Вуелта а Еспања 2014
Светска турнеја на UCI 2014, трка 22 од 29 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 23 август — 14 септември | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.181,5 км | ||
Време | 81ч 25' 05" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Тинкоф-Саксо) |
Втор | ![]() |
(Тим Скај) | |
Трет | ![]() |
(Мовистар Тим) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Џајант-Шимано) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Каха Рурал-Сегурос РГА) |
![]() |
Комбиниран | ![]() |
(Тинкоф-Саксо) |
Екипен | Катјуша | ||
Вуелта а Еспања 2014 — 69. издание на велосипедската трка Вуелта а Еспања, последната од трите големи трки, која се одржала помеѓу 23 август и 14 септември 2014 година.[1] Содржела осум планински етапи, по пет ридести и рамни етапи и три хронометри (еден екипен и два поединечни), два од нив на почетокот и на крајот на трката. Херез де ла Фронтера, на јужниот шпански брег, бил домаќин на воведната етапа. Потоа, Вуелта продолжила да се движи спротивно од часовникот, преку југоисточниот и источниот дел на земјата пред да премине на север и завршила во Сантјаго де Компостела, првпат во 21 година трката да заврши надвор од Мадрид. Трката претставувала 22. настан во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена од шпанскиот велосипедист, Алберто Контадор, од Тинкоф-Саксо. Контадор настапил на трката несигурен за неговата форма откако паднал на десеттата етапа на Тур де Франс 2014, кршејќи ја неговата тибија. Меѓутоа, Контадор се снашол подобро отколку што очекувал, преземајќи ја црвената маичка на поединечниот хронометар (10. етапа) и освојувајќи две клучни планински етапи, загарантирајќи ја неговата победа. Ја освоил трката со една минута и 10 секунди пред второпласираниот, Крис Фрум од Тим Скај. Како Контадор, и Фрум бил несигурен за својата форма откако паднал трипати во два дена на Тур, што довело до негово откажување од трката. Меѓутоа, Фрум се опоравил дури во третата недела, завршувајќи втор на три клучни планински етапи, со што успеал да се помести на второто место во генералниот пласман. Шпанскиот возач Алехандро Валверде од Мовистар Тим го заокружил подиумот, завршувајќи 40 секунди зад Фрум и една минута и 50 секунд зад Контаро. Валверде ја освоил шестата етапа на трката, првата планинска завршница.
Во другите пласмани на трката, Џон Дегенколб од Џајант-Шимано ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман. Дегенколб освоил четири етапи, најмногу од сите возачи на трката. Сината точкаста маичка за планинскиот пласман му припаднала на Шпанецот Луис Леон Санчес од Каха Рурал-Сегурос РГА. Покрај црвената маичка, Контадор исто така ја освоил белата маичка за комбинираниот пласман. Катјуша го освоиле екипниот пласман на трката.
Екипи[уреди | уреди извор]
Бидејќи Вуелта а Еспања е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.
†: Специјално поканети професионални континентални екипи.
Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]
Пред почетокот на трката, бранителот на титулата од минатата година, Крис Хорнер, победникот на Џиро д’Италија 2014, Наиро Кинтана, потоа Хоаким Родригес и Алехандро Валверде се меѓу фаворитите за крајна победа. По напуштањето на Тур де Франс, Крис Фрум[2] и Алберто Контадор[3] објавиле дека ќе настапат на Вуелта.[4] Други можни кандидати се: Карлос Бетанкур, Фабио Ару, Тибо Пино, Ригоберто Уран, Ендру Талански и Даниел Мартин.
На 22 август, еден пред почетокот на Вуелта, велосипедската мрежна страница cyclingnews.com објавила дека Крис Хорнер нема да настапи на трката поради ниско ниво на кортизол. Ова било така поради тоа што екипата ОАЕ Тим Емирати е дел од Mouvement Pour un Cyclisme Credible (MPCC) кое им забранува на велосипедистите да настапат кога нивото на кортизол ќе падне под одредена граница.[5]
Рута и етапи[уреди | уреди извор]
Етапа | Датум | Движење | Растојание | Вид[6] | Победник | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 23 август | Херез де ла Фронтера | 12,6 км | ![]() |
екипен хронометар | Мовистар Тим |
2 | 24 август | Алгесирас – Сан Фернандо | 174,4 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() |
3 | 25 август | Кадис – Аркос де ла Фронтера | 188 км | ![]() |
ридеста етапа | ![]() |
4 | 26 август | Маирена дел Алкор – Кордоба | 172,6 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() |
5 | 27 август | Приего де Кордоба – Ронда | 182,3 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() |
6 | 28 август | Беналмадена – Кумбрес Вердес | 157,7 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() |
7 | 29 август | Алендин – Алкаудете | 165,4 км | ![]() |
ридеста етапа | ![]() |
8 | 30 август | Баеза – Албасете | 207,4 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() |
9 | 31 август | Карбонерас де Гвадазаон – Арамон Валделинарес | 181 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() |
1 септември | Ден за одмор | |||||
10 | 2 септември | Монастерио де Санта Марија де Веруела – Борха | 34,5 км | ![]() |
поединечен хронометар | ![]() |
11 | 3 септември | Памплона – Сантуарио де Сан Мигел де Аралар | 151 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() |
12 | 4 септември | Логроњо – Логроњо | 168 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() |
13 | 5 септември | Белорадо – Обрегон | 182 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() |
14 | 6 септември | Сантандер – Ла Камперона | 199 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() |
15 | 7 септември | Овиедо – Лагос де Ковадонга | 149 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() |
16 | 8 септември | Сан Мартин дел Реј Аурелио – Ла Фарапона | 158,8 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() |
9 септември | Ден за одмор | |||||
17 | 10 септември | Оргигеира – А Коруња | 174 км | ![]() |
рамна етапа | ![]() |
18 | 11 септември | А Естрада – Монт Кастрове | 173,5 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() |
19 | 12 септември | Салватера де Мињо – Кангас до Моразо | 176,5 км | ![]() |
среднопланинска етапа | ![]() |
20 | 13 септември | Санто Естево де Рибас де Сил – Пуерто де Анкарес | 163,8 км | ![]() |
планинска етапа | ![]() |
21 | 14 септември | Сантјаго де Компостела | 10 км | ![]() |
поединечен хронометар | ![]() |
Поредок[уреди | уреди извор]
Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2014, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил сметан преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта. Во 2014 година постоеле временски бонуси на сите етапи, освен хронометрите; десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири за третопласираниот.
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка. Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкаста маичка.
Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.
За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време. За наградата за борбеност, судиите давале бодови по секоја етапа на велосипедистите за кои сметале дека биле најборбени. Велосипедистот со најмногу гласови на сите етапи бил прогласуван за победник. Дневниот победник на пласманот добива црвен број на наредната етапа.
- Забелешки
- На етапата 4, Данило Вис, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Љуис Мас (на првото место) ја носел сината точкаста маичка како предводник на планинскиот пласман.
- На етапата 5, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
- На етапите 7-9, Крис Фрум, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
- На етапата 16, Хоаким Родригес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алејандро Валверде (на првото место) ја носел сината точкаста маичка како предводник на планинскиот пласман, додека Алберто Контадор (на второто место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
- На етапите 19-21, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алберто Контадор (на првото место) ја носел црвената маичката како предводник на генералниот пласман.
Пласмани[уреди | уреди извор]
Легенда | |||
---|---|---|---|
![]() |
Го означува предводникот на генералниот пласман | ![]() |
Го означува предводникот на планинскиот пласман |
![]() |
Го означува предводникот на бодовниот пласман | ![]() |
Го означува предводникот на комбинираниот пласман |
Генерален пласман[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() ![]() |
Тинкоф-Саксо | 81ч 25' 05" |
2 | ![]() |
Тим Скај | + 1' 10" |
3 | ![]() |
Мовистар Тим | + 1' 50" |
4 | ![]() |
Катјуша | + 3' 25" |
5 | ![]() |
Астана | + 4' 48" |
6 | ![]() |
БМЦ Рејсинг Тим | + 9' 30" |
7 | ![]() |
Гармин-Шарп | + 10' 38" |
8 | ![]() |
Џајант-Шимано | + 11' 50" |
9 | ![]() |
Канондејл | + 12' 50" |
10 | ![]() |
Кофидис | + 13' 02" |
Бодовен пласман[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() |
Џајант-Шимано | 169 |
2 | ![]() |
Мовистар Тим | 146 |
3 | ![]() ![]() ![]() |
Тинкоф-Саксо | 145 |
4 | ![]() |
Тим Скај | 139 |
5 | ![]() |
Катјуша | 117 |
6 | ![]() |
Орика-ГринЕЏ | 105 |
7 | ![]() |
Астана | 103 |
8 | ![]() |
Гармин-Шарп | 85 |
9 | ![]() |
Трек Фактори Рејсинг | 71 |
10 | ![]() |
Канондејл | 61 |
Планински пласман[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() |
Каха Рурал-Сегурос РГА | 58 |
2 | ![]() ![]() ![]() |
Тинкоф-Саксо | 45 |
3 | ![]() |
Мовистар Тим | 40 |
4 | ![]() |
Лампре-Мерида | 33 |
5 | ![]() |
Тим Скај | 33 |
6 | ![]() |
Каха Рурал-Сегурос РГА | 20 |
7 | ![]() |
Астана | 19 |
8 | ![]() |
Катјуша | 19 |
9 | ![]() |
Лампре-Мерида | 18 |
10 | ![]() |
Канондејл | 18 |
Комбиниран пласман[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | ![]() ![]() ![]() |
Тинкоф-Саксо | 6 |
2 | ![]() |
Мовистар Тим | 8 |
3 | ![]() |
Тим Скај | 11 |
4 | ![]() |
Катјуша | 17 |
5 | ![]() |
Астана | 19 |
6 | ![]() |
Гармин-Шарп | 48 |
7 | ![]() |
Лампре-Мерида | 49 |
8 | ![]() |
Лампре-Мерида | 62 |
9 | ![]() |
Џајант-Шимано | 63 |
10 | ![]() |
БМЦ Рејсинг Тим | 64 |
Екипен пласман[уреди | уреди извор]
Место | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Катјуша | 244ч 19' 36" |
2 | Мовистар Тим | + 38' 54" |
3 | Тинкоф-Саксо | + 40' 16" |
4 | Кофидис | + 52' 33" |
5 | Тим Скај | + 1ч 06' 31" |
6 | Астана | + 1ч 08' 09" |
7 | Гармин-Шарп | + 1ч 17' 06" |
8 | БМЦ Рејсинг Тим | + 1ч 17' 32" |
9 | Белкин Про Сајклинг | + 2ч 13' 06" |
10 | Лото-Белисол | + 2ч 54' 48" |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Вуелта а Еспања 2014“. lavuelta. Посетено на 1 јуни 2014.
- ↑ „Фрум зборува за разочарувачкото откажување од Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Посетено на 20 август 2014.
- ↑ Садб О’Ши. „Контадор најави дека ќе вози на Вуелта а Еспања“. Cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2014-08-19. Посетено на 20 август 2014.
- ↑ „Тим Скај го објави составот за Вуелта а Еспања 2014“. RoadCycling.com. Посетено на 20 август 2014.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/chris-horner-out-of-vuelta-a-espana-due-to-low-cortisol-levels
- ↑ „Рута на Вуелта“. Посетено на 23 јули 2014.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Вуелта а Еспања 2014 на Ризницата ?
- Официјална страница (шпански) (француски) (англиски)
- Вуелта 2014: специјално издание Архивирано на 20 август 2014 г.
|