Ватенфал Класик 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ватенфал Класик 2015
Светска турнеја UCI 2015, трка 23 од 28[1][2]
Cyclassics 2015 Großer Burstah 2.jpg
Главната група во текот на трката
Детали за трката
Date 23 август 2015
Растојание 221,3 км
Време 4ч 57' 05" (44,7 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Андре Грајпел (ГЕР) (Лото-Судал)
Втор  Александер Кристоф (НОР) (Катјуша)
Трет  Џакомо Ницоло (ИТА) (Трек Фактори Рејсинг)
2014
2016
(Хамбург Класик) →

Ватенфал Класик 2015еднодневна велосипедска трка која се одржала на 23 август во Германија. Претставувала 20. издание на Ватенфал Класик и дваесет и трета трка во сезоната на Светската турнеја. Трката започнала во Кил и завршила во Хамбург. Патеката била главно рамна; трката обично е подобна за спринтери, како што бил бранителот на титулата, Александер Кристоф (Катјуша).

И покрај неколку напади кон крајот на трката, била одлучена со спринт. Фаворитот пред трката Марсел Кител (Џајант-Алпецин) отпаднал на последното искачување, додека Марк Кевендиш (Етикс-Квик Степ) бил попречен од пад на 3 километри пред целта. Кристоф го започнал спринтот, но Андре Грајпел (Лото-Судал) успеал да го следи и да го претекне за прва победа на трката. Кристоф завршил втор, додека третото место му припаднало на Џакомо Ницоло (Трек Фактори Рејсинг).

Рута[уреди | уреди извор]

Ватенфал Класик била единствената трка од Светската турнеја одржана во Германија во текот на сезоната 2015. Како прослава на дваесеттото издание на трката, организаторите одбрале нова рута, започнувајќи од пристаништето во Кил[3] и возејќи југозападно кон Хамбург.[4] Целосното растојание било скратено од 247,2 километри на 221,3 километри.[5] Меѓутоа, последните километри во рамките на градот останале исти, со цел на Менкербергштрасе. Патеката била главно рамна и со тоа подобна за спринтерите.[4] Меѓутоа, Вазеберг во должина од 700 метри и наклон до 15% бил искачуван три пати.[3][5] Првото искачување на Вазеберг било на 68,9 километри до целта, а второто и третото на 28,3 и 15,5 км до целта, соодветно.[5] Директорот на трката Роланд Хофер изјавил: „Иако профилот на трката можеби изгледа подобен за спринтерите, може да биде освоена од сите видови на возачи и е точно таков вид на трка која ѝ треба на урамнотежена Светска турнеја“. Светската турнела дошла во Германија во средината на „ренесансата“ во германскиот велосипедизам, со последните успеси кои го подгреале интересот за спортот по опаѓањето во минатите години со допинг.[6] По прв пат од 2008 година, германската телевизија ARD одлучила да обезбеди пренос во живо од трката.[7] Рутата од Кил до Хамбург била исто така одбрана за да ја покаже заедничката кандидатура на двата града за Летните олимписки игри 2024.[8] Ова било последен пат трката да се вика „Ватенфал Класик“, откако Ватенфал објавиле дека нема да го продолжат своето спонзорство. Енергетското претпријатие имало значајна улога во основањето на трката во 1996 година, под нивното тогашно име HEW. Трката сега била принудена да бара нов спонзор за обезбедување на околу 800.000 евра, околу една третина од буџетот на трката.[7]

Екипи[уреди | уреди извор]

Главната група поминува низ Хамбург. На сликата, помеѓу другите, се, Александер Кристоф (#1), Андре Грајпел (#25), Том Бонен (#52) и Џакомо Ницоло (#125).

Бидејќи Ватенфал Класик е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа.[9] Организаторите на трката на три професионални континентални екипи им доделиле специјални покани и така била заокружена групата од 20 екипи.[10] Сите дваесет екипи настапиле со по осум возачи, што значело дека вкупно 160 возачи настапиле на трката.[11][12]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Марк Кевендиш, во главната група на трката, бил сметан за фаворит, но подоцна бил вклучен во пад.

Поради природата на патеката, голем број на спринтери дошле во Хамбург, вклучувајќи ги локалните фаворити Марсел Кител (Џајант-Алпецин) и Андре Грајпел (Лото-Судал). Грајпел дошол на класикот откако освоил четири етапи на Тур де Франс и уште една етапа на Енеко Тур. Во меѓувреме, Кител возел како предводник на Џајант-Алпецин, додека победникот во 2013 година, Џон Дегенколб, се одлучил да учествува на Вуелта а Еспања.[4] Кител се вратил на трките по болест само една недела порано на Трката околу Полска, освојувајќи етапа. Ќе возел со поддршка на неговите колеги Никијас Арнт и Рамон Синкелдам.[13] Обајцата, Грајпел и Кител, биле надеж за локалните обожаватели за германска победа. Откако трката била преименувана во Ватенфал Класик во 2006 година, Дегенколб бил единствениот германски победник во 2013 година. Доаѓајќи на трката со добра форма од Тур де Франс, Грајпел бил сметан за најголем фаворит за победа на трката. Гералд Чолек (МТН Кубека) и Рик Цабел (БМЦ Рејсинг Тим) биле уште двајца спринтери кои биле сметани дека имаат амбиции за победа на трката, додека напад од Тони Мартин (Етикс-Квик Степ) бил сметан за „особена можност“.[4] За Мартин, била прва трка откако ја скршил клучната коска додека ја носел жолтата маичка на Тур де Франс.[14]

Главни негермански фаворити за победа биле минатогодишниот победник Александер Кристоф (Катјуша) и Марк Кевендиш (Етикс-Квик Степ). Додека Кристоф доаѓал од „разочарувачкиот Тур де Франс“, Кевендиш можел да смета на поддршка на колегите Марк Реншо и Том Бонен, кој се подготвувал за Светското друмско првенство кон крајот на септември.[4][15] Арно Демар (ФДЖ), кој ја освоил трката во 2012 година настапил, како и победникот од 2011, Едвалд Боасон Хаген (МТН Кубека). Други возачи за победа биле Бен Свифт, Елија Вивијани (обајцата од Тим Скај), Михаел Албасини (Орика-ГринЕЏ), Самуел Димулен (Аг2р-Ла Мондијал), Саша Модоло (Лампре-Мерида), Морено Хофланд (Лото НЛ-Џамбо) и Џакомо Ницоло (Трек Фактори Рејсинг).[4][5] Тинкоф-Саксо сакал да се спротивстави на можноста за спринтерска завршница и го именувала Мари Брешел за нивен предводник.[16] Сем Бенет (Бора-Аргон 18) бил именуван како „многу силен аутсајдер“.[5]

Извештај[уреди | уреди извор]

Водечката група која се создала кратко по почетокот

Кратко откако групата го напуштила фериботот во пристаништето во Кил било создадено рано бегство, во кое биле Јан Барта (Бора-Аргон 18), Матео Боно (Лампре-Мерида), Алекс Даусет (Мовистар Тим) и Мартин Мортенсен (Култ Енерџи Про Сајклинг). Групата успеала да развие водство од пет минути, додека МТН Кубека го контролирала темпото во групата поголемиот дел од денот, пред Лото-Судал и Етикс-Квик Степ да им се приклучат за нивните соодветни екипни предводници. На 60 километри пред целта, водечката група се поделила и само Боно и Мортенсен останале со водство помало од минута. На 43 километри пред целта на двајцата им се приклучиле поранешниот светски друмски првак Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим), Мануеле Боаро (Тинкоф-Саксо) и Матијас Брендле (ИАМ Сајклинг), сега водејќи околу половина минута. На 20 км од целта, главната група го достигнала бегството и групата од околу 75 возачи била подготвена за вози за победа.

Уште еден напад дошол од Линус Гердеман (Култ Енерџи Про Сајклинг) и Жилијан Алафилип (Етикс-Квик Степ), но не успеале да направат значајна разлика и биле достигнати на 10 км пред целта. Додека фаворитот Марсел Кител отпаднал на последното искачување на Вазеберг, исфрлајќи го од спринтот, Марк Кевендиш бил вклучен во пад на 3 км пред целта.[17] Додека спринтерските групи се бореле за водство на патеката, манскиот возач допрел со тркалата друг возач и бил соборен на земја. Успеал да продолжи и на крајот завршил на 66. место, но не успеал да се бори за победа.[18] На целта, победата била одлучена со групен спринт. Кристоф бил првиот кој започнал со спринтот, но Грајпел успеал да го заобиколи и да дојде до првата победа на еднодневна трка во Светската турнеја.[19] Италијанскиот возач Џакомо Ницоло се нашол на третото место за Трек Фактори Рејсинг.[20]

Резултати[уреди | уреди извор]

Крајниот победник Андре Грајпел (втор од десно) во групата
Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал 4ч 57' 05" 80
2  Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в. 60
3  Џакомо Ницоло (ИТА) Трек Фактори Рејсинг и.в. 50
4  Том Бонен (БЕЛ) Етикс-Квик Степ и.в. 40
5  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в. 30
6  Арно Демар (ФРА) ФДЖ и.в. 22
7  Мати Брешел (ДАН) Тинкоф-Саксо и.в. 14
8  Рамон Синкелдам (ХОЛ) Џајант-Алпецин и.в. 10
9  Николо Бонифацио (ИТА) Лампре-Мерида и.в. 6
10  Расмус Гулдхамер (ДАН) Култ Енерџи Про Сајклинг и.в. 2

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI го потврди календарот на Светската турнеја 2015“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/uci-confirm-worldtour-calendar-2015. посет. 4 јануари 2015 г. 
  2. „Календар на UCI за 2015“. UCI. http://www.uci.ch/road/calendar/detail#date=20150401&view=list&categ=257&country=0&classc=0. посет. 4 јануари 2015 г. 
  3. 3,0 3,1 „Kittel, Greipel, Martin: Staraufgebot bei den Vattenfall Cyclassics“ (на германски). 17 август 2015. http://velomotion.de/2015/08/kittel-greipel-martin-staraufgebot-bei-den-vattenfall-cyclassics/. посет. 11 септември 2015 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 О’Ши, Садб (22 август 2015). „Cavendish, Kittel and Greipel match-up in German WorldTour race“. http://www.cyclingnews.com/races/vattenfall-cyclassics-2015/preview/. посет. 11 септември 2015 г. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Акселгард, Емил (23 август 2015). „Vattenfall Cyclassics preview“. http://www.cyclingquotes.com/news/2015_vattenfall_cyclassics_preview/. посет. 12 септември 2015 г. 
  6. „Vattenfall Cyclassics“. UCI. http://www.uci.ch/road/news/article/vattenfall-cyclassics-168500/. посет. 11 септември 2015 г. 
  7. 7,0 7,1 Леони, Ахим (22 август 2015). „Kein Hauptsponsor mehr: Was wird aus den Cyclassics?“ (на германски). Hamburger Abendblatt. http://www.abendblatt.de/nachrichten/article205592341/Kein-Hauptsponsor-mehr-Was-wird-aus-den-Cyclassics.html. посет. 11 септември 2015 г. 
  8. „André Greipel, Marcel Kittel und Tony Martin: Deutsche Topstars starten in Hamburg“ (на германски). Eurosport. 16 август 2015. http://www.eurosport.de/radsport/eneco-tour/2015/andre-greipel-marcel-kittel-und-tony-martin-deutsche-topstars-starten-in-hamburg_sto4860101/story.shtml. посет. 11 септември 2015 г. 
  9. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“. UCI. http://www.uci.ch/mm/Document/News/Rulesandregulation/16/82/39/2-ROA-20150619-E_English.pdf. посет. 1 јули 2015 г. 
  10. „MTN-Qhubeka mit Wildcard zu den Hamburger Cyclassics“ (на германски). 4 август 2015. http://www.radsport-news.com/sport/sportnews_94799.htm. посет. 11 септември 2015 г. 
  11. „Starterliste: 2015 / Profirennen (221,3 km)“ (на германски). Vattenfall Cyclassics. http://cyclassics.r.mikatiming.de/2015/index.php?pid=startlist_list. посет. 11 септември 2015 г. 
  12. „2015 » Vattenfall Cyclassics (1.UWT)“. http://www.procyclingstats.com/race/Vattenfall_Cyclassics_2015-startlist. посет. 11 септември 2015 г. 
  13. „News shorts: Kittel returns to racing at Vattenfall Cyclassics“. 22 август 2015. http://www.cyclingnews.com/news/news-shorts-kittel-returns-to-racing-at-vattenfall-cyclassics/. посет. 11 септември 2015 г. 
  14. „Martin and Cavendish lead Etixx-Quick Step at Vattenfall Cyclassics“. 22 август 2015. http://www.cyclingnews.com/news/martin-and-cavendish-lead-etixx-quick-step-at-vattenfall-cyclassics/. посет. 11 септември 2015 г. 
  15. Кларк, Стјуарт (18 август 2015). „Etixx-Quick-Step send all-star team to Vattenfall Cyclassics“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/etixx-quick-step-send-all-star-team-to-vattenfall-cyclassics-187553. посет. 11 септември 2015 г. 
  16. „News shorts: Kristoff defends title and Breschel heads Tinkoff-Saxo in Vattenfall Cyclassics“. 22 август 2015. http://www.cyclingnews.com/news/news-shorts-kristoff-defends-title-and-breschel-heads-tinkoff-saxo-in-vattenfall-cyclassics/. посет. 11 септември 2015 г. 
  17. Greipel wins bunch sprint in Hamburg“, „Cyclingnews.com“, 23 август 2015 (посет. 24 август 2015 г).
  18. „Cavendish misses Vattenfall Cyclassics sprint after late crash“. 24 август 2015. http://www.cyclingnews.com/news/cavendish-misses-vattenfall-cyclassics-sprint-after-late-crash/. посет. 11 септември 2015 г. 
  19. Кларк, Стјуарт (24 август 2015). „Cavendish felled in late crash as Greipel wins Vattenfall Cyclassics“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/cavendish-felled-in-late-crash-as-greipel-wins-vattenfall-cyclassics-188188. посет. 11 септември 2015 г. 
  20. „Greipel gewinnt Vattenfall Cyclassics in Hamburg“ (на германски). Hamburger Abendblatt. 23 август 2015. http://www.abendblatt.de/sport/article205595435/Greipel-gewinnt-Vattenfall-Cyclassics-in-Hamburg.html. посет. 11 септември 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]