Прејди на содржината

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лиеж-Бастон-Лиеж 2012)
Лиеж-Бастон-Лиеж 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 13 од 28
Карта на рутата
Детали за трката
Date 22 април 2012
Растојание 257,5 км
Време 6ч 43' 52" (23.771 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Максим Иглински (КАЗ) (Астана)
Втор  Винченцо Нибали (ИТА) (Ликвигас-Канондејл)
Трет  Енрико Гаспарото (ИТА) (Астана)
2011
2013

Лиеж-Бастон-Лиеж 2012 било 98. издание на Лиеж-Бастон-Лиеж, еднодневна велосипедска трка. Била одржана на 22 април 2012 на растојание од 257,5 километри, започнувајќи го Лиеж и завршувајќи во Анс, преку Бастон, во регионот на Ардените во Белгија. Таа била тринаесетта трка во оваа сезона на Светската турнеја.

Трката била освоена од возачот на Астана Максим Иглински, откако го достигнал возачот на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали во последните километри на трката. Нибали го презел водството во трката по нападот во последните 20 километри.[1] Иглински го достигнал на околу 1 километар до крајот и всушност завршил 21 секунда пред Нибали,[2] додека победникот на Амстел Голд Рејс Енрико Гаспарото го заокружил подиумот за Астана.[3] Бранителот на титулата од минатата година, Филип Жилбер од (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) можел да заврши само на шеснаесеттото место во трката, скоро 90 секунди зад Иглински.[4]

Бидејќи Лиеж-Бастон-Лиеж е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Седум други екипи биле повикани дополнително во трката,[5] и со тоа се создала главата група составена од 25 екипи.

Екипите кои учествувале на трката биле (тие со дополнителни покани се означени со*):[6]

Резултати

[уреди | уреди извор]

[7][8]

Возач Екипа Време Светска турнеја на UCI
бодови
1  Максим Иглински (КАЗ) Астана 6ч 43' 52" 100
2  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 21" 80
3  Енрико Гаспарото (ИТА) Астана + 36" 70
4  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 36"
5  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Баракуда + 36" 50
6  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 36" 40
7  Самуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади + 36" 30
8  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 36" 20
9  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Баракуда + 36" 10
10  Јеле Ванендерт (БЕЛ) Лото-Белисол + 36" 4
  1. Декалуве, Брехт (22 април 2012). „Максим Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2012-01-10. Посетено на 22 април 2012.
  2. Мекган, Колин (22 април 2012). „Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 22 април 2012.
  3. „Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж преку Нибали“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 22 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-24. Посетено на 22 април 2012.
  4. Мур, Кајл (22 април 2012). „Максим Иглински се докажа на Лиеж-Бастон-Лиеж“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 22 април 2012.
  5. „Доделени поканите за Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж“. Cycling News. Future Publishing Limited. 29 февруари 2012. Посетено на 22 април 2012.
  6. „Почетен список Лиеж-Бастон-Лиеж 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 април 2012.
  7. „Поредок“. Лиеж-Бастон-Лиеж. Amaury Sport Organisation. 22 април 2012. Посетено на 22 април 2012.
  8. „Светска турнеја на UCI #12 - Лиеж-Бастон-Лиеж (BEL/UWT)“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Infostrada Sports. 22 април 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 22 април 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]