Тур де Романди 2013

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Романди 2013
Светска турнеја UCI, трка 14 од 28
Детали за трката
Датум 23 – 28 април
Етапи 5 + пролог
Должина 758,65 km (471.4 mi)
Време 19ч 24' 51" (24,3 mph/39.1 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Крис Фрум (Велика Британија) (Тим Скај)
Втор  Симон Шпилак (Словенија) (Тим Катјуша)
Трет  Руј Кошта (Португалија) (Мувистар Тим)

Планини  Маркус Бургхарт (Германија) (БМЦ Рејсинг Тим)
Млад  Вилко Келдерман (Холандија) (Бланко Про Сајклинг)
Спринт  Матијас Брендле (Австрија) (ИАМ Сајклинг)
Екипа Тим Скај
2012
2014

Тур де Романди 2013 било 67. издание на велосипедската етапна трка Тур де Романди. Започнала на 23 април во Ле Шабл и завршила на 28 април во Женева. Се состоела од шест етапи, вклучувајќи еден пролог и индивидуален хронометар. Таа била 14. трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од Британецот Крис Фрум од Тим Скај,[1] кој водел на трката од почетокот до крајот - по прв пат возач на Тим Скај водел од почетокот до крајот[2] – откако победил на воведниот пролог во Ле Шабл, зголемувајќи ја својата предност кон крајот на трката. На крајот, Фрум го освоил генералниот пласман со 54 секунди пред второпласираниот Симон Шпилак (Тим Катјуша),[3] кој бил победник на кралската етапа на трката, четвртата етапа до Ле Дијаблерет, пред Фрум.[4] Подиумот бил заокружен од Руј Кошта од Мувистар Тим, кој завршил како трет втора година по ред.[5] Кошта завршил 55 секунди зад Шпилак и една минута и 49 секунди зад Фрум.

Во другите пласмани на трката, возачот на Бланко Про Сајклинг Вилко Келдерман бил освојувач на белата маичка во пласманот за млад возач, бидејќи бил највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, завршувајќи на петтото место во генералниот пласман откако ја презел маичката од возачот на ФДЖ Тибо Пино на завршниот хронометар. Матијас Брендле од ИАМ Сајклинг ја освоил зелената маичка за најмногу освоени бодови на средните спринтови, додека розевата маичка за планинскиот пласман му припаднала на Маркус Бургхарт од БМЦ Рејсинг Тим.[6] Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај втора година по ред, откако Ричи Порт се пласирал во првите десет како и Фрум.[2]

Екипи[уреди]

Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја UCI, сите 19 UCI World Tour екипи се автоматски поканети и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи требало да настапат на трката, како и две други екипи – Тим Јуропкар и ИАМ Сајклинг – со специјални покани,[7] и со тоа требало да биде создадена главната група од 20 екипи. Подоцна, Тим Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[8][9] Бидејќи Тим Катјуша не била првично поканета на трката, организаторите на трката го објавиле нивното приклучување, со што вкупниот број на екипи се зголемил на дваесет и една.

Екипи кои настапиле на трката биле:[10]

Етапи[уреди]

Пролог[уреди]

23 април 2013 — Ле Шабл до Брисон, 7,45 км, индивидуален хронометар (ITT)[11]

Резултат од прологот и генералниот пласман по прологот

Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Розева маичка Тим Скај 13' 15"
2  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 6"
3  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 13"
4  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 15"
5  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 16"
6  Тибо Пино (ФРА) Бела маичка ФДЖ + 17"
7  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 17"
8  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 17"
9  Том Даниелсон (САД) Гармин-Шарп + 17"
10  Вилко Келдерман (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 18"

Етапа 1[уреди]

24 април 2013 — Сен Морис до Ренан, 176,4 км[12]
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ 4ч 29' 09"
2  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард и.в.
3  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
4  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
5  Кевин Реза (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
6  Франческо Гаваци (ИТА) Астана и.в.
7  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
8  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим и.в.
9  Гаетан Биле (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
10  Марко Маркато (ИТА) Вакансолел-ДКМ и.в.
Генерален пласман по етапата 1
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Тим Скај 4ч 42' 24"
2  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 6"
3  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 13"
4  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 15"
5  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 16"
6  Тибо Пино (ФРА) Бела маичка ФДЖ + 17"
7  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 17"
8  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 17"
9  Том Даниелсон (САД) Гармин-Шарп + 17"
10  Вилко Келдерман (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 18"

Етапа 2[уреди]

25 април 2013 — Прили до ГранжЗолотурн, 190,3 км[13]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп 4ч 51' 49"
2  Енрико Гаспарото (ИТА) Астана и.в.
3  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
4  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
5  Доминик Нерц (ГЕР) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
6  Франческо Гаваци (ИТА) Астана и.в.
7  Јан Бакелантс (БЕЛ) РадиоШек-Леопард и.в.
8  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг и.в.
9  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Мануеле Мори (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
Генерален пласман по етапата 2
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Тим Скај 9ч 34' 13"
2  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 6"
3  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 13"
4  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 15"
5  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 16"
6  Тибо Пино (ФРА) Бела маичка ФДЖ + 17"
7  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 17"
8  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 17"
9  Том Даниелсон (САД) Гармин-Шарп + 17"
10  Вилко Келдерман (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 18"

Етапа 3[уреди]

26 април 2013 — Пајерн до Пајерн, 181 км[14]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ 4ч 19' 03"
2  Франческо Гаваци (ИТА) Астана и.в.
3  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ и.в.
4  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
5  Хуан Хосе Лобато (ШПА) Еускалтел-Еускади и.в.
6  Данило Вис (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
7  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
8  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
9  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Аргос-Шимано и.в.
10  Хавиер Флоренсио (ШПА) Тим Катјуша и.в.
Генерален пласман по етапата 3
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Тим Скај 13ч 53' 16"
2  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 6"
3  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 9"
4  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 13"
5  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 15"
6  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 16"
7  Тибо Пино (ФРА) Бела маичка ФДЖ + 17"
8  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 17"
9  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 17"
10  Том Даниелсон (САД) Гармин-Шарп + 17"

Етапа 4[уреди]

27 април 2013 — Марли до Ле Дијаблерет, 188,5 км[15]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша 5ч 10' 00"
2  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Тим Скај и.в.
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 1' 03"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 03"
5  Вилко Келдерман (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 03"
6  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 03"
7  Марсел Вис (ШВА) ИАМ Сајклинг + 1' 03"
8  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 03"
9  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 1' 03"
10  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 1' 03"
Генерален пласман по етапата 4
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Тим Скај 19ч 03' 10"
2  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 47"
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 1' 21"
4  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 1' 22"
5  Тибо Пино (ФРА) Бела маичка ФДЖ + 1' 26"
6  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 26"
7  Том Даниелсон (САД) Гармин-Шарп + 1' 26"
8  Вилко Келдерман (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 27"
9  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 28"
10  Марсел Вис (ШВА) ИАМ Сајклинг + 1' 43"

Етапа 5[уреди]

28 април 2013 — Женева, 18,7 км, индивидуален хронометар (ITT)[16]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ 21' 07"
2  Адријано Малори (ИТА) Лампре-Мерида + 16"
3  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Тим Скај + 34"
4  Ливе Вестра (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ + 36"
5  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 41"
6  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 50"
7  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 52"
8  Мадс Кристенсен (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф + 55"
9  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 56"
10  Тобијас Лудвигсон (ШВЕ) Аргос-Шимано + 1' 01"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Жолта маичка Тим Скај 19ч 24' 51"
2  Симон Шпилак (СЛО) Тим Катјуша + 54"
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 1' 49"
4  Том Даниелсон (САД) Гармин-Шарп + 1' 54"
5  Вилко Келдерман (ХОЛ) Бела маичка Бланко Про Сајклинг + 2' 03"
6  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 14"
7  Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 2' 16"
8  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 2' 31"
9  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 2' 32"
10  Марсел Вис (ШВА) ИАМ Сајклинг + 2' 41"

Поредок[уреди]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Планински пласман
Jersey pink.svg
Спринтерски пласман
Jersey green.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
П Крис Фрум Крис Фрум Крис Фрум недоделена Тибо Пино Тим Скај
1 Џани Мерсман Гарикоиц Браво Жилиен Берар
2 Рамунас Навардаускас Матијас Брендле
3 Џани Мерсман Маркус Бургхарт
4 Симон Шпилак
5 Тони Мартин Вилко Келдерман
На крај Крис Фрум Маркус Бургхарт Матијас Брендле Вилко Келдерман Тим Скај

Наводи[уреди]

  1. Крис Фрум го освои Тур де Романди за Тим Скај“, „BBC Sport“, BBC, 28 април 2013 (конс. 28 април 2013).
  2. 2,0 2,1 Фрум ја запечати победата на Романди“, „Тим Скај“, BSkyB, 28 април 2013 (конс. 28 април 2013).
  3. Chris Froome boosts Tour de France prospects with Romandie win“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 28 април 2013 (конс. 28 април 2013).
  4. Падикомб, Стивен. „Симон Шпилак победи на четвртата етапа на Тур де Романди, а Крис Фрум го зголеми водството“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 27 април 2013 (конс. 28 април 2013).
  5. Infallible at 'race of the truth'“, „Мувистар Тим“, Movistar, 28 април 2013 (конс. 28 април 2013).
  6. BMC Racing Team's Burghardt Is Romandie's Mountain King“, „БМЦ Рејсинг Тим“, BMC Trading, 28 април 2013 (конс. 28 април 2013).
  7. Wildcards Tour de Romandie voor IAM Cycling en Europcar“, „Wielerland.nl“, Wielerland Fietsvriendelijk, 13 февруари 2013 (конс. 28 април 2013). (на холандски)
  8. CAS нареди враќање на WorldTour лиценцата за Катјуша“, „Cyclingnews“, Future plc, 15 февруари 2013 (конс. 28 април 2013).
  9. UCI потврди 19 WorldTour екипи за 2013“, „Cyclingnews“, Future plc, 18 февруари 2013 (конс. 28 април 2013).
  10. „Стартна листа на Тур де Романди 2013“. „Cyclingnews“. Future plc. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-2013/start-list. конс. 28 април 2013. 
  11. „Prologue: Mardi 23 avril 2013 – Le Châble — Bruson“ (на француски) (PDF). „Тур де Романди“. Chassot Concept SA. http://www.tourderomandie.ch/images/etapes/00_horaires.pdf. конс. 20 април 2013. 
  12. „1ère étape: Mercredi 24 avril 2013 – Saint-Maurice – Renens/Ouest lausannois“ (на француски) (PDF). „Тур де Романди“. Chassot Concept SA. http://www.tourderomandie.ch/images/etapes/01_horaires.pdf. конс. 20 април 2013. 
  13. „2ème étape Jeudi 25 avril 2013 – Prilly/Ouest lausannois – Granges (SO)“ (на француски) (PDF). „Тур де Романди“. Chassot Concept SA. http://www.tourderomandie.ch/images/etapes/02_horaires.pdf. конс. 20 април 2013. 
  14. „3ème étape Vendredi 26 avril 2013 – Payerne — Payerne“ (на француски) (PDF). „Тур де Романди“. Chassot Concept SA. http://www.tourderomandie.ch/images/etapes/03_horaires.pdf. конс. 20 април 2013. 
  15. „4ème étape Samedi 27 avril 2013 – Marly — Les Diablerets“ (на француски) (PDF). „Тур де Романди“. Chassot Concept SA. http://www.tourderomandie.ch/images/etapes/04_horaires.pdf. конс. 20 април 2013. 
  16. „5ème étape Dimanche 28 avril 2013 – CLM Genève“ (на француски) (PDF). „Тур де Романди“. Chassot Concept SA. http://www.tourderomandie.ch/images/etapes/05_horaires.pdf. конс. 20 април 2013. 

Надворешни врски[уреди]