Андре Грајпел
![]() Грајпел во националниот дрес на Трката околу Британија 2016 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Андре Грајпел | ||||||||||||||
Прекар | Горила | ||||||||||||||
Роден | 16 јули 1982 Росток, ![]() | ||||||||||||||
Висина | 1,84 м[1] | ||||||||||||||
Маса | 75 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Фортунео-Самсик | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
до 2001 2001 | Полицај СВ Росток Јан Улрих Нахвукстим | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2002–2004 2005 2006–2010 2011–2018 2019- | ТЕАГ Тим Кестрицер Визенхоф Т-Мобајл Тим Омега Парма-Лото Аркеа-Самсик | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 27 февруари 2019 |
Андре Грајпел (германски: André Greipel; р. 16 јули 1982 во Росток, Источна Германија) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[2]
Тој е целосен спринтер и се смета за еден од најдобрите велосипедисти во неговата ера по бројот на досега освоени победи. Негови големи успеси на големите трки се шест етапи на Тур де Франс, четири на Вуелта а Еспања и двете етапи на Џиро д’Италија. Исто така, победил на класикот Париз-Бурж и го освоил генералниот пласман на австралиската трка Тур Даун Андер двапати, во 2008 и 2010 година.
Професионална кариера[уреди | уреди извор]
Т-Мобајл Тим (2006–2010)[уреди | уреди извор]
Тур Даун Андер 2008 бил првиот голем успех за Грајпел. Го освоил генералниот пласман со тесна разлика од седум секунди пред домашниот возач Алан Дејвис од екипата UniSA. Исто така го освоил и бодовниот пласман, благодарение на импресивните четири етапни победи од можните шест.[3] Подоцна во сезоната, ја освоил својата прва Гранд Тур етапа на Џиро д’Италија.
На Вуелта а Еспања 2009, Грајпел се натпреварувал како најдобар спринтер од Тим Колумбија-Хај Роад, добивајќи ги рамните етапи, тој го водел тимот, освојувајќи ги етапите 4, 5, 16 и 21 по групниот спринт. Исто така, ја освоил и престижната „зелена маичка“ во бодовен пласман. Грајпел ја завршил сезоната во 2009 со импресивни 20 победи, втор во победите, единствено зад неговиот екипен колега Марк Кевендиш.[4]
Во 2010 ја започнал годината со неговата втора победа во генералниот пласман на Тур Даун Андер. Тоа го постигнал благодарение на трите етапни триумфи. Бонусите од четири секунди на победникот на секоја етапа му помогнале да дојде до врвот на подиумот.[5] Во април, Грајпел целосно доминирал на Трката околу Турција во поглед на етапните победи, постигнувајќи 5 победи од осум можни, вклучувајќи го и воведниот хронометар. Завршил осми на крајот и ја освоил маичката за бодовниот пласман.[6] Подоцна, ја освоил втората негова етапа на Џиро д’Италија.
Омега Парма-Лото/Лото-Белисол (2011–2018)[уреди | уреди извор]
Во 2011, по преместувањето во Омега Парма-Лото, ја имал првата победа на Тур де Франс на етапата 10, победувајќи го неговиот најголем ривал и поранешен совозач Марк Кевендиш.[7] Грајпел подоцна го освоил бронзениот медал на Светското друмско првенство во Копенхаген, откако завршил трет во масовниот спринт зад Кевендиш и Метју Гос, уште еден поранешен колега.
2012[уреди | уреди извор]
На Тур де Франс, Грајпел и неговите колеги од Лото-Белисол имале големи надежи за етапни победи. Скоро да ја добиел етапата 2, каде бил поминат од Марк Кевендиш на самата линија и покрај тоа што имале „скоро совршен воз“ за негово донесување на целта.[8] На следната етапа со масовен спринт (Етапа 4 во Руан), се случил пад на нешто помалку од 3 километри пред целта, во кој бил вклучен и Кевендиш помеѓу останатите. Грајпел се одвоил по самата несреќа и го освоил спринтот, победувајќи ги Алесандро Петаки (Лампре-ИСД) и Том Велерс (Аргос-Шимано).[9] Грајпел го повторил овој подвиг следниот ден на етапата 5, каде ја освоил неговата втора етапна победа по ред, кога групата ги достигнала членовите на бегството во последниот километар. Кевендиш бил дел од спринтот, но овојпат завршил петти.[10] Тој повторил победил на етапата 13, преживувајќи го краткото, но стрмно искачување од трета категорија Мон Сен Клер, кое се наоѓало на 23 километри од целта, по што се одвоил во групата на рамниот дел. Неколку напади се случиле во последните километри, но тој го поминал Петер Саган на целта, со што ја освоил третата етапна победа на Тур.[11]
Во август, Грајпел го освоил второто место зад победникот Арно Демар (ФДЖ-БигМет) на Ватенфал Класик, единствената трка од Светската турнеја, која се одржува во Германија, неговата родна земја.[12] Тој изјавил дека неподносливата жештина воопшто не помогнала на трката од 245,6 километри и дека неговиот „мотор имал проблеми со ладењето“.[13] Исто така, по трката најавил дека нема да учествува на Светското првенство во Лимбург, наведувајќи дека патеката не е наменета за неговите карактеристики.[13]
Грајпел го освоил второто место на Трката околу Данска, откако ги освоил првите две етапи.[14] Во октомври, Грајпел дал мислење за аферата Ленс Армстронг-УСАДА: „[...] борбата против измамата и погрешно заработените успеси мора апсолутно да продолжи! Оваа борба за чесност и фер спорт веќе се докажала самата, дури и ако угледот на велосипедизмот продолжи да биде оштетуван“, напишал Германецот на неговиот блог, со поддршка за истрагата.[15]
2013[уреди | уреди извор]
Грајпел ја започнал сезоната 2013 успешно во Австралија преку освојување на класикот Кансер Кансил Хелплајн и првата етапа на Тур Даун Андер два дена подоцна. Со таа победа, Грајпел го израмнил рекордот по бројот на освоени етапни победи на оваа трка (12 победи), кој бил држен од Роби Мекјуан.[16] Ги освоил етапите 4 и 6, потврдувајќи го својот рекорд по бројот на освоени етапи и забележувајќи ја својата 100. победа во кариерата во Аделаида, на последниот ден од трката.[17] Во текот на третата етапа на Трката околу Турција му било соопштено дека починала неговата баба. Зборувал со своето семејство и одлучиле дека треба да продолжи. Следниот ден, ја освоил четвртата етапа, преживувајќи ги последните 10 километри во искачување за да излезе како победник во група од 38 возачи. По етапата објавил: „Тие (неговото семејство) ме поддржаа да останам овде и да возам. Исто така е добро за мене. Ова е важна трка за моите подготовки за Тур де Франс. Му ветив на татко ми дека ќе освојам етапа за баба ми. Среќен сум што успеав“,[18] Ја освоил и наредната етапа следниот ден.[19] На крајот на јуни го освоил националното друмско првенство пред Гералд Чолек и Џон Дегенколб. Бил дел од водечката група и победил во спринтот на врнежливиот ден во Ванген во Алгој.[20]
2014[уреди | уреди извор]
Во јануари, Грајпел ја започнал својата сезона со низа етапни победи во Австралија на Тур Даун Андер, што преминува во негова навика претходниве години.[21] Потоа настапил на Трката околу Оман, освојувајќи три етапи и бодовниот пласман.[22] Имал тежок пад на крајот на Гент-Вевелгем заедно со Тајлер Фарар, изместувајќи ја клучната коска и лигаментите. Бил успешно опериран истата вечер, но падот го попречил во пролетната тура.[23] Грајпел се вратил на Трката околу Турција, каде останал без победи откако сè уште се опоравувал од повредите и се обидувал да ја поврати својата форма.[24] Негова следна победа била на четвртата етапа на Трката околу Белгија. Подоцна учествувал на Трката околу Луксембург за да ја подобри својата форма пред Тур де Франс, каде освоил две етапи. На последната етапа, Грајпел сам стигнал до целта, редок подвиг за спринтер како него.[25] Пред Тур, Грајпел возел и на Стер ЗЛМ Тур. На Тур, имал успеш на шестата етапа откако соперниците Арно Демар и Марсел Кител отпаднале од главната група. Грајпел ги претекнал Александер Кристоф (Катјуша) и Самуел Димулен (Аг2р-Ла Мондијал) и стигнал до првото место.[26]
2015[уреди | уреди извор]
Грајпел ја освоил неговата прва победа во сезоната на Волта ао Алгарве. Втора негова победа била на втората етапа на Париз-Ница, која ја посветил на неговата мајка, за која рекол дека „поминува низ многу тешко време“.[27] Во април бил спречен во третата победа во сезоната откако бил претекнат за 3/10.000 делови од секундата на целта од Александар Кристоф на Три дена Де Пане.[28] На крајот на месецот се вратил со победа на четвртата етапа на Трката околу Турција. Откако некои од главните негови соперници се откажале на искачувањето близу целта го освоил спринтот во намалената група.[29] Негова следна победа била шестата етапа на Џиро д’Италија пред Матео Пелуки и Сака Модоло.[30] Потоа, се повлекол од Џиро пред четиринаесеттата етапа.[31] Следен успех му бил на првата етапа на Трката околу Луксембург.[32]
На Тур де Франс, Грајпел бил победник на втората етапа, многу ветровита етапа, која ја поделила главната група. Бил во првата група и ги претекнал Петер Саган, Марк Кевендиш и Фабијан Канчелара.[33] На петтата етапа имало масовен спринт и Грајпел бил подобар од Саган и Кевендиш.[34] Исто така, го освоил масовниот спринт на крајот на петнаесеттата етапа, со што дошол до трета етапна победа.[35][36]
2016[уреди | уреди извор]
Грајпел освои три спринтерски победи на Џиро д’Италија пред да одлучи да се повлече пред планинските етапи. Ја носел црвената маичка, кога одлучил да се повлече.[37] На 26 јуни го освоил своето трето национално друмско првенство, поразувајќи го Макс Валшајд (Џајант-Алпецин) и Марсел Кител (Етикс-Квик Степ) во масовен спринт во Ерфурт.[38]
2017[уреди | уреди извор]
Грајпел имал успех на почетокот на сезоната 2017, освојувајќи ја првата победа на воведната трка на Предизвикот Мајорка кон крајот на јануари[39] пред да ја освои петтата етапа на Париз-Ница.[40] На Џиро д’Италија, Грајпел ја освоил втората етапа: собраните временски бонуси и третото место на воведната етапа му го донеле водството на трката, поради што ја носел розевата маичка по првпат во својата кариера.[41] Меѓутоа, подоцна имал суша со победи: на Тур де Франс, не успеал да освои етапа - првпат не освоил барем една етапа на големите трки од Џиро д’Италија 2008.[42] Не освоил друга трка до воведното издание на Омлоп Еурометропол на крајот на септември.[43]
2018[уреди | уреди извор]
Грајпеј ја започнал својата сезона во јануари со победа на првата етапа на Тур Даун Андер 2018.[44] Исто така, ја освоил шестата етапа на трката.[45] Бил принуден да се повлече од пролетните класици откако ја скршил клучната коска при пад на Милано-Санремо, но се вратил на трките по седум недели на Четири дена Денкерк,[46] каде освоил неколку етапи и освоил уште две етапи и бодовната маичка на Трката околу Белгија.[47][48] Меѓутоа, не ја имал истата форма на Тур де Франс, и морал да се повлече од трката откако завршил надвор од временската граница на една од алпските етапи. Подоцна, Лото-Судал објавиле дека по осум сезони со екипата, Грајпел ќе ја напушти на крајот на сезоната. Во август, Грајпел објавил дека потпишал двегодишен договор со Фортунео-Самсик, подоцна преименувана Аркеа-Самсик од 2019 година.[49]
Личен живот[уреди | уреди извор]
Тој моментално живее во Хирт, близу Келн во Германија. По неговата победа на Тур Даун Андер 2008, тој бил наречен „Горила“ од неколку различни спортски медиуми.[3]
Достигнувања[уреди | уреди извор]
- 2001
- 2. Гисен
- 2002
- 3. Аугсбург
- 2003
- 1. ГП Варегем под 23 години
- 1. Етапа 2 Трка околу Тирингија под 23 години
- 1. Етапа 1 Трка околу Берлин под 23 години
- 2004
- ГП Тел
- 1. Пролог
- 1. Етапа 4b
- 1. Етапа 3 Тур ду Лоар ет Шер
- 1. Етапа 1 Трка околу Тирингија под 23 години
- 3. Национално велокрос првенство под 23 години
- 2005
- 1. Етапа 6 Пост Данмарк Рунт
- 1. Гладбек
- 1. Штатлон
- 3. Брауншвајг
- 2006
- Трка околу Рајнска област-Пфалц
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- Класик Келн
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 3. Зинцих
- 2007
- Трка околу Саксонија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 2008
- 1. Даун Андер Класик
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 17 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 4 Трка околу Австрија
- 1. Етапа 4 Трка околу Германија
- 1. Минстерланд Џиро
- 2009
- Вуелта а Еспања
- Трка околу Баварија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- Стер Електротур
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- Трка околу Австрија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- 1. Париз-Бурж
- 1. Етапа 7 Трка околу Полска
- 1. Етапа 1 Тур Даун Андер
- 1. Етапа 6 Четири дена Денкерк
- 1. Класик Нојзен
- 1. Меѓународно првенство Филаделфија
- 1. Етапа 1 Трка околу Саксонија
- 2010
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер
- Трка околу Турција
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- 1.
Бодовен пласман
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- Трка околу Австрија
- Трка околу Полска
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 7
- Енеко Тур
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6
- Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 18 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 5 Вуелта а Мајорка
- 3. Ватенфал Класик
- 2011
- Трка околу Белгија
- Енеко Тур
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 10 Тур де Франс
- 1. Етапа 4 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 1 Три дена Де Пане
- 1. Етапа 6 Трка околу Турција
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 3.
Светско друмско првенство UCI
- 4. Гент-Вевелгем
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2012
- 1. Кансер Кансил Класик
- 1. Прорејс Берлин
- 1. ГП Импанис-Ван Петегем
- Трка околу Белгија
- Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- Тур де Франс
- Трка околу Луксембург
- Трка околу Оман
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- Трка околу Данска
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 2 Трка околу Турција
- 1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур
- 2. Ватенфал Класик
- 2. Краен пласман Светски пристаништен класик
- 2013
- 1.
Национално друмско првенство
- 1. Кансер Кансил Класик
- 1. Делта Тур Зеланд
- 1. Париз-Брисел
- Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- Трка околу Турција
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5
- Трка околу Белгија
- 1. Етапа 1 Медитеранска трка
- 1. Етапа 6 Тур де Франс
- 1. Етапа 4 Енеко Тур
- 2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 2. Ватенфал Класик
- 2. ГП де Фурмие
- 3. Трка околу Франкфурт
- 9. ГП Џеф Шеренс
- 2014
- 1.
Национално друмско првенство
- Трка околу Оман
- Тур Даун Андер
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 4 Трка околу Белгија
- Трка околу Луксембург
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 4 Стер ЗЛМ Тур
- 1. Етапа 6 Тур де Франс
- 1. Бриселски велосипедски класик
- 1. ГП Џеф Шеренс
- 1. Минстерланд Џиро
- 2. Даун Андер Класик
- 7. Краен пласман Светски пристаништен класик
- 1. Етапа 1
- 10. Краен пласман Трка околу Катар
- 1. Етапа 5
- 2015
- 1. Етапа 5 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 2 Париз-Ница
- 1. Етапа 4 Трка околу Турција
- 1. Етапа 6 Џиро д’Италија
- Трка околу Луксембург
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1.
Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- Тур де Франс
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 15
- 1. Етапа 21
- Енеко Тур
- 1. Ватенфал Класик
- 1. Етапа 7 Трка околу Британија
- 2. Трофео Плаја де Палма
- 10. Краен пласман Три дена Де Пане
- 2016
- 1.
Национално друмско првенство
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 7
- 1. Etapa 12
- 1. Етапа 21 Тур де Франс
- 1. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
- 1. Трофео Плаја де Палма
- 1. Етапа 1 Трка околу Британија
- 1. Етапа 3 Трка околу Турција
- 1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
- 2. Трка околу Келн
- 3. Схелдепрејс
- 10. ЈуроАјс Класик
- 2017
- Волта ао Алгарве
- 1. Трофео Поререс-Фелатнит-Сес Салинес-Кампос
- 1. Етапа 5 Париз-Ница
- 1. Етапа 2 Џиро д’Италија
- 1. Омлоп Еурометропол
- 3. Минстерланд Џиро
- 3. Бриселски велосипедски класик
- 4. Париз-Тур
- 4. Трофео Плаја де Палма
- 5. Јуроајс Класик
- 7. Париз-Рубе
- 2018
- Трка околу Белгија
- Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 2. Краен пласман Четири дена Денкерк
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 4. Национално друмско првенство
- 4. Минстерланд Џиро
- 8. Класик Лондон-Сари
- 2019
- 3. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
- 1. Етапа 6
- 5. Трофео Палма
Пласмани на големите трки[уреди | уреди извор]
2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | ДНЕ | ДНЕ | 133 | ДНЕ | ДНС-18 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНС-14 | ДНС-13 | ДНС-14 |
Освоени етапи | — | — | 1 | — | 1 | — | — | — | — | 1 | 3 | 1 |
Бодовен пласман | — | — | 32 | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | 155 | 123 | 129 | 149 | 128 | 133 | 149 |
Освоени етапи | — | — | — | — | — | 1 | 3 | 1 | 1 | 4 | 1 | — |
Бодовен пласман | — | — | — | — | — | 7 | 2 | 3 | 7 | 2 | 4 | — |
Вуелта | ДНФ-8 | 125 | ДНЕ | 107 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ |
Освоени етапи | 0 | 0 | — | 4 | — | — | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | 12 | — | 1 | — | — | — | — | — | — | — | — |
1 | Победник |
2–3 | Топ три |
4–10 | Топ десет |
11– | Друго место |
ДНЕ | Не учествувал |
ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
ДСК | Диквалификуван |
Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
НР | Нерангиран во овој пласман |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Андре Грајпел“.
- ↑ „Arkéa-Samsic“. Directvelo (француски). Association Le Peloton. Посетено на 7 јануари 2019.
- ↑ 3,0 3,1 Грег Џонсон и Пол Веркујлен (27 јануари 2008). „„Горила" Грајпел ја доби етапата - и генералниот пласман“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ „Cycling Quotient“. Cqranking.com. Посетено на 1 јуни 2012.
- ↑ „Сатон го освои финалето, додека Грајпел победи на Тур Даун Андер“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 24 јануари 2010. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ Жан-Франсоа Кене (18 април 2010). „Грајпел ја освоил последната етапа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ Фаранд, Стивен (12 јули 2011). „Greipel defeats Cavendish for stage win in Carmaux“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 24 јули 2011.
- ↑ „Tour de France: Greipel pledges to try again after near miss on stage two“. VeloNation Press. VeloNation. 3 јули 2012. Посетено на 4 јули 2012.
- ↑ Бенсон, Даниел (4 јули 2012). „Грајпел освоил етапа на Тур де Франс во Руан“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 4 јули 2012.
- ↑ „Грајпел двојно на етапата 5 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 јули 2012. Посетено на 5 јули 2012.
- ↑ „Грајпел го освои фото-финишот пред Саган на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 14 јули 2012. Посетено на 14 јули 2012.
- ↑ Сузан Вестемајер (19 август 2012). „Демар победи на Ватенфал Класик“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 август 2012.
- ↑ 13,0 13,1 „Грајпел ќе го пропушти Светското првенство во Лимбург“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 август 2012. Посетено на 20 август 2012.
- ↑ Greipel gav ny undskyldning for at sejre, Jyllands Posten, 23 јули 2012.
- ↑ „Грајпел изрази поддршка на истрагата на УСАДА“. Cycling News. Future Publishing Limited. 17 октомври 2012. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ Питер Когој (22 јануари 2013). „Андре Грајпел ја освои воведната етапа на Тур Даун Андер“. The Australian. Посетено на 23 јануари 2013.
- ↑ Алекс Малон (27 јануари 2013). „100. победа во кариерата за Грајпел во Аделаида“. CyclingNews. Future Publishing Limited. Посетено на 27 јануари 2013.
- ↑ Жан-Франсоа Кене (24 април 2013). „Грајпел ја освои четвртата етапа на Трката околу Турција“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 25 април 2013.
- ↑ Шејн Стоукс (25 април 2013). „Tour of Turkey Video: Greipel in press conference after stage five victory“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 28 април 2013.
- ↑ Лукас Кнефлер (23 јуни 2013). „Грајпел победи во врнежливата трка за германски првак“. cyclingquotes.com. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ Брајан Холкомб (25 јануари 2014). „Грајпел ја освои шестата етапа на Тур Даун Андер, Геранс ја обезбеди победата“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 4 октомври 2014.
- ↑ „Андре Грајпел ја освои шестата етапа; Крис Фрум победи на Трката околу Омана 2014“. CyclingPerspective. Kim Hull. 23 февруари 2014. Посетено на 4 октомври 2014.
- ↑ Стивен Фаранд (31 март 2014). „Грајпел на операција по падот на Гент-Вевелгем“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 4 октомври 2014.
- ↑ „Андре Грајпел се врати на трките“. DBM Endurance. 27 април 2014. Посетено на 4 октомври 2014.
- ↑ „Андре Грајпел победи на четвртата етапа; Мати Брешел победи на Трката околу Луксембург 2014“. CyclingPerspective. Kim Hull. 1 јуни 2014. Посетено на 4 октомври 2014.
- ↑ „Андре Грајпел победи во спринтот на шестата етапа“. Bicycling. Rodale, Inc. 10 јули 2014. Посетено на 4 октомври 2014.
- ↑ „Париз-Ница: Грајпел победи во Сен Аман Монрон“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 март 2015. Посетено на 10 март 2015.
- ↑ „Кристоф повторно победи на Три дена Де Пане“. Cyclingnews.com. Future plc. 2 април 2015. Посетено на 2 април 2015.
- ↑ „Грајпел влезе во брзина со победата на четвртата етапа во Турција“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 29 април 2015. Посетено на 29 април 2015.
- ↑ Спенсер Паулисон (14 мај 2015). „Грајпел победи на [[Џиро д'Италија 2015 - етапа 1 до етапа 11#Етапа 6|шестата етапа]] на Џиро д'Италија; Контадор падна“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 4 јуни 2015. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ Најџел Вин (23 мај 2015). „Андре Грајпел и Мајкл Метјус се повлекоа од Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 4 јуни 2015.
- ↑ „Трка околу Луксембург: Грајпел ја освои првата етапа со спринт“. Cyclingnews.com. Future plc. 4 јуни 2015. Посетено на 4 јуни 2015.
- ↑ „Тур де Франс: Грајпел победи во бурна етапа до Нелтје Јанс“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 5 јули 2015. Посетено на 5 јули 2015.
- ↑ МекМајкл, Сајмон (8 јули 2015). „Етапа 5 на Тур де Франс: Андре Грајпел до втората победа, Марк Кевендиш трет“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 8 јули 2015.
- ↑ „Тур де Франс: Грајпел победоносен во Валенс“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 19 јули 2015. Посетено на 25 јули 2015.
- ↑ „Тур де Франс: Крис Фрум го освои Тур де Франс 2015“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 26 јули 2015. Посетено на 31 август 2015.
- ↑ Ендру, Худ (19 мај 2016). „Greipel defends decision to abandon Giro“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 26 мај 2016.
- ↑ „Greipel besiegt Kittel bei Tour-Generalprobe“ (германски). MDR. 26 јуни 2016. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2016. Посетено на 29 јуни 2016.
- ↑ Вин, Најџел (26 јануари 2017). „André Greipel wins opening race of 2017 Challenge Mallorca (video)“. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ Вин, Најџел (9 март 2017). „André Greipel storms to Paris-Nice 2017 stage five win“. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ Браун, Грегор (6 мај 2017). „André Greipel: 'It's a childhood dream to wear the Giro d'Italia maglia rosa'“. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ „Andre Greipel's Grand Tour winning streak ends on the Champs-Élysées“. cyclingnews.com. 24 јули 2017. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ „Greipel wins Omloop Eurometropool in bunch sprint“. cyclingnews.com. 2 октомври 2017. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ „Greipel wins stage 1 of the Tour Down Under“. 16 јануари 2018. Посетено на 15 јануари 2018.
- ↑ „Impey wins 2018 Tour Down Under“. cyclingnews.com. 21 јануари 2018. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ „Greipel makes racing return at the 4 Jours de Dunkerque“. cyclingnews.com. 8 мај 2018.
- ↑ „Greipel and Lotto Soudal break-up confirmed“. sbs.com.au. 23 јули 2018. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ Бенсон, Даниел (6 август 2018). „Transfer mechanics: Andre Greipel, Lotto Soudal and the end of the road“. cyclingnews.com. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ „Marc Sergeant: We owe a great deal to Andre Greipel“. cyclingnews.com. 2 август 2018. Посетено на 5 септември 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Андре Грајпел“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- „Достигнувања на Андре Грајпел“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Андре Грајпел“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Андре Грајпел“. ProCycling.
- Андре Грајпел на Sports Reference
- Профил на Страва
- Родени во 1982 година
- Луѓе од Росток
- Германски велосипедисти
- Германски етапни победници на Тур де Франс
- Германски етапни победници на Џиро д’Италија
- Германски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Германија
- Германски прваци во велосипедизам
- Етапни победници на Шанзелизе на Тур де Франс