Трка околу Фландрија 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трка околу Фландрија 2017 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание101. Трка околу Фландрија
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2017 1.UWT
Датум2 април 2017
Растојание260 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеАнтверпен
ОдредиштеАуденарде
Екипи25
Возачи на почеток198
Возачи на крај121
Просечна брзина40,651 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникBEL Филип Жилбер (Квик-Степ Флорс) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранBEL Грег ван Авермет (БМЦ Рејсинг Тим) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранNED Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс) Wikidata-logo S.svg
◀ 20162018 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Трка околу Фландрија 2017 — 101. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Фландрија, која се одржала на 2 април како тринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Трката била освоена од белгискиот национален првак Филип Жилбер од екипата Квик-Степ Флорс,[3] откако нападнал сам на Ауде Кваремонт и се одржал пред групата во останатите 55 километри.[4] Второто место му припаднало на уште еден Белгиец, Грег ван Авермет од БМЦ Рејсинг Тим, победувајќи ги холандските возачи Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс) и Дилан ван Барле од Канондејл-Драпак во трочлен спринт за подиум.

Рута[уреди | уреди извор]

Антверпен домаќин на почетокот на трката на својот главен плоштад по прв пат.
Првиот круг на рутата (со црвено) и преминот кон вториот круг (со зелено).
Вториот круг на рутата (со црвено) и завршниот дел од трката од 16,1 километар (со зелено).

Градот Антверпен по прв пат бил домаќин на трката, откако 19 пати започнала во Бруге, со што Трката околу Фландрија прв пат започнала од покраината Антверпен.[5] Трката завршила во Ауденарде со вкупно растојание од 260,8 километри и повторно го имала Мур ван Герардсберген, едно од иконските искачувања на трката.[5][6]

Првите 116 километри на трката се рамни, пред да започне првото од 18. искачувања, Ауде Кваремонт.[6] Ауде Кваремонт, кое било во фокусот на трката во последните неколку години, се појавувало три пати на рутата и последните две се споени со Патерберг три километри подоцна.[7] Мур ван Герардсберген е деветто категоризирано искачување на 95 километри од завршницата.

Завршните 75 километри биле идентични на претходните изданија.[7] На завршните девет искачувања, првото било Канариберг, потоа првата комбинација Ауде Кваремонт-Патерберг, по кое следело Копенберг, најстрмното искачување на трката. Копенберг било веднаш по рамниот сектор со калдрма на Маријаборестрат, што водело до искачувањата Стенбекдрис и Тајенберг. Крејсберг во Ронсе се наоѓало на 26 километри од целта, пред завршните две искачувања.[6] Втората комбинација на Ауде Кваремонт и Патерберг го претставувал крајот на трката, пред 13,2 километри до завршницата.

Категоризирани искачувања и калдрми[уреди | уреди извор]

Мур ван Герардсберген, со наклони до 20%, се враќа во рѕтата по петгодишна пауза.
Патерберг во Клејсберген е последното искачување на трката на само 13,2 километри пред крајот.
Хагхук е претпоследниот рамен дел со калдрма на трката, 117,4 километри од целта.

Осумнаесет категоризирани искачувања, од кои 12 со калдрма. Дополнително, имало пет рамни делови со калдрма.

Искачувања и сектори со калдрма на Трката околу Фландрија 2017
Бр. Име Растојание од Подлога Должина
(метри)
Наклон (%)
Почеток
(км)
Цел
(км)
(прос.) (макс.)
Липенховестрат 85,2 175,6 калдрма 1300
Падестрат 86,6 174,2 калдрма 1500
1 Ауде Кваремонт 116,3 144,5 калдрма 2200 4% 11,6%
2 Кортекер 126,8 134,0 асфалт 1000 6,4% 17,1%
3 Ејкенберг 134,5 126,3 калдрма 1200 5,2% 10%
4 Волвенберг 137,6 123,2 асфалт 645 7,9% 17,3%
Холевег 137,7 123,1 калдрма 1500
Хагхук 143,4 117,4 калдрма 2000
5 Леберг 146,4 114,4 асфалт 950 4,2% 13,8%
6 Берендрис 150,5 110,3 асфалт 940 7% 12,3%
7 Тенбосе 155,5 105,3 асфалт 450 6,9% 8,7%
8 Мур ван Герардсберген 165,8 95,0 калдрма 1075 9,3% 19,8%
9 Ла Упе 184,5 76,3 калдрма 2800 3,3% 10%
10 Канариберг 190,3 70,5 асфалт 1000 7,7% 14%
11 Ауде Кваремонт 206,2 54,6 калдрма 2200 4% 11,6%
12 Патерберг 209,6 51,2 калдрма 360 12,9% 20,3%
13 Копенберг 216,2 44,6 калдрма 600 11,6% 22%
Маријаборестрат 220,3 40,5 калдрма 2000
14 Стенбекдрис 221,6 39,2 асфалт 700 5,3% 6,7%
15 Тајенберг 224,1 36,7 калдрма 530 6,6% 15,8%
16 Крејсберг 234,3 26,5 асфалт 2500 5% 9%
17 Ауде Кваремонт 244,1 16,7 калдрма 2200 4% 11,6%
18 Патерберг 247,6 13,2 калдрма 360 12,9% 20,3%

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, кои биле објавени на 28 февруари 2017 година.[9] Јенс Кекелејре од Орика-Скот бил исфрлен од трката утрината пред почетокот,[10] поради што главната група била составена од 199 возачи.[11]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. GER Бора-хансгрое
  2. BEL Квик-Степ Флорс
  3. BEL Лото-Судал
  4. USA БМЦ Рејсинг Тим
  5. USA Cannondale-Drapac
  6. USA Трек-Сегафредо
  7. AUS Орика-Скот
  8. FRA AG2R La Mondiale
  9. SUI Катјуша-Алпесин
  10. KAZ Астана
  11. GBR Тим Скај
  12. RSA Дименжн Дата
  13. ESP Мовистар
  14. BRN Бахреин-Мерида
  15. NED Лото НЛ-Џамбо
  16. FRA ФДЖ
  17. GER Sunweb
  18. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (7)
  1. BEL Спорт Вландерен-Балоас
  2. BEL Ванти-Груп Гобер
  3. BEL Верандас Вилемс-Крелан
  4. FRA Директ Енержи
  5. FRA Кофидис
  6. NED Ромпот-Недерландсе Лотереј
  7. ITA Вилиер Триестина-Селе Италија
Wikidata-logo S.svg

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[12]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. BEL Филип Жилбер Квик-Степ Флорс6ч 23' 45
2. BEL Грег ван Авермет БМЦ Рејсинг Тим+ 29
3. NED Ники Терпстра Квик-Степ Флорс+ 29
4. NED Дилан ван Барле Cannondale-Drapac+ 29
5. NOR Александер Кристоф Катјуша-Алпесин+ 53
6. ITA Саша Модоло ОАЕ Емирати+ 53
7. GER Џон Дегенколб Трек-Сегафредо+ 53
8. ITA Филипо Поцато Вилиер Триестина-Селе Италија+ 53
9. FRA Силвен Шаванел Директ Енержи+ 53
10. ITA Сони Колбрели Бахреин-Мерида+ 53
Извор: ProCyclingStats


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. конс. 2 октомври 2016. 
  3. „Uitslag - Résultat - Result“ (Portable Document Format). KBWB-RVLB.com. Royal Belgian Cycling League. 2 април 2017. конс. 2 април 2017. 
  4. Philippe Gilbert wins Tour of Flanders after epic solo break“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 2 април 2017 (посет. 2 април 2017 г).
  5. 5,0 5,1 „Muur van Geraardsbergen returns for 2017 Tour of Flanders“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 10 октомври 2016. 
  6. 6,0 6,1 6,2 „101° Ronde van Vlaanderen“ [101st Tour of Flanders] (PDF). Трка околу Фландрија (холандски). Фландриски класици. конс. 31 март 2017. 
  7. 7,0 7,1 Флечер, Патрик. „Tour of Flanders 2017 preview“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 31 март 2017 (посет. 2 април 2017 г).
  8. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  9. Tour of Flanders announces seven wildcard teams for 2017“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 28 февруари 2017 (посет. 31 март 2017 г).
  10. Диркс, Нилс. „Keukeleire komt niet aan de start van de Ronde“, „Sport.be“, Golazo Media NV, 2 април 2017 (посет. 2 април 2017 г). (на холандски)
  11. „Ronde van Vlaanderen - Tour des Flandres: List of participants“ (Portable Document Format). Трка околу Фландрија. Фландриски класици. 31 март 2017. конс. 31 март 2017. 
  12. „Трка околу Фландрија 2017“. ProCycling. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]