Тур де Романди 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тур де Романди 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 14 од 28
Детали за трката
Датум(и) 29 април–4 мај 2014
Етапи 5 + пролог
Растојание 632,77 км
Време 16ч 18' 46"[1] (24,101 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Крис Фрум (ВБР) (Тим Скај)
Втор  Симон Шпилак (СЛО) (Катјуша)
Трет  Руј Кошта (ПОР) (Лампре-Мерида)

Планински  Јохан Чоп (ШВА) (ИАМ Сајклинг)
Младински  Хесус Ерада (ШПА) (Мовистар Тим)
Спринтерски  Мартин Колер (ШВА) (БМЦ Рејсинг Тим)
Екипен Мовистар Тим
2013
2015

Тур де Романди 2014 — 68. издание на велосипедската етапна трка Тур де Романди. Трката се состоела од шест етапи, започнувајќи со пролог во Аскона на 29 април и завршувајќи со уште еден индивидуален хронометар, во Нешател, на 4 мај. Била четинаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.

На истите места на подумот како на минатогодишното издание, Британецот Крис Фрум од Тим Скај ја освоил трката втора година по ред, откако го освоил завршниот хронометар во Нешател.[2] Иако водел возачот на Катјуша Симон Шпилак за една секунда пред етапата,[3] Фрум успеал разликата да ја претвори во предност од 28 секунди на етапата од 18,5 километри.[4] Шпилак завршил втор, освојувајќи ја третата етапа — кралската етапа до Егл — победувајќи го Фрум во меѓусебниот спринт, откако двоецот нападнал кон крајот на етапата.[5] Подиумот повторно бил заокружен од Руј Кошта,[6] сега возејќи за Лампре-Мерида, кој завршувал на третото место трета година по ред. Кошта завршил 64 секунди зад Шпилак[1] и една минута и 32 секунди зад Фрум.[7]

Во другите пласмани на трката, возачот на Мовистар Тим Хесус Ерада ја освоил белата маичка за пласманот за млад возач, откако бил најдобро пласиран возач роден во 1989 или подоцна, завршувајќи на деветтото место во генералниот пласман,[8] 16 секунди пред најблискиот соперник, возачот на FDJ.fr Тибо Пино.[7] Мартин Колер од БМЦ Рејсинг Тим ја освоил зелената маичка поради најмногу освоени бодови на средните спринтови,[9] додека розевата маичка за планинскиот пласман заминала кај Јохан Чоп од ИАМ Сајклинг.[7] Екипниот пласман бил освоен од Мовистар Тим, откако тројца возачи на екипите – Бењат Инчаусти (шести), Јон Изагире (осми) и Ерада – завршиле помеѓу првите десет.[8]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Само ИАМ Сајклинг била повикана со специјална покана на трката, со тоа создавајќи ја групата од 19 екипи. Фаворити пред трката биле Крис Фрум, Тиџеј ван Гардерен, Михал Квјатковски, Симон Шпилак, Винченцо Нибали и Руј Кошта.[10]

Екипи кои настапиле на трката биле:[11]

Распоред[уреди | уреди извор]

Список на етапи[12]
Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
П 29 април Аскона до Аскона 5,57 км History.gif индивидуален хронометар  Михал Квјатковски (ПОЛ)
1 30 април Бриг-Глис до Сион 88,6 км Mountainstage.svg планинска етапа  Михаел Албасини (ШВА)
2 1 мај Сион до Монтро 166,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Михаел Албасини (ШВА)
3 2 мај Ле Бувре до Егл 180,2 км Mountainstage.svg планинска етапа  Симон Шпилак (СЛО)
4 3 мај Фрибур до Фрибур 173,1 км Plainstage.svg рамна етапа  Михаел Албасини (ШВА)
5 4 мај Нешател до Нешател 18,5 км History.gif индивидуален хронометар  Крис Фрум (ВБР)

Етапи[уреди | уреди извор]

Пролог[уреди | уреди извор]

29 април 2014 — Аскона, 5,57 км, индивидуален хронометар (ITT)[13]

Резултат од прологот и генерален пласман по прологот

Возач Екипа Време
1  Михал Квјатковски (ПОЛ) Жолта маичка Бела маичка Омега Парма-Квик Степ 6' 22"
2  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 4"
3  Марсел Кител (ГЕР) Џајант-Шимано + 4"
4  Џакомо Ницоло (ИТА) Трек Фактори Рејсинг + 4"
5  Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 5"
6  Брет Ланкастер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 6"
7  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 7"
8  Џеси Сарџент (НЗЛ) Трек Фактори Рејсинг + 8"
9  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп + 9"
10  Мартејн Кејзер (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 9"

Етапа 1[уреди | уреди извор]

30 април 2014 — Бриг-Глис до Сион, 88,6 км[14]

Етапата било првично предвидено да се одржи на растојание од 203 километри,[15] но била значително скратена поради снег.[16]

Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 2ч 11' 11"
2  Хесус Ерада (ШПА) Мовистар Тим и.в.
3  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп и.в.
4  Максим Иглински (КАЗ) Астана и.в.
5  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп и.в.
6  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг и.в.
7  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида и.в.
8  Џонатан Ивер (ФРА) Белкин Про Сајклинг и.в.
9  Бјерн Турау (ГЕР) Тим Јуропкар и.в.
10  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Михал Квјатковски (ПОЛ) Жолта маичка Бела маичка Омега Парма-Квик Степ 2ч 17' 33"
2  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ + 5"
3  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп + 5"
4  Хесус Ерада (ШПА) Мовистар Тим + 6"
5  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 7"
6  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 8"
7  Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 9"
8  Мартејн Кејзер (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 13"
9  Александар Жење (ФРА) FDJ.fr + 13"
10  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 14"

Етапа 2[уреди | уреди извор]

1 мај 2014 — Сион до Монтро, 166,5 км[17]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 4ч 12' 22"
2  Тони Хирел (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
3  Џакомо Ницоло (ИТА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
4  Алексеј Цатевич (РУС) Катјуша и.в.
5  Михал Квјатковски (ПОЛ) Жолта маичка Омега Парма-Квик Степ и.в.
6  Максим Иглински (КАЗ) Астана и.в.
7  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
8  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп и.в.
9  Данило Вис (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
10  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Жолта маичка Орика-ГринЕЏ 6ч 29' 50"
2  Михал Квјатковски (ПОЛ) Бела маичка Омега Парма-Квик Степ + 5"
3  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп + 10"
4  Хесус Ерада (ШПА) Мовистар Тим + 11"
5  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 12"
6  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 13"
7  Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 14"
8  Мартејн Кејзер (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 18"
9  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 19"
10  Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 19"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

2 мај 2014 — Ле Бувре до Егл, 180,5 км[18]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша 5ч 09' 23"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај и.в.
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 57"
4  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 57"
5  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 57"
6  Матијас Франк (ШВА) ИАМ Сајклинг + 57"
7  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 57"
8  Хесус Ерада (ШПА) Мовистар Тим + 1' 41"
9  Тибо Пино (ФРА) FDJ.fr + 1' 41"
10  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 1' 41"
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Симон Шпилак (СЛО) Jersey yellow.svg Катјуша 11ч 39' 25"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1"
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 1' 02"
4  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 1' 06"
5  Матијас Франк (ШВА) ИАМ Сајклинг + 1' 10"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 13"
7  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 14"
8  Хесус Ерада (ШПА) Jersey white.svg Мовистар Тим + 1' 40"
9  Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 1' 48"
10  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 1' 50"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

3 мај 2014 — Фрибур до Фрибур, 173,1 км[19]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ 4ч 14' 21"
2  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
3  Јан Бакелантс (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
4  Давиде Аполонио (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 9"
5  Антони Ру (ФРА) FDJ.fr + 9"
6  Оскар Гато (ИТА) Канондејл + 9"
7  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп + 9"
8  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано + 9"
9  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида + 9"
10  Тони Хирел (ФРА) Тим Јуропкар + 9"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Симон Шпилак (СЛО) Jersey yellow.svg Катјуша 15ч 53' 55"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1"
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 1' 02"
4  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 1' 06"
5  Матијас Франк (ШВА) ИАМ Сајклинг + 1' 10"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 13"
7  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 14"
8  Хесус Ерада (ШПА) Jersey white.svg Мовистар Тим + 1' 40"
9  Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 1' 48"
10  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 1' 50"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

4 мај 2014 — Нешател, 18,5 км, индивидуален хронометар (ITT)[20]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 24' 50"
2  Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 1"
3  Џеси Сарџент (НЗЛ) Трек Фактори Рејсинг + 8"
4  Ригоберто Уран (КОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 15"
5  Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 20"
6  Рикардо Цојдл (АВТ) Трек Фактори Рејсинг + 29"
7  Симон Шпилак (СЛО) Jersey yellow.svg Катјуша + 29"
8  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 31"
9  Тибо Пино (ФРА) FDJ.fr + 35"
10  Матијас Франк (ШВА) ИАМ Сајклинг + 35"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Jersey yellow.svg Тим Скај 16ч 18' 46"
2  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 28"
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 1' 32"
4  Матијас Франк (ШВА) ИАМ Сајклинг + 1' 44"
5  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 1' 48"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 52"
7  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 56"
8  Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 2' 07"
9  Хесус Ерада (ШПА) Jersey white.svg Мовистар Тим + 2' 15"
10  Тибо Пино (ФРА) FDJ.fr + 2' 31"

Поредок[уреди | уреди извор]

На Тур де Романди 2014 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси на етапите — десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири секунди за третопласираниот — предводникот ја добил жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Тур де Романди 2014 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.

Дополнително, постоел и пласман за млад возач, кој се наградувал со бела маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите родени на и по 1 јануари 1989 можеле да учествуваат во пласманот. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала розевата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања; постоеле четиринаесет категоризирани искачувања, поделени во три различни категории.

Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, кој се наградувал со зелената маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа, со исклучок на индивидуалните хронометри. Постои и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива црвена маичка на завршниот подиум.

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Планински пласман
Jersey pink.svg
Спринтерски пласман
Jersey green.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
П Михал Квјатковски Михал Квјатковски недоделена[N 1] недоделена[N 1] Михал Квјатковски Омега Парма-Квик Степ
1 Михаел Албасини Јохан Чоп Винченцо Нибали
2 Михаел Албасини Михаел Албасини Мартин Колер
3 Симон Шпилак Симон Шпилак Хесус Ерада Мовистар Тим
4 Михаел Албасини
5 Крис Фрум Крис Фрум
На крај Крис Фрум Јохан Чоп Мартин Колер Хесус Ерада Мовистар Тим

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Иако Михал Квјатковски ја добил маичката на подиумот во Аскона, немало бодови наменети за пласманот на етапата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „68ème Tour de Romandie 2014: Classement général 5“ [68. Тур де Романди 2014: Краен пласман] (PDF). Matsport (француски). Tissot Timing. 4 мај 2014. конс. 4 мај 2014. 
  2. Крис Фрум победи на Тур де Романди по победата на хронометарот“, „BBC Sport“, BBC, 4 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  3. Крис Фрум фаворит за освојување на круната“, „BBC Sport“, BBC, 3 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  4. Крис Фрум победи на Тур де Романди“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 4 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  5. Крис Фрум се помести на второто место додека Симон Шпилак ја освои третата етапа“, „Sky Sports“, BSkyB, 2 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  6. Rui Costa completes the masterpiece: he's on the podium!“, „Лампре-Мерида“, CGS Cycling Team AG, 4 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  7. 7,0 7,1 7,2 Фаранд, Стивен. „Фрум преовладувал на завршниот хронометар“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 4 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  8. 8,0 8,1 Blues most consistent on Swiss soil“, „Мовистар Тим“, Abarca Sports, 4 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  9. Колер од БМЦ го освои спринтерскиот пласман на Романди“, „БМЦ Рејсинг Тим“, BMC Trading, 4 мај 2014 (посет. 4 мај 2014 г).
  10. Конде, Микел. „Тур де Романди 2014: Поглед & Фаворити“. C-Cycling. Blogspot. конс. 2 мај 2014. 
  11. „Стартна листа на Тур де Романди 2014“. Тур де Романди. steephill.tv. конс. 28 април 2014. 
  12. „Преглед на Тур де Романди 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. конс. 29 април 2014. 
  13. „Пролог: Аскона до Аскона“. Cyclingnews.com. Future plc. конс. 29 април 2014. 
  14. Вин, Најџел. „Етапа на Тур де Романди скратена поради снег“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 30 април 2014 (посет. 2 мај 2014 г).
  15. „Етапа 1: Аскона до Сион“. Cyclingnews.com. Future plc. конс. 29 април 2014. 
  16. Фаранд, Стивен. „Етапа на Тур де Романди скратена поради снег“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 30 април 2014 (посет. 2 мај 2014 г).
  17. „Етапа 2: Сион до Монтро“. Cyclingnews.com. Future plc. конс. 29 април 2014. 
  18. „Етапа 3: Ле Бувре до Егл“. Cyclingnews.com. Future plc. конс. 29 април 2014. 
  19. „Етапа 4: Фрибур до Фрибур“. Cyclingnews.com. Future plc. конс. 29 април 2014. 
  20. „Етапа 5: Нешател до Нешател“. Cyclingnews.com. Future plc. конс. 29 април 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]