Е3 Харелбеке 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 6 од 28 | |||
![]() | |||
Рута на Е3 Харелбеке 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 23 март | ||
Растојание | 203 км | ||
Време | 4ч 51' 59" (25.920 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() |
(Омега Парма-Квик Степ) | |
Втор | ![]() |
(Катјуша) | |
Трет | ![]() |
(Тим Скај) | |
Е3 Харелбеке 2012 било 55. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке.[1] Била одржана на 23 март на растојание од 203 километри и била шеста трка од сезоната 2012 на светската турнеја. Е3 Харелбеке првпат била одржана како настан на светската турнеја,[2] откако претходно била одржувана како трка од прва екстра категорија во Европска турнеја на UCI.[3] Како дел од напредувањето во Светската турнеја, трката морала да биде префрлена во петок, наместо како што се одржувала во сабота; потегот бил со цел да им даде простор на возачите пред следниот настан од Светската турнеја, Гент-Вевелгем.[4]
Во масовната спринтерска завршница, трка била освоена од возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[5] кој со ова, станал најуспешниот возач во историјата на трката; негова петта победа – по претходно освоените четири победи во периодот помеѓу 2004 и 2007 – во Харелбеке го презел рекордот со четири победи, кој го делел со блискиот белгискиот возач Рик ван Лој.[6] Бонен завршил пред возачите на Катјуша Оскар Фреир и на Тим Скај Бернхард Ајзел, кој го комплетирал подиумот.[7]
Екипи
[уреди | уреди извор]Бидејќи Е3 Харелбеке бил настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Седум други екипи биле повикани дополнително на трката,[8] и така се создала групата од 25 екипи.
Екипите кои се натпреварувале во трката се:[9]
Резултати
[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | ![]() |
Омега Парма-Квик Степ | 4ч 51' 59" |
2 | ![]() |
Катјуша | и.в. |
3 | ![]() |
Тим Скај | и.в. |
4 | ![]() |
Кофидис | и.в. |
5 | ![]() |
Гармин-Баракуда | и.в. |
6 | ![]() |
Проект 1т4и | и.в. |
7 | ![]() |
ФДЖ-БигМет | и.в. |
8 | ![]() |
Тим Јуропкар | и.в. |
9 | ![]() |
Аксент.џобс-Вилемс Веранда | и.в. |
10 | ![]() |
Тим Јуропкар | и.в. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фонтекио, Крис (22 март 2012). „Е3 Харелбеке: Нов првак“. Podium Cafe. Vox Media, Inc. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ „Е3 Харелбеке ќе биде трка од Светската турнеја во 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 31 август 2011. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ „54то Е3 Харелбеке 1.HC“. Daily Peloton. Earthlink. 26 март 2011. Архивирано од изворникот на 2012-07-23. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ Роџерс, Нил (22 март 2012). „Фландриската трка Е3 Харелбеке го прави дебито во Светската турнеја во петок“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ Вокер, Ли (23 март 2012). „Бонен го освои Е3 Харелбеке“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ Аткинс, Бен (23 март 2012). „Том Бонен го победи Оскар Фреир за да ја земе неговата петта победа на Е3 Харелбеке“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ Декалуве, Брехт (23 март 2012). „Бонен победоносно на Е3 Харелбеке“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ „Е3 Харелбеке ги објави дополнителните екипи“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 февруари 2012. Посетено на 23 март 2012.
- ↑ „List of participants“ (PDF). Е3 Харелбеке (холандски). Hand in Hand Cycling Club of Harelbeke. Посетено на 23 март 2012.[мртва врска]
- ↑ „Светска турнеја на UCI #5 – E3 Харелбеке (BEL/UWT)“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Infostrada Sports. 23 март 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 23 март 2012.