Критериум ди Дофине 2012 било 64. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине. Се одржувала од 3 до 10 јуни и била рангирана како настан во Светската турнеја на календарот на UCI, која е највисока категорија на една трка. Започнала во Гренобл, а завршила во Шател по седум изминати етапи и воведниот пролог. Трката е организирана од Amaury Sport Organisation, истата група, која го организира и Тур де Франс. Сметана е како главна подготовка за Тур де Франс, па оттука голем број на кандидати за генералниот пласман на големите трки учествуваат на Дофине.[1] Вклучувала планински етапи, како и индивидуален хронометар, сличен на оној во должина, кој ги очекува возачите на Тур.
Трката била освоена втора година по ред од возачот на Тим СкајБредли Вигинс,[2] кој ја бркал водечката маичка уште на почетокот на трката, зголемувајќи ја својата предност во водството по освојувањето на хронометарот на четвртата етапа и одржувајќи ја својата предност до крајот на трката. Со овој потфат, Вигинс станал само трет возач, кој ги освоил Дофине и Париз-Ница – Вигинс ја освоил оваа трка во март, како и априлската Тур де Романди – во иста година, веднаш зад Жак Анкетил (1963 и 1965) и Еди Меркс (1971), кои тоа го направиле претходно.[3]
Разликата помеѓу Вигинс и неговиот колега и вицешампион Мајкл Роџерс била една минута и седумнаесет секунди, а возачот на БМЦ Рејсинг ТимКедел Еванс го заокружил подиумот, девет секунди зад Роџерс.[4] Во останатите пласмани на трката, возачот на Ликвигас-КанондејлКајетано Сармиенто го освоил планинскиот пласман,[5] Еванс ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман,[6] Возачот на РабобанкВилко Келдерман го освоил пласманот за млад возач,[7] додека Тим Скај завршиле на чело на екипниот пласман со над тринаесет минути, откако четири нивни членови завршиле во првите десет возачи на крајот на трката.[8]
Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат нивен состав. Четири други екипи добиле дополнителни покани за трката и со тоа е создадена главната група од 22 екипи.[9] Сите 22 екипи исто така ќе учествуваат на Тур де Франс, подоцна во сезоната.[10]
Дваесет и двете екипи, кои се натпреварувале на трката се:[11]