Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Лого на трката | |
За трката | |
---|---|
Датум | крај на април |
Регион | Ардени, Белгија |
Месно име | Liège–Bastogne–Liège (француски) |
Прекар | La Doyenne („Најстарата“) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Монументален еднодневен класик |
Организатор | Amaury Sport Organisation |
Историја | |
Прво одржување | 1892 |
Одржувања | 108 (до 2022) |
Прв победник | Леон Хуа (БЕЛ) |
Најмногу победи | Еди Меркс (БЕЛ) (5 пати) |
Неодамнешен победник | Ремко Евенепул (БЕЛ) |
Лиеж-Бастон-Лиеж (француски: Liège–Bastogne–Liège; често нарекувана La Doyenne („Најстарата“)[1][2][3]) — еден од петте монументи во европскиот професионален календар во друмскиот велосипедизам.[4] Се вози низ регионот на Ардените во Белгија, од Лиеж до Бастон и назад.
Лиеж-Бастон-Лиеж била дел од Светскиот друмски куп и е дел од белгиската серија арденски класици, која ја вклучува и Флеш Валон. Обете трки се организирани од Amaury Sport Organisation. Еднаш, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж биле организирани една по друга во т.н. Арденски викенд. Само седум возачи победиле на двете трки во иста година: Швајцарецот Ферди Киблер двапати (во 1951 и 1952), Белгијците Стан Окерс (1955) и Еди Меркс (1972), Италијанците Морено Аргентин (1991) и Давиде Ребелин, Шпанецот Алехандро Валверде (2006) и на крај Филип Жилбер во 2011 како дел од четирикратната победа со Амстел Голд Рејс и Брабант Пејл.
Победници
[уреди | уреди извор]Победници по националност
[уреди | уреди извор]Победи | Држава |
---|---|
60 | Белгија |
12 | Италија |
6 | Швајцарија |
5 | Франција |
4 | Холандија, Шпанија |
3 | Ирска, Казахстан, Луксембург |
2 | Германија, Данска , Словенија |
1 | Австралија, Русија, САД |
Повеќекратни победници
[уреди | уреди извор]Возачи кои успеале да ја освојат трката повеќе од еднаш.
Активните возачи се напишани со закосени букви.
Победи | Возач | Земја | Години |
---|---|---|---|
5 | Еди Меркс | Белгија | 1969 + 1971 + 1972 + 1973 + 1975 |
4 | Морено Аргентин | Италија | 1985 + 1986 + 1987 + 1991 |
Алехандро Валверде | Шпанија | 2006 + 2008 + 2015 + 2017 | |
3 | Леон Хуа | Белгија | 1892 + 1893 + 1894 |
Алфонс Шеперс | Белгија | 1929 + 1931 + 1935 | |
Фред де Брујне | Белгија | 1956 + 1958 + 1959 | |
2 | Луј Мотијат | Белгија | 1921 + 1922 |
Рене Вермандел | Белгија | 1923 + 1924 | |
Ришар Депортер | Белгија | 1943 + 1947 | |
Проспер Депредоме | Белгија | 1946 + 1950 | |
Фердинанд Киблер | Швајцарија | 1951 + 1952 | |
Јозеф Брујер | Белгија | 1976 + 1978 | |
Бернар Ино | Франција | 1977 + 1980 | |
Шон Кели | Ирска | 1984 + 1989 | |
Микеле Бартоли | Италија | 1997 + 1998 | |
Паоло Бетини | Италија | 2000 + 2002 | |
Александар Винокуров | Казахстан | 2005 + 2010 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.letour.fr/stf/liege/1999/fr/lbl1.html
- ↑ Cycling Weekly, UK, 13 March 1993
- ↑ Cycling Weekly, UK, 7 March 1992
- ↑ Титулата „монумент“ нема официјално значење; често е употребувана од францускиот дневен печат со цел да го означи непроменливото место на трката во календарот, но терминот добива пошироко значење поради спортските коментатори на телевизиите, особено во САД
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лиеж-Бастоњ-Лиеж“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Достигнувања на Cycling Archives
|