Насер Бухани

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Насер Буани)
Прејди на: содржини, барај
Насер Бухани
Буани на Гран при де Фурмје 2015
Лични податоци
Цело име Насер Бухани
Роден 25 јули 1990 (1990-07-25) (воз. 26 г.)
Епинал, Франција
Висина 1,75 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Кофидис
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2010–2014
2015-
Франсес де же
Кофидис
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2014)
3 индивидуални етапи (2014)
Вуелта а Еспања
2 индивидуални етапи (2014)

Еднодневни трки и класици

Национално друмско првенство (2012)
ГП де Фурмие (2013)
Тур де Вандеја (2013)

Други

Европска турнеја UCI (2015)
Последна промена
18 јули 2016

Насер Бухани (француски: Nacer Bouhanni; р. 25 јули 1990 во Епинал) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис. Се насочил кон спринтот и станал француски национален друмски првак во 2012 година.[1] Иако неговиот прв настап на некоја голема трка бил во 2012 година, негов вистински пробив бил настапат на Џиро д’Италија 2014, кога освоил три етапи и бодовниот пласман. Во август 2014 година било објавено дека Буани ќе го напушти ФДЖ и дека ќе се приклучи на Кофидис на двегодишен договор од 2015 година.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

2014[уреди | уреди извор]

Сезоната 2014 била многу успешна за Буани, со бројни победи вклучувајќи три етапи на Џиро д’Италија, како и освојувањето на бодовниот пласман на трката.[3] На Вуелта а Еспања, Буани победи на два масовни спринта, на втората и осмата етапа. На осмата етапа се појавиле накрсни ветрови, а Буани успеал да се задржи со првата група, победувајќи во контроверзниот спринт пред Мајкл Метјус и Петер Саган.[4] По повлекувањето од Вуелта, Буани дал интервју во кое изнел критики за управата на екипата. Како одговор, Марк Мадио го отстранил од остатокот на сезоната, поради што Буани се одлучил да ја напушти екипата за Кофидис.[5]

2015[уреди | уреди извор]

Морал да чека до април за да ја добие својата прва победа за неговата нова екипа на воведната етапа на Сиркут де ла Сарт во масовен спринт откако бегството било достигнато во рамки на последниот километар.[6] Исто така, ја освоил последната етапа на трката.[7] Малку подоцна во месецот ја освоил Гран при де Денен втора година по ред.[8] Својата прва победа за екипата на некоја трка од Светската турнеја ја остварил на втората етапа на Критериум ди Дофине во масовен спринт.[9] Ја повторил победата на четвртата етапа по жестоката завршница со многу напади.[10] Бухани бил принуден да се повлече од Тур де Франс по падот на 12. километар на петтата етапа.[11]

2016[уреди | уреди извор]

Бухани ја освоил првата етапа на Волта а Каталуња и ја носел водечката маичка.

Бухани се повлекол од националните првенства поради повреда на раката здобиена при тепачка со гости во хотелот ноќта пред трката.[12] Повредата, исто така, предизвикала да се повлече од Тур де Франс.[13]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
5. Краен пласман Тур де Жиронда
1. Етапа 2
2011
1. Етапа 3 Ла Тропикал Амиса Бонго
8. ГП де Денен
8. Париз-Трој
2012
1. MaillotFra.PNG Национален друмски првак
1. Краен пласман Сиркут де Лорен
1. Етапа 1
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Хале-Ингоигем
1. Етапа 1 Етоал де Бесеже
1. Етапа 1 Тур де Валони
1. Етапа 4 Тур де л’Еурометропол
2013
1. Вал д’Ил У Класик 35
1. Гран при де Фурмие
1. Тур де Вандеја
Трка околу Пекинг
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Трка околу Оман
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 2 Сиркут де ла Сарт
2. Омлоп ван хет Хутланд
3. Гран при де Денен
3. Хале-Ингоигем
3. Париз-Брисел
8. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2014
1. Гран при де Денен
Џиро д’Италија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Пласман Аѕури д’Италија
1. Етапа 4
1. Етапа 7
1. Етапа 10
Сиркут де ла Сарт
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2 Етоал де Бесеже
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 1 Критериум Интернасионал
1. Етапа 4 Енеко Тур
Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 8
3. Ле Самин
3. Нокере Курсе
10. Светско друмско првенство
2015
1. Европска турнеја UCI
1. Хале-Ингоигем
1. Сиркуто де Гечо
1. Гран при д’Изберг
Сиркут де ла Сарт
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Гран при де Денен
Критериум ди Дофине
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Тур де л’Ен
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1 Етапа 2
1. Национален Слујтингспрејс
2. Париз-Бурж
2. Рут Адели
3. Гран при де Фурмје
4. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
6. Милано-Сан Ремо
9. Полинорманд
2016
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Пикарди
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Волта а Каталуња
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4 Париз-Ница
1. Етапа 2 Вуелта а Андалусија
1. Етапа 1 Критериум ди Дофине
2. Трофео Плаја де Палма
3. Курне-Брисел-Курне
4. Милано-Сан Ремо
5. Класика де Алмерија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро СО 140
Jersey yellow.svg Тур СО СО
Jersey red.svg Вуелта СО СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мур, Кајл (24 јуни 2012). „Nacer Bouhanni times it perfectly to grab first French tricolor“. VeloNation. http://www.velonation.com/News/ID/12201/Nacer-Bouhanni-times-it-perfectly-to-grab-first-French-tricolor.aspx. конс. 13 февруари 2013 г. 
  2. Худ, Ендру (1 август 2014). „Бодовниот првак на Џиро Буани во Кофидис; Бом во Астана“. http://velonews.competitor.com/2014/08/news/giro-points-champ-bouhanni-leaves-fdj-signs-with-cofidis-for-2015_339257. конс. 3 август 2014 г. 
  3. Буани ја прослави победата во бодовниот пласман на Џиро“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 јуни 2014 (конс. 30 август 2014 г).
  4. Вуелта а Еспања: Буани победи на осмата етапа во Албасете“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 30 август 2014 (конс. 30 август 2014 г).
  5. ФДЖ го отстрани Буани како одговор на интервјуто на Французинот“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 11 септември 2014 (конс. 12 септември 2014 г).
  6. Жан Франсоа Кене. „Бухани до прва победа во 2015 на воведната етапа на Сиркут Сарт“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 април 2015 (конс. 8 април 2015 г).
  7. Жан Франсоа Кене. „Навардаускас победил на Сиркут Сарт“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 10 април 2015 (конс. 10 април 2015 г).
  8. Стивен Фаранд. „Бухани ја одбрани титулата на ГП де Денен“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 17 април 2015 (конс. 18 април 2015 г).
  9. Критериум ди Дофине: Бухани ја зема победата на втората етапа“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 јуни 2015 (конс. 8 јуни 2015 г).
  10. Бухани победи на етапата 4 на Критериум ди Дофине: Денис води“, „Yahoo! News“, Yahoo - ABC News Network, 10 јуни 2015 (конс. 11 јуни 2015 г).
  11. Насер Бухани падна на Тур де Франс“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 јули 2015 (конс. 8 јули 2015 г).
  12. „Bouhanni injured in fight with 'drunk' hotel guests at French Championships“ (на (англиски)). http://www.cyclingnews.com/news/bouhanni-injured-in-fight-with-drunk-hotel-guests-at-french-championships/. конс. 2 јули 2016 г. 
  13. „Bouhanni's Tour de France absence a 'catastrophe' for Cofidis“ (на (англиски)). http://www.cyclingnews.com/news/bouhannis-tour-de-france-absence-a-catastrophe-for-cofidis/. конс. 2 јули 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]