Вуелта а Еспања 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вуелта а Еспања 2017 Cycling (road) pictogram.svg
Vuelta a España 2017, Sète cf01.jpg
Детали за трката
Издание72. Вуелта а Еспања
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2017 2.UWT
Етапи21
Датуми19 август – 10 септември 2017
Растојание3.297,7 км
ДржавиESP Шпанија
FRA Франција
AND Андора
ПоаѓалиштеНим
ОдредиштеМадрид
Екипи22
Возачи на почеток198
Возачи на крај158
Добитници на наградите
ПобедникGBR Крис Фрум (Тим Скај) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранITA Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранRUS Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин) Wikidata-logo S.svg
БодовенGBR Крис Фрум (Тим Скај) Wikidata-logo S.svg
ПланинскиITA Давиде Вилела (Канондејл-Драпак) Wikidata-logo S.svg
МладинскиCOL Мигел Анхел Лопес (Астана) Wikidata-logo S.svg
БорбеностESP Алберто Контадор (Трек-Сегафредо) Wikidata-logo S.svg
КомбиниранGBR Крис Фрум (Тим Скај) Wikidata-logo S.svg
ЕкипенKAZ Астана Wikidata-logo S.svg
Vuelta a España 2017 map mk.svg
20162018 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Вуелта а Еспања 2017 (познато и како: Трка околу Шпанија 2017) — 72. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која ќе се одржува помеѓу 19 август и 10 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2][3][4]

Трката започнала во Ним, Франција, а ќе заврши во Мадрид.[3] Тоа било прв пат трката да започне во Франција и само трет пат надвор од Шпанија, по 1997 година (Португалија) и 2009 година (Холандија).[3]

Генералниот пласман бил освоен по прв пат од победникот на Тур де Франс 2017, Крис Фрум од Тим Скај, пред Винченцо Нибали од Бахреин-Мерида.[5] Фрум станал само трет возач кој победил на Тур и Вуелта по Жак Анкетил (1963) и Бернар Ино (1978) и прв кој успеал по префрлувањето на местото во календарот на Вуелта.[6] Фрум, исто така, ги освоил бодовниот и комбинираниот пласман, станувајќи прв возач кој освоил три маички на една Вуелта од Денис Меншов во 2008 година. Планинскиот пласман бил освоен од возач на Канондејл-Драпак, Давиде Вилела, додека возачот на Трек-Сегафредо, Алберто Контадор, ја освоил наградата за борбеност на неговата завршна голема трка, како и завршната планинска етапа на сликовитиот Англиру. Астана го освоила екипниот пласман.[7]

Екипи[уреди | уреди извор]

Арената во Ним, Франција, била домаќин на презентацијата на екипите на 19 август.

Изданието на Вуелта а Еспања во 2017 година било составено од 22 екипи.[8] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[9] На 27 март 2017, организаторот на Вуелта, Унипублик, ги објавил четирите професионални континентални екипи на кои им биле дадени специјални покани.[10] Презентацијата на екипите – каде членовите на секоја екипа биле претставувани пред медиумите и локалните власти – се одржала на Нимската арена во Ним, Франција, на 19 август, пред почетокот на првата етапа, одржана во градот.[11]

Секоја екипа имала дозвола за максимум девет возачи, што предизвикала на почетокот да има 198 возачи.[12] Од нив, 75 биле прв пат на Вуелта а Еспања.[13] Возачите доаѓале од 33 држави. Шест држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Шпанија (31), Франција (20), Италија (20), Белгија (17), Холандија (15) и Колумбија (12).[12] Просечната возраст на возачите била 27,6 години,[14] движејќи се од 20-годишниот Ленард Кемна (Тим Санвеб) до 40-годишниот Свен Тафт (Орика-Скот).[15][16] Тим Манзана Постобон имала најнизок просек, додека Трек-Сегафредо највисок просек.[17]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. FRA АГ2Р-Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. USA БМЦ Рејсинг Тим
  5. GER Бора-хансгрое
  6. USA Канондејл-Драпак
  7. RSA Дименжн Дата
  8. FRA ФДЖ
  9. SUI Катјуша-Алпесин
  10. NED Лото НЛ-Џамбо
  11. BEL Лото-Судал
  12. ESP Мовистар
  13. AUS Орика-Скот
  14. BEL Квик-Степ Флорс
  15. GBR Тим Скај
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (4)
  1. IRL Аква Блу Спорт
  2. ESP Каха Рурал-Сегурос РГА
  3. FRA Кофидис
  4. COL Манзана Постобон
Wikidata-logo S.svg

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Победникот на Тур де Франс 2017, Крис Фрум (Тим Скај), бил сметан од многумина за водечки фаворит пред трката.

Моменталниот првак на Вуелта, Наиро Кинтана (Мовистар Тим) одбрал да не ја брани титулата, откако настапил на обете големи трки, Џиро и Тур претходно во сезоната.[18] Крис Фрум (Тим Скај), кој пристигнал на Вуелта со четвртата победа од Тур еден месец претходно, бил сметан како фаворит од повеќето коментатори и обложувалници.[19][20] Фрум претходно три пати завршил втор на Вуелта. Победа во Шпанија би го направило само трет возач после Жак Анкетил (во 1963) и Бернар Ино (во 1978) кој ги освоил Тур и Вуелта во една година.[19] Во отсуство на Кинтана, бројот еден бил предаден на трикратниот победник Алберто Контадор (Трек-Сегафредо), кој на почетокот на август најавил дека ќе се повлече од велосипедизмот по трката.[21] Контадор бил сметан како фаворит, иако неговите резултати на претходните големи трки фрлиле сомнеж на неговиот потенцијал.[22] Победникот од 2010 година, Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида) бил сметан како најголем соперник на Фрум за победа, пропуштајќи го Тур де Франс.[20] Фабио Ару (Астана), победник во 2015 година, ја започнал трката како фаворит откако завршил петти на Тур де Франс.[22] Третопласираниот од 2016 година, Естебан Чавес (Орика-Скот), има шанси за победа на трката. Други возачи за можен висок пласман на трката биле Стевен Краусвејк (Лото НЛ-Џамбо) и Рафал Мајка (Бора-Хансгрое), трет во 2015 година. Можни фаворити за нивен деби-настап биле Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин), кој завршил петти на Џиро во мај, како и браќата Адам и Сајмон Јејтс (обајцата Орика-Скот).[20]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

Рутата на Вуелта а Еспања била претставена на 13 јануари 2017 година. Како традиција од претходните години, трката започнала со екипен хронометар. Меѓутоа, само по трет пат во историјата на трката, започнала во Франција. На третата етапа трката ќе ја напушти Франција, со планинска етапа до Андора ла Вела. Првата завршница на нагорнина е на петтата етапа. Кралската етапа е дваесеттата етапа, која вклучува искачување до Алто де л’Англиру. На крај, трката завршува со традиционалната кружна трка во Мадрид.[23]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1 Wikidata-logo S.svg19 августНим – Ним
екипен хронометар
13,7USA БМЦ Рејсинг Тим Wikidata-logo S.svgAUS Роан Денис Wikidata-logo S.svg
2 Wikidata-logo S.svg20 августНим – Грисан
рамна етапа
203,4BEL Ив Ламперт Wikidata-logo S.svgBEL Ив Ламперт Wikidata-logo S.svg
3 Wikidata-logo S.svg21 августПрад – Андора ла Велја
планинска етапа
158,5ITA Винченцо Нибали Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
4 Wikidata-logo S.svg22 августЕскалдес-ЕнгордањТарагона
рамна етапа
198,2ITA Матео Трентин Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
5 Wikidata-logo S.svg23 августБеникасим – Алкосебре
среднопланинска етапа
175,7KAZ Алексеј Луценко Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
6 Wikidata-logo S.svg24 августВилјареал – Сагунто
ридеста етапа
204,4POL Томаш Марчињски Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
7 Wikidata-logo S.svg25 августЉирија – Куенка
ридеста етапа
207SLO Матеј Мохорич Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
8 Wikidata-logo S.svg26 августЕлјин – Ксорет дел Кати
среднопланинска етапа
199,5FRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
9 Wikidata-logo S.svg27 августОривела – Бенитачел
среднопланинска етапа
174GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
10 Wikidata-logo S.svg29 августКаравака де ла Круз – Ел Посо
ридеста етапа
164,8ITA Матео Трентин Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
11 Wikidata-logo S.svg30 августЛорка – Опсерваторија Калар Алто
планинска етапа
187,5COL Мигел Анхел Лопес Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
12 Wikidata-logo S.svg31 августМотрил – Антекера
ридеста етапа
160,1POL Томаш Марчињски Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
13 Wikidata-logo S.svg1 септемвриКоин – Томарес
рамна етапа
198,4ITA Матео Трентин Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
14 Wikidata-logo S.svg2 септемвриЕсиха – Сиера де ла Пандера
планинска етапа
175POL Рафал Мајка Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
15 Wikidata-logo S.svg3 септемвриАлкала ла Реал – Sierra Nevada Ski Station
планинска етапа
129,4COL Мигел Анхел Лопес Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
16 Wikidata-logo S.svg5 септемвриСиркуито де Навара – Логроњо
индивидуален хронометар
40,2GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
17 Wikidata-logo S.svg6 септемвриВилјадиего – Arredondo, Cantabria
планинска етапа
180,5AUT Штефан Денифл Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
18 Wikidata-logo S.svg7 септемвриСуансес – Санто Торибио де Лиебана
ридеста етапа
169BEL Сандер Арме Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
19 Wikidata-logo S.svg8 септемвриКасо – Хихон
ридеста етапа
149,7BEL Томас де Гент Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
20 Wikidata-logo S.svg9 септемвриКорвера – Алто де Л’Англиру
планинска етапа
117,5ESP Алберто Контадор Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
21 Wikidata-logo S.svg10 септемвриАројомолинос – Мадрид
рамна етапа
117,6ITA Матео Трентин Wikidata-logo S.svgGBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg

Преглед на трката[уреди | уреди извор]

Пласмани[уреди | уреди извор]

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2017, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[24]

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[24]

Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкаста маичка.[24]

Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.[24]

Постоела и награда за борбеност. Оваа субјективна награда била доделувана на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел црвениот број наредниот ден. На последниот ден на трката, судиите одлучувале кој е најборбен возач во текот на целата трка.[24]

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[24]

Водство во пласманите по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
A red jersey
Бодовен пласман
A green jersey
Планински пласман
A white jersey with blue polka dots
Комбиниран пласман
A white jersey
Екипен пласман Награда за борбеност
1 БМЦ Рејсинг Тим Роан Денис недоделена[N 1] Николас Роуш Даниел Ос БМЦ Рејсинг Тим недоделан
2 Ив Ламперт Ив Ламперт Ив Ламперт[N 2] Квик-Степ Флорс Маркел Иризар
3 Винченцо Нибали Крис Фрум Винченцо Нибали Давиде Вилела Крис Фрум[N 3] Орика-Скот Александар Жење
4 Матео Трентин Матео Трентин Диего Рубио
5 Алексеј Луценко Астана Алексеј Луценко
6 Томаш Марчињски Енрик Мас
7 Матеј Мохорич Мовистар Тим Луис Анхел Мате
8 Жилијан Алафилип Пшемислав Њемјец
9 Крис Фрум Крис Фрум[N 4] Марк Солер
10 Матео Трентин Матео Трентин Матео Трентин
11 Мигел Анхел Лопез Ромен Барде
12 Томаш Марчињски Омар Фраиле
13 Матео Трентин Астана Томас де Гент
14 Рафал Мајка Луис Анхел Мате
15 Мигел Анхел Лопез Крис Фрум Сандер Арме
16 Крис Фрум Крис Фрум
17 Штефан Денифл Даниел Морено
18 Сандер Арме Хосе Хоакин Рохас
19 Томас де Гент Даниел Наваро
20 Алберто Контадор Енрик Мас
21 Матео Трентин недоделена
На крај Крис Фрум Крис Фрум Давиде Вилела Крис Фрум Астана Алберто Контадор
  1. Иако Роан Денис ја добил маичката на подиумот во Ним, немало бодови за пласманот на етапата. Алесандро де Марки ја носел маичката на втората етапа.
  2. На третата етапа, Матео Трентин, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелента маичка, бидејќи првопласираниот Ив Ламперт ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
  3. На етапите 4-8 и на 10-14, Естебан Чавес, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Крис Фрум ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На деветтата етапа, од истата причина, Јан Поланц ја носел белата маичка, како и Винченцо Нибали на петнаесеттата етапа, Мигел Анхел Лопез на етапите 16-20 и Алберто Контадор на етапата 21.
  4. На етапите 10, 17, 19 и 20, Матео Трентин, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Крис Фрум ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 18 и 21, Винченцо Нибали ја носел зелената маичка од истата причина.

Завршни пласмани[уреди | уреди извор]

Завршен подиум на Вуелта а Еспања 2017.
Легенда
A red jersey Го означува предводникот на генералниот пласман[25] A green jersey Го означува предводникот на бодовниот пласман[25]
A white jersey with blue polka dots Го означува предводникот на планинскиот пласман[25] A white jersey Го означува предводникот на комбинираниот пласман[25]

Генерален пласман[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. GBR Крис Фрум црвена маичка за предводникот во генералниот пласманзелена маичка за предводникот во бодовниот пласманбела маичка за предводникот на комбинираниот пласманТим Скај82ч 30' 02
2. ITA Винченцо Нибали Бахреин-Мерида+ 2' 15
3. RUS Илнур Закарин Катјуша-Алпесин+ 2' 51
4. NED Вилко Келдерман Санвеб+ 3' 15
5. ESP Алберто Контадор Трек-Сегафредо+ 3' 18
6. NED Ваут Пулс Тим Скај+ 6' 59
7. CAN Мајкл Вудс Канондејл-Драпак+ 8' 27
8. COL Мигел Анхел Лопес Астана+ 9' 13
9. NED Стевен Краусвејк Лото НЛ-Џамбо+ 11' 18
10. USA Тиџеј ван Гардерен БМЦ Рејсинг Тим+ 15' 50
11. COL Естебан Чавес Орика-Скот+ 16' 46
12. RSA Луис Мејнтџес ОАЕ Емирати+ 17' 41
13. ITA Фабио Ару Астана+ 21' 41
14. IRL Николас Роуш БМЦ Рејсинг Тим+ 22' 00
15. ESP Серхио Пардилја Каха Рурал-Сегурос РГА+ 22' 59
16. ESP Микел Ниеве Тим Скај+ 28' 00
17. FRA Ромен Барде АГ2Р-Ла Мондијал+ 31' 21
18. ESP Даниел Морено Мовистар+ 42' 16
19. BEL Сандер Арме Лото-Судал+ 59' 01
20. COL Дарвин Атапума ОАЕ Емирати+ 1ч 02' 58
Извор: ProCyclingStats


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "UCI expands WorldTour to 37 events". Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  2. "The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017". UCI. конс. 2 октомври 2016. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Vuelta a España set for French start in 2017“, Cycling Weekly, 2 септември 2016 (посет. 2 септември 2016 г).
  4. 2017 Vuelta a Espana to start in Nimes“, Cycling News, 2 септември 2016 (посет. 2 септември 2016 г).
  5. "Крис Фрум wins Vuelta a Espana win: Stage-by-stage guide to the victory". BBC Sport. 10 септември 2017. конс. 19 септември 2017. 
  6. "Крис Фрум seals Vuelta a España title to win historic Vuelta-Tour double". Guardian. 10 септември 2017. конс. 19 септември 2017. 
  7. Крис Фрум completes Tour de France - Vuelta a Espana double“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 10 септември 2017 (посет. 11 септември 2017 г).
  8. "Teams – The riders, videos, photos – La Vuelta 2017". Вуелта а Еспања. Unipublic. конс. 5 јули 2017. 
  9. "UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127" (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  10. Вин, Најџел. „Wildcard teams revealed for 2017 Vuelta a España“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 27 март 2017 (посет. 29 август 2017 г).
  11. 2017 Vuelta a Espana launched across Nimes' Roman landmarks - Gallery“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 19 август 2017 (посет. 29 август 2017 г).
  12. 12,0 12,1 "Start list – La Vuelta 2017". Вуелта а Еспања. Unipublic. конс. 29 август 2017. 
  13. "Vuelta a España 2017 – Debutants". ProCyclingStats. Архивирано од изворникот на 30 август 2017. конс. 30 август 2017. 
  14. "Vuelta a España 2017 – Peloton averages". ProCyclingStats. Архивирано од изворникот на 30 август 2017. конс. 30 август 2017. 
  15. "Vuelta a España 2017 – Youngest competitors". ProCyclingStats. Архивирано од изворникот на 30 август 2017. конс. 30 August 2017. 
  16. "Vuelta a España 2017 – Oldest competitors". ProCyclingStats. Архивирано од изворникот на 30 август 2017. конс. 30 август 2017. 
  17. "Vuelta a España 2017 – Average team age". ProCyclingStats. Архивирано од изворникот на 30 август 2017. конс. 30 август 2017. 
  18. "Quintana confirms he will stay at Movistar and target 2018 Tour de France". cyclingnews.com. 17 август 2017. Архивирано од изворникот на 18 август 2017. конс. 18 август 2017. 
  19. 19,0 19,1 Хенрис, Колин (28 јули 2017). "Крис Фрум the bookies’ favourite as he targets historic Vuelta a Espana 2017 win". Road Cycling UK. Архивирано од изворникот на 18 август 2017. конс. 18 август 2017. 
  20. 20,0 20,1 20,2 Канингем, Крег (18 август 2017). "Vuelta a España 2017: Who are the bookmakers backing for victory?". cyclingweekly.com. Архивирано од изворникот на 18 август 2017. конс. 18 август 2017. 
  21. "Contador to wear number 1 at final Vuelta a Espana". cyclingnews.com. 8 август 2017. Архивирано од изворникот на 18 август 2017. конс. 18 август 2017. 
  22. 22,0 22,1 Фотерингем, Аласдер (15 август 2017). "Vuelta a Espana Preview: Крис Фрум and unfinished business". cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 18 август 2017. конс. 18 август 2017. 
  23. "2017 Route". Вуелта а Еспања. Unipublic. конс. 30 јануари 2017. 
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 24,5 "Sporting stakes / rules". lavuelta.com. Архивирано од изворникот на 18 август 2017. конс. 18 август 2017. 
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Race regulations 2017, стр. 50.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 "Classifications – La Vuelta 2017". Вуелта а Еспања. Unipublic. конс. 5 септември 2017. 

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]