Ендру Талански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ендру Талански
Талански на Тур де Романди 2011.
Лични податоци
Цело имеЕндру Талански
ПрекарПит Бул
Роден23 ноември 1988 (1988-11-23) (34 г.)
Њујорк, Њујорк,  САД
Висина1,75 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2005–2006
2007–2008
2010
Ласер-ес
Herbalife–bikeam.com
Гармин-Транзишанс (стажант)
Професионални клубови
2009
2010
2011–2017
Аморе & Вита-Мекдоналдс
Џајант Бери Фарм-Спешалајзд
Гармин-Сервело
Значајни победи
Етапни трки
Тур де л’Ен (2012)
Критериум ду Дофине (2014)

Еднодневни трки и класици

MaillotUSA.PNG Национално хронометарско првенство (2015)

Ендру Талански (германски: Andrew Talansky; р. 23 ноември 1988) — американски професионален триатлонец и поранешен професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2011-2017.[1][2] Роден на Менхетн во Њујорк,[3] Талански пораснал на Флорида. Денес живее во Жирона, Шпанија и во Напа.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Талански настапувал во крос-кантри трчање во средното училиште во Флорида пред да започне со велосипедизам на 17 години. По успехот на локалните аматерски трки, се преселил на колеџот Лис-Мекри во Северна Каролина, победувајќи на националното колеџ првенство во неговата прва година. Го напуштил колеџот една година подоцна за да ѝ се приклучи на екипата Аморе & Вита во Италија во 2009, но не бил задоволен со условите и се вратил во Америка истата пролет.[4] Возел во САД во 2009 без екипна поддршка. По силниот настап на трката Тур Гила, се приклучил на Гармин во 2010, преселувајќи се во професионалната екипа во 2011, со која успеал да стигне меѓу првите десет на Тур де Романди 2011.

Во 2012, Талански ја остварил неговата прва професионална победа во Европа на Тур де л’Ен и повторно возел на Тур де Романди. Овојпат завршил втор зад Бредли Вигинс, завршувајќи втор зад Вигинс на завршната етапа, поединечен хронометар на растојание од 16,24 километри.[5] Подоцна во сезоната бил именуван за водечки возач на Гармин за Вуелта а Еспања 2012,[6] каде завршил седми во генералниот пласман. Во 2013 бил втор на Париз-Ница, водејќи на трката два дена и бил избран за Тур де Франс по првпат, повторно успевајќи да стигне меѓу првите десет.

Ја освоил етапна трка Критериум ду Дофине 2014, приклучувајќи се на бегството во последната етапа, при што надокнадил 39 секунди задоцнување зад предводникот на трката Алберто Контадор.[7][8] Се повлекол од Тур де Франс 2014 по повеќето падови во еден ден.[9] Се вратил на Тур де Франс во 2015 година, каде завршил на 11. место во генералниот пласман.[10] Следната година повторно настапил на Тур де Романди, но возел како поддршка на Ригоберто Уран и Пјер Ролан.[11] Подоцна во сезоната ги освоил петтите места на Тур де Свис и на Вуелта а Еспања.[12][13]

Во септември 2017 година, Талански го објавил своето повлекување од трки преку објава на Инстаграм.[14] Меѓутоа, следниот месец најавил дека ќе продолжи да настапува во триатлон.[15]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. MaillotUSA.PNG Национално друмско првенство на колеџи
2010
1. MaillotUSA.PNG Национално хронометарско прванство под 23 години
1. Етапа 2 Тур де по де Савоја
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
3. Краен пласман Тур де л’Изар
6. Краен пласман Трка Џила
10. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
2011
4. Краен пласман Средоземна трка
9. Краен пласман Тур де Романди
1. Бела маичка Пласман за млад возач
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де л’Ен
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Бела маичка Пласман за млад возач
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
2013
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 3
6. Краен пласман Критериум Интернасионал
10. Краен пласман Тур де Франс
2014
1. Jersey yellow-bluebar.svg Краен пласман Критериум ду Дофине
7. Краен пласман Волта а Каталуња
2015
1. MaillotUSA.PNG Национално хронометарско првенство
10. Краен пласман Критериум ди Дофине
2016
3. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 6
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Тур де Свис
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
2017
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 5

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро не настапил во текот на својата кариера
Jersey yellow.svg Тур 10 СО 11 49
Jersey red.svg Вуелта 79 7 51 СО 5
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey yellow.svg Париз-Ница 61 2 50 СО
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 120 17
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 7 31 СО
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 97 29 49 СО
Jersey yellow.svg Тур де Романди 9 2 16 11 105
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 28 1 10 22
Jersey yellow.svg Тур де Свис СО 5

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Team Garmin-Sharp-Barracuda Unveils 2013 Roster“. Гармин-Шарп. Slipstream Sports LLC. December 28, 2012. Архивирано од изворникот на January 2, 2013. Посетено на January 6, 2013.
  2. 2,0 2,1 „Andrew Talansky at Garmin-Sharp“. Гармин-Шарп. Slipstream Sports LLC. June 16, 2014. Архивирано од изворникот на February 16, 2013. Посетено на June 16, 2014.
  3. Hood, Andrew (April 6, 2011). „A conversation with Andrew Talansky: Part I, from Miami to Europe“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на January 9, 2015.
  4. „Top American in Tour de France Is a Rookie: Andrew Talansky, 24, Took a Different Path to the Big Race“. WSJ. Посетено на 16 јуни 2014.
  5. „Wiggins crowned in Romandie“. Sky Sports. BSkyB. April 29, 2012. Посетено на March 27, 2022.
  6. „Garmin Sees Its Future in Rising American Star Andrew Talansky“. Посетено на 16 јуни 2014.
  7. „Chris Froome 12th at Dauphine as Andrew Talansky wins“. BBC. June 15, 2014.
  8. „Талански го победи Контадор!“. Телеграф. 15 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-19. Посетено на 17 јуни 2014.
  9. „Тур де Фарс: храброста на Талански, славата на Галопен, лутината на Саган“. Eurosports. Yahoo. 16 јули 2014. Посетено на 11 септември 2014.
  10. Malach, Pat (November 6, 2015). „Talansky Q&A: 2015 was the season of almosts“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на March 27, 2022.
  11. Rogers, Neal (May 20, 2016). „A conversation with Andrew Talansky: "The journey isn't always what you expect". CyclingTips. CyclingTips Media Pty Ltd. Посетено на March 27, 2022.
  12. „Tour de Suisse 2016“. Тур де Свис. Cycling Unlimited. Посетено на March 27, 2022.
  13. „Vuelta: Talansky reaches new heights in Spain“. VeloNews. Competitor Group. September 11, 2016. Посетено на March 27, 2022.
  14. „Talansky announces his retirement“. cyclingnews.com. 5 септември 2017. Посетено на 7 септември 2017.
  15. „Talansky taking up triathlon“. cyclingnews.com. 5 октомври 2017. Посетено на 6 октомври 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]