.svg планинска етапа  Крис Фрум (ВБР)
9 7 јули Сен-Жирон – Бањер де Бигор 168,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Даниел Мартин (ИРС)
8 јули Ден за одмор
10 9 јули Сен Жилда де Буа – Сен-Мало 197 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)
11 10 јули Авранш – Мон Сен-Мишел 33 км History.gif индивидуален хронометар  Тони Мартин (ГЕР)
12 11 јули Фужер – Тур 218 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)
13 12 јули Тур – Сен Аман Монтрон 173 км 22км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
14 13 јули Сен Пурсен сир Сиул – Лион 191 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Матео Трентин (ИТА)
15 14 јули Живор – Мон Венту 242,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Крис Фрум (ВБР)
15 јули Ден за одмор
16 16 јули Везон ла Ромен – Гап 168 км Mountainstage.svg планинска етапа  Руј Кошта (ПОР)
17 17 јули Амбрен – Шорж 32 км History.gif индивидуален хронометар  Крис Фрум (ВБР)
18 18 јули Гап – Алп д’Ез 172,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Кристоф Риблон (ФРА)
19 19 јули Ле Бург-д’Оазан – Ле Гран Борнан 204,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Руј Кошта (ПОР)
20 20 јули Анси – Семноз 125 км Mountainstage.svg планинска етапа  Наиро Кинтана (КОЛ)
21 21 јули Версај – Париз 133,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)

Пласмани[уреди | уреди извор]

Постоеле четири главни пласмани на Тур де Франс 2013. Најважниот бил генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[15] Во 2013, не постоеле бонус секунди.[16]

Дополнително, тука бил бодовниот пласман, кој се наградува со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[15]

Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкастата маичка.[15]

Четвртиот индивидуален пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи помлади од 26 години.[15]

За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови[17] и за првпат од 2012 и жолти кациги.

Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач[17]) е одредена од судиите по секоја етапа.

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
Награда за борбеност
Jersey red number.svg
1 Марсел Кител Марсел Кител Марсел Кител Хуан Хосе Лобато Марсел Кител Вакансолел-ДКМ Жером Кузен
2 Јан Бакелантс Јан Бакелантс Пјер Ролан Михал Квијатковски РадиоШек-Леопард Блел Кадри
3 Сајмон Геранс Петер Саган Сајмон Кларк
4 Орика-ГринЕЏ Сајмон Геранс Орика-ГринЕЏ недоделена
5 Марк Кевендиш Томас де Гент
6 Андре Грајпел Дарил Импи Андре Грајпел
7 Петер Саган Блел Кадри Јан Бакелантс
8 Крис Фрум Крис Фрум Крис Фрум Наиро Кинтана Мовистар Тим Наиро Кинтана
9 Даниел Мартин Пјер Ролан Ромен Барде
10 Марсел Кител Жером Кузен
11 Тони Мартин Михал Квијатковски недоделена
12 Марсел Кител Хуан Антонио Флеча
13 Марк Кевендиш Тим Саксо-Тинкоф Марк Кевендиш
14 Матео Трентин Жилјен Симон
15 Крис Фрум Крис Фрум Наиро Кинтана Силвен Шаванел
16 Руј Кошта РадиоШек-Леопард Руј Кошта
17 Крис Фрум Тим Саксо-Тинкоф недоделена
18 Кристоф Риблон Кристоф Риблон
19 Руј Кошта Пјер Ролан
20 Наиро Кинтана Наиро Кинтана Јенс Фогт
21 Марсел Кител недоделена
На крај Крис Фрум Петер Саган Наиро Кинтана Наиро Кинтана Тим Саксо-Тинкоф Кристоф Риблон
Забелешки
  • На етапата 2, Александер Кристоф, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата.
  • На етапата 2, Дани ван Попел, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата.
  • На етапата 9, Пјер Ролан, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата. Обајцата, Фрум и Ролан, имале по 31 бод, но Фрум ја имал точкастата маичка, бидејќи прв повеќе пати преминал преку искачување од прва категорија отколку Ролан.
  • На етапата 13, наградата за борбеност им припаднала на Омега Парма-Квик Степ со одлука на судиите како признание на целата екипа. Марк Кевендиш бил избран да ја претставува екипата на подиумот.
  • На етапите 16-18, Микел Ниеве, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапите, а Наиро Кинтана (на второто место) ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во текот на истите етапи.
  • На етапата 19, Кристоф Риблон, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата, а Наиро Кинтана (на второто место) ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во текот на истата етапа.
  • На етапата 20, Пјер Ролан, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Крис Фрум (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник во генералниот пласман во текот на етапата.
  • На етапата 21, Ендру Талански, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Наиро Кинтана (на првото место) ја носел точкастата маичка како предводник во планинскиот пласман.

Поредок[уреди | уреди извор]

Легенда
  Jersey yellow.svg   Го означува предводникот во генералниот пласман   Jersey polkadot.svg   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  Jersey green.svg   Го означува предводникот во бодовниот пласман   Jersey white.svg   Го означува предводникот во пласманот за млад возач
  Jersey yellow number.svg   Го означува предводникот во екипниот пласман

Екипен пласман[уреди | уреди извор]

Крис Фрум ја носи жолтата маичка
Тим Саксо-Тинкоф ги носат жолтите шлемови како предводници во екипниот пласман.
Место Екипа Време
1 Тим Саксо-Тинкоф Jersey yellow number.svg 251ч 11′ 07″
2 Аг2р-Ла Мондијал + 8' 28″
3 РадиоШек-Леопард + 9' 02″
4 Мовистар Тим + 22' 49″
5 Белкин Про Сајклинг + 38' 30″
6 Катјуша + 1ч 03' 48″
7 Еускалтел-Еускади + 1ч 30' 34″
8 Омега Парма-Квик Степ + 1ч 50' 25″
9 Тим Скај + 1ч 56' 42″
10 Кофидис + 2ч 07' 11″

Награден фонд[уреди | уреди извор]

Вкупно околу 2 милиони евра биле распределени на трката. Првично секоја екипа добила околу 50.000 евра, додека секоја екипа со најмалку седум возачи кои ја завршиле трката добила по 1.600 евра повеќе по возач. Индивидуалниот победник на генералниот пласман добил 450.000 евра, а останатите подолу на пласманот добиле помал износ за секое место подолу, сè до 400 евра за последниот возач.[16][18]


Награден фонд за секој пласман
Поредок 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. По ден
Jersey yellow.svg Генерален, Фонд 1.009.000 € 450.000 € 200.000 € 100.000 € 70.000 € 50.000 € 23.000 € 11.500 € 7.600 € 4.500 € 3.800 € 350 €
Jersey green.svg Бодовен. Фонд 125.000 € 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 €  – 300 €
Jersey polkadot.svg Планински. Фонд 110.000 € 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 €  – 300 €
Jersey white.svg Пласман за млад возач. Фонд 65.500 € 20.000 € 15.000 € 10.000 € 5.000 €  – 300 €
Jersey yellow number.svg Екипен. Фонд 178.000 € 50.000 € 30.000 € 20.000 € 12.000 € 8.000 €  –
Jersey red number.svg Најборбен возач. Фонд 54.000 € 20.000 €  –

Етапниот победник добивал 8.000 евра за обична етапа и 10.000 евра за хронометар. Парите се намалувале постепено до возачот на 20. место, кој добивал по 200 евра. Пари се давале и за поминување низ категоризираните искачувања, за најдобар млад возач на секоја етапа, најборбен возач и најдобра екипа на етапа.[18]

Награден фонд за етапни победи и средни спринтови[18]
Поредок 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10.
Етапа 8.000 € 4.000 € 2.000 € 1.200 € 830 € 780 € 730 € 670 € 650 € 600 €
Среден спринт 1.500 € 1.000 € 500 €  –
Искачување од екстра категорија 800 € 450 € 300 €  –
Искачување од 1. категорија 650 € 400 € 150 €  –
Искачување од 2. категорија 500 € 250 €  –
Искачување од 3. категорија 300 €  –
Искачување од 4. категорија 200 €  –
Млад возач 500 €  –
Најборбен возач 2.000 €  –
Екипа 2.800 €  –

Допинг[уреди | уреди извор]

Еден месец откако завршила трката било објавено дека немало позитивни тестови, но сите тестови ќе бидат зачувани, со што се овозможува нивно повторно анализирање во иднина.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Teams selection of the 100th edition of Tour de France“. letour.fr. 27 април 2013. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/pre-race/news/ahc/teams-selectionof-the-100th-edition-of-tour-de-france.html. конс. 1 јуни 2013 г. 
  2. „Вигинс се повлече од Џиро“. http://www.theage.com.au/sport/cycling/wiggins-pulls-out-of-giro-20130517-2js3l.html. конс. 18 мај 2013 г. 
  3. „Bradley Wiggins: Tour de France champion ruled out“. BBC Sport. 31 мај 2013. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/22735801. конс. 31 мај 2013 г. 
  4. 4,0 4,1 Фотерингем, Вилијам. „Chris Froome's pursuit of perfection makes him Tour de France favourite“, 11 јуни 2013 (конс. 11 јуни 2013 г).
  5. „Giro d’Italia triumph won’t change Nibali's Tour de France plans“. http://www.scmp.com/sport/other-sport/article/1247176/giro-ditalia-triumph-wont-change-nibalis-tour-de-france-plans. конс. 27 мај 2013 г. 
  6. Крис Фрум победи на Критериум ду Дофине пред Тур де Франс“, 9 јуни 2013 (конс. 10 јуни 2013 г).
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Тур 2013“. www.letour.fr. јуни 2013. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/stage-1.html. конс. 6 јуни 2013 г. 
  8. 8,0 8,1 „Три етапи на Корзика за бр. 100“. LeTour.fr. http://www.letour.fr/2012/TDF/COURSE/us/actus.html#zone184929. конс. 15 декември 2011 г. 
  9. „100. Тур ќе започне на Корзика“. letour.fr. 24 ноември 2011. http://www.letour.fr/2012/TDF/COURSE/us/actus.html#zone184919. конс. 24 ноември 2011 г. 
  10. „100. ќе започне на Корзика“ (на холандски). sporza.be. 24 ноември 2011. http://www.sporza.be/permalink/1.1161253. конс. 24 ноември 2011 г. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Фотерингем, Вилијам (24 октомври 2012). „Centenary Tour de France: this could be the hardest finish ever“. The Guardian. http://www.guardian.co.uk/sport/2012/oct/24/tour-de-france-centenary-route?intcmp=239. конс. 25 октомври 2012 г. 
  12. „A floating headquarters“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. 26 јуни 2013. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/pre-race/news/ahc/a-floating-headquarters.html. конс. 28 јуни 2013 г. 
  13. „Етапа 18: Гап до Алп д’Ез“. Le Tour. 2 јуни 2013. http://www.letour.com/le-tour/2013/us/stage-18.html. конс. 2 јуни 2013 г. 
  14. „Одредби на трката“. Amaury Sport Organisation. стр. 33–35. http://www.letour.fr/le-tour/2013/docs/TDF13_reglement_BD.pdf. конс. 19 јули 2013 г. 
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Christian, Sarah (2 јули 2009). „Tour de France demystified — Evaluating success“. RoadCycling.co.nz Ltd. http://www.roadcycling.co.nz/TourdeFrance/tour-de-france-demystified-part-1.html. конс. 18 јули 2013 г. 
  16. 16,0 16,1 „Sporting stakes / Rules“. Le Tour. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/sporting-stakes-rules.html. конс. 15 јули 2013 г. 
  17. 17,0 17,1 „Zoom… 2012“. letour.fr. Amaury Sport Organisation. 2012. http://www.letour.fr/2012/TDF/COURSE/us/zoom_sur.html. конс. 29 мај 2012 г. 
  18. 18,0 18,1 18,2 „Sporting stakes / Detailed Rules Page 20 Onwards“. Le Tour. http://www.letour.fr/le-tour/2013/docs/TDF13_reglement_BD.pdf. конс. 15 јули 2013 г. 
  19. Бенсон, Даниел (20 август 2013). „Нема позитивни допинг тестови на Тур де Франс 2013“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/no-positive-doping-tests-at-2013-tour-de-france. конс. 20 август 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]