Милано-Санремо 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милано-Санремо 2020 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание111. Милано-Санремо
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2020 1.UWT
Датум8 август 2020
Растојание305 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеМилано
ОдредиштеСанремо
Екипи27
Возачи на почеток162
Возачи на крај149
Просечна брзина41,958 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникBEL Ваут ван Ерт (Џамбо-Висма) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранFRA Жилијан Алафилип (Декојнинк-Квик Степ) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранAUS Мајкл Метјус (Санвеб) Wikidata-logo S.svg
◀ 20192021 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Милано-Санремо 2020 — 111. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која била закажана да се одржи на 21 март, но била одложена на 8 август поради пандемијата на КОВИД-19 во Италија.[1] Одложувањето било направено од страна на организаторот RCS Sport на 6 март.[2]

Белгискиот возач Ваут ван Ерт од Џамбо-Висма, кој ја освоил Страде Бјанке 2020 една недела претходно, го поразил францускиот возач Жилијан Алафилип, кој бил бранител на титулата, од Декојнинк-Квик Степ, во меѓусебен спринт откако двајцата се одвоиле од групата на спустот од Поџо.[3]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Осум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 27 екипи. Секоја од екипите настапила со шест возачи, со што имало 162 возачи на почетокот, од кои 149 завршиле.[5][6]

Екипи од Светската турнеја на UCI (19)
  1. FRA АГ2Р Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин Мекларен
  4. GER Бора-Хансгрое
  5. POL ССС Тим
  6. FRA Кофидис
  7. BEL Декојнинк-Квик Степ
  8. USA ЕФ Про Сајклинг
  9. FRA Групама-ФДЖ
  10. ISR Израел старт-ап нејшн
  11. BEL Лото Судал
  12. AUS Мичелтон-Скот
  13. ESP Мовистар
  14. RSA НТТ Про Сајклинг
  15. GBR Инеос
  16. NED Џамбо-Висма
  17. GER Санвеб
  18. USA Трек-Сегафредо
  19. UAE ОАЕ Емирати
ProTeams (8)
  1. FRA Тотал Директ Енержи
  2. BEL Алпесин-Феникс
  3. FRA Аркеа Самсик
  4. RUS Гаспром-РусВело
  5. BEL Сиркус-Ванти Гобер
  6. ITA Вини Забу-КТМ
  7. ITA Андрони Џокатоли-Сидермек
  8. ITA Бардијана ЦСФ Фаизане

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[7][3]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. BEL Ваут ван Ерт Џамбо-Висма7ч 16' 09
2. FRA Жилијан Алафилип Декојнинк-Квик Степ+ 0
3. AUS Мајкл Метјус Санвеб+ 2
4. SVK Петер Саган Бора-Хансгрое+ 2
5. ITA Џакомо Ницоло НТТ Про Сајклинг+ 2
6. NZL Дион Смит Мичелтон-Скот+ 2
7. ESP Алекс Аранбуру Астана+ 2
8. BEL Грег ван Авермат ССС+ 2
9. BEL Филип Жилбер Лото-Судал+ 2
10. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мекларен+ 2
Извор: ProCyclingStats


Список на учесници[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI reveal WorldTour calendar for 2020“. Cycling News. Посетено на 23 February 2019.
  2. Long, Jonny (6 March 2020). „Milan – San Remo and Tirreno-Adriatico have been postponed“. Cycling Weekly. Посетено на 7 March 2020.
  3. 3,0 3,1 Ostanek, Daniel (8 August 2020). „Wout van Aert wins thrilling Milan-San Remo“. CyclingNews. Посетено на 8 August 2020.
  4. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  5. „2020 UCI WORLDTOUR RACES WILD CARDS: RCS SPORT CHOICES“. Архивирано од изворникот на 20 January 2020. Посетено на 8 May 2020.
  6. „Milano-Sanremo 2020 Result“. ProCyclingStats. 8 August 2020. Посетено на 8 August 2020.
  7. „Милано-Санремо 2020“. ProCycling.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]