Френк Шлек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Френк Шлек
Лични податоци
Цело имеФренк Рене Шлек
Роден15 април 1980(1980-04-15)(43 г.)
Луксембург,  Луксембург
Висина1,86 м[1]
Маса65 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
1999
2000
2001
2002
2002
АКК Контерн
Де Нарди
Фестина (стажант)
Шатору
ЦСЦ-Тискали (стажант)
Професионални клубови
2003–2010
2011–2012
2014–2016
Тим ЦСЦ
Леопард Трек
Трек Фактори Рејсинг
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2006, 2009)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2015)

Етапни трки

Трка околу Луксембург (2009)
Тур де Свис (2010)
Критериум Интернасионал (2011)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2005, 2008, 2010, 2011, 2014)
Амстел Голд Рејс (2006)
Џиро дел’Емилија (2007)

Френк Рене Шлек (луксембуршки: Fränk René Schleck; р. 15 април 1980) — поранешен луксембуршки професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2003-2016. Шлек е постариот брат на Анди, победникот на Тур де Франс 2010. Нивниот татко, Џони Шлек, бил професионален друмски велосипедист помеѓу 1965 и 1974, како и нивниот дедо, Густав Шлек, кој учествувал на неколку трки во 1930-тите.

Најголеми достигнувања на Френк се петте победи на националното друмско првенство, петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2006, која завршувала на Алп д’Ез, класичната трка Амстел Голд Рејс 2006 и алпска етапа на Тур де Франс 2009, завршувајќи само со неговиот брат и Алберто Контадор. На 30 јануари 2013, Шлек бил суспендиран 12 месеци поради позитивен тест за ксипамид на Тур де Франс 2012. Забраната, отпочната од датумот на неговиот позитивен тест, истекла на 13 јули 2013.[2]

Велосипедска кариера[уреди | уреди извор]

Откако возел во спортската програма на луксембуршката армија, се преселил во Италија да вози за Де Нарди-Паста Монтеграпа. Во 2001 се обидел како стажант за Фестина, но кога екипата се распаднало по сезоната, Шлек останал без договор. Го контактирал менаџерот на Тим ЦСЦ Бјарн Рис преку заедничкиот пријател, младинскиот тренер Марсел Жил на аматерската екипа АКК Контерн.[3] Шлек возел во 2002 како стажант на Тим ЦСЦ и потпишал професионален договор со Бјарн Рис во 2003.

2005[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2005, на Шлек му се приклучил неговиот помлад брат Анди на Тим ЦСЦ и тие се ги поделиле националните првенства помеѓу нив, па така Френк ја освоил друмската трка, а Анди го освоил хронометарот. Пробивот на Шлек стигнал во 2005, кога имал три места на подиум во последниот месец на сезоната. На сите три трки завршил зад Паоло Бетини (победник на олимписката друмска трка во 2004) и Џилберто Симони (двократен победник на Џиро д’Италија), губејќи на Цири-Мецгете зад Бетини, на Џиро дел’Емилија зад Симони и завршувајќи трет зад обајцата на Џиро ди Ломбардија. Шлек ја завршил 2005 на 13. место на крајниот пласман во ProTour. Го продолжил договорот со Рис и Тим ЦСЦ до 2008, еден од тројцата возачи во екипата со тригодишен договор.

2006[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2006 започнал со петто место на Париз-Ница. По падот на Трката околу Баскија доживеал потрес на мозок.[4] Го имал своето враќање на Амстел Голд Рејс истиот месец. Останувајќи со фаворитите на десет километри пред крајот, Шлек се одвоил сам на Кауберг во Фалкенбург за соло-завршница додека колегата Карстен Крон ја забавувал потерата. Три дена подоцна завршил четврти на Флеш Валон по силното возење на Мур де Хуј, каде шпанскиот возач Алехандро Валверде се покажал непобедлив. Формата на Шлек продолжила и неколку дена подоцна на трката Лиеж-Бастон-Лиеж, каде возел напред во поголемиот дел на трката и завршил седми. На Тур де Франс ја освоил етапата 15, каде се одвоил од Дамијано Кунего на 1,5 километри пред крајот.

2007[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2007 започнал со деветто место на Париз-Ница. На Амстел Голд Рејс, паднал на 47 километри пред крајот и на крајот завршил десетти. Се вратил на Флеш Валон, каде завршил седми, но ден пред Лиеж-Бастон-Лиеж, објавил дека има скршен пршлен. И покрај повредата возел и отпочнал одлучувачки напад на неколку километри пред крајот со Данило ди Лука. Ди Лука нападнал на еден километар пред крајот и Шлек завршил на третото место. Шлек ја освоил четвртата етапа на Тур де Свис, освојувајќи ја жолтата маичка; на крајот завршил седми. На Тур де Франс успеал да заврши само на 17. место, но бил дел од успешен напад на Светското првенство, завршувајќи четврти.

2008[уреди | уреди извор]

На Амстел Голд Рејс 2008, Шлек завршил втор, зад Дамијано Кунего од Италија. На Лиеж-Бастон-Лиеж, Френк и неговиот помлад талентиран брат Анди Шлек прикажале претстава. Само два возача успеале да ги следат двајцата браќа, кога нападнале на последните ридови на трката: Алехандро Валверде и Давиде Ребелин. Во завршниот спринт Френк завршил на третото место.

На Тур де Свис Шлек паднал на опасен спуст и пропаднал во провалија. Чудесно поминал главно неповреден. Недела дена подоцна, Шлек станал национален првак по вторпат во неговата кариера. На Тур де Франс 2008 стигнал трет на првата планинска етапа. Ова го однело до второто место во генералниот пласман, само една секунда за жолтата маичка. Осум дена подоцна, Шлек ја преземал жолтата маичка и водството на Тур откако ја надокнадил едната секунда разлика од Кедел Еванс. На етапата 17 ја изгубил жолтата маичка од неговиот колега, Карлос Састре. На крајот на Тур, завршил на шесто место.

2009[уреди | уреди извор]

Шлек на Тур де Франс 2010, носејќи ги боите како национален првак на Луксембург.

Сезоната 2009 ја започнал на Трката околу Калифорнија, каде Шлек успеал да ја освоил осмата етапа. Во март, Шлек завршил втор на Париз-Ница. На 19 април, додека се обидувал да ја повтори неговата победа на Амстел Голд Рејс од 2006, Шлек лошо паднал заедно со Метју Лојд. Бил одведен во болница со потрес на мозокот, но бил пуштен истата вечер.[5] Шлек брзо се вратил, освојувајќи ја неговата домашна трка, Трката околу Луксембург, во јуни. Ниеден луксембуршки возач не победил од 1983. На 22 јули ја освоил 17. етапа на Тур де Франс, достигнувајќи ја целта заедно со предводникот на трката Алберто Контадор и неговиот брат, Анди Шлек. Подоцна завршил петти на трката.

2010[уреди | уреди извор]

Во 2010, Шлек ја освоил третата етапа на Тур де Свис и потоа изненадил на завршниот хронометар. На крајот ја освоил трката. Додека возел на третата етапа на Тур де Франс 2010, Шлек се здобил со тројна фрактура на неговата клучна коска, која се случила на калдрма и бил приморан да ја напушти трката. Подоцна возел на Вуелта а Еспања каде завршил на петтото место.

На 29 јули 2010, Шлек и неговиот брат Анди објавиле дека го напуштаат Тим Саксо Банк на крајот на 2010. Потоа основале сосема нова луксембуршка екипа со поранешниот директор на Тим Саксо Банк Ким Андерсен.[6] Во октомври 2010, еден од менаџерите на проектот ја објавил официјалната страница под името Леопард Чру Рејсинг, што довело до шпекулација дека тоа е планираното име за екипата.[7]

2011[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2011, новата екипа на Френк била потврдена како Леопард Трек и Шлек ја освоил Критериум Интернасионал, заедно со местото на подиум на Лиеж-Бастон-Лиеж, а и ја одбранил титулата на државното првенство. На Тур де Франс, на етапата 12, Шлек нападнал кон крајот на последното искачување завршувајќи трет на Луз-Ардиден. Шлек завршил на второто место во генералниот пласман по Пиринеите, додека неговиот брат бил на 4. место. Потоа, Шлек завршил втор на Кол ду Галибје зад неговиот брат. Меѓутоа изгубил многу време на завршниот хронометар во однос на Кедел Еванс, кој на крајот го освоил Тур таа година. Ја завршил трката на третото место додека неговиот брат бил втор, со што првпат во историјата на Тур се случило браќа да го делат подиумот. Потоа, Шлек и неговиот брат потпишале со РадиоШек-НисанТрек за сезоната 2012.

2012–2013[уреди | уреди извор]

Шлек ја започнал сезоната како член на екипата РадиоШек-Нисан. Одлучил да вози на Џиро д’Италија, но се повлекол на етапата 15. Потоа, Шлек ја покажал неговата форма на Трката околу Луксембург, кога завршил трет и потоа завршил втор на Тур де Свис. Бил избран да вози на Тур де Франс. На шестата етапа на Тур, Шлек паднал на 25 километри пред крајот и изгубил само две минути, сериозно нарушувајќи ги неговите шанси за можна победа.

Шлек го напуштил Тур де Франс откако Меѓународниот велосипедистички сојуз открил дека бил позитивен на тестот за забранетата супстанца ксипамид.[8][9]

На 4 јули 2013, РадиоШек-Леопард објавил дека нема да го обновата договорот со Шлек, оставајќи го без екипа.[10] Откако Трек ја купиле лиценцата на екипата РадиоШек-Леопард за настап во Светската турнеја, објавиле дека Шлек ќе потпише со екипата за сезоната 2014.[11]

Обвинувања за допинг[уреди | уреди извор]

2008[уреди | уреди извор]

На 25 јули 2008, еден ден пред одлучувачката претпоследна етапа на Тур де Франс 2008, германскиот дневен весник Зидојче Цајтунг навел средба помеѓу Шлек и озлогласениот шпански доктор Еуфемијано Фуентес во декември 2005. Властите изјавиле дека нема таков доказ за да се потврди ова тврдење.[12] Обвинувањата во врска со Шлек следеле по низата силни резултати.

Пред Светските друмски првенства 2008 во Варезе, Италија, на 26 септември 2008, весникот објавил подолга статија за врските помеѓу Шлек и Фуентес по тврдење за доказ за банкарска трансакција од 7.000 евра од Шлек на сметка во швајцарска сметка поврзана со Фуентес. Постоењето на доказот било пријавено во германската полиција и подоцна потврдено од луксембуршките обвинители.[13]

По јавното признание на Шлек за тоа плаќање на 3 октомври 2008, Бјарн Рис и Тим ЦСЦ Саксо Банк одлучиле привремено да го суспендираат Шлек од понатамошните трки додека потполно не се потврдат обвинувањата за допинг.[14] Шлек бил прогласен за невин од сите обвинувања од допинг-властите на Луксембург на почетокот на декември.

2012[уреди | уреди извор]

На 17 јули 2012, Шлек бил повлечен од Тур де Франс 2012 од неговата екипа во текот на вториот ден на одмор, откако А-примерокот покажал траги на ксипамид.[15] Б-примерокот на Шлек го потврдил позитивниот резултат.[16] По позитивниот примерок, екипата го суспендирала[17][18]

Во јануари 2013 било објавено дека Шлек добил забрана од една година од луксембуршката анти-допинг агенција, која појаснила дека Шлек „не ја зел супстанцата намерно“ и поради суспензијата била намалена на една година, наместо вообичаено две години.[19] Забраната започнала од моментот на позитивниот тест, 14 јули 2012.[20]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
1. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Средоземна трка
1. Етапа 4 (ТТТ)
2. Цири-Мецгете
3. Џиро ди Ломбардија
4. Краен пласман Тур де Свис
7. Краен пласман Париз-Ница
2006
1. Амстел Голд Рејс
10. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 15
2007
1. Етапа 4 Тур де Свис
1. Џиро дел’Емилија
2. Копа Сабатини
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
2008
1. Национално друмско првенство
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Полска
2. Амстел Голд Рејс
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Тур де Франс
2009
1. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 3
1. Етапа 8 Трка околу Калифорнија
Етапа 8 Најборбен возач
2. Краен пласман Париз-Ница
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 17
2010
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 3
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 2
3. Класика Примавера
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
7. Амстел Голд Рејс
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
2011
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Етапа 1
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
3. Краен пласман Тур де Франс
6. Класика де Сан Себастијан
7. Флеш Валон
7. Краен пласман Тур де Свис
2012
2. Краен пласман Тур де Свис
3. Краен пласман Трка околу Луксембург
7. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2014
1. Национално друмско првенство
6. Краен пласман Критериум Интернационал
8. Гран при де Валони
9. Краен пласман Трка околу Луксембург
2015
1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Трка околу Јута
9. Трофео Сера де Трамунтана
2016
3. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Џиро 42 СО
Тур 10 16 5 5 СО 3 СО 12 34
Вуелта СО 4 24

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Френк Шлек“.
  2. „Disgraced Schleck will miss Tour de France after failing drug test during last year's race“. Посетено на 1 февруари 2013.
  3. Flying high close to home, CyclingNews, 1 декември 2005
  4. Schleck Crashes Out Архивирано на 30 септември 2007 г., Team-CSC, 5 април 2006
  5. „Шлек и Лојд паднаа на Амстел Голд“.
  6. Devaney, Jason. "Schlecks Confirm Departure from Saxo Bank." Universal Sports – Cycling. 30 јули 2010.
  7. „Could the Luxembourg team of Schleck brothers be named Leopard True Racing?“. Velonation.com. 24 октомври 2010. Посетено на 18 јули 2012.
  8. „Frank Schleck to leave Tour de France after failing doping test“. CNN. Посетено на 17 јули 2012.
  9. „Tour de France star Frank Schleck positive for diuretic: UCI“. 18 јули 2012.
  10. „Fränk Schleck Surprised By RadioShack Dumping“. Cyclingnews.com. 14 јули 2012. Посетено на 5 јули 2013.
  11. „Andy, Frank Schleck sign with Trek“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 23 јули 2013. Посетено на 6 август 2013.
  12. Schleck unter Verdacht Архивирано на 27 јули 2009 г., Зидојче Цајтунг, 25 јули 2008
  13. Schleck war Fuentes Kunde Архивирано на 27 јули 2009 г., Зидојче Цајтунг, 26 септември 2008
  14. Press Release regarding Fränk Schleck Архивирано на 13 јуни 2011 г., Team CSC Saxo Bank, 3 октомври 2008
  15. Richard Williams in Pau. „Frank Schleck tests positive for banned diuretic and is out of Tour“. The Guardian. Посетено на 18 јули 2012.
  16. „Fränk Schleck doping positive confirmed“. Cyclingnews. Посетено на 20 јули 2012.
  17. Justin Davis in Pau (17 јули 2012). „Schleck controversy deepens RadioShack woes“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2016-08-21. Посетено на 18 јули 2012.
  18. Шејн Стоукс (20 јули 2012). „Frank Schleck's B sample also positive for diuretic Xipamide; doping hearing looming for rider“. VeloNation. Velo Nation LLC. Посетено на 30 јануари 2013.
  19. Бен Аткинс (30 јануари 2013). „Fränk Schleck handed one year ban by Luxembourg Anti-Doping“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 30 јануари 2013.
  20. „Fränk Schleck given one-year doping ban“. Cycling News. Future Publishing Limited. 30 јануари 2013. Посетено на 30 јануари 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Ким Кирхен
Луксембуршки спортист на годината
2006
Наследник
Ким Кирхен