ГП Западна Франција 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ГП Уест-Франција 2012)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ГП Западна Франција
Светска турнеја UCI 2012, трка 24 од 29
Детали за трката
Date 26 август 2012
Растојание 243 км
Време 5ч 55' 28" (25,49 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Едвалд Боасон Хаген (Норвешка) (Тим Скај)
Втор  Руј Кошта (Португалија) (Мовистар Тим)
Трет  Хајнрих Хауслер (Австралија) (Гармин-Шарп)
2011
2013

ГП Западна Франција 2012 било 76. издание на ГП Западна Франција, еднодневна велосипедска трка. Била одржана на 26 август 2012 на растојание од 243 километри, започнувајќи и завршувајќи во Плуе, Франција. Била дваесет и четврта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген,[1] откако се одвоил од групата со цел да го достигне водечкиот напред, Португалецот Руј Кошта од Мовистар Тим, забрзувајќи и поразувајќи го на целта со пет секунди во Плуе. Кошта успеал да се одржи пред налетот на главната група и да заврши како второпласиран,[2] додека во масовниот спринт за третото место се изборил возачот на Гармин-Шарп Хајнрих Хауслер.[3]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи ГП Западна Франција бил настан од Светската турнеја UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. На пет други екипи им биле доделени дополнителни покани за трката и со тоа е создадена главната група од 23 екипи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[4]

Резултати[уреди | уреди извор]

[5]

Велосипедист Екипа Време Светска турнеја UCI
Бодови
1  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај 5h 55' 28" 80
2  Руј Кошта (ПОР) Мовистар Тим + 5" 60
3  Хајнрих Хауслер (АВС) Гармин-Шарп + 5" 50
4  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ + 5" 40
5  Јирген Рулантс (БЕЛ) Лото-Белисол + 5" 30
6  Марко Маркато (ИТА) Вакансолел-ДКМ + 5" 22
7  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Нисан + 5" 14
8  Борут Божич (СЛО) Астана + 5" 10
9  Самуел Димулен (ФРА) Кофидис + 5"
10  Лука Паолини (ИТА) Катјуша + 5" 2

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]