Тур де Свис 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тур де Свис 2015
Светска турнеја UCI 2015, трка 17 од 28
Детали за трката
Датум(и) 13–21 јуни 2015
Етапи 9
Растојание 1258 км
Време 30ч 15' 09" (41.58 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Симон Шпилак (СЛО) (Катјуша)
Втор  Герајнт Томас (ВБР) (Тим Скај)
Трет  Том Димулен (ХОЛ) (Џајант-Алпецин)

Планински  Штефан Денифл (АВТ) (ИАМ Сајклинг)
Спринтерски  Петер Саган (СВК) (Тинкоф-Саксо)
Екипен Тим Скај
2014
2016

Тур де Свис 2015 — 79. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис. Се одржала од 13 до 21 јуни и била седумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја. Започнала во Риш-Роткројц и завршила во Берн. Трката била составена од девет етапи, вклучувајќи две хронометарски, краток на првиот ден и долг на последниот ден. Трката имала вкупно растојание од 1258 километри и ги посетила Лихтенштајн и Австрија во текот на петтата етапа. Имала само една планинска завршница, на веќе споменатата петта етапа.

Победникот во генералниот пласман бил Словенецот Симон Шпилак од екипата Катјуша, кој ја освоил трката со разлика од само пет секунди од Британецот Герајнт Томас (Тим Скај). Победникот бил одреден на последниот индивидуален хронометар. Том Димулен од екипата Џајант-Алпецин го заокружил подиумот. Димулен ги освоил двата хронометри.

Планинскиот пласман му припаднал на Австриецот Штефан Денифл (ИАМ Сајклинг), кој бил вклучен во многу бегства. Спринтерскиот пласман бил освоен од Словакот Петер Саган (Тинкоф-Саксо), кој исто така освоил две етапи. Тим Скај завршиле на чело на екипниот пласман со разлика од 11 минути и 49 секунди.

Други возачи кои освоиле етапа биле Хрватот Кристијан Ѓурасек од Лампре-Мерида, Австралиецот Мајкл Метјус (Орика-ГринЕЏ), Норвежанецот Александер Кристоф (Тим Катјуша) и Казахстанецот Алексеј Луценко од Астана. Французинот Тибо Пино ја освоил кралската етапа и ја поседувал водечката маичка четири етапи, но ја загубил на последниот хронометар.

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат.[1] На две други екипи им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 19 екипа.[2] Бројот на возачи по екипа бил осум, па така почетната група броела 152 велосипедисти.[3]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Светскиот друмски првак Михал Квјатковски, сликан пред втората етапа, бил сметан за фаворитите пред трката за победа на генералниот пласман.

Руј Кошта (Мовистар Тим) ги освоил последните три изданија на трката, меѓутоа, не учествувал на трката во 2015 година, бидејќи возел на Критериум ди Дофине. Повеќето возачи за генералниот пласман на Тур де Франс се одлучиле за втората трката зашто била попланинска.[4] Имало двајца поранешни победници на Тур де Свис на почетокот, колегите од Трек Фактори Рејсинг: Швајцарецот Фабијан Канчелара и Луксембуржанецот Френк Шлек.[5]

Кандидати за генерален пласман биле Симон Шпилак (Тим Катјуша), Тибо Пино (ФДЖ), Рафал Мајка (Тинкоф-Саксо), Серхио Енао (Тим Скај), Том Димулен (Џајант-Алпесин), Михал Квјатковски (Етикс-Квик Степ) и Герајнт Томас (Тим Скај).[6][7] Други можни кандидати биле Јирген ван ден Брук (Лото-Судал) и Себастјен Рајхенбах (ИАМ Сајклинг).[8]

Петер Саган (Тинкоф-Саксо) бил кандидат за етапни победи.[6] Неговиот спортски директор изјавил дека ќе биде предводник на екипата и дека негова цел е воведниот пролог.[9] Марк Кевендиш од Етикс-Квик Степ, кој ја докажал својата форма со дванаесет етапни победи досега во сезоната, бил фаворит за спринтерските етапи.[7] Други возачи за етапи биле Александер Кристоф (Тим Катјуша) и Џон Дегенколб (Џајант-Алпецин).[6][7]

Рута[уреди | уреди извор]

Важна трка со свои специфики, Тур де Свис 2015 била искористена од некои возачи за претстојниот Тур де Франс да ги усовршат своите физички кондиции, бидејќи познатата француска трка започнувала на 4 јули.[10] Рутата за трката била објавена на 9 март 2015.[11][12][13]

Трката не следела некој особен шаблон во поглед на географската разместеност низ државата, но ги посетила Лихтенштајн и Австрија на петтата етапа. Била најдолга во трката и може да се смета за кралска етапа на трката. Завршила близу Зелден во Австрија и вклучувала планинска завршница. Потоа, трката се вратила во швајцарска територија за остатокот на трката. Етапите кои биле најважни за генералниот пласман биле гореспоменатата петта етапа и индивидуалниот хронометар на последната етапа. Трката имала вкупно искачување од 15.606 метри.[8]

На 4 јуни 2015 година било објавено дека градот Брунен бил откажан за старт на третата етапа поради оштетување на патот поради лизгање на карпи и дека градот Квинто ќе биде негова замена. Ова ја скратило етапата за 57,2 километри.[14]

Етапи и победници
Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 13 јуни Риш-Роткројц до Риш-Роткројц 5,1 км Time Trial.svg индивидуален хронометар  Том Димулен (ХОЛ)
2 14 јуни Риш-Роткројц до Риш-Роткројц 161,1 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Кристијан Ѓурасек (ХРВ)
3 15 јуни Брунен[14] Квинто до Оливоне 174,5 км
117,3 км
Mountainstage.svg планинска етапа  Петер Саган (СВК)
4 16 јуни Флимс до Шварценбах 193,2 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Мајкл Метјус (АВС)
5 17 јуни Унтертерцен до Зелден (Австрија) 237,3 км Mountainstage.svg планинска етапа  Тибо Пино (ФРА)
6 18 јуни Вил до Бил/Бјен 193,1 км Plainstage.svg рамна етапа  Петер Саган (СВК)
7 19 јуни Бил/Бјен до Дидинген 160 км Plainstage.svg рамна етапа  Александер Кристоф (НОР)
8 20 јуни Берн до Берн 152,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Алексеј Луценко (КАЗ)
9 21 јуни Берн до Берн 38,4 км Time Trial.svg индивидуален хронометар  Том Димулен (ХОЛ)
Вкупно 1.258 км

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

13 јуни 2015 — Риш-Роткројц до Риш-Роткројц, 5,1 км

Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Том Димулен (ХОЛ) Jersey yellow.svg Jersey black.svg Џајант-Алпецин 5' 41"
2  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг + 2"
3  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 4"
4  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо + 5"
5  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 5"
6  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 5"
7  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 6"
8  Јон Изагире (ШПА) Мовистар Тим + 6"
9  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим + 6"
10  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 7"

Етапа 2[уреди | уреди извор]

14 јуни 2015 — Риш-Роткројц до Риш-Роткројц, 161,1 км

Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Кристијан Ѓурасек (ХРВ) Лампре-Мерида 3ч 36' 52"
2  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 4"
3  Хулијан Аредондо (КОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 4"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 4"
5  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 4"
6  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 4"
7  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 4"
8  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 4"
9  Том Димулен (ХОЛ) Jersey yellow.svg Jersey black.svg Џајант-Алпецин + 4"
10  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо + 14"
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Том Димулен (ХОЛ) Jersey yellow.svg Jersey black.svg Џајант-Алпецин 3ч 42' 37"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 7"
3  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 11"
4  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 14"
5  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо + 15"
6  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 15"
7  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 16"
8  Кристијан Ѓурасек (ХРВ) Лампре-Мерида + 18"
9  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг + 19"
10  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 19"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

15 јуни 2015 — Квинто до Оливоне, 117,3 км

Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо 3ч 00' 35"
2  Даниел Морено (ШПА) Катјуша и.в.
3  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ и.в.
4  Хулијан Аредондо (КОЛ) Трек Фактори Рејсинг и.в.
5  Том Димулен (ХОЛ) Jersey yellow.svg Jersey black.svg Џајант-Алпецин и.в.
6  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај и.в.
7  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана и.в.
8  Естебан Чавес (КОЛ) Орика-ГринЕЏ и.в.
9  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај и.в.
10  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Том Димулен (ХОЛ) Jersey yellow.svg Џајант-Алпецин 6ч 43' 12"
2  Даниел Морено (ШПА) Jersey black.svg Катјуша + 5"
3  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо + 5"
4  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 7"
5  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 12"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 14"
7  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 15"
8  Кристијан Ѓурасек (ХРВ) Лампре-Мерида + 18"
9  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг + 19"
10  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 19"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

16 јуни 2015 — Флимс до Шварценбах, 193,2 км

Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ 4ч 36' 00"
2  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо и.в.
3  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
4  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин и.в.
5  Јаспер Стујвен (БЕЛ) Трек Фактори Рејсинг и.в.
6  Даниел Морено (ВБР) Катјуша и.в.
7  Силван Дилје (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
8  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ и.в.
9  Матео Трентин (ИТА) Етикс-Квик Степ и.в.
10  Роберт Гесинк (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо и.в.
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Том Димулен (ХОЛ) Jersey yellow.svg Џајант-Алпецин 11ч 19' 08"
2  Петер Саган (СВК) Jersey black.svg Тинкоф-Саксо + 0"
3  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 8"
4  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 9"
5  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 15"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 17"
7  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 18"
8  Кристијан Ѓурасек (ХРВ) Лампре-Мерида + 18"
9  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг + 22"
10  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 22"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

17 јуни 2015 — Унтерерцен до Зелден (Австрија), 237,3 км

Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ 6ч 22' 47"
2  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 34"
3  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 37"
4  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 43"
5  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 43"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 15"
7  Јан Хирт (ЧЕШ) ЦЦЦ-Спранди-Полковице + 1' 18"
8  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 1' 29"
9  Штефан Денифл (АВТ) Jersey light blue.svg ИАМ Сајклинг + 1' 31"
10  Том Димулен (ХОЛ) Jersey yellow.svg Џајант-Алпецин + 1' 37"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Тибо Пино (ФРА) Jersey yellow.svg ФДЖ 17ч 42' 01"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 47"
3  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 50"
4  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 55"
5  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 1' 07"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 27"
7  Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 1' 32"
8  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 2' 29"
9  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ИАМ Сајклинг + 2' 43"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"

Етапа 6[уреди | уреди извор]

18 јуни 2015 — Вил до Бил/Бјен, 193,1 км

Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Петер Саган (СВК) Jersey black.svg Тинкоф-Саксо 4ч 34' 43"
2  Јирген Рулантс (БЕЛ) Лото-Судал и.в.
3  Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
4  Жан Пјер Друкер (ЛУК) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
5  Даниеле Бенати (ИТА) Тинкоф-Саксо и.в.
6  Марк Кевендиш (ВБР) Етикс-Квик Степ + 1' 15"
7  Том ван Асбрук (БЕЛ) Лото НЛ-Џамбо + 1' 18"
8  Алексеј Луценко (КАЗ) Астана + 1' 29"
9  Борут Божич (СЛО) Астана + 1' 31"
10  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 37"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Тибо Пино (ФРА) Jersey yellow.svg ФДЖ 22ч 16' 51"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 42"
3  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 50"
4  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 55"
5  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 1' 07"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 22"
7  Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 1' 32"
8  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 2' 29"
9  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ИАМ Сајклинг + 2' 43"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"

Етапа 7[уреди | уреди извор]

19 јуни 2015 — Бил/Бјен до Дидинген, 160 км

Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Александер Кристоф (НОР) Катјуша 3ч 38' 07"
2  Петер Саган (СВК) Jersey black.svg Тинкоф-Саксо и.в.
3  Давиде Чимолаи (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
4  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
5  Арно Демар (ФРА) ФДЖ и.в.
6  Јирген Рулантс (БЕЛ) Лото-Судал и.в.
7  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Лото НЛ-Џамбо и.в.
8  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ и.в.
9  Марко Маркато (ИТА) Ванти-Груп Гобер и.в.
10  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1  Тибо Пино (ФРА) Jersey yellow.svg ФДЖ 25ч 54' 58"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 37"
3  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 50"
4  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 50"
5  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 1' 07"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 22"
7  Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 1' 27"
8  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 2' 29"
9  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ИАМ Сајклинг + 2' 43"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"

Етапа 8[уреди | уреди извор]

20 јуни 2015 — Берн до Берн, 152,5 км

Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1  Алексеј Луценко (КАЗ) Астана 3ч 28' 11"
2  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 1"
3  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Алпецин + 17"
4  Марко Халер (АВТ) Катјуша + 22"
5  Даниеле Бенати (ИТА) Тинкоф-Саксо + 22"
6  Михаел Албасини (ШВА) Орика-ГринЕЏ + 22"
7  Матео Трентин (ИТА) Етикс-Квик Степ + 22"
8  Данило Вис (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 22"
9  Винер Анакона (КОЛ) Мовистар Тим + 22"
10  Стејн Деволдер (БЕЛ) Трек Фактори Рејсинг + 22"
Генерален пласман по етапа 8
Возач Екипа Време
1  Тибо Пино (ФРА) Jersey yellow.svg ФДЖ 29ч 25' 28"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 34"
3  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 47"
4  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 50"
5  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 1' 14"
6  Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 1' 24"
7  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 2' 29"
8  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ИАМ Сајклинг + 2' 43"
9  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"
10  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Алпецин + 2' 51"

Етапа 9[уреди | уреди извор]

21 јуни 2015 — Берн до Берн, 38,4 км

Резултат од етапа 9
Возач Екипа Време
1  Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин 48' 36"
2  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 18"
3  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг + 19"
4  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим + 34"
5  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 36"
6  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг + 41"
7  Жером Копел (ФРА) ИАМ Сајклинг + 44"
8  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 1' 07"
9  Рафал Мајка (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 1' 26"
10  Роберт Гесинк (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 1' 32"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Симон Шпилак (СЛО) Jersey yellow.svg Катјуша 30ч 15' 09"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 5"
3  Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Алпецин + 19"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 45"
5  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 21"
6  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг + 2' 58"
7  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 3' 06"
8  Стив Морабито (ШВА) ФДЖ + 3' 17"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 3' 19"
10  Рафал Мајка (ПОЛ) Тинкоф-Саксо + 3' 20"

Поредок[уреди | уреди извор]

На Тур де Свис 2015 биле доделени три различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[15] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со светлосина маичка.[15] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.[15]

Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[15] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[15]

Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[15]

Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.[16]

Поредокот по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Планински пласман
Jersey light blue.svg
Бодовен пласман
Jersey black.svg
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
Награда за борбеност
1 Том Димулен Том Димулен недоделена Том Димулен ИАМ Сајклинг Том Димулен
2 Кристијан Ѓурасек Лука Пиберник Астана Камерон Мајер
3 Петер Саган Штефан Денифл Даниел Морено Тим Скај Штефан Денифл
4 Мајкл Метјус Петер Саган Астана Томас де Гент
5 Тибо Пино Тибо Пино Тим Скај Штефан Денифл
6 Петер Саган Марек Руткјевич
7 Александер Кристоф Михал Квјатковски
8 Алексеј Луценко Алексеј Луценко
9 Том Димулен Симон Шпилак Том Димулен
На крај Симон Шпилак Штефан Денифл Петер Саган Тим Скај недоделена

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127" (PDF). Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 1 јули 2015. 
  2. Акселгард, Емил. „Објавени специјалните покани на Тур де Свис“, JJnet.dk A/S, 22 мај 2015 (посет. 9 јуни 2015 г).
  3. "Startliste Medien" (PDF). Тур де Свис (германски). конс. 2 јули 2015. 
  4. Акселгард, Емил. „Без одбрана на титулата на Кошта на Тур де Свис“, JJnet.dk A/S, 22 април 2015 (посет. 4 јуни 2015 г).
  5. Преглед на Тур де Свис 2015“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 11 јуни 2015 (посет. 6 јули 2015 г).
  6. 6,0 6,1 6,2 Падикомб, Стивен. „Тур де Свис 2015: Кој ќе победи?“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 12 јуни 2015 (посет. 1 јули 2015 г).
  7. 7,0 7,1 7,2 Хенрис, Колин. „Tour de Suisse 2015 - preview: Mark Cavendish steps up Tour de France preparations against sprinting rivals“, „Road Cycling UK“, Mpora, 12 јуни 2015 (посет. 1 јули 2015 г).
  8. 8,0 8,1 Флечер, Патрик. „Tour de Suisse primed for duel among top sprinters“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 12 јуни 2015 (посет. 12 јуни 2015 г).
  9. Саган цели на воведна жолта маичка на Тур де Свис“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 10 јуни 2015 (посет. 11 јуни 2015 г).
  10. Тур де Свис“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK (посет. 20 јуни 2015 г).
  11. 1,320 kilometres, 15,606 metres of elevation gain and a portion of glacier ice“, „Тур де Свис“, 3 март 2015 (посет. 2 јули 2015 г).
  12. "UCI го потврди календарот за 2015 за Светската турнеја". Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 24 септември 2014. конс. 4 јануари 2015. 
  13. "Календар на UCI за 2015". Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 4 јануари 2015. 
  14. 14,0 14,1 Brunnen withdraws from stage start“, „Тур де Свис“, 4 јуни 2015 (посет. 4 јуни 2015 г).
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 "Тур де Свис 2013: Технички водач" (PDF). VeloRooms.com. VeloRooms. ongoing GmbH. конс. 16 јуни 2013. 
  16. Гантер, Џоел. „Тур де Франс: водич на основите“, „The Telegraph“, Telegraph Media Group Limited 2015, 16 јули 2012 (посет. 1 јули 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]