Е3 Харелбеке 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Е3 Харелбеке 2016 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание59. E3 БинкБенк Класик
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2016 1.UWT
Датум25 март 2016
Растојание206,4 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеХарелбеке
ОдредиштеХарелбеке
Екипи25
Возачи на почеток197
Возачи на крај106
Просечна брзина42,767 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникPOL Михал Квјатковски (Тим Скај) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранSVK Петер Саган (Тинкоф) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранGBR Ијан Станард (Тим Скај) Wikidata-logo S.svg
E3Harelbeke2016.png
◀ 20152017 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Е3 Харелбеке 2016 (службено Рекорд Банк Е3 Харелбеке) — 59. издание на белгиската велосипедска класична трка Е3 Харелбеке. Се одржала на 25 март 2016 година и претставувала шеста трка и втора еднодневна трка во сезоната на Светската турнеја.[1]

Трката започнала и завршила во Харелбеке, поминувајќи растојание од 206,4 км.[2] Нејзино средиште биле ридовите низ фламанските Ардени, главно сместени во втората половина на трката. Главни фаворити за победа биле Петер Саган (Тинкоф) и Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо).

Трката била освоена од Михал Квјатковски (Тим Скај) кој го претекнал Петер Саган (Тинкоф) по 30-километарско бегство од мала група на фаворити. Еден од нив бил Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо) кој бил забавен од механички проблеми, но успеал да се врати назад.[3] На крајот, Полјацот бил подобар во завршниот спринт и ја однел првата победа по Амстел Голд Рејс 2015. Ијан Станард бил најбрзиот во групата, завршувајќи единаесет секунди зад колегата.

Рута[уреди | уреди извор]

Калдрмисаното искачување Патерберг, најстрмно на целата трка

Е3 Харелбеке започнала и завршила во градот Харелбеке во Западна Фландрија.[4] Главна потешкотија на трката биле петнаесетте искачувања — многу од нив со калдрма — кои биле присутни на целата трка; многу од нив биле истите од Трката околу Фландрија, вклучувајќи ги Ауде Кваремонт и Патерберг. Имало неколку промени од претходните години, со пократко растојание и помалку искачувања; Cycling Weekly поради ова ја прогласиле за полесна од минатото.[5]

Рутата го напуштала Харелбеке на југоисток, поминувајќи ја реката Шелда кај Клејсберген и поминувајќи низ предградијата на Ауденарде. Првото искачување било Катеберг по 30 километри; потоа имало рамен дел од калдрмата — Падестрат — пред рутата да сврти на исток. Рутата поминала североисточно од Зотегем, потоа поисточно кај Нинове на 65 километри од почетокот. Тука патото се вратил на запад во фламанските Ардени. Второто искачување било Ла Уп, кое било на 115 километри; возачите потоа продолжиле кон Ронсе, на половина пат од трката, за калдрмисаното искачување Ауде Крејсберг. Потоа следеле седум искачувања: Кноктеберг, Хотондберг, Кортекер, Тајенберг (калдрма), Бењеберг, Ејкенберг (калдрма) и Статионсберг (калдрма). Од тука имало уште 57 километри и седум искачувања.[6]

Следното искачување, Капелберг, дошла по 10 километри и веднаш по него следел Патерберг, најстрмното искачување со 700 метри калдрма и просечен наклон од 12% и делови од 20%. Потоа, следел мешан пат со калдрма од 4 километри, па искачувањето од 2,2 километри Ауде Кваремонт. Претпоследното искачување било Карнемелкбекстрат, 30 километри од целта. Од тука, рутата се враќала назад преку Шелта кон Харелбеке. Последното искачување, Тигемберг, дошло на 18 километри пред крајот. Последниот дел од трката бил рамен со завршен круг од 3 километри околу Харелбеке.[7][8]

Категоризирани искачување на Е3 Харелбеке 2016[9]
Број Име Растојание од целта (км) Подлога Должина (м) Просечен наклон (%) Максимален наклон (%)
1 Катеберг 176 асфалт 600 6,7% 8%
2 Ла Уп 112 асфалт 3440 3,3% 10%
3 Ауде Крејсберг 98 калдрма 800 4,8% 9%
4 Кноктеберг 89 асфалт 1530 5,3% 13,3%
5 Хотондберг 86 асфалт 1200 4% 8%
6 Кортекер 79 асфалт 1000 6,4% 17%
7 Тајенберг 74 калдрма 650 9,5% 18%
8 Бењеберг 66 асфалт 2180 5,8% 15%
9 Ејкенберг 63 калдрма 1200 5,5% 11%
10 Статионсберг 58 калдрма 460 3,2% 5,7%
11 Капелберг 47 асфалт 900 4% 7%
12 Патерберг 42 калдрма 700 12% 20%
13 Ауде Кваремонт 37 асфалт/калдрма 2200 4,2% 11%
14 Карнемелкбекстрат 31 асфалт 1530 4,9% 7,3%
15 Тигемберг 19 асфалт 1000 6,5% 9%

Екипи[уреди | уреди извор]

25 екипи биле најавени како дел од трката: сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети;[10] седум професионални континентални екипи добиле специјални покани.[11][12] Во поканетите екипи биле и две белгиски екипи (Ванти-Груп Гобер и Топспорт Вландерен-Балоас), две француски екипи (Фортунео - Витал Консепт и Директ Енержи), италијанска екипа ({{{име на тимот-2016}}}), холандска екипа (Ромпот-Оранје Пелотон) и германска екипа (Бора-Аргон 18).[13] Секоја екипа можела да настапи со осум возачи.[14] Орика-БајкЕксчејнџ и Тим Дименжн Дата настапиле со седум возачи, а возачот на БМЦ Рејсинг Тим Грег ван Авермет се повлекол поради болест, така што 197 возачи ја започнале трката.[15][16]

Екипи од Светската турнеја

Професионални континентални екипи

Фаворити од пред трката[уреди | уреди извор]

Првакот во 2015 година, возачот на Тим Скај Герајнт Томас, не бил присутен за одбрана на титулата; наместо тоа возел на Волта а Каталуња 2016. Петер Саган (Тинкоф), кој ја освоил трката во 2014 година, не возел, како и Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо), кој ја освојувал трката во три наврати во минатото, и Том Бонен (Етикс-Квик Степ), кој го држел рекордот за најмногу победи, со пет.[5] Канчелара возел на трката за последен пат, откако објавил дека сезоната 2016 ќе му биде последна како професионалец и бил во силна форма со победа на Страде Бјанке и хронометарот на Тирено-Адријатико 2016. Саган, моменталниот светски првак, исто така имал силни резултати, но немал никакви победи во 2016 година.[17]

Иако Бонен не покажал силна форма, дошол на трката со силна поддршка. Неговите колеги Ники Терпстра, Здењек Штибар, Стејн Ванденберг и Матео Трентин, сите од нив можни победници на трката.[5] И покрај отсуството на Томас, Скај имал силна екипа: тие ги имале Ијан Станард, Лук Роу и поранешниот светски првак Михал Квјатковски.[18] Други можни победници биле Сеп Ванмарке (Лото НЛ-Џамбо), Александер Кристоф (Катјуша), Едвалд Боасон Хаген (Дименжн Дата), Јирген Рулантс (Лото-Судал) и Ларс Бом (Астана). Грег ван Авермет исто така бил меѓу фаворитите, но не настапил трката поради болест.[5][16]

Извештај од трката[уреди | уреди извор]

По 40 километри од трката се создало бегство од осум членови. Во бегството биле вклучени Берт де Бакер (Џајант-Алпецин), Антоан Демоатје (Ванти-Груп Гоберт), Нико Денц (Аг2р-Ла Мондијал), Тони Ирел (Директ Енержи), Сјурд ван Гинекен (Ромпот-Оранје Пелотон), Рето Холенштајн (ИАМ Сајклинг), Џеј Томсон (Дименжн Дата) и Ваутер Виперт (Канондејл-Драпак). Го зголемиле своето водство на пет минути на 55 километри, но нивната предноста била намалена на помалку од четири минути со напорите на Етикс-Квик Степ во главната група. Била намалена на помалку од две минути пред да стигнат на Тајенберг на 73 километри пред целта, кога Трек бил на чело на главната група.[19][20]

На Тајенберг, Тиш Бенот (Лото-Судал) ја повел главната група, а Бонен бил зад него. Група од десет луѓе се одвоила од главната група на искачувањето, додека на Бенот и Бонен им се приклучиле Рулантс, Канчелара, Бом, Ванмарке, Даниел Ос (БМЦ) и тројца други возачи на Етикс-Квик Степ (Терпстра, Штибар и Трентин).[19] На следното искачување, Бењеберг, задниот менувач на Канчелара паднал и на неговата екипа им требало повеќе од една минута да му го заменат неговиот велосипед, што го оддалечило од другите фаворити.[20] Кратко потоа, бегството било достигнато од групата што ги бркала; заедничката група подоцна била достигната од друга група во која биле Саган и Квјатковски, со што се создала водечка група од 20 возачи, иако на Штибар наскоро му се дупнала гумата и отпаднал од групата. Во меѓувреме, Канчелара бил во група поведена од неговите колеги Јарослав Попович и Маркел Иризар на околу две минути зад нив.[19]

Кога трката стигнала на Патерберг, разликата била околу половина минута. На искачувањето, Канчелара нападнал од групата, со Штибар зад него; во меѓувреме група од десет возачи се одвоила од водачите. По Патерберг и подоцна Ауде Кваремонт, Канчелара и Штибар стигнале до оваа група.[20] На следното искачување, Карнемелкбекстрат, Саган и Квјатковски нападнале; во следните 5 километри го зголемиле своето водство на 20 секунди. Го зголемиле на 30 секунди на Тигемберг и на 36 секунди на последниот круг околу Харелбеке.[21] Возачит на Етикс-Квик Степ биле приморани да бидат цело време на чело на групата зад нив, бидејќи ниеден од другите возачи не сакал да соработува.[19]

По напори на Терпстра и Бонен, разликата започнала да се намалува. Разликата паднала на 11 секунди во последниот километар, но водечката двојка не била достигната.[19][20] Квјатковски успеал да го изненади Саган и го започнал својот спринт на 300 метри пред целта. Саган не успеал да одговори и Квјатковски ја освоил трката, додека Саган завршил четири секунди зад него.[22] Групата зад нив завршила 11 секунди, додека Станард го поразил Канчелара во спринтот за третото место.[20]

Резултати[уреди | уреди извор]

Резултат1
Место Возач Екипа Време
1  Михал Квјатковски (ПОЛ) Тим Скај 4ч 49' 34"
2  Петер Саган (СВК) Тинкоф + 4"
3  Ијан Станард (ВБР) Тим Скај + 11"
4  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек-Сегафредо + 11"
5  Јаспер Стејвен (БЕЛ) Трек-Сегафредо + 11"
6  Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 11"
7  Тиш Бенот (БЕЛ) Лото-Судал + 11"
8  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Лото НЛ-Џамбо + 11"
9  Жан Пјер Друкер (ЛУК) БМЦ Рејсинг Тим + 11"
10  Даниел Ос (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 11"
Извор: ProCyclingStats

^1 — Најдобрите десет возачи од вкупно 106, кои ја завршиле трката

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вин, Најџел. „Календар на Светската турнеја UCI 2016“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. конс. 5 декември 2015. 
  2. „Organisatie E3 Harelbeke sleutelt aan parcours“. Sporza (холандски). конс. 5 декември 2015. 
  3. „Моментот кога трката беше освоена: Е3 Харелбеке“. INRNG. конс. 25 март 2016. 
  4. Technical Guide 2016, стр. 12.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Преглед на Е3 Харелбеке 2016“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 24 март 2016 (посет. 13 април 2016 г).
  6. Technical Guide 2016, стр. 18–23.
  7. Technical Guide 2016, стр. 12–14.
  8. Technical Guide 2016, стр. 23–25.
  9. Technical Guide 2016, стр. 18–25.
  10. „Велосипедски одредби UCI: Дел 2: Друмски трки страница 110 член 2.15.127“ (PDF). Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 февруари 2016. 
  11. „Список на учесници“ (PDF). Е3 Харелбеке. конс. 23 март 2016. 
  12. „Greg Van Avermaet out of E3 Harelbeke due to illness“. Cycling News. конс. 25 март 2016. 
  13. Organisatie E3 Harelbeke kent zeven wildcards toe“, „Het Nieuwsblad“, 15 февруари 2016 (посет. 13 април 2016 г).
  14. Technical Guide 2016, стр. 8.
  15. „Е3 Харелбеке (стартна листа)“. ProCyclingStats. конс. 13 април 2016. 
  16. 16,0 16,1 „Грег ван Авермет надвор од Е3 Харелбеке поради болест“. Cycling News. Immediate Media Company. 25 март 2016. конс. 25 март 2016. 
  17. E3 Harelbeke and Gent-Wevelgem provide key test before Tour of Flanders“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 24 март 2016 (посет. 13 април 2016 г).
  18. Preview: Van Avermaet primed for E3 victory“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 март 2016 (посет. 13 април 2016 г). (на (англиски))
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 To the line! Kwiatkowski wins a thrilling E3 Harelbeke ahead of Sagan“, „CyclingTips“, 26 март 2016 (посет. 13 април 2016 г).
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 Kwiatkowski wins E3 Harelbeke over Sagan“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 март 2016 (посет. 13 април 2016 г).
  21. Kwiatkowski defeats Sagan at E3“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 25 март 2016 (посет. 13 април 2016 г). (на (англиски))
  22. Kwiatkowski lays down Tour of Flanders marker with E3 Harelbeke victory“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 март 2016 (посет. 13 април 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]