Гент-Вевелгем 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гент-Вевелгем 2012
Светска турнеја UCI 2012, трка 7 од 28
Детали за трката
Date 25 март
Растојание 234,6 км
Време 5ч 32' 44" (42.304 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Том Бонен (Белгија) (Омега Парма-Квик Степ)
Втор  Петер Саган (Словачка) (Ликвигас-Канондејл)
Трет  Мати Брешел (Данска) (Рабобанк)
2011
2013

Гент-Вевелгем 2012 било 74. издание на еднодневната велосипедска трка Гент-Вевелгем. Била одржана на 25 март 2012 на растојание од 234,6 километри,[1] и била седма трка на сезоната 2012 на светската турнеја.

Во масовната спринтерска завршница, трката била освоена од возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[2] кој со ова станал петти различен возач, кој ја освоил трката трипати. Бонен завршил пред возачите на Ликвигас-Канондејл Петер Саган и на Рабобанк Мати Брешел, кој го комплетирал подиумот.[3]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Гент-Вевелгем бил настан од Светската турнеја UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат екипа. Седум други екипи биле повикани дополнително со трката,[4] и така се создава 25-екипната група. Секој може да има осум возачи, со што на почетокот на трката имало 195 возачи.[5]

Екипи, кои се натпреварувале во трката биле:[5]

Резултати[уреди | уреди извор]

[6]

Возач Екипа Време Светска турнеја UCI
Бодови
1  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ 5ч 32' 44" 80
2  Петер Саган (СВК) Ликвигас-Канондејл и.в. 60
3  Мати Брешел (ДАН) Рабобанк и.в. 50
4  Оскар Фреир (ШПА) Катјуша и.в. 40
5  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај и.в. 30
6  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в. 22
7  Марко Маркато (ИТА) Вакансолел-ДКМ и.в. 14
8  Стив Шенел (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в. 10
9  Филипо Поцато (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија и.в.
10  Џовани Висконти (ИТА) Мовистар Тим и.в. 2

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Uurrooster" (PDF). Гент-Вевелгем (холандски). Koninklijke Veloclub Het Vliegend Wiel v.z.w. 27 јануари 2012. Посетено на 25 март 2012. Unknown parameter |trans_title= ignored (help)
  2. Вокер, Ли (25 март 2012). "Бонен победи на Гент-Вевелгем". Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 25 март 2012.
  3. "Бонен го освои Гент-Вевелгем". Cycling News. Future Publishing Limited. 25 март 2012. Посетено на 25 март 2012.
  4. "Седум покани за Гент-Вевелгем". Cycling News. Future Publishing Limited. 18 јануари 2012. Посетено на 25 март 2012.
  5. 5,0 5,1 "Deelnemerslijst" (PDF). Гент-Вевелгем (холандски). Koninklijke Veloclub Het Vliegend Wiel v.z.w. 24 март 2012. Посетено на 25 март 2012. Unknown parameter |trans_title= ignored (help)
  6. "Светска турнеја UCI #6 - Гент-Вевелгем". Меѓународен велосипедистички сојуз. Infostrada Sports. 25 март 2012. Посетено на 25 март 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]