Мати Брешел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мати Брешел
Брешел на Е3 Харелбеке 2009
Лични податоци
Цело имеМати Брешел
Роден31 август 1984(1984-08-31)(39 г.)
Балеруп,  Данска
Висина1,81 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици / Спринтер
Аматерски клубови
до 2004 Тим ПХ
Професионални клубови
2005–2010
2011–2012
2013–2015
2016
2017
2018-
Тим ЦСЦ
Рабобанк
Тим Саксо-Тинкоф
Канондејл-Драпак
Астана
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2008)

Етапни трки

Трка околу Луксембург (2014)

Еднодневни трки и класици

Дварс дор Вландерен (2010)
Национален друмски првак (2009)
Последна промена
1 февруари 2019

Мати Брешел (дански: Matti Breschel; р. 31 август 1984 во Балеруп) — дански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Јуниорска кариера[уреди | уреди извор]

Тој го имал неговиот пробив со малата данска екипа Тим ПХ, завршувајќи шести на Светското велосипедско првенство под 23 години во Верона во 2004, каде му помогнал на сонародникот Мадс Кристенсен, кој завршил трет. Исто така го освоил бронзениот медал на данското национално друмско првенство во текот на летото во 2004.

Тим ЦСЦ (2005–2010)[уреди | уреди извор]

2005[уреди | уреди извор]

Станал професионалец во сезоната 2005 за данската екипа Тим ЦСЦ, каде потпишал двегодишен договор. На конференцијата за печат, во врска со неговиот избор за приклучување на Тим ЦСЦ во октомври 2004, изјавил дека едноставно сакал да се прилагоди на ограничувањата на професионалниот велосипедизам, велејќи „Се надевам на влезот во екипата, но во почетокот само сакав да ја научам играта и трките. Некаде каде што знам дека ќе бидам послаб.“[2] Под раководство на искусниот ветеран Ларс Микаелсен,[3] Брешел ја започнал сезоната на Трката околу Катар, каде двајцата возачи завршиле еден до друг, Брешел ја споделил конечната победа со Микаелсен. Тие возеле заедно голем број на класици и помали трки и Брешел во многу од нив завршил на второто место, без победи.

2006[уреди | уреди извор]

На почетокот на сезоната 2006, повторно се појавил на Трката околу Катар, завршувајќи како најдобар млад возач на трката, веќе втора година по ред. Покажал добра форма во март со третото место на Ле Самин, каде бил победен единствено од Филип Жилбер во масовен спринг на групата и неколку дена подоцна со второто место на етапата 2 на Три дена Западна Фландрија, каде бил веднаш зад спринтерот од светска класа Роби Мекјуан. За третата и последна етапа на трката, Брешел спринтал повторно против Мекјуан, каде победникот ќе го преземел генералниот пласман, овојпат не успеале и двајцата, бидејќи доживеала пад. Брешел ги скршил пршлените на две места, а Мекјуан ја напуштил трката.[4]

2007[уреди | уреди извор]

Се вратил спремен во 2007 и го освоил импресивното 14. место на Париз-Рубе, каде неговиот совозач Стјуарт О‘Грејди победил. По опоравувањето ја освоил неговата прва победа како професионалец на етапата 2 на Трката околу Данска во август 2007. Ова било прва данска етапна победа во петте години возење на оваа национална турнеја.

2008[уреди | уреди извор]

Во 2008 дошла неговата најдобра сезона и го имал неговиот меѓународен пробив, кога на 8 јуни 2008 го освоил Меѓународното првенство Филаделфија, исто така познато како Меѓународно првенство Комерс Бенк во Филаделфија, каде ги отспринтал сите кандидати за победа во не толку масовен спринт по долгата и тешка трка. Неколку недели подоцна, однел уште една импресивна победа, кога ја освоил втората етапа на Стер Електротур, етапа која завршувала на страшниот Кауберг и исто така го освоил бодовниот пласман. Ја одржал неговата добра форма во текот на сезоната и бил на второто место на Данското друмско првенство, единствено победен од неговиот совозач Ники Серенсен. Во август освоил две етапи на Трката околу Данска и исто така водел во генералниот пласман до крајниот хронометар, кога паднал на петтото место.

По многу импресивната сезона, врвот за младиот возач пристигнал на 21 септември, кога ја освоил последната етапа на Вуелта а Еспања во Мадрид на многу убедлив начин, откако неколку дена претходно бил втор на етапата 17 на трката. Само една недела подоцна, Брешел возел извонредно на Светското велосипедистичко првенство, каде завршил трет и го добил бронзениот медал.

2009[уреди | уреди извор]

Брешел ја имал најдобрата сезона на калдрмисаните класици во 2009 година. Успеал да заврши шести на Трката околу Фландрија и деветти на Париз-Рубе. Во јуни станал национален друмски првак и освоил етапи на Тур де Свис, Волта а Каталуња, Трката околу Луксембург и Трката околу Данска. Успеал да заврши втор на Класикот Ватенфал.

2010[уреди | уреди извор]

Во текот на сезоната 2010, Брешел возел добра на класиците на кладрма, но страдал од лоша среќа. Брешел ја освоил Дварс дор Вландерен и постигнал добри резултати на Гент-Вевелгем и Трката околу Фландрија, но доживеал механички дефекти на двете трки.

Рабобанк (2011–2012)[уреди | уреди извор]

Потпишал за Рабобанк за сезоните 2011 и 2012. На Париз-Рубе 2012 бил спречен од повреда на коленото. Меѓутоа, една недела претходно завршил деветти на Трката околу Фландрија. Исто така, успеал да се качи на подиум на Гент-Вевелгем.

Брешел го напуштил Рабобанк на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Тим Саксо-Тинкоф со двегодишен договор од сезоната 2013.[5]

Саксо-Тинкоф (2013–2015)[уреди | уреди извор]

При неговото враќање во поранешната екипа Тим ЦСЦ, Брешел успеал да освои четири етапи на Трката околу Данска - две во 2013 и во 2015 година. Исто така, освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Луксембург.

Канондејл (2016)[уреди | уреди извор]

Брешел потпишал за ЕФ Едукејшн-ИзиПост за сезоната 2016.[6] Возел на Тур де Франс, но ја напуштил трката на етапата 14 по пад. Негови најдобри пласмани во сезоната биле петтото место на ГП Кантон Аргау и шестото место на Хејстсе Пејл.

Астана (2017)[уреди | уреди извор]

Брешел немал најдобра година во Астана и неговиот најдобар резултат бил 12. место на Дварс дор Вландерен, трка која претходно ја освоил во 2010 година.

ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018–денес)[уреди | уреди извор]

Брешел се вратил во екипата ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак по една година во боите на Астана. Завршил деветти на влажната етапа 5 на Париз-Ница. На Милано-Санремо, Брешел спринтал за 12. место.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2001
1. Национален друмски првак под 19 години
2003
6. Трка околу Фин
2004
1. Џиро дел Кававезе под 23 години
1. Етапа 2 Рингерике ГП
6. Светско друмско првенство под 23 години
6. Париз-Рубе под 23 години
2005
2. Краен пласман Трка околу Катар
2006
3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
3. Ле Самин
6. Краен пласман Трка околу Катар
7. Класик Ридинг
2007
1. Етапа 2 Трка околу Данска
1. Етапа 2 Трка околу Ирска
2008
1. Меѓународно првенство Филаделфија
Трка околу Данска
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
1. Етапа 21 Вуелта а Еспања
1. Етапа 2 Стер Електротур
3. Светско друмско првенство
2009
1. Национално друмско првенство
Трка околу Луксембург
1. Етапа 4
1. Бодовен пласман
Трка околу Данска
1. Етапа 1
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4 Тур де Свис
1. Етапа 2 Волта а Каталуња
2. Ватенфал Класик
3. Краен пласман Трка околу Ирска
1. Пласман за млад возач
6. Трка околу Фландрија
7. Светско друмско првенство
10. Париз-Рубе
2010
1. Дварс дор Вландерен
Трка околу Данска
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
2. Светско друмско првенство
8. Гент-Вевелгем
2012
1. Етапа 3 Вуелта а Бургос
3. Гент-Вевелгем
9. Трка околу Фландрија
2013
3. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 2
1. Етапа 3
8. Гран при Квебек
9. Ватенфал Класик
2014
1. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
4. Светско друмско првенство
2015
6. Е3 Харелбеке
7. Ватенфал Класик
8. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Бодовен пласман
10. Краен пласман Тур де Валони
2016
5. ГП ди кантон д’Аржови
6. Хејстсе Пејл
2018
3. Јапонски куп

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Џиро 119 СО
Тур 142 СО
Вуелта 48 68 СО 159

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Санремо 119  — 60 39 134 11  — 31 73  — 12  — 23 12
Трка околу Фландрија СО  — СО 57 6 15  — 9 25 СО 73 СО 32 98
Париз-Рубе 58  — 14 20 9 СО  —  — 15  — 97  — 99 35
Лиеж-Бастоњ-Лиеж  —  —  —  —  —  —  —  —  —  —  —  —  —  —
Џиро ди Ломбардија  —  —  —  —  — СО  —  — 49  —  —  —  —  —
Класици 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Омлоп Хет Ниусблад  — 27  — 134 36 76  — 30  —  —  —  — 19 89
Курне-Брисел-Курне  —  —  — 109 17 СО  — 123  —  —  —  — 88 40
Страде Бјанке  —  —  — 25 20 11  —  —  —  —  —  —  —  —
Дварс дор Вландерен 43  — 61 18  — 1  —  —  —  — 12  — 12  —
Е3 Харелбеке СО  — 77 7 33 СО  — 11 52  — 6  — СО  —
Гент-Вевелгем 17  — 85 20 15 8  — 3 13 72 СО СО СО  —
Класика де Сан Себастијан  —  —  —  —  —  — 12  — 86  —  —  —  —  —
Класик Ватенфал  —  — 15  — 2 СО  —  — 9 19 7  — 31  —
Париз-Тур 17  — 107 17  — 25  — СО  — 14 СО  —  —  —

Распоред на резултатите на првенствата[уреди | уреди извор]

Настан 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Олимписки игри друмска трка не се одржал не се одржал 42 не се одржал не се одржал
Светски првенства хронометар
друмска трка СО 3 7 2 СО СО 4 33 СО
Национални првенства хронометар
друмска трка 3 3 2 1 4 7 14 44

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Breschel returns to Slipstream Sports for 2018“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 25 октомври 2017. Посетено на 1 јануари 2018.
  2. Мати Брешел потпиша за CSC од CyclingNews.com, 21 октомври 2004
  3. „Matti i mester- lære“, Ekstra Bladet, 10 декември 2004
  4. Повредениот Брешел го обвинува Мекјуан од CyclingNews.com, 6 март 2006
  5. „Брешел потврден во Саксо Банк-Тинкоф Банк“. Cycling News. Future Publishing Limited. 17 септември 2012. Посетено на 17 септември 2012.
  6. http://www.cyclingnews.com/news/breschel-joins-cannondale-garmin-in-2016/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]