Прејди на содржината

Париз-Рубе 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Париз-Рубе 2014
Светска турнеја на UCI 2014, трка 10 од 28
Детали за трката
Date 13 април 2014
Растојание 257 км
Време 6ч 09' 01" (25,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Ники Терпстра (ХОЛ) (Омега Парма-Квик Степ)
Втор  Џон Дегенколб (ГЕР) (Џајант-Шимано)
Трет  Фабијан Канчелара (ШВА) (Трек Фактори Рејсинг)
← 2013
2015 →

Париз-Рубе 2014 — 112. издание на класичната велосипедска еднодневна трка Париз-Рубе. Се одржала на 13 април 2014 на растојание од 257 километри и била десетта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од Ники Терпстра од екипата Омега Парма-Квик Степ, откако нападнал од мала група на возачи на околу шест километри пред целта.[1] Завршил 20 секунди пред остатокот на групата, која била предводена од возачот на Џајант-Шимано Џон Дегенколб и Фабијан Канчелара од Трек Фактори Рејсинг, бранителот на титулата од минатата година.[2]

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На седум други екипи им биле доделени специјални покани, со тоа создавајќи ја групата од 25 екипи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[3]

  • Специјално поканети професионални континентални екипи на трката.

Резултати

[уреди | уреди извор]
Ники Терпстра по трката
Велосипедист Екипа Време
1  Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ 6ч 09' 01"
2  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Шимано + 20”
3  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг + 20”
4  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Белкин Про Сајклинг + 20"
5  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ + 20"
6  Петер Саган (СВК) Канондејл + 20"
7  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 20"
8  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Гармин-Шарп + 20"
9  Бредли Вигинс (ВБР) Тим Скај + 20"
10  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 20"
  1. ↑ Вестбај, Мет (13 април 2014). „Ники Терпстра победи додека Бредли Вигинс и Герајнт Томас завршија во првите десет“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 13 април 2014.
  2. ↑ „Ники Терпстра сам до победа на велодромот во Рубе“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 13 април 2014. Архивирано од изворникот на 2016-05-25. Посетено на 13 април 2014.
  3. ↑ „Почетна листа за Париз-Рубе 2014“. Париз-Рубе. Amaury Sport Organisation. Посетено на 10 март 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]