Саша Модоло

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сака Модоло)
Прејди на: содржини, барај
Саша Модоло
Модоло на Три дена Де Пане 2015
Лични податоци
Цело име Саша Модоло
Роден 19 јуни 1987 (1987-06-19) (воз. 29 г.)
Конелјано, Италија
Висина 1,80 м
Маса 67 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лампре-Мерида
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2010–2013
2014–
Колнаго-ЦСФ Инокс
Лампре-Мерида
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2015)

Еднодневни трки и класици

Копа Агостони (2011)
Копа Берноки (2012)
Последна промена
8 октомври 2015

Саша Модоло (италијански: Sacha Modolo; р. 19 јуни 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лампре-Мерида.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Колнаго-ЦСФ[уреди | уреди извор]

Во пролетта 2010, стигнал до четвртото место на велосипедскиот монумент Милано-Сан Ремо, забележувајќи го престижниот пласман.[2] По добрите резултати, блиски до победа во 2010, следеле победи во 2011, пред сè етапи на трки како што се Трката околу Данска, Трката околу езерото Чингхај, Сетимана Сиклистика Ломбарда и Џиро ди Паданија. Во 2012[3], бидејќи тој и неговите колеги се натпреварувале за место на Џиро д’Италија, Мадоло ја освоил шестата етапа на Трката околу Турција со спринт. Кога ја поминал линијата, го ставил неговиот палец во устата, посветувајќи ја победата на неговата бремена девојка.[4]

Во 2013, Модоло ја започнал годината со победа на втората етапа на Тур де Сан Луис, победувајќи го спринтерот Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ) во завршницата со блага нагорнина со неколку кривини. Модоло признал по етапата дека го проучувал пристигнувањето преку разговор со други возачи во текот на трката.[5]

Лампре-Мерида[уреди | уреди извор]

Модоло го напуштил Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[1] Во 2015 година, Модоло го постигнал првиот успех на петтата етапа на Трката околу Турција, освојувајќи го спринтот.[6] Ги забележал првите две победи на некоја голема трка на Џиро д’Италија, освојувајќи ги тринаесеттата и седумнаесеттата етапа.[7] За неговата победа на етапата 13 изјавил дека била негова судбина да победи во Језоло бидејќи бил негов роден крај.[8]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. Џиро дел Касентино
2010
4. Џиро дел Фриули
3. Етапа 7 Тирено-Адријатико
4. Милано-Сан Ремо
3. Џиро дел Венето
2011
2. Ронд ван Дрент
2. Трка околу Езерото Чингхај
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Трка Бриксија
1. 2 етапи на Трка околу Данска
1. Копа Агостони
2012
1. Копа Берноки
Трка околу Австрија
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 6 Трка околу Турција
1. Етапа 2 Џиро ди Паданија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Сиркут де ла Сарт
2013
1. Копа Берноки
1. Меморијал Марко Пантани
Трка околу езерото Киншај
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 11
1. Етапа 12
1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
2. Класик РајдЛондон-Сари
2014
1. Трофео Палма
1. Трофео Сес Салинес
Три дена Де Пане
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3а
1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 5 Тур де Свис
1. Етапа 5 Трка околу Пекинг
4. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
8. Милано-Сан Ремо
2015
1. Етапа 5 Трка околу Турција
Џиро д’Италија
1. Етапа 13
1. Етапа 17
6. Гран Пиемонт
9. Гран при де Фурмје

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро СО СО 138 125 126
Jersey yellow.svg Тур СО
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Модоло му се приклучи на Тим Лампре-Мерида“, „Лампре-Мерида“, CGS Cycling Team AG, 16 август 2013 (конс. 17 август 2013).
  2. Freire gives Oscar-winning performance in Milan - San Remo, cyclingnews.com, 20 март 2010.
  3. „Колнаго-ЦСФ Инокс“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/ucinet/default.asp?page=UCITeamsdetail&discipline=ROA&continent=ALL&teamscategory=&teamstype=PCT&year=2012&teamnameid=3347&npage=&search=&l=ENG. конс. 13 јануари 2012. 
  4. http://www.cyclingnews.com/races/presidential-cycling-tour-of-turkey-2012/stage-6/results
  5. Modolo wins dash to Terraza del Portezuelo in Tour de San Luis“, „CyclingNews“, Future Publishing Limited, 22 јануари 2013 (конс. 23 јануари 2013).
  6. Трка околу Турција: Модоло спринташе за победа на етапата 5“, „Cyclingnews.com“, Future plc]], 30 април 2015 (конс. 30 април 2015).
  7. Ричард Виндзор. „Саша Модоло спринташе за втора етапна победа на Џиро д’Италија 2015“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 27 мај 2015 (конс. 28 мај 2015).
  8. Садб О’Ши. „Џиро д’Италија: Била моја судбина да победам во Језоло, вели Модоло“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 23 мај 2015 (конс. 28 мај 2015).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]