Александер Кристоф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александер Кристоф
Кристоф на Схелдепрејс 2015
Лични податоци
Цело име Александер Кристоф
Роден 5 јули 1987 (1987-07-05) (воз. 30 г.)
Осло,  Норвешка
Висина 1,81 м
Маса 78 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Катјуша-Алпесин
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2006
2007–2009
2010–2011
2012–
Глуд & Марстранд-Хорсенс
Тим Максбо Бјанки
БМЦ Рејсинг Тим
Катјуша
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 индивидуални етапи (2014)

Етапни трки

Трка на Фјордовите (2014, 2016)
Три дена Де Пане (2015)

Еднодневни трки и класици

EuropeanChampionJersey(2016).png Европски друмски првак (2017)
MaillotNoruega.PNG Национален друмски првак (2007, 2011)
Милано-Сан Ремо (2014)
Трка околу Фландрија (2015)
Ватенфал Класик (2014)
ГП Западна Франција (2015)
Трка околу Франкфурт (2014, 2016, 2017)
Класик Лондон-Сари (2017)
Шелдепрејс (2015)
ГП Кантон Аргау (2015)
Последна промена
7 октомври 2017

Александер Кристоф (норвешки: Alexander Kristoff; р. 5 јули 1987 во Осло) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[1] Го освоил националното друмско првенство во 2007 и во 2011 година.[2] Негови најголеми победи, покрај другите, се Милано-Сан Ремо 2014 и Трката околу Фландрија 2015.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

На шест години, се преселил од Осло во Ставангер. Неговиот очув го заинтересирал во велосипедизмот, отколку во фудбалот. Тој започнал да вози за Ставангер СК. На 16 години, го освоил норвешкото првенство за млади и завршил четврти на Олимпијадата за млади.[3] Тој станал професионалец во 2006, кога започнал да вози за Глуд & Марстранд Хорсенс. Во 2007, тој станал норвешки друмски првак на 19, победувајќи го Тор Хушовд во спринт од четири возачи.[4]

Катјуша (2012-)[уреди | уреди извор]

Кристоф на Трката на Фјордовите во 2014 година

Го освоил бронзениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[5]

Во 2014 година, Кристоф го освоил италијанскиот класик Милано-Сан Ремо победувајќи го Фабијан Канчелара при спринт. Подоцна истата година, Кристоф освоил две етапни победи на Тур де Франс освојувајќи го второто место зад Петер Саган во бодовниот пласман. Подоцна, оваа сезона, Кристоф освоил уште една победа кога победил на Ватенфал Класик, како и Трката околу Франкфурт во мај. Вкупно освоил 14 победи во сезоната 2014.

Во 2015 година, Кристоф имал многу добар почеток во неговата сезона со три етапни победи на Трката околу Катар, притоа освојувајќи ја спринтерската маичка. Наскоро прославил уште една етапна победа на Трката околу Оман. На 1 март бил претекнат од Марк Кевендиш и го освоил второто место на Курне-Брисел-Курне.[6] Освоил уште една спринтерска победа на Париз-Ница, додека се подготвувал за Милано-Сан Ремо. Се надевал за повторна победа на трката, но Џон Дегенколб бил подобар од него во спринтерската завршница и се нашол на престижното второ место.[7] Во месец март, останал покус за место на подиумот на Е3 Харелбеке, завршувајќи на четвртото место.[8] Потоа учествувал на Три дена Де Пане, каде бил дел од бегство на шесторица на првата етапа и ја освоил во спринт на мала група, додека бил предводен од неговиот колега Свен Ерик Бистром.[9] Го повторил тоа следниот ден, овој пат во масовен спринт.[10] Кристоф исто така победил на етапата 3а, масовен спринт каде го поминал за многу мал дел од секундата Андре Грајпел. Со бонус секундите освоени на етапата го освоил генералниот пласман по завршувањето на третото место на етапата 3б, краток индивидуален хронометар.[11] Во април, Кристоф победил на престижната трка, Трката околу Фландрија. Нападнал на околу 30 километри пред целта со Ники Терпстра и подоцна победил во меѓусебниот спринт.[12] Три дена подоцна Кристоф го освоил спринтерскиот полукласик Шелдепрејс,[13] станувајќи првиот кој победил на Три дена Де Пане, Трката околу Фландрија и Шелдепрејс во истата сезона. Кристоф завршил десетти на Париз-Рубе, по што земал пауза од трките.

Се вратил на Трката околу Норвешка, каде завршил осми, притоа освојувајќи две етапи.[14] Кратко потоа учествувал на Трката на Фјордовите, каде преовладал со спринтот, освојувајќи три етапи, бодовниот пласман и деветтото место во генералниот пласман.[15] Исто така, ја освоил седмата етапа на Тур де Свис за влакно пред Петер Саган. Саган се одвоил од заветрината на Кристоф обидувајќи се да го претекне во последните метри, но не успеал.[16]

Во 2016 година ја започнал сезоната со три етапни победи на рамната Трка околу Катар, завршувајќи на второто место во генералниот пласман зад Марк Кевендиш.[17]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
Гренланд ГП
1. Етапа 1
1. Етапа 2
2007
1. MaillotNoruega.PNG Национално друмско првенство
2008
1. MaillotNoruega.PNG Национално првенство за критериум
1. Етапа 4 Рингерике ГП
2009
1. MaillotNoruega.PNG Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 3 Рингерике ГП
2010
3. Меѓународно првенство Филаделфија
4. Ватенфал Класик
2011
1. MaillotNoruega.PNG Национално друмско првенство
3. Етапа 8 Џиро д’Италија
2012
Три дена де Пане
1. Етапа 3a
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
3. Bronze medal.svg Олимписка друмска трка
3. Краен пласман Светски пристаништен класик
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 4
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2013
Трка околу Норвешка
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 5 Тур де Свис
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 3a
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
3. Ватенфал Класик
4. Краен пласман Трка околу Фјордовите
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3 (ТТТ)
4. Трка околу Фландрија
4. Париз-Брисел
5. Награда на Шелда
8. Милано-Сан Ремо
9. Париз-Рубе
2014
1. Милано-Сан Ремо
1. Трка околу Франкфурт
1. Ватенфал Класик
Трка околу Норвешка
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 2 Трка околу Оман
1. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
Тур де Франс
1. Етапа 12
1. Етапа 15
2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 2
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
5. Трка околу Фландрија
8. Краен пласман Три дена Де Пане
8. ГП Западна Франција
2015
1. Етапа 7 Тур де Свис
1. Етапа 3 Трка околу Оман
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Jersey white.svg Генерален пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3а
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Трка околу Фландрија
1. Шелдепрејс
1. ГП Кантон Аргау
Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 1
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. ГП Западна Франција
2. Милано-Сан Ремо
2. Курне-Брисел-Курне
2. Ватенфал Класик
3. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Jersey silver.svg Бодовен пласман
3. Гран при Квебек
4. Светско друмско првенство
4. Е3 Харелбеке
8. Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Jersey silver.svg Бодовен пласман
9. Гент-Вевелгем
9. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
10. Париз-Рубе
2016
1. Jersey gold.svg Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Трка околу Оман
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 1 Арктичка трка на Норвешка
1. Трка околу Франкфурт
1. Етапа 7 Трка околу Калифорнија
2. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Jersey silver.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
2. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 1
2. Курне-Брисел-Курне
3. ГП Западна Франција
4. Трка околу Фландрија
5. Јуроајс Класик
6. Милано-Сан Ремо
7. Светско друмско првенство
2017
1. EuropeanChampionJersey(2016).png Европско друмско првенство
1. Трка околу Франкфурт
1. Класик Лондон-Сари
Трка околу Оман
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6
Етоал де Бесеж
1. Jersey yellow.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Jersey orange.svg Бодовен пласман Трка околу Британија
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство
2. Класик Бретања
3. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
4. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 2
4. Милано-Сан Ремо
4. Јуроајс Класик
5. Трка околу Фландрија
7. Минстерланд Џиро

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Милано-Сан Ремо 131 8 1 2 6 4
Трка околу Фландрија 15 4 5 1 4 5
Париз-Рубе СО СО 57 9 СО 10 48 СО
Лиеж-Бастон-Лиеж
Џиро ди Ломбардија
Класик 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Омлоп Хет Ниусблад 101 138 77 11 СО СО
Е3 Харелбеке 94 4 53 27
Гент-Вевелгем 57 14 11 9 СО 73
Трка околу Франкфурт 6 1 1 1
Јуроајс Класик 4 14 11 3 1 2 5 4
Класик Бретања СО 8 1 3 2

СО = се откажал
— = не учествувал

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Џиро 157 149 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 0 0
Бодовен пласман 30 8
Тур ДНЕ ДНЕ 147 125 130 149 130
Освоени етапи 0 2 0 0 0
Бодовен пласман 5 2 10 5 4
Вуелта ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи
Бодовен пласман
Легенда
1 Победник
2–3 Топ три
4–10 Топ десет
11– Друго место
ДНЕ Не учествувал
ДНФ-x Не завршил (се повлекол на етапа x)
ДСК Диквалификуван
Н/А Трката/пласманот не беше одржана
НР Нерангиран во овој пласман

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кристоф потпиша за Катјуша“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2011 (конс. 1 јануари 2012 г).
  2. „National Championship, Road, Elite, Norway“. Cycling Archives. http://www.cyclingarchives.com/wedstrijdfiche.php?wedstrijdid=3192. конс. 6 април 2015 г. 
  3. Dagbladet Sportsmagasinet 29 август 2008. Александер Кристоф. Стр. 8
  4. Yngstemann ble bestemann BT.no
  5. „Mark Cavendish's Olympic bid fails as Alexandre Vinokourov wins gold“. http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/18909585. конс. 28 јули 2012 г. 
  6. Бенсон, Даниел. „Кевендиш спринташе до победа на Курне-Брисел-Курне“. http://www.cyclingnews.com/races/kuurne-bruxelles-kuurne-2015/results. конс. 6 март 2015 г. 
  7. Резултати: Милано-Сан Ремо 2015“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 март 2015 (конс. 31 март 2015 г).
  8. Томас сам од Штибар до победа на Е3 Харелбеке“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 27 март 2015 (конс. 27 март 2015 г).
  9. Кристоф ја освои воведната етапа на Три дена Де Пане во Зотегем“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 31 март 2015 (конс. 31 март 2015 г).
  10. Емил Акселгард. „Кристоф стигна до втора по ред на Де Пане“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 1 април 2015 (конс. 1 април 2015 г).
  11. Кристоф повторно победи на Три дена Де Пане“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 април 2015 (конс. 2 април 2015 г).
  12. Најџел Вин. „Александер Кристоф победи на Трката околу Фландрија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 5 април 2015 (конс. 5 април 2015 г).
  13. Емил Акселгард. „Незапирливиот Кристоф го освои Шелдепрејс“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 8 април 2015 (конс. 9 април 2015 г).
  14. Жан Франсоа Кене. „Трка околу Норвешка: Кристоф победи на етапа 2“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 мај 2015 (конс. 2 јуни 2015 г).
  15. Жан Франсоа Кене. „Три по ред за Кристоф на Трката на Фјордовите“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 мај 2015 (конс. 2 јуни 2015 г).
  16. Kristoff claims Tour de Suisse stage 7 in long-range sprint“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 јуни 2015 (конс. 19 јуни 2015 г).
  17. Рајан, Бери. „Kristoff repeats hat-trick of stage wins at Tour of Qatar“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 12 февруари 2016 (конс. 12 февруари 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]