Ремко Евенепул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ремко Евенепул
Лични податоци
Роден25 јануари 2000 (2000-01-25) (20 г.)
Схепдал,  Белгија
Висина1,71 м[1]
Маса61 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубДекојнинк-Квик Степ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2019– Декојнинк-Квик Степ
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Белгија (2019)
Волта ао Алгарве (2020)
Вуелта а Бургос (2020)
Вуелта а Сан Хуан (2020)
Трка околу Полска (2020)

Еднодневни трки и класици

Европски хронометарски првак (2019)
Класика де Сан Себастијан (2019)
Последна промена
25 август 2020

Ремко Евенепул (холандски: Remco Evenepoel; р. 25 јануари 2000) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Декојнинк-Квик Степ.[2]

Тој е син на Патрик Евенепул, поранешен велосипедист, кој победил на Гран при Валони 1993.[3] Ремко Евенепул најпрвин започнал со фудбал, играјќи за младинските екипи на Андерлехт и Ајндховен и бил вклучен во младинската репрезентација на Белгија. Сфаќајќи дека неговата градба е повеќе подобна за велосипедизам, во 2017 година се насочил кон овој спорт. Откако ги освоил друмската трка и хронометарот во јуниорските категории на Светското друмско првенство 2018, Евенепул станал професионалец со Декојнинк-Квик Степ, прескокнувајќи го рангот под 23 години.

Евенепул е сметан за еден од најголемите таленти во светскиот велосипедизам и често е споредуван со Еди Меркс, најуспешниот велосипедист на сите времиња.[4][5]

Кариера[уреди | уреди извор]

Јуниорска кариера[уреди | уреди извор]

Победувајќи на светското јуниорско првенство во 2018 година

Син на поранешниот професионален велосипедист Патрик Евенепул, Ремко Евенпул ја започнал својата спортска кариера како фудбалер. На пет години станал член на Андерлехт. Кога имал 11 години се префрлил во младинската академија на ПСВ Ајндховен пред да се врати во Андерлехт на 14 години. Играл четири пати за белгиската репрезентација под 15 години и пет пати за белгиската репрезентација под 16 години. По некои разочарувања и неуспеси се префрлил на велосипедизам во 2017 година. Ги освоил хронометарската и друмската трка на Европското јуниорско друмско првенство во 2018 година. Разликата меѓу него и второпласираниот на друмската трка била 9 минути и 44 секунди.[6][7]

Истата година ги повторил истите резултати и на Светското јуниорско друмско првенство.[8]

Декојнинк-Квик-Степ[уреди | уреди извор]

2019[уреди | уреди извор]

Евенепул ја слави победата на Класика де Сан Себастијан 2019

Избирајќи да ги прескокне ранговите до 23 години, Евенепул објавил во јули 2018 година дека ќе се приклучи на Декојнинк-Квик Степ за сезоната 2019.[9] Во првата сезона, Евенепул требало да настапува на пократки етапни трки и ќе ги избегнел калдрмисаните еднодневни класични трки.[10][11] На неговата прва трка на Вуелта а Сан Хуан, Евенепул го освоил пласманот за млад возач и деветтото место во генералниот пласман. Воедно го освоил својот прв професионален подиум на третата етапа (хронометар), кога завршил зад колегата Жилијан Алафилип и Валерио Конти.[12] Првата професионална победа на Евенепул дошла на Трката околу Белгија, каде го освоил генералниот пласман, како и етапа и бодовниот пласман.[13] На 3 август 2019 година, Евенепул ја забележал својата прва победа во Светската турнеја, кога ја освоил трката Класика де Сан Себастијан. Се одвоил од групата, придружуван од Томс Скујињш на околу 20 километри од целта, откачувајќи го неговиот придружник на последното искачување со што стигнал сам до победата.[14] Станал трет најмлад возач некогаш кој освоил велосипедски класик во историјата на спортот.[15] На 8 август 2019 година, Евенепул го освоил хронометарот на Европското друмско првенство 2019.[16] На Светското друмско првенство во септември, Евенепул можел да настапил во категоријата под 23 години, но одлучил да се настапи во возрасната категорија.[17] Го освоил сребрениот медал на хронометарот.[18] Поголем дел од годината го поминал делејќи соба со Филип Жилбер, кој му имал менторска улога.[19]

2020[уреди | уреди извор]

Евенепул ја започнал сезоната 2020 на Вуелта а Сан Хуан, каде го освоил поединечниот хронометар на третата етапа и генералниот пласман.[20] Потоа настапил на Волта ао Алгарве. Таму, ја освоил втората и последната етапа, хронометар, со што ја запечатил победата на трката пред Максимилијан Шахман.[21]

По паузата од трките поради пандемијата на коронавирусот, ја освоил Вуелта а Бургос[22] и Трката околу Полска.[23]

Ремко Евенепул доживеал сериозен пад на Џиро ди Ломбардија. Додека се спуштил на Муро ди Сормано и по остра кривина, удрил во низок ѕид на мост од кој бил фрлен преку него, паѓајќи во каллив дел близу дрвја, неколку метри под патот.[24] Немало други велосипедисти вклучени во падот и тој брзо преземен од спасувачките екипи, свесен и можел да одговара. Неколку часови подоцна, неговата екипа потврдил дека има скршена карлица и набиено десно белодробно крило, истакнувајќи дека нема набрзо да се врати на трки.[25]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2017
1. Ла Филип Жилбер јуниори
1. Ла Рут де Жеан
Обел-Тимистер-Ла Глејз
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2b
2018
Светско јуниорско друмско првенство
1. Jersey rainbow.svg Друмска трка
1. Jersey rainbow chrono.svg Хронометар
Европско јуниорско друмско првенство
1. EuropeanChampionJersey(2016).png Друмска трка
1. EuropeanChampionJersey(2016).png Хронометар
Национално јуниорско друмско првенство
1. MaillotBélgica.svg Друмска трка
1. MaillotBélgica.svg Хронометар
1. Jersey green.svg Краен пласман Џиро дела Луниџана
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Мировна трка јуниори
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 2а (ITT)
1. Етапа 4
1. Jersey yellow.svg Краен пласман ГП Женерал Патон
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Обел-Тимистер-Ставел
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 3
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трофеј Сентр Морбијан
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Курне-Брисел-Курне јуниори
1. Хроно де насионс јуниори
1. Класик Гвидо Рејбрук
2019
1. EuropeanChampionJersey(2016).png Европско хронометарско првенство
1. Jersey blue.svg Краен пласман Трка околу Белгија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Класика де Сан Себастијан
2. Silver medal blank.svg Светско хронометарско првенство
3. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Баскија
8. Краен пласман Трка Адријатика Јоника
1. Етапа 3
9. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
1. Jersey green.svg Пласман за млад возач
2020
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 5 (ITT)
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 4
1. Jersey violet.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 3
1. Jersey white.svg Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
1. Jersey green.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 3 (ITT)

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Remco Evenepoel, Deceuninck - Quick-Step Cycling team“. Посетено на 2 August 2020.
  2. Ryan, Barry (31 December 2019). „2020 Team Preview: Deceuninck-QuickStep“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 January 2020.
  3. „Evenepoel: My dream is to win a Grand Tour“. 9 January 2019. Посетено на 6 March 2020.
  4. Weber, Joscha (25 September 2019). „Remco Evenepoel: The new Eddy Merckx?“. Дојче Веле. Посетено на 24 February 2020.
  5. „Eddy Merckx: Remco Evenepoel really is something special“. cyclingnews.com. 29 September 2018. Посетено на 24 February 2020.
  6. Brown, Gregor (28 September 2018). „Tom Boonen: 'Remco Evenepoel needs to learn to ride tactically at WorldTour level'. Cycling Weekly. Посетено на 25 February 2020.
  7. „European Continental Championships MJ - Road Race (CC)“. procyclingstats.com. Посетено на 25 February 2020.
  8. MacLeary, John (27 September 2018). „Remco Evenepoel doubles up at world championships as Belgium starts to believe it has found 'next Eddy Merckx'. The Daily Telegraph. Посетено на 25 February 2020.
  9. „Evenepoel vanaf 2019 al prof bij Quick-Step: "Sky kwam nog met gek bod" [Evenepoel from 2019: pro at Quick-Step already: "Sky came with crazy bid"]. Sporza (холандски). Vlaamse Radio- en Televisieomroeporganisatie. 18 јули 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
  10. „Evenepoel reveals schedule for debut with Deceuninck-QuickStep“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 7 ноември 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
  11. „Evenepoel will not ride cobbled Classics in 2019“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 10 декември 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
  12. „Vuelta a San Juan Stage 3 Results“ (PDF).
  13. „Baloise Belgium Tour: Evenepoel takes overall victory“. Cyclingnews.com. 16 јуни 2019. Посетено на 29 јуни 2019.
  14. Malach, Pat (3 август 2019). „Evenepoel wins Clasica San Sebastian“. cyclingnews.com. Посетено на 5 август 2019.
  15. Long, Jonny (4 август 2019). 'In the last four kilometres I had tears in my eyes': Remco Evenepoel emotional after debut classics victory“. Cycling Weekly. Посетено на 5 август 2019.
  16. Evenepoel wins time trial title at European Championships
  17. Ryan, Barry (13 September 2019). „Evenepoel daring to dream ahead of World Championships“. cyclingnews.com. Посетено на 25 February 2020.
  18. Frattini, Kirsten (25 September 2019). „Remco Evenepoel: The silver medal feels like gold at this World Championships“. cyclingnews.com. Посетено на 25 February 2020.
  19. Hood, Andrew (3 December 2019). „Gilbert on Evenepoel: 'At first I didn't take him seriously'. VeloNews. Посетено на 25 February 2020.
  20. Ryan, Barry (2 February 2020). „Remco Evenepoel wins Vuelta a San Juan“. cyclingnews.com. Посетено на 25 February 2020.
  21. „Volta ao Algarve stage 5: Remco Evenepoel tops Rohan Dennis to win TT and secure overall“. VeloNews. 23 February 2020. Посетено на 25 February 2020.
  22. Fotheringham, Alasdair (1 August 2020). „Remco Evenepoel wins Vuelta a Burgos“. CyclingNews. Посетено на 1 August 2020.
  23. Gadzała, Paweł (9 August 2020). „Remco Evenepoel wins Tour de Pologne“. CyclingNews. Посетено на 9 August 2020.
  24. „Remco Evenepoel suffers bridge fall after crash during Il Lombardia“. bbc.com. 15 August 2020. Посетено на 16 August 2020.
  25. „Remco Evenepoel Update“. deceuninck-quickstep.com. 15 August 2020. Посетено на 16 August 2020.
  26. https://www.demorgen.be/sport/remco-evenepoel-jongste-sportman-van-het-jaar-ooit-nina-derwael-opnieuw-sportvrouw-van-het-jaar~ba0c0042/
  27. https://www.wielerflits.be/nieuws/remco-evenepoel-wint-kristallen-fiets-als-beste-belgische-renner/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]