Париз-Ница 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Париз-Ница 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 2 од 28
Детали за трката
Датум(и) 9–16 март 2014
Етапи 8
Растојание 1447 км
Време 35ч 11' 45" (25,5 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Карлос Бетанкур (КОЛ) (Аг2р-Ла Мондијал)
Втор  Руј Кошта (ПОР) (Лампре-Мерида)
Трет  Артур Вишо (ФРА) (FDJ.fr)

Бодовен  Џон Дегенколб (ГЕР) (Џајант-Шимано)
Планински  Пим Лигтхарт (ХОЛ) (Лото-Белисол)
Младински  Карлос Бетанкур (КОЛ) (Аг2р-Ла Мондијал)
Екипен Мовистар Тим
2013
2015

Париз-Ница 2014 — 72. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, често наречена Трка на Сонцето. Започнала на 9 март во Мант ла Жоли и ќе заврши на 16 март во Ница, одржувајќи вкупно осум етапи. Таа е втора трка во сезоната на Светската турнеја и прва трка на европско копно.

Победникот на трката од 2013 година, Австралиецот Ричи Порт од Тим Скај,[1] кој требало да ја брани неговата титула, не настапил, бидејќи го заменувал Крис Фрум на истовремената трка Тирено-Адријатико.[2]

Трката била освоена од Колумбиецот Карлос Бетанкур од Аг2р-Ла Мондијал, кој го презел водството по освојувањето на кралската етапа, шестата етапа, откако исто така победил на петтата етапа, со што станал првиот колумбиски велосипедист, кој победил на трката. Бетанкур го освоил генералниот пласман со предност од 14 секунди пред второпласираниот Руј Кошта (Лампре-Мерида). Возачот на Аг2р-Ла Мондијал Артур Вишо го заокружил подиумот, шест секунди зад Кошта и 20 секунди зад Бетанкур, откако победил на последната етапа.

Во другите пласмани на трката, возачот на Џајант-Шимано Џон Дегенколб бил освојувач на зелената маичка за бодовниот пласман, освојувајќи најмногу бодови во текот на етапите на средните спринтови и етапните завршници, а Пим Лигтхарт бил победник на планинскиот пласман за екипата Лото-Белисол. Крајниот победник Карлос Бетанкур исто така ја освоил и белата маичка во пласманот за млад возач, бидејќи бил најдобро пласиран возач роден во 1989 или подоцна. Екипниот пласман бил освоен од екипата Мовистар Тим.

Распоред[уреди | уреди извор]

Список на етапи[3]
Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 9 март Мант ла Жоли до Мант ла Жоли 162,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Насер Буани (ФРА)
2 10 март Рамбује до Сен Жорж сир Болш 205 км Plainstage.svg рамна етапа  Морено Хофланд (ХОЛ)
3 11 март Туси до Невер Мањи-Кур 180 км Hillystage.svg ридеста етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
4 12 март Невер до Белвил 201,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)
5 13 март Креш сир Сон до Рив де Же 153 км Hillystage.svg ридеста етапа  Карлос Бетанкур (КОЛ)
6 14 март Сен Сатирнен лес Авињон до Фајенс 221,5 км Hillystage.svg ридеста етапа  Карлос Бетанкур (КОЛ)
7 15 март Мужен до Биот 195,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)
8 16 март Ница до Ница 128 км Hillystage.svg ридеста етапа  Артур Вишо (ФРА)

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја UCI, сите 18 UCI World Tour биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. На три други екипи им биле доделени специјални покани и со тоа била создадена групата од 21 екипа.

Екипите кои настапиле на трката биле:[4]

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

9 март 2014 — Мант ла Жоли до Мант ла Жоли, 162,5 км[5]
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Насер Буани (ФРА) FDJ.fr 3ч 53' 11"
2  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Шимано и.в.
3  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
4  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
5  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп и.в.
6  Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
7  Лука Вакерман (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
8  Фабио Фелине (ИТА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
9  Фабио Сабатини (ИТА) Канондејл и.в.
10  Франческо Гаваци (ИТА) Астана и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Насер Буани (ФРА) Жолта маичка Зелена маичкаБела маичка FDJ.fr 3ч 53' 01"
2  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1"
3  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Шимано + 4"
4  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 8"
5  Герант Томас (ВБР) Тим Скај + 9"
6  Силвен Шаванел (ФРА) ИАМ Сајклинг + 9"
7  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 10"
8  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп + 10"
9  Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар + 10"
10  Лука Вакерман (ИТА) Лампре-Мерида + 10"

Етапа 2[уреди | уреди извор]

10 март 2014 — Рамбује до Сен Жорж сир Болш, 205 км[6]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг 4ч 53' 46"
2  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Шимано и.в.
3  Насер Буани (ФРА) Жолта маичка FDJ.fr и.в.
4  Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
5  Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
6  Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
7  Арминдо Фонсека (ФРА) Бретањ-Сеше анвиронман и.в.
8  Тони Галопен (ФРА) Лото-Белисол и.в.
9  Јенс Кекелејре (БЕЛ) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Насер Буани (ФРА) Жолта маичка Зелена маичкаБела маичка FDJ.fr 8ч 46' 43"
2  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Шимано + 2"
3  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 4"
4  Герант Томас (ВБР) Тим Скај + 13"
5  Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар + 14"
6  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 14"
7  Александер Кристоф (НОР) Катјуша + 14"
8  Николај Трусов (РУС) Тинкоф-Саксо + 14"
9  Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
10  Јенс Кекелејре (БЕЛ) Орика-ГринЕЏ + 14"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

11 март 2014 — Туси до Невер Мањи-Кур, 180 км[7]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Шимано 4ч 27' 26"
2  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
4  Борут Божич (СЛО) Астана и.в.
5  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
6  Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
7  Насер Буани (ФРА) Жолта маичка FDJ.fr и.в.
8  Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
9  Герт Стегманс (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
10  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Жолта маичка Зелена маичкаБела маичка Џајант-Шимано 13ч 14' 01"
2  Насер Буани (ФРА) FDJ.fr + 8"
3  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 12"
4  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 18"
5  Герант Томас (ВБР) Тим Скај + 21"
6  Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар + 22"
7  Александер Кристоф (НОР) Катјуша + 22"
8  Николај Трусов (РУС) Тинкоф-Саксо + 22"
9  Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 22"
10  Марко Маркато (ИТА) Канондејл + 22"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

12 март 2014 — Невер до Белвил, 201,5 км[8]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Гармин-Шарп 5ч 00' 09"
2  Герант Томас (ВБР) Тим Скај и.в.
3  Вилко Келдерман (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 5"
4  Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ + 5"
5  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ + 5"
6  Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr + 5"
7  Петер Велитс (СВК) БМЦ Рејсинг Тим + 5"
8  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 5"
9  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 5"
10  Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 5"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Герант Томас (ВБР) Жолта маичка Тим Скај 18ч 14' 25"
2  Џон Дегенколб (ГЕР) Зелена маичка Бела маичка Џајант-Шимано + 3"
3  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Гармин-Шарп + 4"
4  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 8"
5  Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 12"
6  Вилко Келдерман (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 15"
7  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 17"
8  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ + 19"
9  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 19"
10  Арнолд Жанесон (ФРА) FDJ.fr + 19"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

13 март 2014 — Креш сир Сон до Рив де Же, 153 км[9]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал 3ч 38' 15"
2  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг и.в.
3  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана и.в.
4  Бријан Кокар (ФРА) Тим Јуропкар + 2"
5  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 2"
6  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Џајант-Шимано + 2"
7  Тони Галопен (ФРА) Лото-Белисол + 2"
8  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 2"
9  Борут Божич (СЛО) Астана + 2"
10  Марко Маркато (ИТА) Канондејл + 2"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Герант Томас (ВБР) Жолта маичка Тим Скај 21ч 52' 42"
2  Џон Дегенколб (ГЕР) Зелена маичка Бела маичка Џајант-Шимано + 3"
3  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Гармин-Шарп + 4"
4  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 5"
5  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 8"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 13"
7  Јан Бакелантс (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 13"
8  Вилко Келдерман (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 15"
9  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ + 19"
10  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 19"

Етапа 6[уреди | уреди извор]

14 март 2014 — Сен Сатирнен лес Авињон до Фајенс, 221,5 км[10]
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал 5ч 12' 11"
2  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида и.в.
3  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ + 3"
4  Герант Томас (ВБР) Жолта маичка Тим Скај + 3"
5  Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr + 3"
6  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 7"
7  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 7"
8  Тони Галопен (ФРА) Белкин Про Сајклинг + 7"
9  Штефан Денифл (АВТ) ИАМ Сајклинг + 7"
10  Горка Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 11"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Карлос Бетанкур (КОЛ) Жолта маичка Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал 27ч 04' 48"
2  Герант Томас (ВБР) Тим Скај + 8"
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 18"
4  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ + 22"
5  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 24"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 25"
7  Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr + 27"
8  Јан Бакелантс (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 29"
9  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 31"
10  Штефан Денифл (АВТ) ИАМ Сајклинг + 31"

Етапа 7[уреди | уреди извор]

15 март 2014 — Мужен до Биот, 195,5 км[11]
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Гармин-Шарп 5ч 00' 05"
2  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида и.в.
3  Карлос Бетанкур (КОЛ) Жолта маичка Аг2р-Ла Мондијал и.в.
4  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
5  Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr и.в.
6  Тони Галопен (ФРА) Лото-Белисол и.в.
7  Штефан Денифл (АВТ) ИАМ Сајклинг и.в.
8  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
9  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана и.в.
10  Петер Велитс (СВК) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1  Карлос Бетанкур (КОЛ) Жолта маичка Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал 32ч 04' 49"
2  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 14"
3  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ + 26"
4  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 27"
5  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 29"
6  Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr + 31"
7  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 35"
8  Штефан Денифл (АВТ) ИАМ Сајклинг + 35"
9  Петер Велитс (СВК) БМЦ Рејсинг Тим + 39"
10  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 39"

Етапа 8[уреди | уреди извор]

16 март 2014 — Ница до Ница, 228 км[12]
Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1  Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr 3ч 06' 56"
2  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
3  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
4  Дамијано Карузо (ИТА) Канондејл и.в.
5  Вилко Келдерман (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг и.в.
6  Френк Шлек (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг и.в.
7  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Гармин-Шарп и.в.
8  Карлос Бетанкур (КОЛ) Жолта маичка Аг2р-Ла Мондијал и.в.
9  Џорџ Бенет (НЗЛ) Канондејл и.в.
10  Едуардо Сепулведа (АРГ) Бретањ-Сеше анвиронман и.в.
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Карлос Бетанкур (КОЛ) Жолта маичка Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал 35ч 11' 45"
2  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 14"
3  Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr + 20"
4  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 21"
5  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 29"
6  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 31"
7  Штефан Денифл (АВТ) ИАМ Сајклинг + 35"
8  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 36"
9  Петер Велитс (СВК) БМЦ Рејсинг Тим + 39"
10  Тони Галопен (ФРА) Лото-Белисол + 41"

Поредок[уреди | уреди извор]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман на млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
1 Насер Буани Насер Буани Насер Буани Кристоф Лабори Насер Буани Омега Парма-Квик Степ
2 Морено Хофланд Катјуша
3 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Џон Дегенколб Џон Дегенколб
4 Том-Јелте Слагтер Герант Томас Валерио Ањоли Аг2р-Ла Мондијал
5 Карлос Бетанкур Силвен Шаванел
6 Карлос Бетанкур Карлос Бетанкур Карлос Бетанкур Мовистар Тим
7 Том-Јелте Слагтер Пим Лигтхарт
8 Артур Вишо
На крај Карлос Бетанкур Џон Дегенколб Пим Лигтхарт Карлос Бетанкур Мовистар Тим

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Симпсон, Ричард. „Порт победи на Париз-Ница со стил“, „Тим Скај“, BSkyB, 10 март 2013 (конс. 8 март 2014 г).
  2. Крис Фрум надвор од Тирено-Адријатико поради повреда на грбот“, „BBC Sport“, BBC, 7 март 2014 (конс. 8 март 2014 г).
  3. Преглед на Париз-Ница 2014“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 7 март 2014 (конс. 8 март 2014 г).
  4. Избрани екипите за Париз-Ница 2014“, „Париз-Ница“, Amaury Sport Organisation (конс. 6 март 2014 г).
  5. „Етапа 1: Мант ла Жоли до Мант ла Жоли“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-1.html. конс. 9 март 2014 г. 
  6. „Етапа 2: Рамбује до Сен Жорж сир Болш“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-2.html. конс. 9 март 2014 г. 
  7. „Етапа 3: Туси до Невер Мањи-Кур“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-3.html. конс. 9 март 2014 г. 
  8. „Етапа 4: Невер до Белвил“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-4.html. конс. 9 март 2014 г. 
  9. „Етапа 5: Креш сир Сон до Рив де Же“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-5.html. конс. 9 март 2014 г. 
  10. „Етапа 6: Сен Сатирнен лес Авињон до Фајенс“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-6.html. конс. 9 март 2014 г. 
  11. „Етапа 7: Мужен до Биот“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-7.html. конс. 9 март 2014 г. 
  12. „Етапа 8: Ница до Ница“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/paris-nice/2014/us/stage-8.html. конс. 9 март 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]